ауди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 12:21:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ауди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најдено запалено возило во Сарај кое води до пукачот на Штекли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-zapaleno-vozilo-vo-saraj-koe-vodi-do-pukachot-na-shtekli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-zapaleno-vozilo-vo-saraj-koe-vodi-do-pukachot-na-shtekli/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=894487

Запалено возило вчера било најдено во скопски Сарај, а се уште се чека официјална потврда од надлежните институции дали со запаленото возило се превезувало лицето кое минатата недела пукаше и тешко ги рани Раде Трајковски – Штекли и неговиот соработник Колумбо во трговскиот центар „Ист гејт“. Од Министерството за внатрешни работи засега нема потврда и за сите информации поврзани со истрагата за пукањето, упатуваат на Јавното обвинителство. Според информациите на Фокус, пукачот на Штекли се превезувал со „ауди“, а претходно на социјалната мрежа „Тик-Ток“ беше објавена фотографија од автомобилот. Освен фотографија, на социјалната мрежа, каде осамнуваат и нови закани против Штекли, има и информации дека полицијата го знае лицето што го превезувало пукачот на Штекли, но не го открива поради неговата поврзаност до Шеваљ Муареми од групата „Грчец“, кого пак, според она што се објавува го штитат високи полициски структури. Запаленото возило е најдено по овие објави на „Тик-Ток“. Штекли по втор пат беше пукан во „Ист гејт“, но вториот пат заврши со тешки повреди. Иако Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека имаат осомничен за пукањето, засега нема уапсен. Од Јавното обвинителство пак се чекаат официјални информации поврзани со запаленото возило во Сарај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-zapaleno-vozilo-vo-saraj-koe-vodi-do-pukachot-na-shtekli/feed/ 0
Фокус: Маскирани лица пукале кон Штекли, „Аудито“ е најдено запалено кај езеро Треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-maskirani-litsa-pukale-kon-shtekli-audito-e-najdeno-zapaleno-kaj-ezero-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-maskirani-litsa-pukale-kon-shtekli-audito-e-najdeno-zapaleno-kaj-ezero-treska/#respond Fri, 25 Aug 2023 16:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=870960

Две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Раде Трајковски – Штекли во подземните гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје, неофицијално дознава „Фокус“. Според информации на Фокус пукањето се случило пет минути пред 16 часот кај „Карбокс“, а напаѓачите излегле од автомобил „Ауди А4“ караван со странски регистерски ознаки. Пукале кон Штекли кој останал неповреден и избегале во непознат правец. На местото на пукањето е најдена една чаура, а возилото е запалено и пронајдено кај езерото Треска кон Грчец. Од МВР информираат дека случајот кај нив е пријавен околу 15:50 часот. -Добиена е пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема, информира МВР. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-maskirani-litsa-pukale-kon-shtekli-audito-e-najdeno-zapaleno-kaj-ezero-treska/feed/ 0
„Постои основан сомнеж дека Груби го добил аудито затоа што влијаел врз милионски тендер и купопродажба на хотел на Попова Шапка“ –  ВМРО-ДПМНЕ бара ОЈО да го испита случајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-osnovan-somnezh-deka-grubi-go-dobil-audito-zatoa-shto-vlijael-vrz-milionski-tender-i-kupoprodazhba-na-hotel-na-popova-shapka-vmro-dpmne-bara-ojo-da-go-ispita-sluchajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-osnovan-somnezh-deka-grubi-go-dobil-audito-zatoa-shto-vlijael-vrz-milionski-tender-i-kupoprodazhba-na-hotel-na-popova-shapka-vmro-dpmne-bara-ojo-da-go-ispita-sluchajot/#respond Sat, 29 Jul 2023 07:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=861348

