Аспартам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 08:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аспартам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден од најчесто користените вештачки засладувачи ќе биде прогласен за можен причинител на рак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-od-najchesto-koristenite-veshtachki-zasladuvachi-ke-bide-proglasen-za-mozhen-prichinitel-na-rak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-od-najchesto-koristenite-veshtachki-zasladuvachi-ke-bide-proglasen-za-mozhen-prichinitel-na-rak/#respond Thu, 29 Jun 2023 08:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=850731

Светска здравствена организација следниот месец ќе го прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи во светот за можен причинител за рак, јавија светските агенции, повикувајќи се на два извори запознаени со процесот. Аспартамот, кој се користи во низа производи од диетални газирани пијалоци на Кока-Кола до гуми за џвакање на Марс и некои пијалоци Снејпл, ќе биде опишан за прв пат во јули како „можен канцероген за луѓе“ од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), одделот за истражување на ракот на Светската здравствена организација (СЗО), велат изворите. Меѓународната агенција за истражување на ракот, чиј заклучок беше финализиран претходно овој месец по состанокот на надворешните експерти на групата, има за цел да процени дали нешто е потенцијална опасност или не врз основа на сите објавени докази. Таа не се занимава со тоа која количина од производот едно лице може безбедно да ја консумира. Таквата препорака е дадена од друг стручен одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи, познат како JECFA (Заеднички експертски одбор на СЗО и Организација за храна и земјоделство за адитиви во прехранбените производи) и национални регулатори. Слични заклучоци на Меѓународната агенција за истражување на ракот во минатото, за различни супстанции, предизвикаа загриженост кај потрошувачите во поглед на нивното конзумирање, доведоа до тужби и извршија притисок врз производителите да ги преиспитаат рецептите и да ги заменат со алтернативи. Ова доведе до критики дека проценките на Меѓународната агенција за истражување на ракот може да ја збунат јавноста. Стручниот одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи исто така ја разгледува употребата на аспартам оваа година. Неговиот состанок започна на крајот на јуни, а неговите наоди треба да бидат објавени истиот ден кога Меѓународната агенција за истражување на ракот го објави својот заклучок односно на 14 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-od-najchesto-koristenite-veshtachki-zasladuvachi-ke-bide-proglasen-za-mozhen-prichinitel-na-rak/feed/ 0
Научни истражувања: Аспартамот не е штетен по здравјето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchni-istrazuvanja-aspartamot-ne-e-shteten-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchni-istrazuvanja-aspartamot-ne-e-shteten-po-zdravjeto/#respond Mon, 21 Jun 2021 06:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=525915

Вештачкиот засладувач аспартам е предмет на контроверзии уште од неговото одобрување, 1981 година… Тоа, поради тврдењето дека може да предизвика рак, но и други заболувања, како што е Алцхајмеровата болест. Повеќе истражувања покажуваат дека нема основа за лажни тврдења против аспартамот. Но, и покрај тоа, тој постојано се провлекува во, според многумина – псевдо-научни и алтернативни медицински написи и постојано се обележува како отров. Од друга страна пак, прекумерната тежина е една од најраспространетите пандемии во светот денес, предизвикувајќи бројни сериозни болести – од дијабетес до заболувања на крвни садови. Но, што велат научните истражувања и стручњаците за аспартамот? Истражување на Националниот институт за рак на САД, коешто опфатило 285.079 мажи и 188.905 жени на возраст од 50 до 71 година, покажа дека аспартамот не е поврзан со развој на рак на мозокот, леукемија или лимфом. Од друга страна, системски преглед на 92 научни трудови, со вкупно 599.741 опфатено лице, од 2003 до 2014 година, покажа дека нема докази ни за поврзаност на аспартамот со ракот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchni-istrazuvanja-aspartamot-ne-e-shteten-po-zdravjeto/feed/ 0