Атиџе Муратова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Nov 2021 09:14:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Атиџе Муратова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се огласија Сузана Турунџиева и Атиџе: Телефонот ми ѕвонеше на секој 2,3 секунди бидејќи сите знаат дека сме во Истанбул (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-oglasija-suzana-turundzieva-i-atidze-telefonot-mi-dzvoneshe-na-sekoj-2-3-sekundi-bidejkji-site-znaat-deka-sme-vo-istanbul-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-oglasija-suzana-turundzieva-i-atidze-telefonot-mi-dzvoneshe-na-sekoj-2-3-sekundi-bidejkji-site-znaat-deka-sme-vo-istanbul-foto/#respond Tue, 23 Nov 2021 09:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=598653

Taжно, многу тажно утро за Македонија. Најмалку 45 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ кога се враќале од Турција. Автобусот сношти нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград. Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија. Македонската пејачка, ТВ водителка, писателка, Сузана Турунџиева и хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова изминатите денови беа во Турција и често објавуваа фотографии од Истанбул како си поминуваат во градот на Босфорот. По веста за кобната несреќа на македонскиот автобусот во Бугарија кој се враќал од Истанбул, најблиските и јавноста беа загрижени за нив. Нашата редакција ја контактираше Сузана, која во порака за Вистина.ком.мк откри дека таа и Атиџе се добро. „Добро сме фала Богу. Благодарам за грижата“, ни одговори Турунџиева. Сузана ни изјави дека не била во автобусот и дека поради пандемијата со коронавирусот ги преземале сите мерки за заштита од Ковид 19. Инаку, Сузана се огласи и на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека цело утро добивала пораки и повици, но дека и таа и Ариџе се безбедни. Тажно, многу тажно утро Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни. Ви благодариме за грижата Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови. Извор:Вистина.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-oglasija-suzana-turundzieva-i-atidze-telefonot-mi-dzvoneshe-na-sekoj-2-3-sekundi-bidejkji-site-znaat-deka-sme-vo-istanbul-foto/feed/ 0
Атиџе Муратова во теретана ги започна подготовките за летото (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-muratova-vo-teretana-gi-zapochna-podgotovkite-za-letoto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-muratova-vo-teretana-gi-zapochna-podgotovkite-za-letoto-foto/#respond Tue, 25 May 2021 12:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=514921

Хероината од „ Медена земја“, Атиџе Муратова ја освои јавноста со нејзината едноставност и скромност. Атиџе со својата улога во документарецот кој стигна до Оскар беше главна тема одреден период. Меѓутоа, Денес нема толку голема помпа за Атиџе Муратова и нејзиниот живот, но има луѓе чие големо срце, баш како она на Атиџе, не забораваат и се тука да поделат она што го имаат. Атиџе и Сузана од лани летото станаа добри пријателки, па откако се запознаа речиси се наразделни и поминуваат многу време заедно. Па така двете често може да се видат заедно како некаде шетаат, одат на шопинг, па дури ги вкрстија гласовите и снимаа песни. Турунџиева ја користи секоја прилика да и помогне на Атиџе, па така македонската хероина неодамна првпат славеше роденден и тоа во друштво на водителката. Наскоро наближува летото и летните одмори, многумина веќе започнаа со подготвките за топлите денови, односно со редовно вежбање, тренирање за да се има што поубава линија. Атиџе заедно со Турунџиева заминаа во тератана, па Муратова започна да вежба и да се подготвува за летото. Водителката на својот Инстаграм објави неколку фотографии од физичките актиновсти на Атиџе, а во описот напиша: “Доаѓа лето, и сите сакаме да сме фит! Хероината реши да ги користи сите совети и препораки на еден од најдобрите сертифицирани фитнес тренери кај нас – Анатолиј Романов“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-muratova-vo-teretana-gi-zapochna-podgotovkite-za-letoto-foto/feed/ 0
Голем повод за славење во домот на Атиџе – куќата конечно реновирана, а таа радосна го зема микрофонот и запеа (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/golem-povod-za-slavenje-vo-domot-na-atidze-kukjata-konechno-renovirana-a-taa-radosna-go-zema-mikrofonot-i-zapea-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/golem-povod-za-slavenje-vo-domot-na-atidze-kukjata-konechno-renovirana-a-taa-radosna-go-zema-mikrofonot-i-zapea-foto-video/#respond Mon, 01 Mar 2021 11:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=475412