Изгореното Ауди во дворот на Груби отвори сомнежи за тежок криминал, злоупотреба на службена должност и трговија со влијание. Всушност еден криминален чин на виделина извади друг. Но Јавното обвинителство молчи како да има дадено омерта, колку и да звучи тоа парадоксално, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, „Имено аудито кое е запалено го поседувала компанија на близок пријател на Артан Груби. Оваа компанија по багателна сума од 55.000 евра купува хотел на Попова Шапка од градежна компанија која во меѓувреме добива милионски тендер од владата во која Артан Груби е вицепремиер. Како круна на се Артан Груби добива право на користење на аудито 8 дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена“ - се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: “И зарем во ова нема ништо сомнително за обвинителството“?! -Кој дава туку така вакво луксузно возило на користење, ако се има предвид дека го купил 80.000 евра?! Дали Груби го искористил своето влијание за милионскиот тендер, дали барал градежната компанија која го добила тендерот да му го продаде хотелот на Попова Шапка по багателна цена на компанијата на својот пријател и на крајот дали за ваквиот бизнис Груби бил честен луксузно возило? Овие прашања Груби очигледно не ги одговара, но Јавното обвинителство е по службена должност е повикано сето ова да го испита. Овде смрди на матна зделка, која ако не сега во иднина ослободените правосудни институции ќе ја проверат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-osnovan-somnezh-deka-grubi-go-dobil-audito-zatoa-shto-vlijael-vrz-milionski-tender-i-kupoprodazhba-na-hotel-na-popova-shapka-vmro-dpmne-bara-ojo-da-go-ispita-sluchajot/feed/ 0
Комшо Грубија не рани, тешко му на кој Ауди нема https://arhiva.kurir.mk/kolumni/komsho-grubija-ne-rani-teshko-mu-na-koj-audi-nema/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/komsho-grubija-ne-rani-teshko-mu-na-koj-audi-nema/#respond Tue, 25 Jul 2023 05:36:29 +0000 https://kurir.mk/?p=859637

Порано беше „на комшијата да му умре козата!“ Сега е, „дај Боже на комшијата Аудито да му тера милион километри, море два!!!“. Оти е мое... Беше и „роди ме со к’смет и фрли ме на улица!“ Сега, по ново е, „најди комшија ко оној на првиот вицепремиер и фрли ме на коридор 8“. Поголем к’смет, здравје. Додека не паднеш од власт, де... Да, можеби официјално сме први според нивото на мизерија и дефинитивно сме шампиони на скалата на сиромаштија во Европа, но благодарение на Артан, станавме први и во нешто поблагородно. Не, не по најскапи автопати во вселената. Доколку сега се спроведе најновото светско истражување за добри комшии, тепаме, гарант. Поарни од кај нас нема. А, ако не верувате, прашајте го Груби, олицетворение за белосветски хохтаплер -да, но и новокомпониран светски урнек за најмилуван, најсакан и најтинтран комшија во светот. Миленикот на Командантот Алија постави нови комшиски стандарди во Македонија, Европа,  светот и во Универзумот. Начела според кои она македонското за козата и комшијата веќе не важи. Јок. Во „северна“, ај што не можете ни да му го умрете Аудито, оти не е ни живо, ама поголем проблем е што е  ваше, нели? Нови стандарди во една насила северизирана земја која одамна е далеку од нормална, постулати на еден индолентен апартхејд во кој на дилајлите од власта се’ им минува. Имаат „проѓа“ за возење демек комшиски аута од 80 илјади евра, немаат проблем што дополнителна опрема им биле незаконски флешери, уште помалку што комшијата лапка хотели на Шара по цена на гарсониерчиња. Земја во која се минува, само и само ако е стокмено и направено од ДУИ, а поинаку, сте го јале за сите пари. И повеќе... И додека миленичето на швајцарскиот педагог со пензија за недоквакан ја ора Македонија „уздуж и попреко“, гради ступидни и мегаломански скапи автопати од кои нема ни ископана дупка, а стотици милиони се фрлени во ветер, вие се прашувате, аман чуму овие евтини боливудски сценарија и што толку му згрешивме на Бога за да вакви националистички и недоквакани сурати ни ја водат државата и стануваат недопирливи? Елиот Нес вода да им носи. Артан Нес ли беше. Чесен ко реалноста на чудовиштето од  Лох Нес... Објаснувањето, она најлогичното е дека вака крајот мириса. Особено кога си имате работа со ифантилни дилајли, аздисани од моќта и опиени од близината на парите и функцијата. Да не бевме „северна“, туку нормална држава, Арти уште утредента по аферата усвета ќе си ја возеше Ксарата, ама без функционерската фотелја, исто ко што Бугар Османи по она што го направи со минување на црвено пред неколку години пред Влада, ќе си беше докторче на доучење во Швицарска, Шаќири ќе немаше куќа во Тафталиџе, а Алија немаше да раководи со Македонија туку со замислените војни со тролови, вештерки или змејови поради кои и добил пензија во истатата таа Швицарска. Ок, тоа ќе беше доколку бевме нормална држава, а додека не станеме таква, за што ќе ни требаат избори и излезност без петоколонаши, лелелци, подметнувања, кмичење и јачање саде по антисоцијални мрежи, ќе си читаме и гледаме стории за разно-разни интегративни хохштаплери, ступидни Ќурани со жени-бизнисмени со свои пари и глупандери ко Црпко кои прават милиони и фондации. Наближува Илинден, најголемиот, најторжествениот и најмакедонскиот празник кој другарчето на Таче, оној бугарскиот лузер и демек космополит Петков се обидува да го присвои со суртучка декларација. Знаеме и дека престолонаследникот на Заев би им го дал со две раце и со три алала од Груби, парадоксален комшиски лик толку нежен на бугарски антимакедонски дејанија. Арно ама, ко што вели Лазар Ночески од „Пиреј“ –„Стравот е страшен само за оние што му се плашат.“ По ново, дотичните северџганистанци ги викале... За сите останати, останува големото финале, последните месеци од битката за Македонија. Битка по која следува враќање на старите долгови и наплата за новите зулуми. Време во кое комшиите, биле со Ауди или Ламборџини, Грци ли, Бугари ли, нема да можат да ви го спасат задникот. Да, требаше да ги реновирате Шутка и Идризово, дефинитивно...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/komsho-grubija-ne-rani-teshko-mu-na-koj-audi-nema/feed/ 0
Артан Груби откри кој стои зад палењето на Аудито https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/artan-grubi-otkri-koj-stoi-zad-paleneto-na-audito/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/artan-grubi-otkri-koj-stoi-zad-paleneto-na-audito/#respond Mon, 24 Jul 2023 16:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=859537

