астана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 08:33:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png астана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Главниот град на Казахстан, Нур-Султан, го враќа старото име Астана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-grad-na-kazahstan-nur-sultan-go-vrakja-staroto-ime-astana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-grad-na-kazahstan-nur-sultan-go-vrakja-staroto-ime-astana/#respond Wed, 14 Sep 2022 08:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=732541

Претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев прифати да го врати некогашното име на главниот град на земјата, Астана. Ова следува по само три години откако го преименуваше во чест на својот претходник, соопшти неговиот портпарол Руслан Желибан. Токаев се согласил на промена на името по иницијатива на група пратеници. Еден од првите потези на Токаев откако ја презеде должноста во 2019 година, по заминувањето на Нурсултан Назарбаев, беше да го промени името на главниот град на Казахстан. Астана да биде Нур-Султан. Назарбаев, кој ја водеше земјата три децении под Советскиот Сојуз и откако стекна независност во 1991 година, го смени главниот град од Алмати во Астана во 1997 година. Чекорот нашироко беше доведен во прашање поради релативната изолација на градот во северните степи и озлогласени студени зими каде температурите паѓаат дури и 51 степен Целзиусов под нулата. Тој го претвори градот во изложба на блескава архитектура, вклучително и кула за набљудување, каде посетителите можат да ги стават рацете во отпечатокот на Назарбајев. Токаев го отстрани Назарбаев од високите функции по смртоносните немири во јануари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-grad-na-kazahstan-nur-sultan-go-vrakja-staroto-ime-astana/feed/ 0
Во Астана деветти круг од преговорите за Сирија под покровителство на Русија, Иран и Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-astana-devetti-krug-od-pregovorite-za-sirija-pod-pokrovitelstvo-na-rusija-iran-i-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-astana-devetti-krug-od-pregovorite-za-sirija-pod-pokrovitelstvo-na-rusija-iran-i-turcija/#respond Mon, 14 May 2018 06:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=53794

Во главниот град на Казахстан, Астана, денеска и утре се одржува деветтиот круг од преговорите за Сирија под покровителство на Русија, Иран и Турција. Во преговорите учествуваат делегација на сириската Влада предводена од постојаниот претставник во ОН, Башар Џафари и претставници на вооружената опозиција. Како набљудувач ќе учествува и специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура и делегација од Јордан. Нема да има претставници на САД. Тема на разговорите во Астана е ситуацијата во четирите зони за деескалација во Сирија – во Источна Гута, во реонот северно од Хомс, во Идлиб и во Јужна Сирија. Се разгледуваат и перспективите за политичко решавање на сириската криза, во пресрет на обновените меѓусириски преговори во Женева. Преговарачите денеска имаат експертски консултации, а за утре е закажано пленарно заседание. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-astana-devetti-krug-od-pregovorite-za-sirija-pod-pokrovitelstvo-na-rusija-iran-i-turcija/feed/ 0
НЕ ЗНААТ ЗА ЗИМА: Жителите на овој град уживаат и на минус 40 степени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-znaat-za-zima-zitelite-na-ovoj-grad-uzivaat-i-na-minus-40-stepeni-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-znaat-za-zima-zitelite-na-ovoj-grad-uzivaat-i-na-minus-40-stepeni-video/#respond Mon, 15 Jan 2018 09:06:17 +0000 http://kurir.mk/?p=10833

Жителите на Астана не се откажуваат од капењето во реката Есил (Ишим), скијањето, ниту другите спортски активности на отворено и покрај тоа што температурата на воздухот се спушта и до минус 40 степени. Зимата во Казахстан трае шест месеци, поради што жителите на Астана се навикнати на екстремно ниски температури и не дозволуваат тоа да ги спречи во правењето на секојдневните обврски. На ова подрачје може да се видат рибари, пливачи и скијачи кои одлучиле викендот да го поминат занимавајќи се со спорт. Поединци уживале во трчањето и скијањето, додека други се одлучиле за потопла варијанта и возење со велосипед во спортските сали. Улдана Романова изјавија дека и покрај ладното време, за викендите внуките ги носи на река каде заедно го поминуваат времето и си играат. -Иако времето е времето ладно, сопругот, петгодишниот внук и јас од утрото се санкаме. Секогаш сме во движење, па не ни е ладно, додала таа. Романова кажала дека веќе 15 години живее во Астана каде температурите во текот на зимите знаат да бидат многу ниски.
-Луѓето не се затвораат во куќите затоа што надвор е ладно. Се занимаваат со спорт и учествуваат во социјалните активности, објаснуваа таа. Во риболов тргнал и Сергеј Сидоров, кој за да дојде до риба морал да исече мраз дебел и до еден метар. -Риболовот е една од работите кои најмногу сакам да ги правам. Доаѓам и покрај ладното време. Тука сум во природа и одмарам. Ми претставува големо задоволство, вели Сидоров. Алмас Сејтербајев веќе две години влегува во реката окована од мраз. Тој додава дека капењето во зима е здрав начин на живот. -Во вода е полесно да влезеш кога е ладно. Кога е надвор минус 30, температурата на водата изнесува два до три, вели тој Сејтербајев смета дека ладната вода е добра и за метаболизмот и дека се капат како деца од две години така и стари луѓе од 70 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-znaat-za-zima-zitelite-na-ovoj-grad-uzivaat-i-na-minus-40-stepeni-video/feed/ 0