„АстраЗанека“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Apr 2021 18:27:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „АстраЗанека“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Oва мора да го знаат сите кои сакаат да се ревакцинираат со АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-ova-mora-da-go-znaat-site-koi-sakaat-da-se-revakciniraat-so-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-ova-mora-da-go-znaat-site-koi-sakaat-da-se-revakciniraat-so-astrazeneka/#respond Wed, 21 Apr 2021 18:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=500526

Граѓаните кои примија прва доза од вакцината „Астра Зенека“, а сакаат да се ревакцинираат со истата вакцина, тоа може да го сторат во соседна Србија. Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од „Астра Зенека“ кај лица помлади од 60 години. – Доколку граѓаните сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на „Астра Зенека“ тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме да се прими ревакцина од вакцината „Астра Зенека“ кај сите кои имаат возраст помала од 60 години, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“. Засега, Министерството останува на ставот оваа вакцина да се дава на лица постари од 60 години. – Ние засега нема да ја даваме вакцината на „Астра Зенека“ кај помлади лица од 60 години затоа што сепак има мала бројка на тромботични ситуации кои се посебно предизвикани кај помлади луѓе и сметаме дека треба да бидеме внимателни. Сеуште нема јасна препорака, иако има некои најави, дали лицата кои се помлади од 60 години, а примиле прва доза од „Астра Зенека“ дека треба да примат друга вакцина. Од препораките што ќе произлезат од националните агенции на некои европски држави или од Европската агенција за лекови, ќе зависат и нашите препораки, рече Филипче. Појасни дека тромботичните реакции се јавуваат отприлика 14 дена по примањето на првата доза од вакцината. Дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници, министерот рече дека тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период. Одлуката, како што посочи, ќе биде донесена во текот на следната недела. Нагласи дека состојбата се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, иако голем дел од одделенијата кои примаат ковид пациенти не се целосно ослободени поради тоа што се уште има голем број на дијагностицирани пациенти кои поради карактеристиките на болеста и подоцнежното влошување на состојбата, постои можност да побараат медицинска помош во следниот период. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-ova-mora-da-go-znaat-site-koi-sakaat-da-se-revakciniraat-so-astrazeneka/feed/ 0
Во оваа соседна држава вакцината АстраЗенека нема да ја примаат жени под 60 години – еве и зошто! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-sosedna-drzava-vakcinata-astrazeneka-nema-da-ja-primaat-zeni-pod-60-godini-eve-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-sosedna-drzava-vakcinata-astrazeneka-nema-da-ja-primaat-zeni-pod-60-godini-eve-i-zoshto/#respond Mon, 19 Apr 2021 15:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=499372

Вакцината Астра Зенека нема да се аплицира во Бугарија на жени под 60-годишна возраст со зголемен ризик од тромбоза. Сите луѓе кои ја примаат првата доза на оваа вакцина и кои немале никакви несакани ефекти, можат да се вакцинираат со иста вакцина. Ова го изјави министерот за здравство Костадин Ангелов. – Мораме да ја завршиме имунизацијата на некој начин. Клиничките испитувања се во тек, рече бугарскиот министер за здравство. – Тие кои не сакаат да ја примат втората доза на вакцина Астра Зенека може да добијат Фајзер, 84 денови по првата вакцина. На луѓето кои ќе останат само со една доза нема да им се издаде потврда дека биле вакцинирани, соопштија здравствените власти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-sosedna-drzava-vakcinata-astrazeneka-nema-da-ja-primaat-zeni-pod-60-godini-eve-i-zoshto/feed/ 0
ЕМА за вакцината АстраЗенека: Згрутчувањето на крвта може да биде редок несакан ефект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-za-vakcinata-astrazeneka-zgrutchuvanjeto-na-krvta-moze-da-bide-redok-nesakan-efekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-za-vakcinata-astrazeneka-zgrutchuvanjeto-na-krvta-moze-da-bide-redok-nesakan-efekt/#respond Wed, 07 Apr 2021 14:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=493794

