атина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 07:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png атина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Земјотрес од 5,2 степени на грчкиот остров Евија, почувствуван и во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-od-5-2-stepeni-na-grchkiot-ostrov-evija-pochuvstvuvan-i-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-od-5-2-stepeni-na-grchkiot-ostrov-evija-pochuvstvuvan-i-vo-atina/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=896047

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер бил регистриран на грчкиот остров Евија кусо пред 8.30 часот утрово по локално време, согласно податоците од Геодинамичкиот центар на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на земјотресот бил во централниот дел на Евија, а беше почувствуван и во Атина. Засега нема информации за повредени или материјална штета. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-od-5-2-stepeni-na-grchkiot-ostrov-evija-pochuvstvuvan-i-vo-atina/feed/ 0
Во Атина пронајдена бомба од Втората светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-atina-pronajdena-bomba-od-vtorata-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-atina-pronajdena-bomba-od-vtorata-svetska-vojna/#respond Thu, 26 Oct 2023 07:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=893245

Бомба од Втората светска војна, беше пронајдена вчера во населба во јужниот дел на Атина, а денеска, поради планираното деактивирање и од безбедносни причини затворени се улици и евакуирани четири згради, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за бомба од стар тип со тежина од над 220 килограми, а беше пронајдена за време на извршување градежни работи. Деактивирањето ќе биде претпладнево, евакуирани се четири згради и во прекин е сообраќајот на улиците што се наоѓаат во околина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-atina-pronajdena-bomba-od-vtorata-svetska-vojna/feed/ 0
Масовен протест во Атина за поддршка на Палестина, инциденти пред амбасадата на Израел (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/masoven-protest-vo-atina-za-poddrshka-na-palestina-intsidenti-pred-ambasadata-na-izrael-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/masoven-protest-vo-atina-za-poddrshka-na-palestina-intsidenti-pred-ambasadata-na-izrael-foto/#respond Wed, 18 Oct 2023 20:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=890509

Мали инциденти се случија пред амбасадата на Израел во Атина, меѓу група поддржувачи на Палестина и грчката полиција во пресрет на протестот за солидарност до палестинскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина. Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, здруженија на Палестинци, левичарски организации, студентски здруженија и сл, попладнево одржаа собир пред грчкиот Парламент и марш низ улиците во Атина до амбасадата на Израел, а според полициски извори, учествуваа над 10.000 лица. Кусо пред демонстрантите да стигнат до амбасадата,се случи мал инцидент меѓу група Палестинци и полицијата која употреби солзавец. Подоцна групата запали пано со фотографијата на израелскиот премиер Нетанјаху, а беа развиорени и палетински знамиња. „Слобода за Палестина“ беше главниот слоган на протестот, а амбасадата на Израел во Атина вечерва беше под драконски безбедносни мерки. Претходно, пред израелската амбасада се одржа мал протест за поддршка на Израел, а на насобраната група телефонски им се обрати и амбасадорот на Израел. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/masoven-protest-vo-atina-za-poddrshka-na-palestina-intsidenti-pred-ambasadata-na-izrael-foto/feed/ 0
Античкиот олимписки стадион во Атина домаќин на натпреварите од Дејвис купот меѓу Грција и Словачка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/antichkiot-olimpiski-stadion-vo-atina-domakin-na-natprevarite-od-dejvis-kupot-megu-grtsija-i-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/antichkiot-olimpiski-stadion-vo-atina-domakin-na-natprevarite-od-dejvis-kupot-megu-grtsija-i-slovachka/#respond Sat, 16 Sep 2023 13:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=878679

