АстраЗенека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 10:46:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АстраЗенека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонија откажа околу 40 милиони дози вакцини АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-otkaza-okolu-40-milioni-dozi-vakcini-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-otkaza-okolu-40-milioni-dozi-vakcini-astrazeneka/#respond Mon, 11 Apr 2022 10:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=661241

Јапонија го откажа купувањето на околу 40 милиони дози на вакцината АстраЗенека против Ковид-19, што лани се согласи да ги купи, соопшти денеска претставникот на јапонското Министерство за здравство во парламентот на земјата. -Владата ја искористи понудената можност во договорот да го откаже делот за набавка, доколку смета дека е непотребна, рече претставник на министерството, одговарајќи на прашање на пратеник, пренесуваат британските медиуми. Јапонија првично се согласи да купи 120 милиони дози, а повеќето од нив се произведени дома, од Даичи Санкио и други локални партнери. Околу 200.000 дози АстраЗенека се доставени до локалните власти во Јапонија, додека 63 милиони дози се донирани во странство, додаде официјалниот претставник. Досега Јапонија главно се потпираше на РНК вакцините развиени од Фајзњер и Модерна, потсетува британската агенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-otkaza-okolu-40-milioni-dozi-vakcini-astrazeneka/feed/ 0
ФДА го одобри лекот на АстраЗенека против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-go-odobri-lekot-na-astrazeneka-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-go-odobri-lekot-na-astrazeneka-protiv-kovid-19/#respond Fri, 10 Dec 2021 09:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=606530

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот Астра Зенекa против коронавирус – „Евушелд“. Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата. Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразените. Вакцината АстраЗенека сè уште не е одобрена во САД. Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањата покажале дека лекот „Евушелд“ ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77. отсто од случаите. Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година. Иако вакцините се најефикасна заштита од ковид 19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, рекла една од директорките на ФДА, Патриша Кавазони. Сепак, ФДА додала дека Астра Зенекa не е замена за вакцинирање на луѓе кои се препорачани за вакцината. Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид. Слични лекови веќе произведуваат Eli Lily, Regeneron и GlaxoSmithKline Klein.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-go-odobri-lekot-na-astrazeneka-protiv-kovid-19/feed/ 0
АстраЗенека најавува нов лек против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-najavuva-nov-lek-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-najavuva-nov-lek-protiv-koronavirus/#respond Mon, 11 Oct 2021 10:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=576993

Експериментален лек на компанијата АстраЗенека, коктел на антитела против коронавирус, успешно спречува тешки форми на инфекции и смртен исход кај хоспитализирани пациенти. Ова го покажале резултатите од студијата во завршната фаза, соопшти компанијата. Лекот наречен AZD7442, го намалува ризикот од развивање на тешки форми на инфекција и смртен исход кај 50 проценти од пациентите со симптоми на Ковид-19 на седум дена или помалку, пренесува Ројтерс. -Рана интервенција на антитела може значајно да го намали прогресот на тешки форми со континуирана заштита подолга од шест месеци, потврди Мене Пандалос, извршен потпретседател на биофармацеутика, истражување и развој во компанијата АстраЗенека. АстраЗенека развива и коктел лекови за терапија кај заболените кои немаат доволно силен имунолошки одговор, а се вакцинирани против коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-najavuva-nov-lek-protiv-koronavirus/feed/ 0
Кај вакцинираните Австријци начести нуспојави предзвикала АстраЗенека, а најретки Фајзер/БиоНТек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/#respond Thu, 30 Sep 2021 15:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=570927

Меѓу Австријците вакцинирани против Ковид-19, најчести несакани ефекти се појавиле по вакцинацијата со АстраЗенека, а најмалку од Бионтех/Фајзер, покажува извештајот на државната канцеларија за здравствена безбедност (БАСГ) што денеска е објавен. Несакани ефекти на AстраЗенека се регистрирани во 12,3 отсто од вакцинираните случаи, а кај Фајзер/БиоНТек во 2,27 проценти од случаите. Несакани реакции имало и кај вакцината на Модерна, во 3,49 случаи и 5,55 отсто кај Џонсон и Џонсон. Извештајот за несаканите ефекти се темели на 10,7 милиони вакцинирани од крајот на декември 2020 година до крајот на септември оваа година. БАСГ посочува дека ова не се сериозни несакани ефекти. „Пријавените несакани ефекти одговараат и по интензитет и по фреквенцијата со податоците од студиите на индивидуалните производители доставени пред лиценцирањето“, се наведува во соопштението на државната канцеларија за здравствена безбедност. Во најголем дел од случаите, или 53 проценти од несаканите ефекти биле црвенило околу местото на инјектирање, главоболка и замор. Властите, исто така, соопштија и за 177 смртни случаи по вакцинацијата, од кои само во два се утврди врска меѓу смртта и вакцинацијата. Кај четворица од починатите со обдукција е исклучена врската меѓу смртта и вакцинацијата, а 20 од починатите биле вакцинирани за време на инкубацијата со коронавирусот од кој подоцна починале, додека во 34 случаи станувало збор за пациенти со тешки болести што претходеле на вакцинацијата. Кај 117 починати се уште не е утврдена точната причина за смртта, се наведува во извештајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/feed/ 0
Фаучи: САД немаат одлука за влез на патници вакцинирани со АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sad-nemaat-odluka-za-vlez-na-patnici-vakcinirani-so-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sad-nemaat-odluka-za-vlez-na-patnici-vakcinirani-so-astrazeneka/#respond Tue, 21 Sep 2021 10:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=566342

