астронаут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 13:11:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png астронаут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што се случува доколку астронаут почине во вселената? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/shto-se-sluchuva-dokolku-astronaut-pochine-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/shto-se-sluchuva-dokolku-astronaut-pochine-vo-vselenata/#respond Tue, 15 Aug 2023 13:11:11 +0000 https://kurir.mk/?p=866985

Опкружени со црнило, истражувачите на вселената мораат да бидат подготвени за бројни непријатности и непредвидливи ситуации. Меѓутоа, што се случува доколку некој почине во вселената? Патувањето во вселената е секогаш ризичен потфат, кој бара многу вежбање, проби и тестови. Поради тоа не треба да зачудува фактот што од првиот таков потфат во април 1961 година па сѐ до денес загинале 21 човек. Доколку се земе предвид дека во наредниот период се планираат бројни мисии и комерцијални летови, но и сите околности и големиот ризик, се поставува прашањето: Што се случува со телото ако некој почине во вселената? Сѐ зависи од местото и условите Лекарот за вселенска и ургентна медицина, проф. Емануел Уркуета од Медицинскиот колеџ „Бејлор“, за The Conversation пишува како тој и неговиот тим во Translational Research Institute for Space Health преземаат бројни мерки на претпазливост за истражувачите на вселената да бидат подготвени за своите мисии и детално опишува што се случува доколку дојде до смрт во вселената. Ако некој умре за време на мисија што се одвива во ниската орбита на Земјата - на пр. на Меѓународната вселенска станица - екипажот би можел за неколку часа да го врати телото на Земјата во капсула. Но, доколку вакво нешто се случи на Месечината, екипажот би можел да го врати телото дури за неколку дена. НАСА веќе има детални протоколи за вакви немили настани. Меѓутоа, работите стануваат уште покомплицирани ако тоа се случи на Марс, оддалечен 400 милиони километри од Земјата. Телото може да се врати на Земјата веднаш по завршувањето на мисијата, или попрецизно, во опсег од неколку месеци до неколку години - во зависност од тоа кога настапила смртта. Во меѓувреме, екипажот веројатно би го чувал телото во посебна комора или специјализирана вреќа за посмртни останки. Постојаната температура и влажност внатре во вселенските летала теоретски би помогнале да се сочува телото. Меѓутоа, во овие случаи цело време зборуваме за опкружување под притисок. Доколку астронаут би излегол без специјалното одело во вселената, во истиот момент би умрел. Губењето на притисок и изложеноста на вакуум би го оневозможиле да дише, а крвта и другите телесни течности би зовреле. Можен ли е погреб? Како што веќе споменавме, ако астронаут умре за време на мисија на Марс, неговите колеги ќе го сочуваат телото во посебна комора или специјализирана торба. Кремирањето во овие услови не е пожелно бидејќи бара премногу енергија што на преживеаниот екипаж му е потребна за други цели. Ниту закопување не е опција, бидејќи бактериите и другите организми од телото можат да ја контаминираат површината на Марс.   извор: kajgana.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/shto-se-sluchuva-dokolku-astronaut-pochine-vo-vselenata/feed/ 0
Астронаут на НАСА се врати на Земјата по една година во вселената, последиците кои ги има се катастрофални https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronaut-na-nasa-se-vrati-na-zemjata-po-edna-godina-vo-vselenata-posledicite-koi-gi-ima-se-katastrofalni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronaut-na-nasa-se-vrati-na-zemjata-po-edna-godina-vo-vselenata-posledicite-koi-gi-ima-se-katastrofalni/#respond Fri, 23 Dec 2022 21:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=779872

