атлетичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Sep 2022 06:35:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png атлетичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Битола трка „Трчај бе“, ќе учествуваат 1.400 атлетичари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bitola-trka-trchaj-be-kje-uchestvuvaat-1-400-atletichari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bitola-trka-trchaj-be-kje-uchestvuvaat-1-400-atletichari/#respond Sun, 04 Sep 2022 07:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=728376

Илјада и четиристотини атлетичари од 12 земји од светот ќе учествуваат денеска во трката низ улиците во Битола наречена „Трчај бе“, која годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација. – Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола. Ќе биде и големо и масовно издание. Полумаратонот кој минатата година го организиравме за прв пат и беше Балканско првенство, годинава ја продолжува традицијата да биде ставен на атлетската листа настани како Национално првенство и тоа е голем комплимент за нас како организатори. Пријавена е целата македонска атлетска елита, на листата имаме и атлетичари од странство, бројни компании кои токму овој викенд ги испланираа своите тим билдинг активности и се разбира учесници рекреативци, истакна Никола Димитровски, директор на трката. Според организаторите, Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги пречека учесниците и гостите, кои во градот под Пелистер по четврт пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот по патеките, а на главната сцена настап ќе има и Љубојна. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, што е убав пример на спортски туризам кој носи профит за градот домаќин на трката. – Во „Трчај бе“ бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, додаде Димитровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bitola-trka-trchaj-be-kje-uchestvuvaat-1-400-atletichari/feed/ 0
Руските и белоруските атлетичари исфрлени од Дијамантската лига https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ruskite-i-beloruskite-atletichari-isfrleni-od-dijamantskata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ruskite-i-beloruskite-atletichari-isfrleni-od-dijamantskata-liga/#respond Fri, 18 Mar 2022 10:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=649405

Генералното собрание на Дијамантската лига на состанокот денеска во Белград донесе одлука на руските и белоруските атлетичари да им се забрани настап на серијата престижни митинзи поради инвазијата на Украина. – Дијамантската лига ја прифати препорака на Одборот за исклучување на руските и белоруските спортисти од митинзите на Дијамантската лига во догледна иднина, се наведува во соопштението. Атлетичарите од Русија и Белорусија, исто така, се исклучени и од настап на Светското првенство во сала, кое денеска започнува во Белград. На Светското првенство од македонските атлетичари ќе настапи Јован Стојоски во трката на 400 метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ruskite-i-beloruskite-atletichari-isfrleni-od-dijamantskata-liga/feed/ 0
Македонските атлетичари соборија три државни рекорди на Европскиот куп https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-atletichari-soborija-tri-drzavni-rekordi-na-evropskiot-kup/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-atletichari-soborija-tri-drzavni-rekordi-na-evropskiot-kup/#respond Mon, 21 Jun 2021 09:27:04 +0000 https://kurir.mk/?p=526015

Три национални рекорди соборија македонските атлетичари на Европското екипно првенство што изминатиот викенд се одржа во Лимасол. На завршниот ден од Европскиот куп, Дарио Ивановски постави нов државен рекорд во дисциплината 3.000 метри, истрчувајќи ја патеката во време од 8:06.66. Македонскиот атлетичар мина трет низ целта, зад Џордан Гусман од Малта (7:53:70) и Србинот Елзан Бибиќ (7:55:51). Државниот рекорд во дисциплината 5.000 метри го собори и Адријана Поп Арсова, истрчувајќи ја патеката за 17:42:08 минути. Претходно на Европското екипно првенство во Лимасол нов македонски рекорд на 400 метри со пречки постави и Дрита Ислами со време од 57:53 секунди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-atletichari-soborija-tri-drzavni-rekordi-na-evropskiot-kup/feed/ 0
САД најуспешни на атлетскиот Мундијал во Доха https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sad-najuspeshni-na-atletskiot-mundijal-vo-doha/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sad-najuspeshni-na-atletskiot-mundijal-vo-doha/#respond Mon, 07 Oct 2019 08:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=248647

Атлетичарите на Соединетите Американски Држави се најуспешни на Светското првенство што изминатите десет дена се одржуваше во главниот град на Катар, Доха. САД Мундијалот го заврши со 29 освоени медали од кои 14 златни, 11 сребрени и четири бронзени. На второто место е Кенија со 11 медали (пет златни, два сребрени и четири бронзнеи). Трета е Јамајка со три златни, пет сребрени и четири бронзени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sad-najuspeshni-na-atletskiot-mundijal-vo-doha/feed/ 0