Американскиот експерт за заразни болести, Ентони Фаучи објави дека се уште не е одлучено дали САД ќе дозволат влез на патници од Велика Британија и Европската унија кои ја примиле вакцината против Ковид-19, развиена од „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд. Фаучи, кој е и главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, за Би – Би – Си изјави дека тоа прашање треба да се разработи и дека конечната одлука за признавање на вакцината на „АстраЗенека“ ја носи Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Сепак, тој не мисли дека постои причина луѓето што ја примиле оваа вакцина да мислат дека ќе имаат некои проблеми. Неговата изјава дојде откако САД најавија дека ќе ги укинат ограничувањата за патување за целосно вакцинирани патници од Велика Британија и повеќето земји од Европската унија на почетокот на ноември. Фаучи, исто така, рече дека децата и оние кои не можат да се вакцинираат поради оправдани околности ќе бидат изземени од ова барање за вакцинација. Американскиот епидемиолог зборуваше за нови соеви вирус и нагласи дека нивната појава не влијание толку на патувањата, колку степенот и обемот на глобалната вакцинација. – Колку побрзо постигнеме значителен напредок со вакцинацијата во светот, вклучително и пониските и средните развиени земји, толку се поголеми шансите да не дозволиме појава на нови варијанти на вирусот, рече Фаучи. Тој смета дека Ковид-19 не може да се искорени, освен во некои земји, но не на целата планета и дека може да се контролира многу подобро, првенствено преку масовна вакцинација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sad-nemaat-odluka-za-vlez-na-patnici-vakcinirani-so-astrazeneka/feed/ 0
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОКСФОРД: Заштитата од вакцината на Фајзер побрзо се намалува од онаа на Астра Зенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-na-oksford-zashtitata-od-vakcinata-na-fajzer-pobrzo-se-namaluva-od-onaa-na-astra-zeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-na-oksford-zashtitata-od-vakcinata-na-fajzer-pobrzo-se-namaluva-od-onaa-na-astra-zeneka/#respond Thu, 19 Aug 2021 15:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=552735

Истражување на Оксфорд покажува дека вакцината на Фајзер е поефикасна против делта сојот на коронавирусот отколку на Астра Зенека, но заштитата што ја обезбедува се намалува побрзо. Британската студија опфати 700.000 испитаници од декември 2020 година до август 2021 година. Лицето кое добило втора доза на Фајзер пред еден месец, е 90 проценти позаштитено од делта сојот отколку невакцинирано лице, покажа анализата на примероците. Два месеца по примањето на втората доза, разликата се намалува на 85 проценти, а по три месеци на 78 проценти. Вакцината на Астра Зенека, според истражувањето, обезбедува 67 проценти заштита по еден месец, 65 проценти по два месеца и 61 проценти по три месеци. По четири до пет месеци, нивото на заштита обезбедено од Фајзер и Астра Зенека се изедначува, се наведува во студијата, која се уште не поминала рецензија. – Тие бројки „претставуваат пад“ во ефикасноста на вакцината на Фајзер, објасни Коен Поуелс, еден од авторите на студијата. Сепак, истражувачите истакнуваат дека, и покрај намалувањето на нивото на заштита, „вкупната ефикасност на двете вакцини останува многу висока“. Тие потенцираат дека истражувачите ја разгледале целокупната заштита од Ковид-19, а не заштитата од потешки форми на болести и хоспитализации, што е важно за „оценување на ефективноста на вакцината“. Студијата е објавена во момент кога некои земји размислуваат за вакцинација со трета доза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-na-oksford-zashtitata-od-vakcinata-na-fajzer-pobrzo-se-namaluva-od-onaa-na-astra-zeneka/feed/ 0
Филипче: Се намалува рокот за ревакцинација со „АстраЗенека“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-se-namaluva-rokot-za-revakcinacija-so-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-se-namaluva-rokot-za-revakcinacija-so-astrazeneka/#respond Mon, 12 Jul 2021 09:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=535386

