аушвиц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 07:36:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аушвиц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најлошото место во историјата на човештвото: Пред 78 години е ослободен Аушвиц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-mesto-vo-istorijata-na-choveshtvoto-pred-78-godini-e-osloboden-aushvits/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-mesto-vo-istorijata-na-choveshtvoto-pred-78-godini-e-osloboden-aushvits/#respond Fri, 27 Jan 2023 07:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=792618

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца. Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели илјада и 689 дена, при што беа убиени повеќе од милион луѓе, најмногу Евреи. Аушвиц всушност бил дел од комплекс логори изграден од нацистите во окупираната Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Тоа била една од фикс-идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која се провлекуваше низ сите негови злосторства. Аушвиц беше директен резултат на нацистичката идеологија, која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“. Според тоа, Аушвиц беше реализација на идеите на нацизмот. Аушвиц се карактеризира и по тоа што нацистите смислија систем за масовно убивање со отровен гас, а многу затвореници во овој концентрационен логор директно од возовите кои доаѓале од цела Европа биле испраќани во гасни комори, каде што биле отруени. После тоа, нивните тела биле палени во специјално изградени крематориуми. Првите убиства од овој вид во Аушвиц се случиле во август 1941 година, кога била тестирана ефективноста на отровниот гас врз полски и советски затвореници, а целата работа набрзо пораснала до размери што дури и денес не можат целосно да се сфатат. Од 1942 година до крајот на 1944 година, 1,3 милиони луѓе биле одведени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади) итн. Индустриското масовно убивање, за жал, не е единствениот хорор на Аушвиц, туку само најголемиот. Во логорот се вршеле монструозни експерименти врз луѓе со кои раководел озлогласениот доктор Јозеф Менгеле, се спроведувале секакви мачења и понижувања, тоа било пекол на земјата. Злосторствата биле извршени и со учество и помош на голем број обични Германци, од кои повеќето не биле крволочни чудовишта како Менгеле, туку биле убедувани дека само „следеле наредби“ и ги извршувале своите задачи за доброто на германската нација и Третиот Рајх. На тоа му претходела целосна дехуманизација на Евреите и сите други кои нацистите ги сметале за помалку вредни, па машината на смртта наречена Аушвиц можела да функционира со застрашувачка ефикасност. Само 789 луѓе, околу 15 отсто од оние кои учествувале во функционирањето на логорот, завршија на судење за нивната улога во злосторствата во Аушвиц, а управникот Рудолф Хос беше осуден на смрт. На влезот во Аушвиц стои циничниот натпис „Arbeit macht frei“, односно „Работата ослободува“, што имало за цел да сугерира дека тоа е работен логор. Нацистите сепак се труделе да скријат дека вршат масовен геноцид, па требало долго време веста за Аушвиц да стигне до сојузниците, кои, како што коментираат познавачите, „не биле многу успешни во обидите да го запрат или барем да го забават индустриското убивање на Евреите“. И денес се обвинуваат затоа што, на пример, не ги бомбардирале пругите што воделе кон Аушвиц. За жал, и денес има луѓе кои го негираат холокаустот или наоѓаат оправдување за злосторствата на нацистите и нивните сојузници, а многу истражувања покажуваат дека младите сè помалку знаат што навистина се случило во Аушвиц. „Нникогаш повеќе да не се случи“ е фраза која често се слуша на комеморациите за холокаустот и злото на нацизмот.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-mesto-vo-istorijata-na-choveshtvoto-pred-78-godini-e-osloboden-aushvits/feed/ 0
