Астерфест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 06:23:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Астерфест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zlatna-potkovitsa-na-asterfest-za-danskiot-film-ivalu/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zlatna-potkovitsa-na-asterfest-za-danskiot-film-ivalu/#respond Mon, 07 Aug 2023 06:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=864051

Најдобар филм на 18.издание на Филмскиот фестивал „Астерфест“ е „Ивалу“ на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска, кој го доби фестивалското гран при - Златната потковица. Сребрената потоковица ја доби филмот „Еж“ на авторот Д. Митри од САД, а бронзената му е доделена на „Штипење“ на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија. Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за сценарио ја доби авторката Александра Кардалевска за македонскиот филм „Сценарио“, а наградата „Ацо Алексов“ за режија на авторот Дејан Ангелов за филмот „Задача“. Одлуките за наградите едногласно ги донесе жирито во состав Гоце Ристовски, писател и универзитетски професор, д-р Дрита М. Фазлија, филмски продуцент и универзитетски професор и Мили Чумиќ, филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија. Награда за филм од македонска продукција е доделена на „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, а награда за студентски филм доби „Новиот почеток“ на Тања Симоновска. Специјална награда за современ третман на традиционалните семејни вредности доби филмот „Ирско збогување“ на авторите Том Беркли и Рос Вајт од Велика Британија. Специјална награда за инвентивен ведар пристап на теми што говорат за глобалната состојба на психоза во современиот свет доби македонскиот филм „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, а специјална награда за придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспроти конвенционалниот живот му е доделена на македонскиот филм „Лука“ на авторот Ице Виранов. По доделувањето на наградите, беше прикажан филмот „Сонцето не грее на сите страни“ на Глигор Кондовски. Фестивалот продолжува вечер со проекцијата на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“ во знак на 5-годишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога. Годинашново издание на „Астерфест“ завршува утре со проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Каталин Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zlatna-potkovitsa-na-asterfest-za-danskiot-film-ivalu/feed/ 0
„Астерфест“ завршува вечерва со премиерната проекција на документарниот филм „Трн“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/asterfest-zavrshuva-vecherva-so-premiernata-proekcija-na-dokumentarniot-film-trn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/asterfest-zavrshuva-vecherva-so-premiernata-proekcija-na-dokumentarniot-film-trn/#respond Tue, 09 Aug 2022 08:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=715946

Со премиерна проекција на документарниот фил „Трн“ во продукција на Здружението за култура „Транзен“ од Струмица, вечер завршува седуманесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Автори на филмот се Столе Ангелов и Никола Пијанманов, а филмот е посветен на актерот и граѓански активист, Стојан Велков Трн. Синоќа беше прикажан документарниот филм „Журнал за Желимир Жилник“ од Јанко Баљак, посветен на годинашниот добитник на наградата за животно дело и лауреат, Желимир Жилник. Според Горан Тренчовски, идејниот творец на фестивалот, голема е радоста од присуството на овој режисер на фестивалот. – Со прикажувањето на филмот за Жилник, кој е омаж и не е класичен биографски филм, туку е филм кој се води по постапката на „роуд филмот“, односно преку патепис се обидува да ја следи целокупната животна патека на Жилник, која е обремената со многу интересни случки, кои навидум се едноставни, но сите тие имаат директна врска со неговата биографија,со неговиот опус, рече Тренчовски. На годинашниот „Астерфест“ во официјална конкуренција се натпреваруваа повеќе филмови, а завчера фестивалското жири ги прогласи најдобрите остварувања доделувајќи му ја наградата „Златна потковица“ на Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/asterfest-zavrshuva-vecherva-so-premiernata-proekcija-na-dokumentarniot-film-trn/feed/ 0
„Златна потковица“ на „Астерфест“ за филмот „Сведок“ на Али Азгари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-potkovica-na-asterfest-za-filmot-svedok-na-ali-azgari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-potkovica-na-asterfest-za-filmot-svedok-na-ali-azgari/#respond Mon, 08 Aug 2022 05:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=715436

Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција ја доби заградата „Златна потковица“ на 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица. Одлуката ја донесе фестивалското жири во состав Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл и Столе Ангелов, кое во образложението за наградата напиша дека во реалноста, пред нашите очи се случуваат настани и се менуваат сликите на животот во еден навидум обичен ден. Таквите настани трајно можат да го изобличат нашиот живот и да бидат ужасен товар што ќе не следи сè до судниот ден. „Сребрена потковица“ доби филмот „Божилак“ на Александар Вујовиќ (Црна Гора, Италија, Албанија), а бронзената му припадна на филмот „Мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен од Данска. Награда за најдобар автор „Ацо Алексов“ жирито му ја додели на филмот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова (Молдавија, Португалија, Унгарија, Белгија). Награда за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ му припадна на филмот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот (Франција, Данска , Канада). Специјална диплома од жирито доби филмот „Раселени“ на Самир Карахода од Косово. Фестивалската програма продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, а фестивалот ќе биде затворен утре со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-potkovica-na-asterfest-za-filmot-svedok-na-ali-azgari/feed/ 0
Јубилејното 15-то издание на „Астерфест“ целосно онлајн, од 28 до 31 август https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejnoto-15-to-izdanie-na-asterfest-celosno-onlajn-od-28-do-31-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejnoto-15-to-izdanie-na-asterfest-celosno-onlajn-od-28-do-31-avgust/#respond Mon, 17 Aug 2020 14:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=391705

Петнаесетото издание на струмичкиот интернационален фестивал за краток филм „Астерфест“ ќе се одржи целосно онлајн, од 28 до 31 август, со акцент на филмските содржини. Организаторите се одлучија за вакво видоизменето издание соочени со препреките што ги наметна пандемијата, но и заради запазување на континуитетот, со план за враќање на концептот со класичните проекции догодина. Годинашното мото на „Астерфест“ е „Движења, патеки“. Селекцијата е составена од 30-тина кратки филмови од разни страни на светот, но и од македонската продукција. – Во натпреварувачката програма ги имаме добитникот на Оскар, звучни наслови и имиња од Европските филмски награди, БАФТА, Трибека, како и неколку врвни дебитантски дела. Ретроспективната програма опфаќа дел од кратките филмови кои оставиле некаков белег на Фестивалот, а ќе има и три дигитализирани кратки филма од опусот на Бранко Гапо, првиот лауреат на Астерфест во 2006 година, информираат организаторите. На самиот почеток на Фестивалот ќе има кратко обраќање на познатата шкотска режисерка Мораг Меккинон, а потоа со пригодна видеопорака ќе се обрати и режисерот Пиро Милкани, легенда на балканскиот филм, кој е лауреат на престижната награда „Астер“ оваа година, за неговиот монументален филмски опус. Милкани е роден во 1939 година во Корча, студирал на ФАМУ во Прага, а потоа со години работел во Албанија каде снимил голем број играни и десетици документарни и кратки филмови. Филмската програма на „Астерфест“ ќе се емитува од 28 до 31 август онлајн секоја вечер со почеток од 19:30 часот, а филмовите ќе бидат достапни само по една вечер, бесплатно. Пред краткометражните филмски блокови ќе има кратки видеопораки од автори од САД, Мексико, Португалија, Русија, Велика Британија, Аргентина, Бугарија, Романија… Интернационалното стручно жири, кое ќе одлучува за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, е составено од филмологот Марјан Цуцуи, продуцентката Елени Чандриноу и режисерот Горан Радовановиќ. Сите насоки, упатства и програмски термини за онлајн прикажувањата ќе бидат наведени на веб-страницата www.asterfest.com, како и на Фејсбук страната на „Астерфест“.  (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejnoto-15-to-izdanie-na-asterfest-celosno-onlajn-od-28-do-31-avgust/feed/ 0