атински пристаништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Aug 2020 14:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png атински пристаништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тестови по случаен избор за Ковид-19 на две атински пристаништа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/testovi-po-sluchaen-izbor-za-kovid-19-na-dve-atinski-pristanishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/testovi-po-sluchaen-izbor-za-kovid-19-na-dve-atinski-pristanishta/#respond Sun, 16 Aug 2020 14:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=391365

По иницијатива на периферијата Атика од утрово на две атински пристаништа започна тестирање за Ковид-19 по случаен избор на патниците кои се враќаат од островите, дописничката на МИА од Атина. Тестирањето ќе трае во текот на денот, а мерката е поради тоа што денеска се очекува голем дел од Грците да се вратат во Атина по вчерашниот празник Пресвета Богородица кога граѓаните најчесто го користат летниот одмор, заминуваат на викенди и сл. Целта на тестовите по случаен избор е да се откријат евентуални асимптоматски лица, кои можеби, без да знаат, за време на летниот одмор на некој од грчките острови се заразиле со коронавирусот. На најголемото грчко пристаниште Пиреас, беше и префектот на периферијата Атика Јоргос Патулис, кој заедно со вработените и волонтерите учествуваше во информирањето на граѓаните. -Нашите единици ќе спроведат онолку контроли колку што е потребно и ќе ги повторат таму каде што е потребно, со цел да формираме задоволителна слика и соодветно да ги прилагодиме нашите активности во следниот период, рече Патулис кој рече дека на патниците им препорачуваат, доколку постои можност, една седмица по враќањето од одмор да работат од дома. Во Грција, во изминатите денови зголемен е бројот на нови случаи на Ковид-19, веќе четири дена по ред има над 200 новозаболени, а за само една седмица регистрирани се 1.475 нови случаи и починаа 15 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/testovi-po-sluchaen-izbor-za-kovid-19-na-dve-atinski-pristanishta/feed/ 0