Астронаутот на НАСА Скот Џозеф Кели постави рекордот за најдолг престој во вселената. Сепак, за 340-те дена поминати во вселенската станица, тој денес плаќа висока цена. За тоа што му се случило напишал во книгата „Издржливост“. - Додека бев во вселената, примав дневна доза на зрачење еднаква на 10 снимки на градниот кош. Тоа го зголеми ризикот од појава на рак до крајот на животот – се вели во книгата. - Чувствувам дека ткивото под моите нозе отекува. Одам во тоалет, го вклучувам светлото и гледам надолу во моите нозе. Вонземски екстремитети. Ја викам сопругата, викам од бањата: „Душо, види“. Таа се наведнува и ми ги стиска нозете. Изгледа како да си игра со воден балон - опишува тој. - Целата кожа ме боли. Жената очајно го прегледува моето тело. Излезе дека имам чуден осип на грбот и вратот - секаде каде што моето тело е во контакт со креветот. Изгледа како алергија, како да ме нападнал рој пчели - пишува Скот во својата книга. - Конечно успеав да кажам нешто - Амика, болен, се смрзнувам. Мојот глас ја загрижи. Нејзината студена рака оди преку моето рамо, па преку моето чело. Не ѝ беше студено, додека јас се смрзнував - се обиде да опише низ што поминал астронаутот. - Се обидувам да станам. Го чувствувам работ на креветот. Полека ги лизгам нозете кон подот. Го кревам грбот. Секогаш кога се движам се чувствувам како да се давам во песок. Мириса на крв, напиша Скот. - Спиев неколку часа, но бев во делириум. Се трудев многу да се вразумам, да и кажам на жена ми колку сум лошо. Имам силна вртоглавица. Треска. Болка во целото тело. Никогаш не сум се чувствувал вака, дури и во вселената по долго патување – објаснил тој. - Во март 2016 година се вратив на Земјата по една година во вселената. Се враќав точно 48 часа. Се туркам од масата и се мачам да станам. Како старец кога се обидува да стане од омилената фотелја, рече Скот. Кели вели дека бил свесен за ризиците што ги преземал од почетокот на мисијата. Сега мора скапо да плати што ја напушти Земјата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronaut-na-nasa-se-vrati-na-zemjata-po-edna-godina-vo-vselenata-posledicite-koi-gi-ima-se-katastrofalni/feed/ 0
Нора е првата жена кандидат за астронаут од Обединетите Арапски Емирати: Оди на обука во НАСА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nora-e-prvata-zena-kandidat-za-astronaut-od-obedinetite-arapski-emirati-odi-na-obuka-vo-nasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nora-e-prvata-zena-kandidat-za-astronaut-od-obedinetite-arapski-emirati-odi-na-obuka-vo-nasa/#respond Sun, 11 Apr 2021 11:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=495569

Како дел од забрзаните подготовки за освојување на вселената и диверзификација на нејзината економија преку вселенската програма, ОАЕ ја избра првата жена, која ќе биде испратена како кандидат за астронаут за обука во американската НАСА. Државјанката на ОАЕ, Нора ал-Матруши, 27-годишна дипломирана машинска инженерка, моментално вработена во Националната градежна компанија за нафта, ќе се приклучи на годинашната класа на учесници во програмата на НАСА и кандидати за астронаути. Со развојот на вселенската програма, ОАЕ се обидуваат да развијат нови технолошки и научни можности и да ја намалат зависноста на нејзината економија од експлоатација на нафта, пренесува Ројтерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nora-e-prvata-zena-kandidat-za-astronaut-od-obedinetite-arapski-emirati-odi-na-obuka-vo-nasa/feed/ 0
ВИДЕО: Астронаут во тоалет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-astronaut-vo-toalet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-astronaut-vo-toalet/#respond Tue, 19 May 2020 13:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=347851