Медената Атиџе Муратова од македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој беше номиниран за Оскар, за многу брзо време ги освои симпатиите на македонската, но и светската публика. Таа деновиве имаше многу убав повод за славење. Имено куќата во која што живее потоплно е реновирана со помош на Сузана Турунџиева и група на хумани луѓе. Турунџиева која стана многу блиска пријателка со Атиџе во последнава година, на својот Фејсбук профил објави фотографии од новата реновирана куќа на Атиџе. - Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дудаи нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме, напиша Турунџиева. Атиџе доби и торта со илустрации од „Медена земја“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/golem-povod-za-slavenje-vo-domot-na-atidze-kukjata-konechno-renovirana-a-taa-radosna-go-zema-mikrofonot-i-zapea-foto-video/feed/ 0
Откако власта ја заборави, само таа се сети на неа: Едвај ќе ја препознаете- Атиџе Муратова со нов имиџ, нашминкана и средена https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-vlasta-ja-zaboravi-samo-taa-se-seti-na-nea-edvaj-kje-ja-prepoznaete-atidze-muratova-so-nov-imidz-nashminkana-i-sredena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-vlasta-ja-zaboravi-samo-taa-se-seti-na-nea-edvaj-kje-ja-prepoznaete-atidze-muratova-so-nov-imidz-nashminkana-i-sredena/#respond Mon, 30 Nov 2020 18:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=436482

Медената Атиџе Муратова од македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој беше номиниран за Оскар, за многу брзо време ги освои симпатиите на македонската, но и светската публика, но тоа воопшто не ѝ помогна да се се спаси од тешкиот живот. Неодамна на ТВ Алфа се емитуваше интервју во кое Атиџе зборуваше дека повторно живее во старата куќа, бидејќи со социјаланта помош од 4 илјади денари не може да ја одржува за струја, вода и се што е потребно. Понекогаш нема ниту храна, а и здраствено не се чувствува добро по повредите откако ја нападна куче. Сепак, таа самата вели дека никогаш не би побарала помош бидејќи се срами. На своја иницијатива, телевизијата објави трансакциона сметка од банка каде може да се донира за Атиџе, а и тие помогнаа во истото. Пејачкта, водителка и писателка Сузана Турунџиева, периодов е голема поддршка на Атиџе во секоја смисла, која и на својот Фејсбук профил сподели фотографија на која едвај ќе ја препознаете. Средена и нашминкана. -Оваа жена е бесценета за нашата земја… Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто срце…Колку што сум тажна и лута што некои медиуми и поединци со нивните непромислени потези деновиве се обидоа да и го скршат достоинството и да ја прикажат во светло кое таа не го заслужува, толку сум благодарна што во приватни пораки добив еден куп пораки од добри и хумани луѓе кои се подготвени да и помогнат, за да и покажеме дека не е сама, и дека колку сме – толку сме, но секогаш ќе бидеме тука за неа… Ви благодарам на сите, пишува Турунџивеа.
Оваа жена е бесценета за нашата земја... Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто... Posted by Suzana Turundzieva on Петок, 27 ноември 2020

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-vlasta-ja-zaboravi-samo-taa-se-seti-na-nea-edvaj-kje-ja-prepoznaete-atidze-muratova-so-nov-imidz-nashminkana-i-sredena/feed/ 0
Eкипата на „Медена земја“ се огласи по апелите за помош на Атиџе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-medena-zemja-se-oglasi-po-apelite-za-pomosh-na-atidze/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-medena-zemja-se-oglasi-po-apelite-za-pomosh-na-atidze/#respond Wed, 25 Nov 2020 09:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=434087