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Мал Аушвиц во Украина, објавени снимки од руска комора за мачење – откриени страшни детали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-mal-aushvic-vo-ukraina-objaveni-snimki-od-ruska-komora-za-machenje-otkrieni-strashni-detali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-mal-aushvic-vo-ukraina-objaveni-snimki-od-ruska-komora-za-machenje-otkrieni-strashni-detali/#respond Wed, 05 Oct 2022 14:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=741418

Украинското Министерство за одбрана тврди дека  во село во регионот на Харков, Русите направиле комора за мачење. Министерството на Twitter објави фотографија од Писки-Радкивски на која се гледа гас-маска и кутија со забни коронки. Тие ја опишаа сцената како „мал Аушвиц“, додавајќи дека маската била пронајдена на главата на жртва покриена со крпа.   Украинската полиција претходно соопшти дека по ослободувањето на селото Писки-Радкивски во областа Харков, нејзината војска пронашла и соба во подрумот на семејна куќа каде Русите мачеле војници и цивили. Детали за тоа што е пронајдено во собата објави Сергиј Болвинов, еден од водачите на полицијата во споменатото подрачје. „Соседите постојано слушале врисоци. Инспекторите открија страшна комора за мачење во селото. По ослободувањето на регионот, полицијата доби изјави за соработници и злосторствата на руската армија, како и сведоштва од локалните жители. По ослободувањето на село Писки-Радкивски, мештаните се обратиле до полицијата и пријавиле дека руската војска чувала затвореници во подрумот на една куќа - локални жители, антитерористички сили и затвореници од вооружените сили. Полицијата дефинитивно знае за закопување живи луѓе во земја и користење гас-маска со крпа што тлее. Исто така, во комората за мачење биле најдени дилдо, кутија со голем број откорнати протези, жици со јажиња и писмо со интервју на еден од мажите кои биле таму. Полицијата ги знае имињата на војниците кои биле малтретирани од Русите. Истражителите и обвинителите работат на утврдување на сите факти што се случиле во овој центар за тортура. Правдата ќе го прогласи секој криминалец за виновен“, напиша тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-mal-aushvic-vo-ukraina-objaveni-snimki-od-ruska-komora-za-machenje-otkrieni-strashni-detali/feed/ 0
„Веселото момче“, преживеан oд Аушвиц, почина на 102 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/veseloto-momche-prezivean-od-aushvic-pochina-na-102-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/veseloto-momche-prezivean-od-aushvic-pochina-na-102-godini/#respond Tue, 15 Mar 2022 07:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=647310

Леон Шварцбаум, преживеаното „весело момче“ од нацистичкиот логор Аушвиц и долгогодишен борец за правдата и вистината за жртвите на холокаустот, почина на 102-годишна возраст, во Потсдам, близу Берлин, објави Меѓународниот комитет на Аушвиц на својата страница. „Со голема тага, почит и благодарност, преживеаните од Холокаустот ширум светот се збогуваат со својот пријател, придружник и соборец, Леон Шварцбаум, кој стана еден од најважните современи сведоци последниве десетлетија“, соопшти Комитетот. Шварцбаум е единствениот член од неговото семејство што ги преживеал концентрационите логори во Аушвиц, Бухенвалд и Захенхаузен, соопшти Комитетот. Тој ѝ стана познат на пошироката јавност кога режисерот Ханс Ерих Фит сними филм за неговиот живот во 2018 година. Филмот „Последниот од веселите момчиња“ (Der letzte Jolly Boy) е снимен со Шварцбаум на оригиналните места на злострот. Роден е 1921 година во полско-еврејско семејство во Хамбург, северна Германија. Израснал во Полска, од каде што семејството било депортирано во Аушвиц, 1943 година. По војната, долго време живеел во Берлин, каде работи како продавач на уметност и антиквитети. Се оженил двапати, но немаше деца, објави Билд. Шварцбаум го посвети својот живот на распространување на вистината за Аушвиц и другите нацистички логори. Гостувал на разни ТВ-емисии, а посетувал и училишта во Германија за да им раскажува на децата