Комисијата за безбедност на Европската агенција за лекови (ЕМА) заклучи дека појавата на згрутчување на крвта и нискиот број на тромбоцити треба да бидат наведени како редок несакан ефект на вакцината АстраЗенека против коронавирус. Шансите за такви несакани ефекти се многу мали, истакнуваат експертите од ЕМА. Досега, повеќето пријавени случаи се случиле кај жени на возраст под 60 години во рок од две недели по вакцинирањето. Врз основа на моментално достапните докази, специфичните фактори на ризик не се потврдени. Луѓето кои примиле вакцина AстраЗенека треба да посетат лекар ако имаат некој од следниве симптоми по вакцинацијата: отежнато дишење, болка во градите, отекување на нозете, болки во стомакот што не престануваат, силна главоболка, заматен вид и мала крв дамки под.кожата надвор од местото на пункција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-za-vakcinata-astrazeneka-zgrutchuvanjeto-na-krvta-moze-da-bide-redok-nesakan-efekt/feed/ 0
Во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината АстраЗенека за секого на возраст под 60 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-berlin-ja-prekinaa-upotrebata-na-vakcinata-astrazeneka-za-sekogo-na-vozrast-pod-60-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-berlin-ja-prekinaa-upotrebata-na-vakcinata-astrazeneka-za-sekogo-na-vozrast-pod-60-godini/#respond Tue, 30 Mar 2021 12:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=489695

Градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината АстраЗенека за секого на возраст под 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за несакани ефекти, јави ДПА. Претходно денеска, институтот Пол Ехрлих, медицинско регулаторно тело, соопшти дека е регистриран 31 случај на церебрална тромбоза за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање на вакцината АстраЗенека Девет од тие случаи резултирале со смрт на пациентите, соопшти институтот. Сите освен две се појавиле кај жени на возраст од 20 до 63 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-berlin-ja-prekinaa-upotrebata-na-vakcinata-astrazeneka-za-sekogo-na-vozrast-pod-60-godini/feed/ 0
СЗО сè уште верува во придобивките на вакцината „АстраЗенека“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ushte-veruva-vo-pridobivkite-na-vakcinata-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ushte-veruva-vo-pridobivkite-na-vakcinata-astrazeneka/#respond Wed, 17 Mar 2021 15:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=483794

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека веруваат дека придобивките од вакцината против коронавирусот на „АстраЗенека“ го надминуваат ризикот од потенцијален развој на тромб. СЗО наведува дека сè уште ја испитуваат безбедноста на вакцината откако дваесетина земји во ЕУ ја прекинаа употребата по извештаите дека кај некои пациенти се појавил тромб по вакцинацијата. Светската здравствена организација истакнува дека тие сè уште веруваат дека придобивките од вакцината против болеста, од која починаа повеќе од 2,6 милиони луѓе, ги надминуваат ризиците. Од 17 милиони луѓе вакцинирани со оваа вакцина во светот, пријавени се 40 случаи на тромбоза и белодробна емболија и неколку смртни случаи, што доведе до сомнежи за безбедноста на вакцината. „Во моментов, СЗО верува дека придобивките од вакцината на АстраЗенека ги надминуваат ризиците и препорачува да продолжи употребата на вакцината“, се наведува во соопштението на СЗО. Кејт О’Брајан, директорка на одделот за имунизација и вакцини на СЗО, изјави денеска дека експертите сè уште разгледуваат дали има врска помеѓу згрутчувањето на крвта што се појавило кај некои вакцинирани лица и вакцината. И Европската агенција за лекови и СЗО и „АстраЗенека“ инсистираат на тоа дека вакцината, развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е безбедна и дека нема врска помеѓу вакцините и пријавените згрутчувања на крвта. Претставниците на ЕУ се согласија со нив, верувајќи дека придобивките од вакцината ги надминуваат сите можни ризици. Сепак, трите најголеми земји на ЕУ – Германија, Франција и Италија – како и други ја прекинаа употребата на вакцината, што и зададе дополнителен удар на веќе бавната имунизација на Унијата. Досега повеќе од 11 милиони Британци се имунизирани со вакцината на шведската компанија и не се пријавени сериозни проблеми или несакани ефекти. Потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли вели дека ниту ЕУ ниту ЕМА не можат да сторат многу за да се заложат за планот за вакцинација во Унијата. – ЕУ нема толку многу авторитет над земјите-членки. Затоа, ако една земја процени дека вакцината е премногу ризична и повеќе не сака да ја користи, притисокот врз другите да го сторат тоа расте, бидејќи јавноста сега смета дека вакцината е опасна, изјави Барли за Дојче веле. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ushte-veruva-vo-pridobivkite-na-vakcinata-astrazeneka/feed/ 0
Многу важна порака од првиот човек на СЗО: „Не паничете“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnogu-vazna-poraka-od-prviot-chovek-na-szo-ne-panichete-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnogu-vazna-poraka-od-prviot-chovek-na-szo-ne-panichete-video/#respond Tue, 16 Mar 2021 07:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=482966