По тврдењата што периодов се појавија во јавноста и со коишто публиката беше неточно информирана, а притоа беa осквернавени документаристите, протагонистите, успехот на филмот и неговата голема хуманистичка идеја, екипата на „Медена земја“ го упатува следново образложение, се наведува во соопштението кое интегрално ви го пренесуваме. Документаристичкиот филмски кодекс советува дека филмските работници не треба да ги следат, соработуваат, помагаат или на каков било начин да интервенираат во животот на протагонистите. И покрај оваа практика, ние одлучивме да им помогнеме затоа што целосно се соживеавме со нив, од почетокот на идејата до најзначајните успеси на филмските фестивали. Правилата ги прекршивме со добра намера и притоа ангажиравме тим од правни и социјални работници кои нѐ советуваа како да ја реализираме помошта за Атиџе Муратова и семејството Сем. За таа цел го основавме здружението на граѓани „Бекирлија“ преку коешто досега беа спроведени следните активности за помош на протагонистите: – На Атиџе Муратова, по нејзина желба, ѝ беше купена куќа, која дополнително беше комплетно опремена (ентериер, бања, покуќнина, кревет, машини за домаќинство итн.) Обезбедени беа преку сто пакети со храна и лекови и приватни лекарски прегледи. Секоја зима беа обезбедени дрва за огрев. Се погриживме и за нејзините патувањата на фестивалите во светот: Нион (Швајцарија), Сараево (БиХ), Aјвалик (Турција), Њујорк и Холивуд (САД), на кои, покрај билетите за превоз, беа обезбедени и сместување и личен асистент. – На семејството Сем им беше подарено возило; неколкупати се правеа интервенции во куќата, со цел да им се обезбедат услови за зима; купена е покуќнина, постојано им беа праќани лекови и големо количество храна, со што ова семејство би ги задоволило условите за прехранување на подолги периоди. Дополнително беше обезбеден и компјутер, за децата непречено да ја следат онлајн-наставата оваа учебна година. – На отворената сметка за протагонистите собрани се средства, а меѓу другото, со свои издвоени средства учествуваше Владата, како и Советот на Град Скопје. – Исто така, како дополнителен проблем се јави и социјалната помош, која протагонистите ја земаат редовно. Доколку им беа исплатени други средства, тогаш, по автоматизам, социјалната помош ќе им беше укината. Затоа, од институциите чекавме да биде изработен модел за месечно исплаќање на конкретна сума, без да ја изгубат постојната социјалната помош. Со цел да не се доведува јавноста во заблуда на каков било начин, одлучивме сите досега собрани средства одеднаш да бидат префрлени на протагонистите, наместо да се најде правно решение тие да добиваат месечни надоместоци, а притоа да не биде загрозена социјалната помош што веќе ја примаат. Дополнително, здружението „Бекирлија“, како и страницата за донации, ќе бидат затворени. Би сакале да нагласиме дека Атиџе Муратова, за нејзиното учество во документарниот филм, има потпишано документ, со кој ни дава право да го користиме нејзиниот лик и дело во филм. Во документаристиката постои принцип да не им се плаќа хонорар на протагонистите, ниту да се интервенира во нивните животи. Но, ние, сочувствувајќи со нив, сепак одлучивме да им помогнеме. Горенаведените донации и активности се доказ дека тие не само што не беа заборавени од екипата туку, напротив, им беше дадена несебична помош. Екипата на филмот не заработила од милионските суми, презентирани на некои медиуми. Тие пари завршуваат кај дистрибутерите кои вложија финансии во кампањите за промоција на филмот. Всушност, кампањата за „Оскар“ чинеше повеќе од вкупната презентирана сума. Македонија и светот се полни со силни приказни што заслужуваат да бидат документирани, а ние ќе продолжиме да создаваме со несмален интензитет и посветеност. Личности како нашите протагонисти има многу, но документаристи сме малкумина. Документарниот филм е медиумот што ние знаеме добро да го работиме и длабоко веруваме дека со следните проекти на кои работиме повторно ќе ги освоиме филмските фестивали. Нашата работа како промотори на културата продолжува. На крајот, би сакале длабоко и најсрдечно да им се заблагодариме на сите медиумски куќи што од почетокот соработуваат со нас и го поддржуваат филмот. Во меѓувреме, „Медена земја“ продолжува да реди интернационални успеси, признанија и пофалби во светските медиуми, меѓу кои е и репортажата на „Њујорк тајмс“ направена со екипата на филмот и Атиџе во Бекирлија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-medena-zemja-se-oglasi-po-apelite-za-pomosh-na-atidze/feed/ 0
Ветувањата на властите за нејзино вработување исчезнаа- се собираат донации за Атиџе Муратова (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetuvanjata-na-vlastite-za-nejzino-vrabotuvanje-ischeznaa-se-sobiraat-donacii-za-atidze-muratova-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetuvanjata-na-vlastite-za-nejzino-vrabotuvanje-ischeznaa-se-sobiraat-donacii-za-atidze-muratova-foto/#respond Mon, 23 Nov 2020 08:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=433036