Откако го запалија автомобилот за кој сметаа дека е моја сопственост, јас повеќе не се движам сам по улици, бидејќи таа насилна вербална агресија станува физичка агресија. Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, а кои постојано се подложени на притисок, изјави првиот вицепремиер Артан Груби, додавајќи дека постојат тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот со опожареното возило. – Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го нарачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција, имаат добра координација, така што набргу ќе се реши. Има индиции дека станува збор за политички чин – изјави Груби за Канал 5. Тој објаснува дека аудито од 2008 година го продал, па за приватни потреби ги користи возилата на своите браќа, како и возилото на својот татко. – Апсолутно аудито не е мое возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција и не го користев ова возило 10 дена. Лажни се снимките дека неодамна сум го користел тоа возило, и тоа од 2019 година. Сите претпоставувале дека возилото е мое лично. Пријателот ми е близок и живее во моја близина – вели Груби. Тој посочува дека пријателот е успешен бизнисмен преку 30 години и може слободно да го испитаат потеклото на неговиот имот. – Ги поканувам сите институции да истражат било каква претпоставка дека имам некаков имот и дека од целиот настан во 3 и пол наутро пред моите деца, не изразија жалење. Ова за мене говори за многу жална ситуација во која се наоѓа нашето општество. Нека се истражи чие е возилото – изјави Груби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/artan-grubi-otkri-koj-stoi-zad-paleneto-na-audito/feed/ 0
Опожареното „ауди“ што го возел Груби се поврзува со фирма за осветлување, која купи хотел на Шапка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozharenoto-audi-shto-go-vozel-grubi-se-povrzuva-so-firma-za-osvetluvane-koja-kupi-hotel-na-shapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozharenoto-audi-shto-go-vozel-grubi-se-povrzuva-so-firma-za-osvetluvane-koja-kupi-hotel-na-shapka/#respond Sun, 23 Jul 2023 14:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=859199

Кој е сопственикот на опожареното „ауди“ што се поврзува со првиот вицепремиер Артан Груби – ова прашање се наметна откако медиумите објавија дека било запалено возило на Груби, што го потврдија и неговите сопартијци, но подоцна Министерството за внатрешни работи информираше дека посоченото возило е во сопственост на друго лице. „Во СВР Скопје било пријавено дека околу 03.30 часот на ул.„Струмичка” настанал пожар во патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје“, информираа од МВР. Повикувајќи се на неофицијални информации, дел од медиумите објавија дека се работи за лице Бекир Лимани. Но, според информации на „Фокус“ од повеќе добро упатени извори, станува збор за лицето Беким Лимани, кој го паркирал возилото и бил заведен според возачка дозвола, додека возилото е во сопственост на правен субјект. Станува збор за еден од сопствениците на компанијата „Еуро Ком Лигхтинг“, за која пишуваше „Фокус“ кога го купи хотелот на Попова Шапка од компанијата „Гранит“. Целиот текст прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozharenoto-audi-shto-go-vozel-grubi-se-povrzuva-so-firma-za-osvetluvane-koja-kupi-hotel-na-shapka/feed/ 0
(ВИДЕО) Ќе се вештачи изгореното „ауди“ со кое избегаа убијците од Старата скопска чаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ke-se-veshtachi-izgorenoto-audi-so-koe-izbegaa-ubijtsite-od-starata-skopska-charshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ke-se-veshtachi-izgorenoto-audi-so-koe-izbegaa-ubijtsite-od-starata-skopska-charshija/#respond Tue, 07 Mar 2023 12:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=809091