Античкиот олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, познат и под името Калимармаро, викендов, за првпат во историјата, е домаќин на тениски натпревари, што се играат во рамките на Дејвис купот меѓу Грција и Словачка, јави дописничката на МИА од Атина. Стадионот на кој во 1896 година се одржаа церемониите на отворањето и затворањето на првите модерни Олимписки игри, денеска е адаптиран со поставен терен за тенис, нешто што позитивно го коментираа тенисерите од грчката репрезентација, меѓу кои и Стефанос Циципас, истакнувајќи дека ќе имаат уникатно искуство. Во текот на викендот Грција и Словачка ќе одиграат вкупно пет натпревари, четири сингл и еден во двојки. Натпреварите започнаа утрово со дуелот меѓу Александрос Скорилас и Алекс Молкан, а потоа ќе следи и дуелот меѓу Стефанос Циципас и Лукаш Клеин. Утре е натпреварот во двојки, а потоа и останатите два сингл натпревари. На вчерашната прес-конференција во пресрет на Купот, број пет рекетот во светот, Циципас рече дека е задоволен и од теренот и од стадионот, истакнувајќи дека е во ист стил како и Австралија Опен. -Многу е убаво чувство да играш на еден ваков стадион. Имав можност како турист да го посетам пред неколку години и кога бев мал за време на училишни екскурзии, па така, да играм на овој стадион, за мене е нешто многу посебно, рече Циципас. Се осврна и на актуелната ситуација во Грција, велејќи дека ќе играат за сите оние „кои беа погодени од пожарите и поплавите во изминатите месеци во земјата“ и додаде дека тоа за нив ќе биде дополнителен мотив за да дадат сѐ од себе. Задоволство изразија тенисерите од грчката репрезентација, меѓу кои и Стефанос Циципас, за одлуката натпреварите со Словачка во првата група од Дејвис купот да се играат на античкиот олимписк Селекторот на грчката репрезентација Апостолос Циципас побара поддршка од гледачите да дојдат на стадионот да ја бодрат репрезентацијата, бидејќи навивачите се „дополнителна сила за играчите“. -Како што кажа и Стефанос поминуваме тешки моменти, а во овие тешки моменти особено за Тесалија, важно е да бидеме сите обединети, рече селекторот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/antichkiot-olimpiski-stadion-vo-atina-domakin-na-natprevarite-od-dejvis-kupot-megu-grtsija-i-slovachka/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Шестмината убиени во пресметката во Атина најверојатно се Албанци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-shestminata-ubieni-vo-presmetkata-vo-atina-najverojatno-se-albantsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-shestminata-ubieni-vo-presmetkata-vo-atina-najverojatno-se-albantsi/#respond Tue, 12 Sep 2023 05:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=877119

Шест лица попладнево биле пронајдени смртно повредени од огнено оружје во атинското предградие Артемида во источниот дел на градот, јави дописничката на МИА од Атина. Од убиените, петмина биле застрелани во автомобил, а шестиот бил пронајден во непосредна близина на возилото. Според првичните неофицијални информации, автомобилот бил со германски регистарски таблици, а веројатно станува збор за расчистување сметки. фото: фото: newsit.gr]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-shestminata-ubieni-vo-presmetkata-vo-atina-najverojatno-se-albantsi/feed/ 0
Притворени капетанот и член на екипажот на траектот за смртта на патникот на пристаништето во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/#respond Mon, 11 Sep 2023 09:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=876873

Мерка притвор им е одредена на двајца од четворицата уапсени за смртта на патникот на траектот, кој минатиот вторник беше турнат во морето на атинското пристаниште во обид да се качи на бродот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Притворени се капетанот и членот на екипажот кој е обвинет дека го истурка 36-годишен маж во морето. Според грчките медиуми, членот на екипажот во исказот ја презел одговорноста за тоа што се случило, но не ја прифатил правната карактеристика на делото како убиство со можна умисла. Рекол дека 36-годишниот стапнал на работ. се лизнал и паднал, сакал да скокне да му помогне, но бродот веќе се оддалечил и додал дека кога се вратил да земе средство за спасување, човекот веќе се удавил. Капетанот на траектот, според истите информации, кој се товари за опасност во морскиот сообраќај и за изложување на смртна опасност, во исказот рекол дека постапил правилно согласно прописите кога бил информиран дека има лице во морето и ја известил крајбрежната стража. Во вторникот вечерта 36-годишниот Андонис Кариотис го загуби животот откако во обид да се качи на траектот за Крит, на атинското пристаниште беше спречен од двајца членови од екипажот, а едниот од нив го истурка од бродот, при што падна во морето и се удави. Целиот случај беше обелоденет по објавеното видео од „Прото тема“, со оглед на тоа дека првично информациите беа дека маж го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа. На видеото се гледа дека мажот трча на траектот успева да се качи, но е спречен од двајца членови од екипажот, едниот од нив го турка од бродот и паѓа во морето, а траектот отпловува без да му се пружи никаква помош на 36-годишниот. Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давање во морска вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/feed/ 0
ФОТО: Невремето „Даниел“ ја зафати и Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-nevremeto-daniel-ja-zafati-i-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-nevremeto-daniel-ja-zafati-i-atina/#respond Wed, 06 Sep 2023 17:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=875364

Поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари, донесе невремето „Даниел“ што попладнево ја зафати и Атина, а обилниот и интензивен дожд предизвика поплави и проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Неколку метро станици се поплавија, а идентична е ситуацијата и на неколку атински булевари, кои поради насобраната вода и со одлука на полицијата се затворени за сообраќај. Голем дел од улиците како во центарот на Атина, така и во останатите населби и предградија се претворија во реки. Паралелно, поради невремето во централна Грција затворен е дел од автопатот Атина- Солун во близина на градот Лариса, за сите возила и во двата правци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-nevremeto-daniel-ja-zafati-i-atina/feed/ 0
Огнената стихија дојде до Атина, Грците во паника https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ognenata-stihija-dojde-do-atina-grtsite-vo-panika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ognenata-stihija-dojde-do-atina-grtsite-vo-panika/#respond Thu, 24 Aug 2023 09:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=870387

Стотици пожарникари во Грција во текот на ноќта се обидоа да изгаснат пожари на периферијата на Атина, наредена е дополнителна евакуација, а властите предупредија на ризик од нови пожари низ земјата, пренесе Катимерини. Цивилната заштита нареди евакуација на областа Ано Лиоси во северозападниот дел на Атина, област со повеќе од 25.000 луѓе. Во гаснењето на пожарот на Парнита учествуваат хеликоптери за да се спречи ширењето на пожарот кон Националниот парк. Пожарите сè уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици се во Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи на истокот од земјата. Во пожарите, кои беснеат во Грција од саботата, загинаа 20 лица, а над 400.000 хектари земјиште изгореа.„Ситуацијата невидена“, изјави грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ognenata-stihija-dojde-do-atina-grtsite-vo-panika/feed/ 0
Поради пожар близу Атина, грчките власти евакуираат центар за мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-blizu-atina-grchkite-vlasti-evakuiraat-tsentar-za-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-blizu-atina-grchkite-vlasti-evakuiraat-tsentar-za-migranti/#respond Wed, 23 Aug 2023 12:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=870021

Грчките власти издадоа наредба за превентивна евакуација на мигрантски центар во близина на Атина поради пожарот што беснее на планината Парнита, објави „Прото тема“. Според полициски извори, околу 700 лица сместени во Центарот за притвор за странци подложени на репатријација, кој се наоѓа во атинското предградие Амигдалеза, етапно треба да бидат евакуирани. Евакуираните странски државјани со автобуси ќе бидат однесени во сместувачките центри во Малакаса и Атина. Се прецизира дека евакуацијата е превентивна и засега се однесува само на мигрантите, но не и на полициското училиште и техничките служби на полицијата, кои се наоѓаат на подрачјето на истото место. Пожарот во подножјето на планината Парнита избувна во вторник напладне кај селото Фили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-blizu-atina-grchkite-vlasti-evakuiraat-tsentar-za-migranti/feed/ 0
Ковачевски за МИА: Северна Македонија доволно чекаше, време е за храброст и одлучност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-severna-makedonija-dovolno-chekashe-vreme-e-za-hrabrost-i-odluchnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-severna-makedonija-dovolno-chekashe-vreme-e-za-hrabrost-i-odluchnost/#respond Tue, 22 Aug 2023 12:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=869581 фото: mia

