Аунг Сан Су Чи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 07:03:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аунг Сан Су Чи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аунг осудена на уште три години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aung-osudena-na-ushte-tri-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aung-osudena-na-ushte-tri-godini-zatvor/#respond Thu, 29 Sep 2022 07:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=738849

Судот на Мјанмар денеска ја осуди поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи на уште три години затвор поради кршење на Законот за службени тајни. На три години затвор е осуден и нејзиниот поранешен советник Шон Тарнел. Во февруари 2021 година 76-годишната Аунг, добитничка на Нобелова награда за мир, беше соборена со државен удар. Таа во август беше осудена на шест години затвор поради корупција, а претходно беше осудена на 11 години затвор. Во државниот удар на 1 февруари 2021 година мјанмарските безбедносни сили убија повеќе од 160 демонстранти, а уапсија околу 13.000 луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aung-osudena-na-ushte-tri-godini-zatvor/feed/ 0
Аунг осудена на дополнителни шест години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aung-osudena-na-dopolnitelni-shest-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aung-osudena-na-dopolnitelni-shest-godini-zatvor/#respond Mon, 15 Aug 2022 12:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=718803

Судот во Мјанмар денеска ја осуди на дополнителни шест години затвор поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи. Таа е осудена за четири случаи на корупција. Аунг наводно ја злоупотребила својата положба изнајмувајќи  земјиште по помала цена од пазарната за да изгради резиденција од донации наменети за добротворни цели. Аунг ги негираше сите обвиненија. Таа е осудена на 11 години затвор поради бунт, корупција и други обвиненија подигнати откако армијата ја презеде власта во Мјанмар во февруари 2021 година. Аунг во 1991 година ја доби Нобеловата награда за мир.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aung-osudena-na-dopolnitelni-shest-godini-zatvor/feed/ 0
Поранешната цивилна лидерка на Мјанмар доби петгодишна затворска казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-civilna-liderka-na-mjanmar-dobi-petgodishna-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-civilna-liderka-na-mjanmar-dobi-petgodishna-zatvorska-kazna/#respond Wed, 27 Apr 2022 07:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=668401

Судот што е под контрола на воената хунта во Мјанмар во процес одржан зад затворени врати и изрече петгодишна затворска казна на поранешната цивилна лидерка Аунг Сан Су Чи, соопштија денеска извори упатени во судскиот процес. Станува збор за прва пресуда по серијата единаесет обвиненија покренати против поранешната лидерка на Мјанмар обвинета за коруптивни активности, осомничени дела за кои по секое одвоено законот предвидува казни до 15 години затвор. Су Чи (76) е осудена за наводно земање мито од 600 илјади долари во готовина и златни прачки од поранешниот началник на градот Јангон. Су Чи ги отфрли обвинувањата нарекувајќи ги „апсурдни“. Добитничката на Нобеловата награда за мир која пет години го водеше Мјанмар пред да биде соборена од власта со пуч изведен на почетокот на минатата година, е обвинета дека е сторител на најмалку 18 кривични дела за кои би можела кумулативно да добие и речиси 190 години затвор. Засега не е познато дали таа ќе ја отслужи казната во затвор или ќе и биде дозволено да остане во домашен притвор. Су Чи беше уапсена на 1 февруари минатата година, часови пред да биде изведен воениот удар со кој беше соборена демократски избраната цивилна власт во земјата враќајќи ја воената управа во Мјанмар. Таа од апсењето се наоѓа на непозната локација каде што, како што изјави претходно шефот на воената хунта Мин Аунг Хлаинг, би можела да остане и натаму. Су Чи во декември и јануари за полесни прекршоци беше осудена на вкупно шест години затвор. Мјанмар по воениот удар е жариште на политички превирања, а војската се обидува да ги спречи мирните улични протести и движењата на граѓанска непослушност, како и да се справи со оружениот отпор на милициите против хунтата низ целата земја. Според податоците на Организацијата за човекови права од воениот удар досега во земјата се документирани убиства и кршења на човековите права, со најмалку 1.700 убиени и повеќе од 13 илјади уапсени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-civilna-liderka-na-mjanmar-dobi-petgodishna-zatvorska-kazna/feed/ 0
Намалена затворската казна на Су Чи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/namalena-zatvorskata-kazna-na-su-chi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/namalena-zatvorskata-kazna-na-su-chi/#respond Mon, 06 Dec 2021 16:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=604889

На соборената лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и е намалена казната од четири на две години затвор по делумно помилување дадено од владата назначена од војската, јави државната телевизија. Претходно, суд во Мјанмар ја прогласи Су Чи, која е соборена од власт со државен удар на 1 февруари, за виновна по обвиненијата за поттикнување јавни немири и кршење на ограничувањата наметнати поради коронавирусот. Судската одлука предизвика осуда од меѓународната заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/namalena-zatvorskata-kazna-na-su-chi/feed/ 0
Соборената лидерка на Мјанмар осудена на четири години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soborenata-liderka-na-mjanmar-osudena-na-chetiri-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soborenata-liderka-na-mjanmar-osudena-na-chetiri-godini-zatvor/#respond Mon, 06 Dec 2021 07:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=604557

