атика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Jul 2023 07:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png атика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пет години од катастрофалните пожари во близина на Атина со над 100 жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-godini-od-katastrofalnite-pozhari-vo-blizina-na-atina-so-nad-100-zhrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-godini-od-katastrofalnite-pozhari-vo-blizina-na-atina-so-nad-100-zhrtvi/#respond Sun, 23 Jul 2023 07:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=859120

Пожарите кои во изминатите денови беснеат во Грција, особено оној на островот Родос и вчерашната масовна евакуација, ги разбудија спомените за катастрофалните пожари во Мати, во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина каде што згаснаа над 100 животи, јави дописничката на МИА од Атина. Пред точно пет години, на 23 јули 2018 година неколку приморски населби во општина Рафина, во источниот дел на областа Атика, беа зафатени од пожарите во кои загинаа 102 лица, а меѓу нив повеќе од 40 лица изгореа живи откако не успеаја да најдат излез за да стигнат до морето. Буквално се заглавија во тесните улички пеш или во обид со нивните автомобили да им побегнат на огнените јазици , а голем дел од граѓаните спасот го бараа во морето. Се спасија од пожарот, но се задушија од чадот или се удавија чекајќи помош. Најмладата жртва имаше шест месеци, а најстарата 93 години, меѓу загинатите беа и странски државјани дојдени на одмор. Со повреди и изгореници беа хоспитализирани најмалку 180 лица. Станува збор за еден од најкатастрофалните пожари во современата грчка историја, но и вториот пожар во светот во 21 век со најголем број жртви. „Само да немаме ново Мати“ е најчестиот коментар во Грција речиси секогаш кога земјата се соочува со сериозни и опасни пожари. Пет години подоцна, судскиот процес е сѐ уште во тек остануваат неодговорени многу прашања околу причините за трагедијата и планот за справување со пожарот, прашања што ги поставуваат, не само оние кои загубија членови од семејството, туку и јавноста. Сведоштвата од пред пет години се еднакво трогателни како и тогаш. Огнените јазици беа толку големи до степен што добиваш изгореници од зрачењето, без да имаш физички контакт; го земав детето, го завиткав во пешкир и инстиктивно почнав да трчам кон плажата, сопругата остана зад мене, за жал не успеа да стигне до морето; никој не нѐ предупреди, никој не се обиде да нѐ евакуира. Влеговме во море, останавме таму околу два- два и пол часа и нѐ спаси рибарски чамец; во обид да избегаат од кампот што гореше, на 15-20 метри од излезот ги пронајдовме моите родители изгорени и прегрнати, се само дел од сведоштвата за МИА, пред четири години, на дел од преживеаните од катастрофалните пожари. Од загинатите, некои изгореа живи, некои се задушија од чадот, други се удавија во морето, сите барајќи спас од огнената стихија што со огромна брзина се ширеше и „голташе“ се пред себе. Некои ги загубија родителите, некои децата, некои сопрузите, но се загубија и цели семејства. 23 јули 2018 година - И додека вниманието на јавноста е насочено кон големиот пожар во областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, а силниот ветер дополнително ја отежнува ситуацијата, стигнува информација дека на спротивната страна, во источниот дел, во близина на планината Пендели постои нов пожар со големо жариште што исто така брзо се шири и со интензитетот многу поголем од очекуваното. Со ненадејно променета насока поради силниот ветер, огнените јазици за миг стигнуваат до Нео Вуѕа, Мати и Кокино лиманаки во областа Рафина. Од попладневните часови до доцна во ноќта ситуацијата е хаотична, без официјални информации, со луѓе кои во очај се јавуваат во медиумите и бараат помош, велејќи дека тоа е нивната последна надеж да не изгорат живи. Граѓани кои се собрани на плажа и во море и чекаат помош, но и граѓани кои пливаат. Пливаат за да стигнат до безбедно копно, далеку од чадот и пожарот. Во близина е Рафина, местото во кое се наоѓа едно од трите големи атински пристаништа, па траекти кои од островите се враќаа во Атина спасуваа луѓе од морето, а на помош излегоа и рибари со рибарски чамци. Доцна во ноќта, во новинарските кругови веќе стигнуваат првите трагични информации, се споменуваат жртви, изгорени автомобили заглавени во тесните улички, изгорени куќи, но без официјална потврда се до три часот по полноќ кога тогашниот владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос рече дека „Атика се соочува со многу тешка ноќ“ и соопшти дека загинати се над 20, а повредени над 100 лица. Неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“ во текстот „Криминал и прикривање“, кусо пред да се навршат две години од пожарот во Мати во кој животот го загубија 102 лица, опширно преку Пожарот беше ставен под контрола, но веќе беа загубени десетици човечки животи, а Грција се најде пред голема трагедија. Бројката на загинати континуирано се зголемуваше, денот по пожарот беше уште потрагичен, особено со веста што ја шокираше јавноста дека на плац, во обид да најдат излез до морето живи изгореле 26 лица, а јагленосаните тела ги пронајдоа спасувачките екипи. Исто толку тешки беа и деновите што следеа. Се пребројуваа жртвите, се бараа исчезнати, се идентификуваа телата на загинатите, се вршеа потраги по копно и море, преживеаните сведочеа за трагедијата. Грција денеска ја одбележува двегодишнината од катастрофалните пожари во општина Рафина, во источниот дел на областа Атика, едни од најголемите и најтрагичните пожари и вториот пожар во светот. Тогаш, дел од нив, во разговор за МИА и за грчките медиуми ги раскажаа нивните трагични судбини, еден ја загубил сопругата, друг родителите, трет неговиот син, пожарникар додека бил на должност го загубил 6 месечното бебе, а татко преку медиумите го бараше неговиот 13 годишен син, кој подоцна се најде на листата загинати. На крајот од јули 2018 година, катастрофалниот пожар во близина на Атина беше главна тема, не само во грчките, туку и во сите светски медиуми, а повеќе земји, меѓу кои и Северна Македонија испратија помош за Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-godini-od-katastrofalnite-pozhari-vo-blizina-na-atina-so-nad-100-zhrtvi/feed/ 0
Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, „Ер трактор“ принудно слета во море https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shumski-pozar-vo-zapadniot-del-na-oblasta-atika-er-traktor-prinudno-sleta-vo-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shumski-pozar-vo-zapadniot-del-na-oblasta-atika-er-traktor-prinudno-sleta-vo-more/#respond Fri, 05 Aug 2022 09:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=714490