Европската вселенска агенција ЕСА објави видео на кое астронаутката Саманта Кристофорети објаснува како луѓето во Вселената одат вo тоалет. Италијанката прво говори за специјалното црево за изборот „број 1“ (мала нужда), а потоа и за изборот „број 2“ и за специјалната тоалетна школка наменета за тоа. Таа вели дека тоа не е воопшто тивко и сите колеги на Меѓународната вселенска станица слушаат и знаат што се случува, оти механизмот работи на принципот на вшмукување и бучи како правосмукалка. – Пред употреба, на отворот од школката се закачува посебна ќесичка. Кога ќе завршиме, ја врзуваме ќесичката и таа оди надолу. Од почит кон следниот корисник, ставаме друга ќесичка, вели Кристофорети. Контејнерот со ќесичките се менува секои 10 дена, но урината „оди на рециклирање“, како што вели астронаутката. – Механизмот зад ова црево ја собира (урината) и тука почнува процесот со којшто урината се претвора во чиста вода за употреба, вели таа и со насмевка го завршува своето предавање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-astronaut-vo-toalet/feed/ 0
Повеќе од 12.000 пријавени за астронаути на НАСА во програмата „Артемис“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-12-000-prijaveni-za-astronauti-na-nasa-vo-programata-artemis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-12-000-prijaveni-za-astronauti-na-nasa-vo-programata-artemis/#respond Thu, 02 Apr 2020 05:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=325902

Повеќе од 12.000 лица аплицирале за астронаути во новата програма на НАСА- „Артемис“, соопштија од вселенската агенција, јави ДПА

Вселенската агенција го доби вториот најголем број апликации за некоја своја мисија, чија цел е американските астронаути повторно да слетаат на Месечината до 2024 година, за потоа евентуално испратат астронаутите и на Марс. Претставникот на НАСА, Џим Бриденстен изјави дека програмата „Артемис“ отвора „смела нова ера“ за истражување на вселената и дека биле „воодушевени кога виделе толку многу апликанти“, појаснува германската агенција. НАСА во февруари соопшти дека бара нови астронаути. Барањата се апликантите бидат државјани на САД и да поседуваат магистерски студии во некоја научна област, како и да имаат најмалку две години професионално искуство или најмалку 1.000 часа обука на летање. Кандидати што успешно ќе ја мината првичната селекција ќе добијат две години почетна обука за роботика, вселенско летање и лидерство.  НАСА во моментов располага со 48 активни астронаути. Новите кандидати за астронаути се очекува да бидат објавени во летото 2021 година, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-12-000-prijaveni-za-astronauti-na-nasa-vo-programata-artemis/feed/ 0
Астронаут од НАСА со совети за социјална изолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astronaut-od-nasa-so-soveti-za-socijalna-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astronaut-od-nasa-so-soveti-za-socijalna-izolacija/#respond Tue, 24 Mar 2020 13:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=321434

Американскиот астронаут Скот Кели, кој помина речиси една година во Меѓународната вселенска станица како дел од мисија, советува како луѓето можат да ја преживеат социјалната изолација која е наметната кај повеќе од една милијарда луѓе во светот поради пандемијата на коронавирус, објави „Дејли Меил“. Пензионираниот астронаут на НАСА во една статија во весникот „Њујорк Тајмс“ вели дека најдобрата контраиндикција на изолацијата е „излегувањето“. Токму тоа и глетката на природата најмногу му недостигале за време на неговата вселенска мисија. Тој советува, при присилна изолација, да се држиме до распоред на активности, да се води дневник, да гледаме телевизија и да спиеме многу. – Не треба да тренирате два и пол часа на ден, како што бараат астронаутите, но не е лошо да се вежба барем еднаш дневно, препорачува Кели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astronaut-od-nasa-so-soveti-za-socijalna-izolacija/feed/ 0
Унгарија испраќа астронаут во вселената во 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-isprakja-astronaut-vo-vselenata-vo-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-isprakja-astronaut-vo-vselenata-vo-2024-godina/#respond Wed, 27 Nov 2019 13:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=270033