Во тек е донаторска акција за помош на Атиџе Муратова, ѕвездата од документарецот „Медена земја”. На социјалните мрежи веќе околу една недела се споделува линкот за донации на страницата Gofundme, и веќе се собрани околу 2.000 долари, додека во објавата е наведено дека целта на акцијата е да се соберат 5.000 долари за помош на Атиџе, објавува Фокус. -Суперхеројот од документарниот филм „Медена земја” номиниран во две категории на Оскарите, една од ретките која одгледува диви пчели, има едноставна желба, да ја поправи старата куќа која и беше подарена од режисерите на филмот. Таа живее во Дорфулија и се уште оди во планините да се грижи за пчелите. Таа нема пензија, ниту пак е вработена, а ветувањата на властите за нејзино вработување исчезнаа. Ја посетив во септември, таа е прекрасна личност, заслужува подобра иднина. Живее од социјална помош од околу 80 до 100 долари месечно, што не е доволно. Кога филмот го обиколи светот, таа го направи секој Македонец горд, сега е наш ред да ја изненадиме со мал гест. Таа ги сака луѓето, ајде да ја израдуваме –појаснето е на страницата за донации, којашто ја креирала Мариа Дуда Дибаџио. Според објавеното, околу 60 лица донирале суми од по десет, дваесет, педесет долари. Името на Атиџе се најде во центарот на вниманието на јавноста и во месец септември, кога туристичка агенција од Скопје започна да организира туристички тури до нејзиниот дом, за сума од 30 евра од лице. Тогаш од агенцијата за „Фокус” појаснија дека Атиџе била воодушевена од идејата, а поголемиот дел од средствата од туристите кои доаѓале за да ја запознаат и да им гледа на кафе, завршувале кај неа. -Речиси 90 проценти од заработката одат кај Муратова, така се договоривме со неа и нејзиното семејство. Целта на туристичките тури беше запознавање и промоција на овој дел од нашите природни убавини – ни изјавија тогаш организаторите од „Enjoy Balkans” агенцијата. И покрај овие обиди да се помогне финансиската состојба на ѕвездата од „Медена земја”, таа се уште не е вселена во новиот дом кој чека санирање. Поддржувачи на Атиџе на социјалните мрежи го споделуваат линкот за донации, во надеж дека на прагот на оваа зима, таа ќе успее да добие топол дом со помош на хуманите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetuvanjata-na-vlastite-za-nejzino-vrabotuvanje-ischeznaa-se-sobiraat-donacii-za-atidze-muratova-foto/feed/ 0
Атиџе се онесвести на Саемот за пчеларство, лекари од Брза помош ја освестуваа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atidze-se-onesvesti-na-saemot-za-pchelarstvo-lekari-od-brza-pomosh-ja-osvestuvaa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atidze-se-onesvesti-na-saemot-za-pchelarstvo-lekari-od-brza-pomosh-ja-osvestuvaa-foto/#respond Thu, 24 Sep 2020 10:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=407837

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, падна во несвест за време на отворањето на „Денови на македонскиот мед“ во Скопје, на улица Македонија, во организација на пчеларското здружение „Матица“. Таа изгубила свест за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Веднаш била повикана Брза помош и во моментов лекарите ѝ ја даваат потребната нега. Инаку, на штандовите поставени на улицата Македонија се изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна. фото: plusinfo.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atidze-se-onesvesti-na-saemot-za-pchelarstvo-lekari-od-brza-pomosh-ja-osvestuvaa-foto/feed/ 0
И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/i-atidze-na-festivalot-denovi-na-makedonskiot-med-2020/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/i-atidze-na-festivalot-denovi-na-makedonskiot-med-2020/#respond Thu, 24 Sep 2020 10:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=407802

Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ што беше номиниран за два оскара, го привлече вниманието на оние што денеска дојдоа да го посетат Фестивалот на мед во Скопје. Фестивалот се одржува на улица „Македонија“, а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните. По воведното обраќање на претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билбиловски, кое е и организатор на манифестацијата, Атиџе беше на крај претставена по министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, но изнуди бурен аплауз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/i-atidze-na-festivalot-denovi-na-makedonskiot-med-2020/feed/ 0
„Атиџе, жената што не престави на Оскарите, да ви гледа на кафе, на рандом ескурзии… лешинари“ – Ина МногуФина со остри критики кон Нина Групер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-zenata-shto-ne-prestavi-na-oskarite-da-vi-gleda-na-kafe-na-random-eskurzii-leshinari-ina-mnogufina-so-ostri-kritiki-kon-nina-gruper/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-zenata-shto-ne-prestavi-na-oskarite-da-vi-gleda-na-kafe-na-random-eskurzii-leshinari-ina-mnogufina-so-ostri-kritiki-kon-nina-gruper/#respond Thu, 17 Sep 2020 09:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=404465

Двете познати дами во македонската јавност, од кои едната иако тотално анонима, сепак сите ја знаат, а другата иако сите ја знаат нејзината фирма, од анонимноста излезе кога од нигде-никаде ја избраа за министерка за финансии, во сега веќе бившата министерска постава на владата на Заев! Ина „Многуфина“ VS Нина – „Групер“… Дежурната критичарка на социјалните мрежи на состојбите во државата и аномалиите на системот, на својата многу посетувана и исклучително читана Фејсбук страница, ја подбра бившата министерка, сега одново онлајн бизнисменка. Имено, додека оскаровската хероина Атиџе Муратова јавно преку медиумите се обрати за помош и заштита на најзиниот спокој и животот од нападите, малтретирањата и заканите на нејзиниот најблизок роднина, во Македонија однеодамна почнаа да се организира туристичка тура наречена „На патот на Атиџе Муратова“. Во прашање е организирана пешачка тура до домот на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”, од селото Дорфулија, до селото Бекрилија, каде пчеларката ги пречекува гостите со кафе, а се реализира преку туристичката агенција ,,Enjoy Balkans”. Во изјавите за еден од македонските портали, преставник на организаторот изјави дека замислата да се организираат туристички тури до домот на Атиџе била негова, со цел да се промовираат убавините во овој дел на земјава, но и да и се помогне финансиски на Муратова. Навидум ем убава, ем хумана идеја, со можност на спој на убавото и корисното. Арно ама, во целата приказна има нешто што не штима…. Никому, освен на Нина… „Групер“ секако. Имено, туристичко – пешачката тура може да се реализира, односно да се плати и преку онлајн платформата на екс – министерката, каде целиот пакет аранжман ќе го добиете со 17% попуст, па наместо 2299 ден. преку „Групер“ ќе платите само 1899 ден. за вашето авантуристичко задоволство. Од нив секако, процентот заработка на Нина, останува деловна тајна. И можеби не е ништо чудно ниту спорно, ако во ОПИС-от на турата не го има она што острото око на Ина „Многуфина“ го забележа, а звучи понижувачки и изгледа омаложувачки. Особено за жената преку чии плеќи поединци се китеа со туѓо оскаровско перје, за денес вака срамно да ја третираат. Ина „Многуфина“ не им премолче, па ја подбра и Нина и организаторот, кој за порталот „Фокус“ тврди: -Можам да кажам дека речиси 90 проценти од заработката одат кај Муратова, јас работам без некој посебен финансиски бенефит, желба ми беше да придонесам за запознавање на природните убавини во овој регион, да се запознаат учесниците во турата со традицијата која владее овде, со секојдневниот живот на мештаните, да се запознаат со Атиџе. Нина „Групер“ ја премолче критиката и засега е без јавен коментар, а турата се’ уште си оди… Како „домашен десерт со медот на Атиџе“, што би рекла екс – министерката и газдарица на „Групер“. Атиџе белким го добива својот дел иако можеби и не е најдостоинствено оскаровската хероина секому да мора да му гледа на кафе за да корка леб. Организаторот вели дека работи речиси „гратис“, па тогаш дали на оние, каде што завршуваат останатите пари, им е упатено она: „…Лешинари“, од „Ина „Многуфина“?!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-zenata-shto-ne-prestavi-na-oskarite-da-vi-gleda-na-kafe-na-random-eskurzii-leshinari-ina-mnogufina-so-ostri-kritiki-kon-nina-gruper/feed/ 0
Власта и Атиџе ја излажа, ништо од медениот живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-atidze-ja-izlaza-nishto-od-medeniot-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-atidze-ja-izlaza-nishto-od-medeniot-zivot/#respond Tue, 15 Sep 2020 15:36:15 +0000 https://kurir.mk/?p=403619