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека разговарале со членовите на Комитет за имунизација за намалување на рокот за ревакцина со „АстраЗенека“. -Рокот за ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 недели ќе се скрати на шест недели. Така ќе биде со сите граѓани кои треба да се ревакцинираат со оваа вакцина, рече министерот. Филипче посочи дека нема промена во однос на лицата кои ја примаат оваа вакцина, односно со „АстраЗенека“ и натаму ќе се имунизираат постарите од 60 години. -Во упатството има една флексибилност од 4 до 12 недели, ние бевме многу внимателни чекајќи ги сите публикации и искуства на други земји за првично регистрирани несакани ефекти. Како гледаме дека тој ризик е прилично минимален одлучуваме ревакцината да биде на шест недели, објасни министерот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-se-namaluva-rokot-za-revakcinacija-so-astrazeneka/feed/ 0
Албанија доби 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“ донација од Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-dobi-100-000-dozi-vakcina-astrazeneka-donacija-od-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-dobi-100-000-dozi-vakcina-astrazeneka-donacija-od-grcija/#respond Thu, 08 Jul 2021 12:16:13 +0000 https://kurir.mk/?p=533917

Во Институтот за јавно здравје во Тирана попладнево пристигнаа 100.000 дози вакцини „АстраЗенека“, донација од Република Грција, соопшти министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, заблагодарувајќи и се на Република Грција за поддршката. Таа најави дека вакцинацијата ќе продолжи од врата до врата. „Во Институтот за јавно здравје штотуку пристигнаа 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“ благодарение на солидарноста и поддршката на владата на Република Грција. Досега пристигнати се 1.220.070 анти-ковид вакцини. Ние сме решени да продолжиме без да застанеме со националниот план за вакцинација, од врата до врата, за да ги заштитиме животот и здравјето на граѓаните. Албанија се насмевнува“, напиша Манастирлиу на Фејсбук. Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари, до сега, опфатени се над милион и 20 илјади граѓани а половината од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синовак“ и „Спутник В“. Според националната стратегија за вакцинирање, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.вт]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-dobi-100-000-dozi-vakcina-astrazeneka-donacija-od-grcija/feed/ 0
Денеска ќе пристигнат 10.000 вакцини „Астра Зенека“ донација од Хрватска, идната недела се очекуваат 10.000 „Спутник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-10-000-vakcini-astra-zeneka-donacija-od-hrvatska-idnata-nedela-se-ochekuvaat-10-000-sputnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-10-000-vakcini-astra-zeneka-donacija-od-hrvatska-idnata-nedela-se-ochekuvaat-10-000-sputnik/#respond Fri, 02 Jul 2021 06:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=530784

Десет илјади вакцини на „Астра Зенека“ донација од Хрватска ќе стигнат денеска во земјава, а наредната недела се очекуваат и 10 000 од руските „Спутник“. На пунктовите се аплицираат вакцини од „Фајзер“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“. Досега вакцина примиле речиси 335 илјади граѓани, а 223 илјади се целосно имунизирани односно со две дози. Во претходното деноноќие беа регистрирани пет новозаразени со коронавирус од 2531 тестирање, 86 оздравени и еден починат – 76-годишен пациент од Виница. Скопје има најмногу активни случаи (60), а двоцифрен број имаат и Тетово (14), Кичево (13), Охрид (11) и Куманово (10). Во 17 градови нема активни случаи на КОВИД-19 во вчерашната статистика. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека продолжува трендот од минатата недела на опаѓање на бројките на новодијагностицирани, но дека надлежните се многу внимателни во однос на следењето на состојбата со коронавирусот, пред сè, со индискиот сој кој се појави во повеќе земји. Ширењето на вирусот може да се спречи, рече Филипче, ако нема групирање и со свесност на граѓаните за почитување на мерките препорачани од Комисијата за заштита од заразни болести. Рече дека сè уште нема дозвола за работа на затворените дискотеки и, веројатно, нема ни да има во текот на летото зашто е доволно во овој период тие да работат на отворено, со што ќе се избегне дополнително групирање. Покрај почитување на мерките, важно е и вакцинирањето како единствениот начин да се победи пандемијата. Министерот апелираше дека со вакцините ќе се заштитиме и ќе амортизираме евентуален нов бран наесен. – Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба. Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж, напиша Филипче на Фејсбук. Од почетокот на епидемијата минатиот февруари, бројот на КОВИД-дијагностицирани во земјава досега е 155 689. Оздравени се 150 063, починати 5485, а вкупно има 141 активен случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-10-000-vakcini-astra-zeneka-donacija-od-hrvatska-idnata-nedela-se-ochekuvaat-10-000-sputnik/feed/ 0
Данска ќе донира два милиона вакцини „АстраЗенека“, Македонија една од земјите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danska-kje-donira-dva-miliona-vakcini-astrazeneka-makedonija-edna-od-zemjite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danska-kje-donira-dva-miliona-vakcini-astrazeneka-makedonija-edna-od-zemjite/#respond Fri, 02 Jul 2021 06:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=530810

Данска ќе донира два милиона дози од вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за програмата КОВАКС. Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцини, како најефикасното оружје против пандемијата. Данската Влада соопшти дека донацијата преку системот КОВАКС првенствено е наменета за земјите од Северна Африка и Бутан, пренесува Клик.ба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danska-kje-donira-dva-miliona-vakcini-astrazeneka-makedonija-edna-od-zemjite/feed/ 0