Тедрос Гебреисус објави дека некои земји, дури и оние во ЕУ, ја запираат вакцинацијата против коронавирус со вакцината Астразенека. Тој рече дека не постои јасна и недвосмислена врска помеѓу компликациите околу формирањето на тромби и вакцината АстраЗенека и дека ниту една земја не треба да паничи за тоа. - Не сакаме луѓето да паничат, рече Соумија Свамината, главен научник во СЗО, за време на видео-обраќањето, додавајќи дека не постои недвосмислено докажана врска помеѓу тромбофилијата и вакцината на АстраЗенека против Ковид-19. Исто така, советничкиот одбор на СЗО треба да се состане денес за да разговара за вакцината АстраЗенека, која беше привремено суспендирана од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија и други земји. - Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцинација против ковид 19, но вообичаена практика е да се испитаат и тоа покажува дека системот за надзор функционира и дека има ефективни контроли, рече Тедрос за време на брифинг на Интернет, пренесува Ројтерс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnogu-vazna-poraka-od-prviot-chovek-na-szo-ne-panichete-video/feed/ 0
Новото истражување од Оксфорд покажува дека „АстраЗенека“ послабо штити од јужноафриканскиот вид на коорнавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoto-istrazuvanje-od-oksford-pokazuva-deka-astrazeneka-poslabo-shtiti-od-juznoafrikanskiot-vid-na-koornavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoto-istrazuvanje-od-oksford-pokazuva-deka-astrazeneka-poslabo-shtiti-od-juznoafrikanskiot-vid-na-koornavirus/#respond Sun, 07 Feb 2021 10:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=465379

Прелиминарните податоци за вакцината „Ковидшилд“, што ја изработија Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија „АстраЗенека“, покажаа дека таа обезбедува ограничена заштита против послабата форма на јужноафриканскиот вид на коорнавирус. Фармацевтската компанија, меѓутоа, додаде дека се уште не утврдила дали вакцината штити од појаката форма на Ковид-19, предизвикана од позаразниот вид од Јужна Африка, јави денеска Би-Би-Си. Прелиминарните податоци од студијата, спроведена на малку над 2.000 лица, покажуваат дека се уште не е направена целосната студија, а резултатите треба утре да бидат објавени. Во Велика Британија досега се откриени повеќе од 100 случаи на зараза со јужноафриканскиот вид на коронавирусот. Портпаролот на „АстраЗенека“ изјави дека компанијата се уште не може да утврди дали вакцината може да го спречи развојот на потешката форма на Ковид-19, предизвикана од јужноафриканскиот вид, бидејќи студијата е направена главно на помлади, здрави луѓе. Компанијата, истовремено, соопшти дека е убедена дека вакцината обезбедува заштита од посериозните случаи, бидејќи создала антитела слични на оние произведени од други вакцини против коронавирус. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoto-istrazuvanje-od-oksford-pokazuva-deka-astrazeneka-poslabo-shtiti-od-juznoafrikanskiot-vid-na-koornavirus/feed/ 0
Официјално: „АстраЗенека“ ќе произведува 90 милиони дози на вакцина во оваа држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-astrazeneka-kje-proizveduva-90-milioni-dozi-na-vakcina-vo-ovaa-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-astrazeneka-kje-proizveduva-90-milioni-dozi-na-vakcina-vo-ovaa-drzava/#respond Thu, 28 Jan 2021 08:38:05 +0000 https://kurir.mk/?p=460863