„Ѕвездата од Медена земја доби ветување за нов кров“, „Работа и професионално снимање на две песни.“, „Животот и се насмеа на Атиџе“... Вака пишуваа медиумите пред само 8 месеци за протагониската од документарецот кој беше номиниран за два оскари „Медена земја“, Атиџе Муратова. Надлежните ветуваа многу, за на крај да не исполнат ништо. Вака во кратки црти се опишува животот на веројатно последната жена во Европа кој одгледува диви пчели. До ден денешен, скромната Атиџе не стана ниту туристички водач, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на нејзината куќа. А и ветуваа брда и долини. Наместо ветената помош, тогаш власта потрча по собирање на политички поени претставувајќи се дека сакаат да и обезбедат по пристоен живот на Атиџе која како што раскажуваше животот и не бил така милослив кон неа. Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на средба со Атиџе, порача дека Атиџе е национална хероина и најмалку што може да се направи за неа е да и се обезбедат услови за достоинствен живот. -Атиџе за сите нас е национална хероина и најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Токму поради тоа навистина сум среќен што Општина Лозово и Градоначалникот Ацо Велковски ќе се погрижат за кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија. Атиџе ти си жив пример за одржливост и ти благодариме за сите животни лекции, но најмногу за „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите. Единствено следејќи го твојот пример можеме да го зачуваме светот за генерациите кои доаѓаат после нас, напиша тогаш Петров. Слична објава имаше и тогашната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, која напиша дека е среќна што општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата во која живее Атиџе, но и дека таа е наша гордоста на која ќе и се обезбедат соодветни услови за пристоен живот. -Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и за сите нас е национална хероина. Најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Денеска имав можност лично да се запознаам и да се информирам дека таа и нејзиното семејство се корисници на повеќе права од социјалната реформа. Исто така сум среќна што Општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија. Атиџе ти си инспирација за секоја жена, пример дека може да се успее во се што се работи и при тоа да води сметка за природата. Доказ за тоа е твојата животна филозофија „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Земањето од тоа што ни го дала приридата за да се преживее, без при тоа да не се наштети и да се обезбеди одржливост е лекција којашто сите треба да ја научиме за да го сочуваме светот за идните генерации, напиша Шкријељ. Да не биде покусо и да добие бесплатен медиумски простор, да се фотографира со Атиџе од Медена земја потрча и министерот без ресор за привлекување на странски инвестиции Елвис Хасан, кој поминал дури 36 километри пешки за да се сретне со неа. -Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7 часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата, пиша Хасан на својата фејсбук страна. И министерката за финансии Нина Ангеловска, се јави и потрча да каже нешто за скромната Атиџе, а на својата фирма Групер објави пакет аражман во вредност од 1899 денари кој вклучува пешачка тура по патот на Атиџе Муратова, последната жена во Европа која одгледува диви пчели. Ветувањата паднаа во вода. Јавноста реагира на ваквото поигрување со човечки судбини, сметајќи дека поигрувањето на човечки судбини е срамно, ниско и недозволиво, поготово кога станува збро за политички цели и собирање на политички поени. Се чини, дека проблемите на Атиџе не се само неисполнетите ветувања, пред само четири дена истата таа Атиџе со која потрчаа да се фотографираат ветувајќи и живот со солзи во очите побара помош бидејќи, како што изјави, стравува за сопствениот живот од својот насилен сосед. И останатите ликови во документарецот Медена земја останаа заборавени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-atidze-ja-izlaza-nishto-od-medeniot-zivot/feed/ 0