Во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во близина на автопатот кон Пелопонез, претпладнево избувна пожар, а еден од авионите на противпожарната служба што интервенираше во гаснењето, принудно слета во море, додека двајцата патници навремено се спасиле, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи, беше испратена порака до жителите на едно село, превентивно да се евакуираат, а затворен е и автопатот кон Коринт. Во пожарот интервенираат 55 пожарникари со три пешадиски тима, 15 возила, два авиони и еден хеликоптер за координација, а еден од авионите веројатно од типот „Air tractor“, од засега непознати причини, принудно слетал во морето. Според крајбрежната служба на Грција, двете лица кои биле во авионот се спасиле и се во добра здравствена состојба и веднаш, со помош на приватен чамец биле пренесени на копно. Пожарот е на околу 30 километри северозападно од центарот на Атина во близина на патарината на излезот од Атика кон Пелопонез.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shumski-pozar-vo-zapadniot-del-na-oblasta-atika-er-traktor-prinudno-sleta-vo-more/feed/ 0
Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shumski-pozar-vo-zapadniot-del-na-oblasta-atika-poshirokiot-region-na-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shumski-pozar-vo-zapadniot-del-na-oblasta-atika-poshirokiot-region-na-atina/#respond Wed, 20 Jul 2022 14:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=707987

