аудио акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jul 2018 09:41:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аудио акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопје се разбуди со 5:17 часот со звукот на сирените https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-se-razbudi-so-5-17-chasot-so-zvukot-na-sirenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-se-razbudi-so-5-17-chasot-so-zvukot-na-sirenite/#respond Thu, 26 Jul 2018 09:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=81277

 Скопјани денеска во 5:17 часот ги разбуди звукот на сирените во знак на потсетување на катастрофалниот скопски земјотрес од 26 јули 1963 година. Група урбани уметници од Центарот за современи уметности ја реализираа аудио акцијата „Разбуди се Скопје“ точно во 5:17 минути на пет различни локации низ градот и ги потсетија скопјани на точното време на трагичниот настан. - Со оваа аудио акција, урбаните уметници дадоа нивен оригинален придонес во оддавањето почит на жртвите од земјотресот и внесоа нова димензија во одбележувањето на оваа скопска трагедија, соопшти Град Скопје. Според групата урбани уметници, со влегувањето на звукот на сирените во домот на скопјани и будењето на граѓаните во 5:17 часот на најдобар начин кај секој жител на Скопје ќе се вреже сеќавањето на земјотресот, тажните сеќавања за трагедијата кои со тек на времето нема да бледнеат од генерација до генерација. Сметаат дека секој што ќе го чуе звукот на сирените ќе се потсети на катастрофата од далечната 1963 година и во својата меморија ќе го вреже датумот 26 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-se-razbudi-so-5-17-chasot-so-zvukot-na-sirenite/feed/ 0