Атина – Солун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 05:44:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Атина – Солун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се укинува забраната за тешки возила на автопатот Атина-Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-ukinuva-zabranata-za-teshki-vozila-na-avtopatot-atina-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-ukinuva-zabranata-za-teshki-vozila-na-avtopatot-atina-solun/#respond Thu, 21 Sep 2023 05:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=880056

Од шест часот утрово, се укинува забраната за тешки возила над 3,5 тони на автопатот Атина-Солун, а сообраќајот и во двата правци и понатаму ќе се одвива исклучиво по левата коловозна лента, исто како што важи и за автомобилите, јави дописничката на МИА од Атина. За укинувањето на забраната информираа и од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција и од компанијата која управува со автопатот. Од Министерството соопштија дека одлуката е по соодветниот технички извештај по направените контроли и се однесува на возила со тежина до 44 тони, додека пак од компанијата потенцираа дека сообраќајот за тешки возила ќе се одвива само по левата коловозна лента во двата правци, до целосно повлекување на водата и повторна проверка на автопатот. - За олеснување и безбедност на сите возачи, на возачите на тешки возила им се препорачува да одржуваат растојание од 100 метри од возилото пред нив, додека од сите возачи се бара да се придржуваат до ограничувањето на брзината од 80 километри и да ги следат упатствата на сообраќајната полиција, соопштија од компанијата која управува со автопатот. Автопатот Атина - Солун, во делот околу Лариса, беше зафатен од поплавите и целосно затворен за сообраќај речиси една седмица поради изливањето на реката Пиниос, а во петокот беше укината забраната, но само за автомобили и возила до 3,5 тони. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-ukinuva-zabranata-za-teshki-vozila-na-avtopatot-atina-solun/feed/ 0
Попладнево ќе биде отворен автопатот Атина – Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/popladnevo-ke-bide-otvoren-avtopatot-atina-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/popladnevo-ke-bide-otvoren-avtopatot-atina-solun/#respond Fri, 15 Sep 2023 13:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=878446

Автопатот Атина – Солун попладнево ќе биде отворен и во двата правци, но само за автомобили и возила до 3,5 тони, а сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата која управува со автопатот соопштија дека денеска во 17 часот по локално време ќе биде пуштен за сообраќај делот околу Лариса што беше затворен поради излeвањето на реката Пиниос. Сообраќајот ќе се одвива регуларно во двата правци, но само по левата лента. За тешките возила, за кои сега постои забрана, дополнително ќе излезат со соопштение откако ќе завршат со потребните проверки. Сообраќајот на автопатот Атина - Солун, во делот околу Лариса беше во прекин од саботата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/popladnevo-ke-bide-otvoren-avtopatot-atina-solun/feed/ 0