Кусо пред 14 часот по локално време избувна нов шумски пожар во областа Атика, поширокиот регион на Атина, овој пат во западниот дел, а превентивно беа евакуирани жителите од мала населба, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збора за предградието Мегара каде што и лани имаше пожари. Пожарот брзо се прошири поради боровата шума, но засега е далеку од домовите, иако конкретната област не е густо населена. Преку порака од бројот за итни случаи 112 беше побарано од жителите на мала населба превентивно да се евакуираат. Интервенираат 45 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила, пожарникари волонтери, како и седум авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за координација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shumski-pozar-vo-zapadniot-del-na-oblasta-atika-poshirokiot-region-na-atina/feed/ 0
Голем шумски пожар во североисточниот дел на областа Атика https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-vo-severoistochniot-del-na-oblasta-atika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-vo-severoistochniot-del-na-oblasta-atika/#respond Tue, 19 Jul 2022 17:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=707523

Голем шумски пожар избувна попладнево на планината Пендели во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, огнените јазици се наоѓаат блиски до домови, а од жителите на една населба беше побарано да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. За гаснење на пожарот од копно и воздух, интервенираат 78 пожарникари (28 се пожарникари од Романија, кои се во Грција), пет пешадиски тима, 22 противпожарни возила, 11 авиони и седум хеликоптери, пожарникари волонтери и цистерни од општините. Од бројот за итни случаи 112 првично беше испратена порака до жителите на шест населби во близина на пожарот да бидат подготвени за евентуална евакуација, а помалку од половина час подоцна жителите на една од населбите добија нова порака да се евакуираат. Силниот ветер од над осум бофори (над 65 километри на час) брзо го шири пожарот и дополнително го отежнува гаснењето на пожарот. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека по наредба на началникот сите противпожарни служби од Атика се во општа готовност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-vo-severoistochniot-del-na-oblasta-atika/feed/ 0
Започна регистрација на штетите од пожарот во северниот дел на грчката област Атика https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochna-registracija-na-shtetite-od-pozarot-vo-severniot-del-na-grchkata-oblast-atika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochna-registracija-na-shtetite-od-pozarot-vo-severniot-del-na-grchkata-oblast-atika/#respond Mon, 09 Aug 2021 10:47:47 +0000 https://kurir.mk/?p=548315

Претставници на Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција, од денеска започнаа со теренска регистрација на штетите предизвикани од пожарот во пет општини во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот беше предизвикана материјална штета на домови и објекти, а процените се дека изгоре површина од околу 8.000 хектари. Од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција соопштија дека целта е регистрацијата на штетите да заврши колку е можно поскоро за да може веднаш да започне процесот на обесштетување на погодените граѓани од пожарот. Заменик-министерот под премиерот Акис Скерцос преку неговиот „Фејсбук“ профил потсети дека сите оние кои биле принудени да се евакуираат и да ги напуштат нивните домови можат да се јават на специјален број за да добијат насоки за привремено сместување во хотелите обезбедени од државата. Додаде дека над 1.500 граѓани веќе добиле привремено сместување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochna-registracija-na-shtetite-od-pozarot-vo-severniot-del-na-grchkata-oblast-atika/feed/ 0
Детали за вчерашниот пожар во Атика: Уапсено едно лице https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-vcherashniot-pozar-vo-atika-uapseno-edno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-vcherashniot-pozar-vo-atika-uapseno-edno-lice/#respond Mon, 22 Jul 2019 08:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=220955

Дирекцијата на грчката Противпожарна служба за справување со криминал со подметнување пожари, вчера уапси 64-годишен маж под сомнение дека од небрежност го предизвикал пожарот во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека за уапсениот веќе е известен јавен обвинител и потсетуваат на мерките и упатствата што треба да ги следат граѓаните за периодот во кој постои опасност од пожари. Вчерашниот пожар во Мегара, изби кусо по 13 часот, а попладнето беше ставен под контрола. Во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптери, а генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас итно замина во предградието, кусо откако изби пожарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-vcherashniot-pozar-vo-atika-uapseno-edno-lice/feed/ 0
Пожар во предградие во западниот дел на Атика https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-predgradie-vo-zapadniot-del-na-atika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-predgradie-vo-zapadniot-del-na-atika/#respond Sun, 21 Jul 2019 12:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=220721

