аутизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 14:00:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аутизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седумнаесет годишник со аутизам бил врзуван во психијатриската болница во Демир Хисар и има рани, обвинува мајката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godishnik-so-autizam-bil-vrzuvan-vo-psihijatriskata-bolnitsa-vo-demir-hisar-i-ima-rani-obvinuva-majkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godishnik-so-autizam-bil-vrzuvan-vo-psihijatriskata-bolnitsa-vo-demir-hisar-i-ima-rani-obvinuva-majkata/#respond Mon, 02 Oct 2023 13:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=884296

Салка Абдуловска, мајка на 17-годишно момче со аутузам, се жали дека нејзиниот син бил врзуван во Психијатриската болница во Демир Хисар и дека од тоа има рани на рацете и нозете. Таа низ солзи кажува дека пред еден месец, поради агресивното однесување на момчето побарале помош од здравствената установа да го опсервираат, а кога вечера го зеле дома имал рани по телото. „Го однесовме таму пред еден месец за да го опсервираат и да му се погоди терапијата, зашто навистина беше агресивен и не можевме да фунцкинираме. Детето е со аутизам. Што да правиме, баравме спас. Го однесовме во Психијатриската болница во Демир Хисар. Таму го држеле врзан. Сега е со рани на телото. Вчера го зедовме дома, не може да стои на нозе. Дали е тоа метод? Има рани на рацете, на нозете. Што да правиме за понатаму? Кому да се обратиме? Од сите инстутуции бараме спас. Никој не слуша. Не е само тој, има многу деца како моето. Вака не се смирува дете, ова е насилство“, вели Абдуловска за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од Психијатриската болница во Демир Хисар за СКД.мк изјавија дека пациентот е лекуван во таа установа во текот на изминатиот месец. „Станува збор за лице со нарушување од аутистичен спектар во изразито влошена состојба. Претходно бил одбиен за третман од повеќе установи. Актуелниот прием е реализиран на упорно инсистирање на родителите, иако притоа беа запознаени со условите во установата и дека не станува збор за соодветна институција за негов третман. Лекувањето е согласно медицина базирана на докази и во текот на третманот се бележеа одредени ситуации за кои е неопходно физичко ограничување. Истите се изведуваа согласно протоколите. Тоа се ситуации кои се поврзани со ризично однесување во смисла на автодеструктивност или агресивност кон другите. Родителите во текот на целиот третман беа навремено и редовно известувани за неговата состојба“, велат од Психијатриската болница во Демир Хисар за САКАМДАКАЖАМ.МК. Одговарајќи на новинарско прашање денеска министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godishnik-so-autizam-bil-vrzuvan-vo-psihijatriskata-bolnitsa-vo-demir-hisar-i-ima-rani-obvinuva-majkata/feed/ 0
ВИДЕО: Хакер со аутизам украде и предвреме објави видеа од „ГТА 6“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-haker-so-autizam-ukrade-i-predvreme-objavi-videa-od-gta-6/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-haker-so-autizam-ukrade-i-predvreme-objavi-videa-od-gta-6/#respond Tue, 29 Aug 2023 10:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=872035