„Северна Македонија има изградено сериозни капацитети во делот на европските интеграции и таа не смее да остане во чекалницата на ЕУ, вели во интервју за МИА, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Во интервјуто премиерот ги сублимира средбите и пораките од разговорите меѓу лидерите од Западен Балкан кои присуствуваа на неформалната средба организирана од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, по повод навршувањето на 20 години од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун. Ковачевски во интервјуто истакна дека за време на средбата, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен дала јасна порака за поддршка на уставните измени со што се отвора јасен пат за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и нејзиниот економски напредок. „Првата тема е секако уставните измени кои веќе се наоѓаат во собраниска процедура во нашата држава и за кои што изразивме и двајцата задоволство што процесот започна успешно и се надевам исто како што и ЕУ се надева дека во нашето собрание ќе има визија и храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европските интеграции на Северна Македонија во ЕУ. Разговаравме и за планот за развој на Западен Балкан. Знаете дека се работи за план кој беше промовиран лично од претседателката на Европска Комисија, а потоа и во детали разговаран во Тирана, заедно со комесарот за проширување г.Вархеји. Тој се однесува на зголемување на финансиските средства за финансирање на регионални проекти во земјите од Западен Балкан. Зголемување на економската соработка меѓу земјите и секако забрзување на процесот на интеграција на сите земји во ЕУ и тоа е нешто на што работиме во моментот, но ќе следуваат и состаноци и посета нејзина во нашата држава како и моја посета во Брисел токму на оваа и на претходните теми“, истакна премиерот за МИА. Претседателот на Владата вели дека најважна работа во моментов, во државата е продолжување на европската интеграција, прво преку изгласување на уставните измени, бидејќи доволно граѓаните чекале. „Кај нас во моментот го имаме како тема број 1, а тоа е продолжување на европската интеграција, прво преку изгласување на уставните измени во Собранието, а потоа и отворањето на кластерите, поглавјата, затворање на кластерите и поглавјата, реформирање на нашето општество и зачленување на земјата до 2030 година во ЕУ. И гледате дека кај нас има се уште политичари, како што имаше и во минатото во однос на тоа дека не треба да се носи таква одлука и дека требало да се чека па дури и лидерот на опозицијата ќе изјави дека тој е спремен да чека и 10 и 20 години. Најдобра потврда како изгледа чекање и седење во чекална е токму овој состанок овде, бидејќи солунскиот состанок се одржа пред точно 20 години. На солунскиот состанок пред 20 години дел од Западен Балкан беше Хрватска, тој беше самит ЕУ со Западен Балкан, а во Западен Балкан беше и Хрватска. Ние со Хрватска заедно ја започнавме пристапувањето кон ЕУ во 2006 година. Денес Хрватска е членка на ЕУ, членка на Шенген и земја во која што платежно средство е еврото. А ние се уште имаме политичари кои се уште велат дека треба да се чека“, рече Ковачевски. Претседателот на Владата порача дека неносењето на одлуки, немањето храброст и одлучност нема да ја помрдне земјата ни еден милиметар. „Така како што веќе Хрватска стана земја членка на ЕУ, доколку не носиме одлуки и доколку имаме политичари кои велат да се чека, тогаш ќе се случи и Хрватска и Црна Гора и Албанија да отидат пред нас. На крај единствено ќе останеме во друштвото на БиХ и Косово. Северна Македонија не смее да остане во друштво на БиХ и Косово. Тоа се држави кои имаат проблеми во дефинирањето на државите се уште и нашите деца не заслужуваат нивната држава да биде во тоа друштво во поглед на европските интеграции. Затоа одлуките ни се потребни сега заради иднината и на сегашните и на идните генерации“, вели Ковачевски во интервју за МИА.]]>
фото: mia

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-severna-makedonija-dovolno-chekashe-vreme-e-za-hrabrost-i-odluchnost/feed/ 0