атомска бомба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 10:25:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png атомска бомба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приказната за атомската бомба која малкумина ја знаат! Еве зошто Американците ги избрале баш Хирошима и Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prikaznata-za-atomskata-bomba-koja-malkumina-ja-znaat-eve-zoshto-amerikantsite-gi-izbrale-bash-hiroshima-i-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prikaznata-za-atomskata-bomba-koja-malkumina-ja-znaat-eve-zoshto-amerikantsite-gi-izbrale-bash-hiroshima-i-nagasaki/#respond Thu, 10 Aug 2023 10:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=865434

„Fat Man“ („Дебелиот човек“), втората и последна атомска бомба фрлена во војна, паднала на 9 август 1945 година врз јапонскиот град Нагаски, предизвикувајќи невидено уништување и со овој ужас била засенета дури и трагедијата што се случила во Хирошима, три дена порано. Сепак, малкумина знаат дека Нагасаки воопшто не бил примарна цел на атомската бомба. Процесот на избор на градови на кои ќе биде испорачан овој ужасен товар бил крајно необичен … толку многу што денес изгледа речиси нереално! Список на смртни случаи На нападите им претходеле интензивни дискусии за изборот на цели за напад. Водачите на американската администрација подготвиле список на потенцијални мети. Основниот предуслов бил градовите да имаат воено значење. Од 66-те поголеми градови во Јапонија, 59 веќе биле уништени во претходните напади, па листата уште од старт била скратена. Друг фактор бил извештајот на Роберт Опенхајмер, славниот физичар, познат како креаторот на атомските бомби. Во него биле наведени просторните спецификации што треба да ги има градот, како би бил максимален ефектот на атомските бомби. Одборот на тој начин „номинирал“ 4 градови – Хирошима, Кокура, Нигата и Кјото, места кои релативно биле „поштедени“ од уништување во претходната војна. Хирошима бил првиот избор. Освен што дотогаш најмногу бил поштеден од големи разурнувања, таа била и главниот штаб на генералот Хата Шунроку, кој бил задолжен за одбраната на јужниот дел од Јапонија. Сепак, мнозинството од населението сепак биле цивили – 255 илјади од нив. Нагасаки бил дојден подоцна! Околу изборот на другата мета, имало повеќе преговори … Приказната, која денес е невозможно да се потврди, вели дека стариот јапонски град Кјото бил отстранет од списокот под влијание на Хенри Л. Стимсон, државниот секретар на САД, кој својот месен месец го поминал во овој град децении претходно и тогаш многу го засакал. Па така бил избран Кокура, стар град во префектурата Фукуока, Јапонија. Бидејќи било неопходно на списокот да се има и резервна мета, Нагасаки бил додаден на истиот (дури тогаш). Меѓутоа, кога дошол 9 август и кога американските бомбардери полетале носејќи го својот смртоносен товар, го затекнале Кокура обвиткан во облаци – толку густи што градот долу не можел јасно да се види. Бидејќи наредбата била да се пука само доколку можат визуелно да ја потврдат метата, пилотите се откажале од Кокура и продолжиле кон алтернативната цел – Нагасаки. Другата опција била да се одложи нападот. И денес во Јапонија велат „Кокурина среќа“ за необично спасување од опасност. Страшни последици Соочена со советската инвазија на Манџурија и очекуваното заедничко слетување на сојузниците на островите, како би спречила потенцијална трета експлозија, Јапонија конечно се согласила на безусловна капитулација. Таа се предала на 15 август 1945 година, што овозможило Втората светска војна конечно да заврши. Во годините што следеле, илјадници луѓе ги изгубиле животите од ефектите на радијацијата. Во август 2004 година бил објавен список со повеќе од 450.000 имиња на настраданите (дали во нуклеарните напади, дали потоа) – 292.325 во Хирошима, 165.409 во Нагасаки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prikaznata-za-atomskata-bomba-koja-malkumina-ja-znaat-eve-zoshto-amerikantsite-gi-izbrale-bash-hiroshima-i-nagasaki/feed/ 0
Јапонија ја одбележа 78-годишнината од нуклеарниот напад врз Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-ja-odbelezha-78-godishninata-od-nuklearniot-napad-vrz-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-ja-odbelezha-78-godishninata-od-nuklearniot-napad-vrz-nagasaki/#respond Wed, 09 Aug 2023 08:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=864919

Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба смело да го отфрлат, кое, како што велат, им служи за нуклеарно одвраќање. Оваа порака градоначалникот ја упати на комеморацијата, која беше многу помала од вообичаеното бидејќи Јапонија се соочува со минување на тајфун. Токму поради тајфунот Кануна, кој носи обилни дождови и силни ветрови, на комеморацијата не присуствуваа гости од Јапонија и странство, меѓу кои и премиерот Фумио Кишида. По првпат од 1963 година, комеморацијата на жртвите не се одржа во Паркот на мирот Нагасаки, туку во изложбена сала. На церемонијата во 11:02 часот беше одржано едноминутно молчење за жртвите во спомен на 9 август 1945 година, кога атомска бомба беше фрлена на Нагасаки. Само во градот Нагасаки 70.000 луѓе загинаа директно од експлозијата, а 75.000 други беа повредени. Три дена претходно, САД фрлија атомска бомба и го уништија градот Хирошима. Во двата атомски напади загинале меѓу 129,000 и 226,000 луѓе, од кои повеќето биле цивили, и тоа останува единствената употреба на нуклеарно оружје во вооружен судир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-ja-odbelezha-78-godishninata-od-nuklearniot-napad-vrz-nagasaki/feed/ 0
Пред 78 години беше употребена првата атомска бомба врз Хирошима https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-78-godini-beshe-upotrebena-prvata-atomska-bomba-vrz-hiroshima/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-78-godini-beshe-upotrebena-prvata-atomska-bomba-vrz-hiroshima/#respond Sun, 06 Aug 2023 10:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=863857

Јапонија денеска ја одбележа 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“. Во осум часот и 15 минути, заѕвони мировното ѕвоно, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеаните, одадоа почит на жртвите со едноминутен молк. - Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста, дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување, истакна градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи. Додека јапонскиот премиер Фумио Кишида посочи дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè пострмен, делумно поради руските нуклеарни закани, но оти поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на таа цел. - Светските лидери го посетија овој град, ги видоа неговите споменици, разговараа со неговите храбри преживеани жители, а потоа се охрабрија да се залагаат за нуклеарно разоружување. Тоа треба да го сторат повеќе, бидејќи тапаните на нуклеарната војна повторно чукаат, посочи генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Бомбата фрлена врз Хирошима на 6 август, наречена Мало момче (Little boy), веднаш уби 80.000 луѓе, а до крајот на годината уште околу 70.000. Бомбата со име Дебел човек (Fat man) беше фрлена во Нагасаки на 9 август, при што веднаш загинаа 22.000 луѓе, а уште 39.000 починаа од последици од радијацијата. Јапонија се предаде на 15 август 1945 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-78-godini-beshe-upotrebena-prvata-atomska-bomba-vrz-hiroshima/feed/ 0
Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nagasaki-na-godishninata-od-atomskiot-napad-oddadena-pochit-na-zrtvite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nagasaki-na-godishninata-od-atomskiot-napad-oddadena-pochit-na-zrtvite/#respond Tue, 09 Aug 2022 06:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=715863

Во Нагасаки денеска се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз јапонскиот град на 9 август 1945 година, во кој загинаа 74.000 луѓе. Во својот говор во Паркот на мирот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои и дека уништувањето е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото. Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека уште еден нуклеарен напад не е само загриженост, туку „очигледна и непосредна криза“. На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Три дена подоцна втората атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nagasaki-na-godishninata-od-atomskiot-napad-oddadena-pochit-na-zrtvite/feed/ 0
Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagasaki-75-godini-od-napadot-na-sad-so-atomska-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagasaki-75-godini-od-napadot-na-sad-so-atomska-bomba/#respond Sun, 09 Aug 2020 07:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=388279