за својот живот. „Особено во своите последни години, Леон Шварцбаум беше охрабрен од желбата да се сеќава на своите родители кои беа убиени во Аушвиц и на сите други жртви на Холокаустот. Тој говореше во нивно име“, рече Кристоф Хојбнер, извршен потпретседател на Меѓународниот комитет на Аушвиц. Во писмото со сочувство до неговата сопруга, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер рече дека тие губат „прекрасно човечко суштество и важен сведок на историјата“. „Самиот Леон Шварцбаум доживеа што значи кога криминалниот режим ги потиснува човековите права и човечкото достоинство“, пишува Штајнмаер, пофалувајќи го за сведочењето за „најтемниот период во Германија“ и предупредувајќи за опасностите од десничарскиот екстремизам и ксенофобијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/veseloto-momche-prezivean-od-aushvic-pochina-na-102-godini/feed/ 0
Го преживеала Аушвиц, а сега е ѕвезда на Тик Ток: 98-годишна старица раскажува за ужасите  https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-preziveala-aushvic-a-sega-e-dzvezda-na-tik-tok-98-godishna-starica-raskazuva-za-uzasite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-preziveala-aushvic-a-sega-e-dzvezda-na-tik-tok-98-godishna-starica-raskazuva-za-uzasite/#respond Tue, 08 Feb 2022 14:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=628691

Лили Еберт, преживеана од Холокаустот, денес е популарна на Тик Ток. Нејзиниот профил го следат 1,7 милиони корисници, а видеата на кои речиси стогодишната жена зборува за тоа како преживеала четири месеци во Аушвиц имаат милиони допаѓања. Нејзиниот 18-годишен правнук Дов Форман ѝ помага околу објавите. Сè започнало 2020 година, за време на карантините. -Ѝ кажав на мојата прабаба дека други стануваат хит на интернет поради танцувањето, на пример, па зошто ние да не можеме со споделувањето на овие навистина важни пораки, рече Форман, цитиран од Си-би-ес. Лили вели дека би сакала светот да ја знае нејзината приказна. -Не бев сигурна дали ќе преживеам. Чудо е што сум овде, но си ветив себеси дека колку и да живеам и што и да правам, ќе ја раскажам мојата приказна, вели таа. Лили и Форман, исто така, ја напишаа книгата „Lily’s Promise: How I Survived Aushwitz and Found Strength for Life“, со предговор на принцот Чарлс, пренесува „Индекс“. Еберт имала 20 години кога ја одвеле во Аушвиц. Била ослободена од американските трупи во 1945 година. Потоа минала една година во Швајцарија, па во 1946 се преселила во Израел. Во 1967, таа емигрирала во Обединетото Кралство со нејзиниот сопруг Самуел, каде што ги раскажувала ужасите на Холокаустот. Денес живее во северен Лондон, мајка е на три деца, баба на 10 внуци, а има и дури 35 правнуци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-preziveala-aushvic-a-sega-e-dzvezda-na-tik-tok-98-godishna-starica-raskazuva-za-uzasite/feed/ 0
На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/#respond Thu, 27 Jan 2022 11:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=623535

Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме", а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот. Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка. – Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза, рече Оербахер. – За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Германија. Оваа болест треба да се искорени што е можно побрзо, порача таа. Оербахер, која живее во САД во последните 75 години, рече дека била најмладата од околу 1.100 луѓе во возот за Терезиенштат. „Моите родители и јас бевме меѓу ретките што преживеаја". За време на обраќањето, Оербахер носеше брош со пеперутка во знак на сеќавање на околу 1,5 милиони еврејски деца кои беа убиени. Таа ги опиша ужасните услови во логорот, кој се користел како транзитен објект за оние кои биле испратени во гасните комори. – Имаше чести епидемии предизвикани од недостигот на санитарни услови и пренатрупаните услови во кои живеевме. Тифусот беше една од најлошите опасности со кои се соочувавме. Стаорци, глувци, болви, вошки и бубачки беа наши постојани придружници. – Имаше и чести депортации, најмногу за Аушвиц, се сеќава Оербахер. На свечената седница присуствуваше и претседателот на израелскиот Кнесет, Мики Леви .