Хакерите обично се замислувани како седат на голема работна маса со врвна, скапа технологија на неа. Арион Куртај (18) е сосема спротивно од тоа. Куртај, кој инаку е лице со аутизам и е дел од хакерската група „Лапсус$“ што предизвика своевиден хаос во видеоиграчкиот свет, кога украде и предвреме објави видеа од сѐ уште необјавената игра „ГТА 6“. Упадот го извршил со помош на УСБ за „Амазон фајр ТВ“, паметен телефон, тастатура и глувче, и тоа додека бил на слобода откако плати кауција во случајот за хакирање на „Н-видија“. Тој овојпат го хакирал „Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) - компанијата-создавач на „ГТА 6“ и се претстави како „напаѓачот“ на каналот „Slack“. Упадот е сторен од хотелче каде што властите го сместиле откако други хакери „го доксираа“, т.е. објавија податоци за него и неговото семејство, со што ја загрозиле и нивната безбедност. Додека бил во хотелот немал вообичаен пристап на интернет, но користел „Фајр ТВ“ УСБ. Подробностите за незаконските потфати на Куртај се појавија по седумдневното судење каде што тој е прогласен за виновен за хакирање на „Рокстар“, Револут“ и „Убер“. Осуден е и 17-годишник, но за разлика од Куртај, тој сѐ уште е на условна слобода по плаќањето кауција. Занимливо е што и двајцата се лица со аутизам. Куртај не присуствуваше на судењето откако психијатар оцени дека не е во состојба да го следи процесот. Поротата одлучува само за тоа дали делата за кои се товари - се сторени, а не и дали ги извршил со криминална намера. „Лапсус$“ е опишан пред судот како „криминална дигитална група“, за којашто се верува дека е составена главно од тинејџери од Бразил и Велика Британија. Куртај и неименувано 17-годишно момче се двајца од седумте членови уапсени во Британија. Меѓу 2021. и 2022 година, групата ги хакираше „Самсунг“, „Ти-мобајл“ и „Мајкрософт“. Иако групата барала откуп, не се знае дали и колку пари добиле по уцените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-haker-so-autizam-ukrade-i-predvreme-objavi-videa-od-gta-6/feed/ 0
На ирски фудбалски репрезентативец му е дијагностициран аутизам https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-irski-fudbalski-reprezentativets-mu-e-dijagnostitsiran-autizam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-irski-fudbalski-reprezentativets-mu-e-dijagnostitsiran-autizam/#respond Wed, 29 Mar 2023 18:14:50 +0000 https://kurir.mk/?p=817867

Ирскиот фудбалски репрезентативец и играч за врска на англискиот второлигаш Виган, 33-годишниот Џејмс МекКлин, објави дека му е дијагностициран аутизам. МекКлин ја откри дијагнозата во вторникот во објава на Инстаграм за време на Светската недела на аутизам, додавајќи оти побарал лекарска проценка на нарушување на спектарот на аутизам (ASD), откако заедно со сопругата Ерин препознале дека споделува некои особини со една од своите ќерки Вилоу –Ајви. „Како што сите знаете, мојата ќерка Вилоу – Ајви има аутизам. Последните четири години ѝ го променија животот на неверојатен начин, но понекогаш беа и многу тешки, бидејќи нејзиниот татко ја гледаше како премостува толку пречки во својот живиот и учи да се справува со предизвици со кои секојдневно се среќава“, напиша МекКлин во воведот на својата емотивна објава. „Гледам толку мали особини во неа кои ги гледам и кај себе, па затоа одлучив да извршам проценка на ASD. Беше тоа мало патување и сега по дијагнозата чувствувам дека е време да споделам со вас, во неделата која е во нејзиниот знак. Некое време дебатирав ова да го споделам со јавноста бидејќи тоа го сторив за Вилоу – Ајви за да ѝ дадам до знаење дека ја разбирам и оти тоа што има аутизам нема и никогаш не би требало да ја спречи во постигнување на своите цели и соништа. Татино девојче“, напиша ирскиот репрезентативец. Ден претходно МекКлин го одигра 98. натпревар во кариерата за Република Ирска кога во понеделникот влезе од клупата за резерви на дуелот против Франција (0-1) во квалификациите за ЕУРО2024.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-irski-fudbalski-reprezentativets-mu-e-dijagnostitsiran-autizam/feed/ 0
Маја Оџаклиевска откри каде го најде мирот: Има само една желба за својот аутистичен внук https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/maja-odhaklievska-otkri-kade-go-najde-svojot-mir-ima-samo-edna-zhelba-za-svojot-autistichen-vnuk/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/maja-odhaklievska-otkri-kade-go-najde-svojot-mir-ima-samo-edna-zhelba-za-svojot-autistichen-vnuk/#respond Tue, 17 Jan 2023 16:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=788543