Унгарија планира да испрати астронаути во вселената во 2024 година, изјави министерот за надворешни работи на таа држава, Петер Сијарто. Изјавата ја даде на конференција на Европската вселенска агенција во Севиља. Сијарто нагласи дека вселенската индустрија станува една од најважните индустрии. – Тоа ќе биде уште една можност за Унгарија да се развива и да оди напред, како и да се фокусираме на тренинг на вториот унгарски австронаут кој ќе биде испратен на МВС, што е реално изводливо во 2024 година, во соработка со рускиот Роскосмос, рече Сијарто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-isprakja-astronaut-vo-vselenata-vo-2024-godina/feed/ 0
Астронаут од свемирот сними неверојатно видео од лансирање на ракета од земјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronaut-od-svemirot-snimi-neverojatno-video-od-lansiranje-na-raketa-od-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronaut-od-svemirot-snimi-neverojatno-video-od-lansiranje-na-raketa-od-zemjata/#respond Tue, 27 Nov 2018 16:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=132742

Астронаутот Александер Герст направил неверојатно видео на кое се гледа лансирање на ракета од земјата кон вселената. Видеото го објави европската вселенска агенција (EPA), а се работи за спектакуларно полетување на вселенската ракета Progress MS-10 лансирана на во Казахстан на 16 ноември годинава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronaut-od-svemirot-snimi-neverojatno-video-od-lansiranje-na-raketa-od-zemjata/feed/ 0
Астронаутот Олдрин ги тужи своите деца https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautot-oldrin-gi-tuzi-svoite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautot-oldrin-gi-tuzi-svoite-deca/#respond Tue, 26 Jun 2018 16:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=70026

Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужи своите деца и поранешната менаџерка, бидејќи наводно го клеветат и му украле пари. Тужбата, во која е наведено дека тие му забраниле да се ожени, е поднесена откако неговите деца правно побарале да ја преземат контролата врз неговите финансии. Тие побарале судот да ги именува за негови законски старатели, бидејќи 88-годишниот Баз Олдрин  наводно го губи помнењето. Неговите деца наведуваат дека новите пријатели на татко им се обидуваат да го одвојат од семејството, а со нив троши и големи суми на пари. Неговата поранешна менаџерка Кристина Корп изјави дека e неправедно обвинета, откако во тужбата е наведено дека таа со неговите деца ги користела кредитните картички и го клеветела. Таа нагласи дека извесни луѓе почнале негативно да влијаат врз него и дека е тажна заради сето тоа. По барање на судот во текот на оваа седмица медицински експерти ќе извршат проценка на неговото ментално здравје. Астронаутот Баз Олдрин е вториот човек кој одел по Месечината како дел од мисијата Аполо 11 во 1969 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautot-oldrin-gi-tuzi-svoite-deca/feed/ 0
ФОТО: Јапонски астронаут пораснал за девет сантиметри на МВС https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-japonski-astronaut-porasnal-za-devet-santimetri-na-mvs/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-japonski-astronaut-porasnal-za-devet-santimetri-na-mvs/#respond Wed, 10 Jan 2018 08:59:02 +0000 http://kurir.mk/?p=8612

Јапонскиот астронаут Норисиге Канаи напишал на Твитер дека за три седмици, колку што престојува на Меѓународната вселенска станица, тој „пораснал“ за цели девет сантиметри. - Ги минав медицинските прегледи, односно мерењата на физичките параметри. И, се покажа дека мојот раст се зголемил за цели девет сантиметри. Толку сум пораснал за три седмици... Сега не знам дали ќе ме собере во капсулата што ќе ме превезе дома, се пошегува Канаи. Јапонската агенција за аеровселенски истражувања (ЈАХА) појаснува дека во Вселената, растот на еден човек обично се зголемува за еден до два сантиметра, поради немањето гравитација. Рускиот космонаут Антон Шкаплеров, Американецот Скот Тингли и Јапонецот Канаи пристигнаа на МВС на 19 декември 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-japonski-astronaut-porasnal-za-devet-santimetri-na-mvs/feed/ 0