Тој зборуваше за потребата да се одржува сеќавањето на Холокаустот и жртвите. – Одржувањето на сеќавањето на Холокаустот е тешка задача што мора да ја преземе секоја генерација одново, рече Леви, зборувајќи за „често неразбирливи" статистики. „Шест милиони убиени Евреи се шест милиони индивидуални приказни. Приказни за животи кои не се живееле, приказни за луѓе кои повеќе не се со нас, рече Леви, оддавајќи им почит на спомените што ги опиша Оербахер. „Ги опишавте вашите сеќавања од холокаустот и со тоа создадовте уникатен глас. Овој глас – кој ја покажува моќта на една човечка приказна навистина да продре во луѓето и да комуницира на таков потресен начин". – Ви благодариме што го направивте неразбирливото разбирливо, рече тој. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, како и претседателот на Бундесратот Бодо Рамелоу беа меѓу присутните на церемонијата. Претседателката на Бундестагот Бербел Бас, исто така, одржа говор во кој предупреди против историскиот ревизионизам и етнонационализам. – Нашата земја носи посебна одговорност што геноцидот на европските Евреи е германско злосторство, но исто така е минато кое е важно за сите, рече Бас. – Не само за Германците, и не само за Евреите, потенцираше таа. – Заедно со многу други ширум светот, заземаме став за сеќавањето на Холокаустот. Став против ксенофобијата и против антисемитизмот, истакна претседателката на Бундестагот. 27 јануари беше прогласен за Ден за сеќавање на жртвите на националсоцијализмот во Германија во 1996 година. Секоја година, бројот на преостанатите преживеани од Холокаустот во Германија – и живата врска со едно од најголемите злосторства во модерната историја – продолжува да се намалува. Повеќе од 15.000 преживеани починале во 2021 година, според Управата за правата на преживеаните од холокаустот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/feed/ 0
Европските челници ќе одбележат 75 години од ослободувањето на Аушвиц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-chelnici-kje-odbelezat-75-godini-od-osloboduvanjeto-na-aushvic/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-chelnici-kje-odbelezat-75-godini-od-osloboduvanjeto-na-aushvic/#respond Wed, 22 Jan 2020 08:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=293035

Претседателите на трите главни институции на ЕУ денеска патуваат за Ерусалим каде утре ќе се одбележи 75-годишнината од ослободувањето на концентрацискиот логор Аушвиц-Биркенау.
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската Комисија, заедно со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и на Европскиот Парламент, Давид Сасоли ќе учествуваат на Светскиот Форум на Холокаустот утре во Ерусалим. Претседателот на Израел, Реувен Ривин, покани околу 50 светски лидери, премиери, претседатели и министри од Европа, Северна Америка и Австралија на овој свечен настан. Ова ќе биде првата посета на Израел на новата тројка на институциите на ЕУ, но средби со политички лидери не се предвидени на ниеден од нив. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе оствари средба со претседателот на Франција, на Русија и со спикерката на американскиот конгрес, Ненси Пелози, но нема да се сретне со челниците на ЕУ институциите, што се толкува како знак на тензии помеѓу ЕУ и Нетанјаху. Шефот на израелската влада продолжува со илегалните конструкции на палестинска територија и покрај предупредувањата на ЕУ дека тоа претставува јасно нарушување на меѓународното право. ЕУ ќе ја искористи оваа прилика да ја потврди важноста на борбата против антисемитизмот. На настанот се поканети и рускиот претседател Владимир Путин, францускиот Емануел Макрон како и британскиот принц Чарлс и потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Иако беше поканет, полскиот претседател, Анджеј Дуда, одби да учествува поради тоа што му било одбиено да одржи говор пред присутните. Неизвесно е до овој момент дали е изнајдено решение за овој дипломатски спор. Логорот Аушвиц се наоѓа во Полска. За полските власти е важно да биде јасно за јавноста дека тој логор не бил полски, туку производ на нацистичка Германија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-chelnici-kje-odbelezat-75-godini-od-osloboduvanjeto-na-aushvic/feed/ 0