Маја Оџаклиевска пензионерските деновите ги поминува изолирана од градската гужва, во природа со нејзиниот внук Лука, кој е нејзината најголема радост. Внукот на Маја е аутистично момче кое влегло во пубертет и се уште не проговорило, а на прашањето за неостварените желби пејачката не размислувала за кариерата, туку само за внукот. - Живеам совршено мирно, станувам наутро во шест ипол, го гледам изгрејсонцето, одам на полињата, ги хранам моите животни. Седнувам и пијам кафе, никој не ме малтретира и прекрасно е. Нема сообраќај, нема гужва, нема телефон што ѕвони одвреме-навреме, имам свое време и сакам да уживам. Изолирана сум на село и тоа ми се допаѓа. Имам зајаче, мачка, птици.... - рече Маја на почетокот на разговорот, а на прашањето дали внукот Лука е причината за преселбата, вели: „Да, очајно му требаше мир. Добар е, расте, во пубертет е, хормоните му работат, што е нормално за 13-годишно момче. Прекрасен е, единствената болка е што уште не зборува, искрено се надевам дека ќе зборува, некои како него зборувале, некои никогаш и тоа е мојата најголема желба“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/maja-odhaklievska-otkri-kade-go-najde-svojot-mir-ima-samo-edna-zhelba-za-svojot-autistichen-vnuk/feed/ 0
Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-obezbeduva-poddrshka-za-senzorna-terapija-i-tretman-na-deca-so-autizam-od-socijalno-ranlivi-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-obezbeduva-poddrshka-za-senzorna-terapija-i-tretman-na-deca-so-autizam-od-socijalno-ranlivi-grupi/#respond Tue, 03 May 2022 12:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=671112

Градот Скопје со поддршка се вклучува во спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ Скопје. За активностите и динамиката на реализацијата, денеска разговараа градоначалничката Арсовска со претставници од здружението. -Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања. Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на деца со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност,  истакна Арсовска на средбата. Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-obezbeduva-poddrshka-za-senzorna-terapija-i-tretman-na-deca-so-autizam-od-socijalno-ranlivi-grupi/feed/ 0
Ди Џовани: Нема научна поткрепа на тврдењата за поврзаност на вакцинирањето и аутизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/di-dzovani-nema-nauchna-potkrepa-na-tvrdenjata-za-povrzanost-na-vakciniranjeto-i-autizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/di-dzovani-nema-nauchna-potkrepa-na-tvrdenjata-za-povrzanost-na-vakciniranjeto-i-autizmot/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=666541

Апсолутно нема никаква научна поткрепеност на тврдењата дека вакцинирањето и аутизмот се поврзани. И УНИЦЕФ и другите меѓународни организации потрошија многу пари, средства за да откријат евентуална поврзаност и нема таква поврзаност. Знам дека секој родител ги сака своите деца, но ги замолувам родителите, апелирам да не потпаднат, да не бидат жртви на лажни информации преку социјалните мрежи, истакна денеска претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. Има институции во светот, посочи таа, кои вложуваат сериозни здравствени и научни напори за да докажат определен ефект на каква било медицинска работа. – Затоа не бидете плен на лажни информации. Ова се случуваше и за време на пандемијата со КОВИД – 19 истите работи. Родителите не може да знаат се. Затоа постојат овластени научни институции во светот и во државата, ве молам обратете се до нив и послушајте ги нив, додаде Ди Џовани, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во пресрет на Европската недела за имунизација на која беше соопштено дека неопходно е да се зголеми опфатот со МРП вакцината, а беше и најавено дека Министерството за здравство и УНИЦЕФ почнуваат кампања за да се укаже на ефикасноста на редовните вакцини за деца. Министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање рече дека досега не е докажана поврзаноста на вакцинирањето и аутизмот. – Наша обврска е тоа што е научно докажано да го презентираме пред вас. Досегашните наши сознанија и истражувања велат дека вакцините се сигурни и дека треба да се примаат, посочи Сали. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/di-dzovani-nema-nauchna-potkrepa-na-tvrdenjata-za-povrzanost-na-vakciniranjeto-i-autizmot/feed/ 0
Арсовска: Градот со поддршка за развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-gradot-so-poddrshka-za-razvoj-na-veshtini-za-podgotovka-na-uchilishte-na-decata-so-autizam/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-gradot-so-poddrshka-za-razvoj-na-veshtini-za-podgotovka-na-uchilishte-na-decata-so-autizam/#respond Wed, 13 Apr 2022 13:29:59 +0000 https://kurir.mk/?p=662489