Во јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна. Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од тој трагичен, катастрофален настан апелираа до светските лидери да се вклучат повеќе за да се забрани нуклеарното оружје ширум светот. Точно во 11.02 часот по локално време, во исто време кога американскиот бомбардер Б-29 исфрли атомска бомба врз Нагасаки пред 75 години, преживеаните од американското нуклеарно бомбардирање и бројни гости им оддадоа почит на сите жртви со минута молчење. Бомбардирањето на Нагасаки на 9 август уби 70.000 луѓе, а само три дена пред тоа, првата атомска бомба беше фрлена на Хирошима и однесе дури 140.000 животи. Шест дена подоцна, на 15 август 1945 година, Јапонија потпиша капитулација, со што заврши Втората светска војна. Многу преживеани настрадаа од карцином и други болести затоа што беа изложени на радијација и лоши услови за живот во разурната, повоена Јапонија. Градоначалникот на Нагасаки, Томихиза Тау, прочита мировна декларација во која изрази загриженост за нуклеарната закана. Тој, исто така, побара од Владата на Јапонија итно да се приклучи на договорот за забрана на нуклеарно оружје, оценувајќи дека светот е во поголема опасност од нуклеарен конфликт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagasaki-75-godini-od-napadot-na-sad-so-atomska-bomba/feed/ 0
Хрват работел на пристаништето кога се случила експлозијата: „Беше како атомска бомба, еден од нас е повреден“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvat-rabotel-na-pristanishteto-koga-se-sluchila-eksplozijata-beshe-kako-atomska-bomba-eden-od-nas-e-povreden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvat-rabotel-na-pristanishteto-koga-se-sluchila-eksplozijata-beshe-kako-atomska-bomba-eden-od-nas-e-povreden/#respond Wed, 05 Aug 2020 06:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=386306

Го големата експлозија на пристаништето во Бејрут, се огласи и хрватски државјанин кој ја снимил катастрофата која го погоди главниот град на Либан. Тој за 24сата.хр открива дека еден Хрват е повреден, има скршеници па бил однесен во болница. -Беше како атомска бомба. Дрво се виде облак од чад, а потоа не’ погоди експлозијата. Ни ги скрши сите прозорци и ја свитка вратата на бродот. Скокнавме од кабината и легнавме на под, не знаевме што е. Еден од нашите е повреден. Бев во војна, но вакво нешто не сум доживеал, раскажува за 24сата Хрват кој работи во Бејрут. Со колегите од Хрватска бил на брод закотвен на пристаништето кога најпрво слушнале две силни експлозии. Виделе како гори складиштето. -Се се одвиваше во 15 минути. Имаше многу луѓе покрај бродовите, бидејќи работното време беше при крај. Видовме одалеку како гори некое складиште. Гореа и делови од дигалките. Не знаевме каде да бегаме кога се слушна силната експлозија. Еден колега заврши со скршеница, па го пренесовме во болница. Тука е хаос, вели Хрватот. Тој посочува дека во Бејрут немале доволно пакети за прва помош колку што има повредени лица во експлозијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvat-rabotel-na-pristanishteto-koga-se-sluchila-eksplozijata-beshe-kako-atomska-bomba-eden-od-nas-e-povreden/feed/ 0
„Иран 100 % прави атомска бомба“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-100-pravi-atomska-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-100-pravi-atomska-bomba/#respond Thu, 05 Apr 2018 06:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=36599

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Јоси Коен изјави дека  е „стопроцентно сигурен“ дека Иран и понатаму е посветен на развивање атомска бомба. – Како шеф на Мосад јас сум 100 отсто убеден дека Иран никогаш не се откажа од својата нуклеарна визија, ниту за момент. Тој договор овозможува Иран да ја оствари таа визија. Затоа верувам дека договорот мора во целост да се промени или да се отфрли. Во спротивно, тоа би била страшна закана за безбедноста на Израел, изјави тој. Коен за тоа прашање одржа разговори со високи претставници на државата, јавија локални медиуми, повикувајќи се на неименуван извор близок до разговорите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-100-pravi-atomska-bomba/feed/ 0