ФОТО: Жена што го преживеала Аушвиц, го прослави 104. роденден на Ѕидот на плачот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zena-shto-go-preziveala-aushvic-go-proslavi-104-rodenden-na-dzidot-na-plachot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zena-shto-go-preziveala-aushvic-go-proslavi-104-rodenden-na-dzidot-na-plachot/#respond Fri, 09 Aug 2019 08:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=227986

Шошана Овиц, една од преживеаните Евреи од Аушвиц, го прослави својот 104. роденден на Ѕидот на плачот во Ерусалим, заедно со речиси 400 свои потомци и роднини. Како што соопшти израелската Амбасада во Берлин Овиц како роденденски подарок посакала да се соберат сите нејзини деца, внуци и правнуци кај Ѕидот. „Дојдоа скоро сите”, се наведува во објава на Твитер-профилот на Амбасадата. По Втората светска војна, додека ги барала своите роднини по светот, Овиц го запознала и идниот сопруг, кој пак, во Холокаустот ги изгубил сопругата и четири деца. Се венчале и првото дете го добиле во бегалски камп во Австрија. Подцна се преселиле во Израел каде што имале уште четири деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zena-shto-go-preziveala-aushvic-go-proslavi-104-rodenden-na-dzidot-na-plachot/feed/ 0
Почина последниот преживеан од првиот конвој испратен во Аушвиц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-posledniot-prezivean-od-prviot-konvoj-ispraten-vo-aushvic/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-posledniot-prezivean-od-prviot-konvoj-ispraten-vo-aushvic/#respond Wed, 24 Jul 2019 08:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=221911

Казимир Албин, последниот преживеан од првиот конвој испратен во логорот Аушвиц во јуни 1940 година, почина на 96-годишна возраст во Варшава. –Подоцна во животот Казимир Албин сметаше дека негова најважна должност е да зборува за Аушвиц и неговите убиени затвореници. Пишуваше книги, држеше говори, патуваше и разговараше со млади луѓе во многу земји, изјави потпретседателот на Меѓународниот одбор за Аушвиц, Кристоф Хејбнер. Тој истакна дека на Албин му било посебно важно неговиот глас да се слушне во Германија. Албин пристигнал во Аушвиц како 17-годишно момче, а во 1943 година заедно со уште еден логораш успеал да побегне од Аушвиц. Во Краков му се придружил на полското движење за отпор и се борел за ослободување на својата земја и на Аушвиц. По бегството, неговиот брат кој останал во логорот бил малтретиран. Многу ретко се случувало бегство од Аушвиц. Од околу 1,3 милиони луѓе испратени во логорот, само 602, вклучувајќи и 45 жени, се обиделе на побегнат. Успеале да побегнат само 144 лица, фатени се 327, а судбината на останатите 331 не е позната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-posledniot-prezivean-od-prviot-konvoj-ispraten-vo-aushvic/feed/ 0
Таа преживеа монструозност од Менгеле: Почина Ева, жената од логорот на смртта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/taa-prezivea-monstruoznost-od-mengele-pochina-eva-zenata-od-logorot-na-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/taa-prezivea-monstruoznost-od-mengele-pochina-eva-zenata-od-logorot-na-smrtta/#respond Sat, 06 Jul 2019 18:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=215995