Пожар во тревна област изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од грчката Противпожарна служба, соопштуваат дека во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптера, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, пожарот е во близина на населено место и во околината има куќи. Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопштуваат дека генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас итно заминал во предградието каде што изби пожарот. Мегара се наоѓа на околу 50 километри западно од центарот на Атина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-predgradie-vo-zapadniot-del-na-atika/feed/ 0
Грција: 20 функционери осомничени за пожарот во кој загинаа 99 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-20-funkcioneri-osomnicheni-za-pozarot-vo-koj-zaginaa-99-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-20-funkcioneri-osomnicheni-za-pozarot-vo-koj-zaginaa-99-lica/#respond Fri, 12 Oct 2018 17:03:28 +0000 https://kurir.mk/?p=114259

Тимот на обвинителството, кој го испитува пожарот во Атина на 23 јули, во кој загинаа 99 лица, повика 20 грчки функционери како осомничени идната недела да дадат исказ за тоа. Тие се осомничени за различни, вклучително и за најтешки кривични дела, за што во неколку кривични пријави ги обвинуваат роднините на жртвите. По налог на обвинител од Врховниот суд, обвинителите, кои ја водат истрагата, побараа изјава од префектот на покраината Атика, Рене Руру, која, исто така, беше осомничена за катастрофалната поплава во ноември минатата година, а свој исказ треба да дадат и претседателите на општините Маратон и Рафина, кои беа погодени од шумски пожар во јули. Обвинителите бараат изјави и од поранешниот генерален секретар на Службата за цивилна заштита на Грција, поранешниот шеф на грчката полиција, како и на актуелни полициски службеници, Службата за цивилна заштита, Одделот за противпожарна заштита на Грција и крајбрежната стража. Атинскиот „Катимерини" забележува дека повиците за сослушување се испратени два и пол месеца откако прелиминарната истрага за пожар започнала како „итна".]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-20-funkcioneri-osomnicheni-za-pozarot-vo-koj-zaginaa-99-lica/feed/ 0
Речиси два месеци по катастрофалните пожари во Атика, расте бројот на жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-dva-meseci-po-katastrofalnite-pozari-vo-atika-raste-brojot-na-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-dva-meseci-po-katastrofalnite-pozari-vo-atika-raste-brojot-na-zrtvi/#respond Wed, 12 Sep 2018 07:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=99694

Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека од 99-те жртви, 83 ги загубија животите во пожарите и беа идентификувани во Институтот за судска медицина, а 16 починаа во болниците од здобиените сериозни повреди во огнената стихија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-dva-meseci-po-katastrofalnite-pozari-vo-atika-raste-brojot-na-zrtvi/feed/ 0
Започна уривањето на дивоградби во областа Атика https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochna-urivanjeto-na-divogradbi-vo-oblasta-atika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochna-urivanjeto-na-divogradbi-vo-oblasta-atika/#respond Thu, 30 Aug 2018 13:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=94242

Од вчера започна процесот на уривање дивоградби во областа Атика што се наоѓаат на брегот на морето, во шумски делови и врз речни корита, соопштуваат од Министерството за животна средина и енергија на Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во првата фаза ќе бидат урнати 22 дивоградби, а багерите од вчера работат со полна пареа. По трагедијата во западниот дел на областа Атика и катастрофалните пожари во кои животот го загубија 98 лица, грчката влада донесе одлука за итно уривање на дивоградбите кои во одреден степен одиграа своја негативна улога, попречувајќи го излезот кон море за граѓаните кои бараа начин да се спасат од огнените јазици на 23 јули годинава. Планирано е да се урнат 3200 дивоградби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochna-urivanjeto-na-divogradbi-vo-oblasta-atika/feed/ 0