Судот во Мјанмар ја осуди соборената цивилна лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор поради поттикнување немири против војската и кршење на правилата за борба против коронавирусот. Су Чи „е осудена на две години затвор според член 505 (б) и две години затвор според Законот за борба против природни катастрофи“, рече портпаролот на хунтата Зау Мин Ту. Воено возило вчера удри во демонстранти при што загинаа пет луѓе, а десетици беа повредени. Безбедносните сили на Мјанмар вчера во Јангон извршија рација врз противниците на воениот удар во земјата при што беа уапсени најмалку 15 луѓе. Антивоените протести продолжуваат и покрај убиството на повеќе од 1.300 луѓе од државниот удар на 1 февруари. Протестите често се организираат во помали групи кои изразуваат противење на соборувањето на избраната влада предводена од нобеловката Аунг Су Чи и враќањето на воената власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soborenata-liderka-na-mjanmar-osudena-na-chetiri-godini-zatvor/feed/ 0
Уапсената премиерка го повика народот во Мјанмар да не го прифаќа воениот удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsenata-premierka-go-povika-narodot-vo-mjanmar-da-ne-go-prifakja-voeniot-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsenata-premierka-go-povika-narodot-vo-mjanmar-da-ne-go-prifakja-voeniot-udar/#respond Mon, 01 Feb 2021 08:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=462466

Премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, која е уапсена денеска, го повика населението да „не го прифаќа“ воениот преврат, се наведува во писмото кое го објави нејзината партија на социјалните медиуми. Лидерот на Националната лига за демократија, Вин Хтеин напиша на Фејсбук дека шефицата на Владата, Аунг Сан Су Чи „ја оставила оваа порака до народот“. Војската на Мјанмар прогласи денеска вонредна состојба во траење од една година и постави генерали на клучните места во земјата. Аунг Сан Су Чи и претседателот на Мјанмар, Вин Мјинт се уапсени во главниот град Непјидо. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsenata-premierka-go-povika-narodot-vo-mjanmar-da-ne-go-prifakja-voeniot-udar/feed/ 0
Општи избори во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opshti-izbori-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opshti-izbori-vo-mjanmar/#respond Sun, 08 Nov 2020 09:07:33 +0000 https://kurir.mk/?p=426393

Во Мјанмар денеска се одржуваат општи избори, а фаворит е партијата Национална лига за демократија (НЛД) на Аунг Сан Су Чи. НЛД победи и на изборите во 2015 година, но беше принудена на деликатна поделба на власта со армијата. Армијата контролира три клучни министерства – за внатрешни работи, за одбрана и Министерството за границата, а според Уставот на Мјанмар има 25 отсто од местата во Парламентот. Изборите поради безбедносни причини се одложени во сојузната држава Ракхин, северозападен Мјанмар, каде изминатите две години е интензивирано насилството помеѓу армијата и една бунтовничка фракција. Но, според дел од експертите тоа е направено за да се замолчат етничките партии кои имаа шанси за победа во тој регион. Тоа се втори избори по распуштање на хунтата во 2011 година, но НЛД би можела да добие помалку гласови, пред се поради појавата на десетина нови партии, но и неуспехот на 75-годишната Аунг да постигне мир со неколку побунети малцинства. Речиси 600.000 Рохинџи, кои останаа во Мјанмар, се уште не можат да добијат државјанство и поради тоа неможат да учествуваат на изборите. Вкупно два милиони луѓе нема да можат да гласаат што дополнително може да ги интензивира вооружените судири. Аунг во 1991 година ја доби Нобеловата награда за мир и има поддршка кај мнозинската етничка група Бурманците, но не како претходно. Таа беше критикувана и поради нејзината пасивност при протерувањето на Рохинџите. Голем број Рохинџи во 2017 година бегајќи од армијата засолниште пронајдоаво Бангладеш, а Мјанмар е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд за правдата. Новиот состав на Парламентот треба да го избере претседателот на Мјанмар. Но, Аунг не може да биде кандидирана за претседател бидејќи е омажена за странец, но повторно може да биде именувама за „посебна државна советничка“, должност воведена посебно за неа, што и овозможува де факто да владее со земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opshti-izbori-vo-mjanmar/feed/ 0
Канада и го одзеде почесното државјанство на Аунг Сан Су Чи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-i-go-odzede-pochesnoto-drzavjanstvo-na-aung-san-su-chi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-i-go-odzede-pochesnoto-drzavjanstvo-na-aung-san-su-chi/#respond Fri, 28 Sep 2018 06:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=107222

Пратениците во Парламентот на Канада синоќа едногласно ја поддржаа резолуцијата за одземање на почесното канадско државјанство на мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Чи, поради нејзиното „одбивање да го осуди геноцидот“ врз припадниците на муслиманското малцинство Рохинџи. Су Чи доби почесно државјанство на Канада со одлука на Долниот дом на канадскиот Парламент, во време додека како опозициски лидер се наоѓаше во затвор во Мјанмар. - Нашата Влада ја поддржува оваа резолуција, како одговор на трајното одбивање на Аунг Сан Су Чи да го осуди геноцидот врз Рохинџите, извршен од страна на Армијата со која таа ја споделува власта, изјави портпаролот на канадското Министерство за надворешни работи, Адам Остин. Покрај Си Чи, почесно канадско државјнаство имаат добиено и Нелсон Мандела, Далај Лама и Малала Јусафзаи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-i-go-odzede-pochesnoto-drzavjanstvo-na-aung-san-su-chi/feed/ 0