Британско-шведската компанија „АстраЗенека“ во Јапонија ќе произведе повеќе од 90 милиони дози на вакцината, изјави денеска портпаролот на јапонската Влада, во време кога владее загриженост дали земјата ќе има доволно дози за да почне одложена кампања за вакцинација. Фармацевтската компанија му потврди на јапонското Министерство за здравство дека повеќето вакцини ќе ги произведе во оваа азиска земја. -Ние веруваме дека е многу важно да можеме да произведуваме вакцини дома, рече Кацунобо Като, генерален секретар на владата. Јапонија, која зависи од странските производители, планира кон крајот на февруари да почне со масовна вакцинација, со вакцината на „Фајзер“, прво на здравствените работници. Владата, исто така, порачала и 120 милиони дози од вакцината произведена од „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, од кои 90 милиони ќе бидат произведени во Јапонија, а останатите ќе бидат увезени. „АстраЗенека“ уште минатото лето почна со тестирање на вакцината AZD1222 во Јапонија и неа ќе ја произведува и дистрибуира во партнерство со фармацевтската компанија „Даичи Санкио“ и другите локални партнери. Британско-шведскиот производител се уште не побарал одобрување за употреба на вакцината од јапонското регулаторно тело, иако клиничките испитувања во Јапонија почнале пред оние на „Фајзер“. Јапонија се соочува со сериозни логистички пречки за кои експертите велат дека ќе ги попречат напорите на владата да го вакцинира мнозинството од населението пред Олимписките игри во Токио во јули. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-astrazeneka-kje-proizveduva-90-milioni-dozi-na-vakcina-vo-ovaa-drzava/feed/ 0
ЕВАКУАЦИЈА ВО ФАБРИКА НА АСТРАЗЕНЕКА – стигнал сомнителен пакет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-fabrika-na-astrazeneka-stignal-somnitelen-paket/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-fabrika-na-astrazeneka-stignal-somnitelen-paket/#respond Wed, 27 Jan 2021 13:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=460608

Евакуирана е фабриката на АстраЗенека во Велс каде се произведуваат и чуваат дози од вакцината против Ковид-19 поради сомнителен пакет што стигнал на нивна адреса, јави Би-Би-Си. Во местото Вокхард се тимови на полицијата и на единица за деминирање. Во таа фабрика се произведуваат до 300 милиони дози на вакцината годишно. Затворени се сите патишта околу фабриката. Нема извештаи за повредени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-fabrika-na-astrazeneka-stignal-somnitelen-paket/feed/ 0
Соријо: Вакцината на АстраЗенека ефикасна и против новиот вид на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorijo-vakcinata-na-astrazeneka-efikasna-i-protiv-noviot-vid-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorijo-vakcinata-na-astrazeneka-efikasna-i-protiv-noviot-vid-na-kovid-19/#respond Sun, 27 Dec 2020 09:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=448979

Извршниот директор на компанијата АстраЗенека, која ја произведува оксфордската вакцина против Ковид-19, Паскал Соријо изјави дека вакцината е ефикасна и против новиот вид на Ковид-19 откриен во Велика Британија. Тој посочи дека вакцината на АстраЗенека би требало да биде ефикасна против новиот вид на Ковид-19 што се појави и во Шпанија, Шведска, Канада и други држави. Соријо во интервју за „Сандеј тајмс“ истакна дека е потребно дополнително тестирање на ефикасноста на оваа вакцина, но најави оти е откриена „добитна формула“ што може да ја унапреди ефикасноста. Владата на Велика Британија нарача 100 милиони дози вакцини од АстраЗенека, а до крајот на март треба да бидат испопрачани околу 40 милиони дози. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorijo-vakcinata-na-astrazeneka-efikasna-i-protiv-noviot-vid-na-kovid-19/feed/ 0