Ева Мозес Кор, жената која ги преживеа страшните медицински експерименти во логорот Аушвиц, почина на 85 годишна возраст. Кор починала во полскиот град Краков, објави организацијата на преживеаните од логорот на смртта. Кор живеела во Романија и како десетгодишно девојче била однесена во нацистичкиот логор Аушвиц во 1944 година, заедно со членовите на семејството, меѓу кои и сестрата близначка Миријам. Во логорот сестрите биле избрани за псеудо – медицински експерименти на нацистишкиот доктор Јозеф Менгеле. Двете сестри ја преживеале војната, а во логорот им биле убиени родителите и другите две сестри. Кор по војната емигрирала во Израел, а потоа и во САД, каде ја формирала органзиацијата CANDLES во  1984 на преживеаните од логорите, како и Музејот на холокаустот и едукативнуиот центар во Индијана во 1995. Кор починала од природна смрт во хотел во Краков, во чија близина се наоѓа и логорот Аушвиц.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/taa-prezivea-monstruoznost-od-mengele-pochina-eva-zenata-od-logorot-na-smrtta/feed/ 0
Таа е бруталната чуварка на Аушвиц: Ќе ви се заледи крвта во вените од тоа што го правела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/taa-e-brutalnata-chuvarka-na-aushvic-kje-vi-se-zaledi-krvta-vo-venite-od-toa-shto-go-pravela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/taa-e-brutalnata-chuvarka-na-aushvic-kje-vi-se-zaledi-krvta-vo-venite-od-toa-shto-go-pravela/#respond Thu, 22 Mar 2018 16:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=32262

Жените чуварки во нацистичките логори не биле толку познати како мажите, но тоа не значи дека биле помалку брутални. Некои од нив предизвикувале повеќе страв од останатите чувари, а од околу 37.000 чувари, кои активно учествувале во претепувањето, мачењето и убивањето на логорашите, околу 10 отсто биле жени. Повеќето од нив не ја избегнале правдата, па се погубени веднаш после војната, а една од најлошите била Ирма Гресе, чуварка во логорите Аушвиц и Берген-Белсен. Ја викале “Хиена“, а понекогаш и “Убавиот ѕвер“, а прекарот го добила поради бруталните методи кои ги применувала врз логорашите. Сведоците на судењето раскажале како луѓето ги претепувала до смрт. Нејзините досега необјавени фотографии се пронајдени во архивата на историските материјали кои ги составил британскиот правник Лео Ген додека во 1945 година работел како помошник обвинител на судењето во Лунебург. Архивот е продаден за 5.500 фунти. -Голем дел од вредноста е поврзана со Лео Ген, познатиот театарски и филмски актер, поранешен помошник на обвинителот на судењето во Белсен. Тука спаѓаат и личните работи, као што се неговите ознаки за идентитетот, но уште поважни се неговите копии од изјавите на сведоците и белешките во текот на судењето. Архивот опфаќа изјави на сведоците од логорот, но и чуварите, откривајќи ги ужасите кои се случувале зад затворени врати, за кои светот дотогаш не бил свесен, изјавил Николас Туви од универзитетот Вашингтон. “Заштитниот знак“ на Ирма бил камшикување со кожен камшик. Логорашите ги камшикувала садистички по гола кожа. Гресе била со поприлично нарушено ментално здравје. Доаѓала од семејство кое имало долга историја на душевни болести. Мајка и се убила откако испила киселина, кога дознала дека сопругот ја изневерува со собарката. Бидејќи не била многу интелигентна, на 14 години го напуштила училиштето, каде често била изложена на малтретирање од останатите деца и се зачленила во нацистичката младина „Лига на германски девојки“. Многу брзо им се допаднала на водачите, па во 1942 година станала чуварка во Аушвиц. Била позната по тоа што откако ги камшикувала затворениците, мастурбирала додека лекарите им ги преврзувале повредите кои таа им ги нанела. Освен тоа, во логорот имала бројни љубовни афери со чуварите. Во една од тие афери останала бремена, па натерала еден логораш, кој бил лекар, да и направи абортус. За ирма на судењето после војната сведочеле бројни поранешни логораши, кои раскажале како на нив ги пуштала своите агресивни и изгладнети кучиња. Ирма Гресе била осудена на смрт со бесење, а нејзиното судење траело со денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/taa-e-brutalnata-chuvarka-na-aushvic-kje-vi-se-zaledi-krvta-vo-venite-od-toa-shto-go-pravela/feed/ 0