астма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 10:45:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png астма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виното е опасно за луѓето со астма и дијабетес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vinoto-e-opasno-za-lugjeto-so-astma-i-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vinoto-e-opasno-za-lugjeto-so-astma-i-dijabetes/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=664723

Според Американскиот институт за вино, просечниот Американец пие повеќе од 13 литри вино секоја година. Но сепак, виното не е за секого. Експертите советуваат, како што објави списанието „Eat This, Not That“, за кого сѐ е полезно да се прекине со оваа напивка. 1. Лица со дијабетес Луѓето со дијабетес треба особено да внимаваат со виното, според Лијан Постон, специјалист во „Инвигор медикал“. – Виното може да влијае на нивото шеќер во крвта, особено ако се пие на празен стомак. Дијабетичарите треба да бидат многу внимателни, вели Постон. – Пиењето алкохол на празен стомак може значително да го намали нивото шеќер во крвта и да доведе до тешка хипогликемија, што може да доведе до дијабетна кома, додаде тој. 2. Оние кои земаат седативи или лекови против болки Без оглед какви седативи или лекови против болки земате, пиењето алкохол во сите случаи значи – опасност. – Седативите и лековите против болки се депресанти, што значи дека ја забавуваат активноста на мозокот. А, алкохолот го прави истото, вели Постон. Според извештајот од 2014 година објавен од Центарот за контрола и превенција на болести во САД, алкохолот е причина за 18,5 отсто од повиците во итна помош поврзани со опојни аналгетици и 22,1 отсто од смртните случаи поврзани со тоа. 3. Луѓе кои земаат дисулфирам Дисулфирам е лек којшто се користи за хроничен алкохолизам. Во комбинација со вино може да има сериозни несакани ефекти. – Ако пиете алкохол додека го земате овој лек, може да почувствувате главоболки, повраќање, гадење, слабост, промени во дишењето и отчукувањата на срцето, појаснува Постон. 4. Заболени од астма Изненадувачки, ако страдате од астма, една или две чаши вино може да ве направат поподложни на напади. Астматичарите може да доживеат несакани последиции од виното, поради чувствителноста на сулфити, според д-р Крис Ери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vinoto-e-opasno-za-lugjeto-so-astma-i-dijabetes/feed/ 0
ИСТРАЖУВАЊЕ: Лек против астма го намалува ризикот за хоспитализација од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-lek-protiv-astma-go-namaluva-rizikot-za-hospitalizacija-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-lek-protiv-astma-go-namaluva-rizikot-za-hospitalizacija-od-kovid-19/#respond Thu, 11 Feb 2021 16:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=467465

Лек против астма може драматично да го намали ризикот од хоспитализација, симптомите и времето на опоравување кај пациенти со Ковид-19 доколку се употребува една недела по појавата на симптомите. Тоа го откриле истражувачи од Универзитетот Оксфорд. Будезонид (инхалаторен кортикостероид) „го намалува ризикот од итна помош или хоспитализација за 90 отсто кога ќе се спореди со нормална грижа“, велат експертите од Оксфорд. Тие дојдоа до резултатите по 28-дневно истражување, во кое беа вклучени 146 пациенти. Истражувачот Мона Бафадел истакна дека е „охрабрена од релативно безбедниот, широко достапен и добро проучен лек“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-lek-protiv-astma-go-namaluva-rizikot-za-hospitalizacija-od-kovid-19/feed/ 0
Болните од астма плаќаат три пати поскап лек! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-astma-plakjaat-tri-pati-poskap-lek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-astma-plakjaat-tri-pati-poskap-lek/#respond Mon, 17 Feb 2020 14:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=305055

Лицата болни од астма и други белодробни болести, дијабетичарите, лицата со остеопороза, лица со Паркинсонова болест, но и други од неодамна плаќаат доплата или партиципација за лекот и по три пати повисока. Станува збор за лица со болести кои практично без овие лекови не можат ниту еден ден. Од овие лекови со три пати зголемени цени им зависи животот на луѓето. Квотите за лекови минатата година од октомври се укинати, но оттогаш неколкупати беа сменети сумите на доплата што ги плаќаат граѓаните. Но, со последната промена за некои од лековите доплатата е двојно зголемена, а за некои граѓаните плаќаат и до три пати повеќе. За илустрација, лицата со болести на бели дробови или оние кои имаат астма или ХОББ кои ги користат спрејовите Спирива и Фликсотиде ќе плаќаат повеќе од двојно поголема цена. За Спирива респимат до јануари граѓаните плаќаа доплата од 280 денари, а сега доплатата за овој лек е 612 денари. Лицата со астма кои го користат спрејот Фликсотиде претходно плаќаа 120 денари, а сега 305 денари. Станува збор за цена скоро три пати повисока. Лицата со остепороза ако партиципација за лекот ја плаќале 70 денари, сега плаќаат доплата од 121 денар, а станува збор за лековите Аладроник, Бонвива. Овие лекови се зголемени за околу 60 проценти. За Мирапексинот што го користат лицата со Паркинс плаќаа доплата од 240 денари, а сега плаќаат 425 денари. И овие пациенти ќе плаќаат речиси двојно поголема доплата. Дијабетичарите за лек плаќаа доплата од 65, а сега 71 денари. Станува збор за лекот Метформин или Глукофаж, а зголемувањето на доплата е за 10 проценти. Фондот за здравствено осигурување последен пат го смени Шифрарникот со кој се утврдуваат референтните цени на лековите на 17-ти јануари. Практично референтни цени се оние кои ги плаќа Фондот, а разликата до цената на лекот ја плаќа граѓанинот. Значи, со намалување на референтната цена се зголемува доплатата или парите кои ги даваат граѓаните. Инаку од укинувањето на квотите во октомври 2019-та година Шифрарникот е сменет четири пати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-astma-plakjaat-tri-pati-poskap-lek/feed/ 0
Црвеното вино како лек против астма и воспаленија https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/crvenoto-vino-kako-lek-protiv-astma-i-vospalenija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/crvenoto-vino-kako-lek-protiv-astma-i-vospalenija/#respond Mon, 29 Oct 2018 12:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=120832

Според Државниот Универзитет во американската сојузна држава Џорџија, црвеното вино е ефикасен лек против астма, белодробни заболувања и воспаление на средното уво. Имено, ресвератролот, состојка што ја има во грозјето, влијае благопријатно на воспаленијата на дишните патишта и на ушите. Според научниците, токму тој природен полифенол во грозјето и виното може да се употреби за создавање поефективни лекови и терапии против воспаленија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/crvenoto-vino-kako-lek-protiv-astma-i-vospalenija/feed/ 0