Петте засега непознати лица облечени во црна облека, со фантомки на главата, од огнено оружје синоќа нешто по 20 часот пукале кон Ј.К.(37) и Е.И.(28) во локал во Старата скопска чаршија, а потоа избегале со автомобил марка „ауди а6“. Како што соопшти денеска МВР, 20-тина минути по нападот, било опожарено возилото на патот кон Горно Оризари. „Клан М“ го сними местото каде целосно изгоре споменатиот автомобил. Јавен обвинител уште вчера излезе на лице место, во локалот каде беше извршено злосторството и по негова наредба телата се дадени на обдукција. Од МВР велат дека со насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството. Изгорениот автомобил ќе се даде на дополнително вештачење.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ke-se-veshtachi-izgorenoto-audi-so-koe-izbegaa-ubijtsite-od-starata-skopska-charshija/feed/ 0
Ауди ја суспендираше својата активност на Твитер https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/audi-ja-suspendirashe-svojata-aktivnost-na-tviter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/audi-ja-suspendirashe-svojata-aktivnost-na-tviter/#respond Wed, 23 Nov 2022 19:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=765569

Германскиот производител на автомобили Ауди ја суспендираше целата активност на Твитер до понатамошно известување, објави денеска германската медиумска групација WirtschaftsWohe, цитирајќи извори од компанијата. Фолксваген, кој е сопственик на Audi заедно со брендовите VW, Seat, Cupra, Lamborghini, Bentley, Ducati и Porsche, на почетокот на оваа недела соопшти дека им препорачал на сите компании што ги поседува да го паузираат платеното рекламирање на Твитер до понатамошно известување, откако Илон Маск ја презеде таа социјална мрежа. Таа компанија нема објавено ниту еден твит од 1 ноември, а дотогаш твиташе речиси секој ден. Портпаролот на Фолксваген рече дека сите брендови го следеле советот, додека Ауди одлучил да ги запре активностите, како што се директните објави. Ауди ќе продолжи да одговара на барањата на клиентите, но нема проактивно да објавува или да се рекламира. „Внимателно ја следиме ситуацијата и ќе одлучиме за следните чекори во зависност од развојот на настаните“, додаде портпаролот на Ауди во изјавата за Ројтерс, пренесува Фокс Њуз. Неколку други производители на автомобили презедоа слични чекори откако Маск го презеде Твитер кон крајот на октомври. Стелантис го прекина рекламирањето, додека Џенерал Моторс ја суспендираше целата активност на Твитер за своите брендови. Маск брзо ја реструктуира компанијата откако ја презеде контролата, отпуштајќи приближно половина од нејзиниот персонал и ажурирајќи ги политиките за проверка на налозите и упатствата за однесување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/audi-ja-suspendirashe-svojata-aktivnost-na-tviter/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: „Ауди“ влегува во Формула 1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oficijalno-audi-vleguva-vo-formula-1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oficijalno-audi-vleguva-vo-formula-1/#respond Sat, 27 Aug 2022 18:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=724884

Како и што се најавуваше германскиот производител „Ауди“ потврди дека од 2026 година ќе влезе во Формула 1.Познато е дека Ауди ќе произведува агрегати, но се уште не е сигурно дали за четири години ќе има и свој тим. Долги години се пишуваше за влегувањето на овој автомобилски гигант во најбрзиот караван. Една од главните причини за влезот на „Ауди“ е промената на правилата во однос на погонските единици. Германците не можеа да останат имуни на големата популарност што се добива со учеството во Формула 1. Засега не е познато кој тим ќе биде партнерот на „Ауди“ и тоа би требало да биде откриено на крајот на 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oficijalno-audi-vleguva-vo-formula-1/feed/ 0
Ауди влегува во Ф1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/audi-vleguva-vo-f1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/audi-vleguva-vo-f1/#respond Fri, 26 Aug 2022 10:34:28 +0000 https://kurir.mk/?p=724302

Германскиот автомобилски гигант Ауди ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година како производител на мотори, најави денеска извршниот директор на компанијата Маркус Дусман на прес – конференција во Спа – Франкошамп пред претстојната трка за Големата награда на Белгија. Ауди ќе развие сопствен хибриден мотор во фабриката во Баварија и потоа ќе склучи партнерство со некоја од Ф1 екипите. Ова партнерство, кое мора да биде објавено до крајот на годината, најверојатно ќе биде склучено со тимот на Заубер, кој сега се натпреварува под името Алфа Ромео. Објавата на Ауди доаѓа помалку од две недели откако Светскиот совет за мотоспорт на ФИА одобри нови прописи во врска со моторите на болидите во Ф1 почнувајќи од 2026 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/audi-vleguva-vo-f1/feed/ 0