аудиенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Oct 2020 06:28:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аудиенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папата одби да го прими Помпео на аудиенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-odbi-da-go-primi-pompeo-na-audiencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-odbi-da-go-primi-pompeo-na-audiencija/#respond Thu, 01 Oct 2020 06:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=410887

Папата Франциск одби да го прими на аудиенција државниот секретар на САД, Мајк Помпео, јави Би-Би-Си. Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин и државниот секретар за односи со државите монсињор Ричард Галагер изјавија дека папата го одбил барањето на Помпео затоа што избегнувал средби со политичари за време на изборен период. Овој потег се додава на дипломатски скандал по коментарите на Помпео за Кина и Католичката црква. Ватикан го обвини Помпео дека се обидел да го искористи ова прашање за привлекување гласачи на претседателските избори во САД во ноември. Во статија на почетокот на овој месец, Помпео истакна дека Католичката црква го ризикува својот „морален авторитет“ со обновување на договорот со Кина за назначување бискупи. – Папата веќе јасно стави до знаење дека политички фигури не се прифаќаат во изборните периоди. Тоа е причината за одлуката на папата, изјави кардинал Паролин. Тие ја опишаа и јавната критика на Помпео кон папата како изненадувачка, а архиепископот Галагер коментираше дека прашањата за разгледување треба да бидат договорени „приватно“. Кардиналот Паролин исто така рече дека е можно коментарите на Помпео да имаат за цел да ги охрабрат католиците да го поддржат Трамп на гласачките места во ноември. – Некои го толкуваа на тој начин – дека коментарите беа првенствено за домашна употреба. Немам докази за тоа, но секако е еден начин да се погледне на тоа, додаде тој. Спореед него, договорот на Ватикан со Кина нема никаква врска со САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-odbi-da-go-primi-pompeo-na-audiencija/feed/ 0
Заев на аудиенција кај папата Франциск https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-na-audiencija-kaj-papata-francisk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-na-audiencija-kaj-papata-francisk/#respond Fri, 25 May 2018 07:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=58124

Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на посетата на Република Италија и на Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Според агендата, премиерот Заев, кој ја предводи владината делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, советникот за надворешна политика на премиерот Дане Талески и директорот на Комисија за односи со верски заедници Даријан Сотировски, по средбата со папата треба да оствари средба и со државниот секретар на Светата столица, кардинал Пјетро Паролин. Претседателот на Владата на Република Македонија, во придружба на сопругата и на владината делегација вчера учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов. Од владината прес-служба соопштија дека двете владини делегации предводени од премиерите Заев и Борисов учествувале на молебенот и на церемонијата на полагање на венец на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Со црковната служба на Македонската православна црква, молебен во чест на Свети Кирил, чиноначалствувал митрополит Европски Пимен, во сослужение со митрополит Кумановски и осоговски Јосиф, и митрополит Тетовски и гостиварски Јосиф. Митрополитот Европски Пимен, по црковната служба одржа беседа за црковното дело на Свети Кирил и за неговиот брат Свети Методиј. Потоа, Заев и Борисов положиле венци цвеќе на спомен плочата во чест на папата Адријан II, во базиликата „Санта Марија Маџоре“ и имале заедничка изјава пред присутните медиуми. Премиерот Заев во своето обраќање истакнал дека со својот подвиг и мисија, Свети Кирил и неговиот брат Свети Методиј, ја задолжиле тогашната сесловенска христијанска цивилизација, и дека нивната просветителска мисија има посебно место во историјата на македонската држава, како и посебно место во историското и духовното наследство и на другите народи на Балканот, како што е нивното достојно место во историјата на Република Бугарија. - Со заедничките активности за одбележување светите браќа Кирил и Методиј, ние го потврдуваме нашето искрено пријателство и заедно до целиот свет ја испраќаме хуманата порака на мисијата на Свети Кирил и Методиј, а тоа е порака за дијалог и меѓусебно разбирање, нагласил Заев. Борисов во своето обраќање истакнал дека со чествувањето на празникот пред плочите каде е осветена нашата азбука се сеќаваме и на тоа колку големи дипломати биле Свети Кирил и неговиот брат Методиј во тоа време, кога требало да го убедат папата Адријан Втори дека треба да се шири словенското писмо. Премиерот Борисов рекол дека заедничкото учество во активностите за оддавање чест на Свети Кирил со владиците од Македонската и Бугарската православна црква ја потврдува заедничката определба за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, и дека споделувањето и меѓусебната почит кон историските настани и ликови, го градат патот на иднината меѓу двете земји. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-na-audiencija-kaj-papata-francisk/feed/ 0