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба со претставничките на Здружението „Сина светулка“ и го потпиша договорот за поддршка на Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар, за поддршка на развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам, за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства. Проектот е значаен и вклучува применување на посебни научни методи првенствено за едукација и развој на социјалните вештини на децата со аутизам и нивната инклузивност во образовниот процес, но и за подигнување на свеста за лицата со аутистичен спектар и нивните семејствата за подобро функционирање и општествено прифаќање. Градот Скопје ќе продолжи континуирано да работи и подржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар и нивните семејства.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-gradot-so-poddrshka-za-razvoj-na-veshtini-za-podgotovka-na-uchilishte-na-decata-so-autizam/feed/ 0
Популарниот актер откри: Шок, но не и изненадување, конечно добив дијагноза https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-shok-no-ne-i-iznenaduvanje-konechno-dobiv-dijagnoza/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-shok-no-ne-i-iznenaduvanje-konechno-dobiv-dijagnoza/#respond Wed, 28 Jul 2021 09:49:24 +0000 https://kurir.mk/?p=542964

Актерот од серијата „Бегство од затворот“, Вентворт Милер објави дека официјално му е поставена дијагноза аутизам, по повеќегодишен мачен процес за конечно да дознае што е причината за проблемите кои ги има целиот живот. Милер објави на Инстаграм бела фотографија со долг опис каде раскажува што се случувало и дека конечно ја добил дијагнозата за која се сомневал со години. -Ова не е нешто што би го променил. Фактот дека имама аутизам е централниот дел на мојот идентитет, дел од се што имам постигнато. Оваа есен ќе помина една година откако ја добил дијагнозата аутизам. Прво си ја поставив самиот, а потоа официјално беше потврдена и од стручни лица. Се работење за долг процес полн со недостатоци, кои според моето мислење потребно е да се исправат. Јас сум возрасен човек, не дете од пет години, напиша 49 годишниот актер. Објаснува дека со години се прашувал што му е, дека идентификувал симптоми на аутизам, но подвлекува дека не сакал да звучи како експерт и со тоа да нанесе штета на испитувањата. -Мојата дијагноза беше шок, но не и изненадување. Пет децении од животот ги следам со други очи. Не сакам да ризикувам и да бидам истакнам, недоволно информирам глас во јавноста. Заедницата која е соединета поради аутизмот низ историјата била замолчувана. Други говореа место нив или преку нив. Не сакам да нанесам зло, туку само да ја кренам раката и да кажам „и јас сум тука“. Тука бев долги години, само тоа не го знаев, напиша актерот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Wentworth Miller (@wentworthmiller)

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-shok-no-ne-i-iznenaduvanje-konechno-dobiv-dijagnoza/feed/ 0
Мицкоски со поддршка лицата со аутизам: Да ги скршиме сите бариери за целосна нивна интеграција во општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-poddrshka-licata-so-autizam-da-gi-skrshime-site-barieri-za-celosna-nivna-integracija-vo-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-poddrshka-licata-so-autizam-da-gi-skrshime-site-barieri-za-celosna-nivna-integracija-vo-opshtestvoto/#respond Fri, 02 Apr 2021 13:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=491366

Лицата со аутизам се дел од нашето општество и како поединци, но и како институции мораме да го свртиме вниманието кон нивните потреби, да им помогнеме и ги скршиме сите бариери кои се испречуваат пред нивната целосна интеграција во општеството, вели во својата порака со поддршка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Дозволете ми по повод 2 Април, Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот да дадам огромна поддршка на организациите и семејствата кои се грижат за лицата со аутизам. Лицата со аутизам се дел од нашето општество и како поединци, но и како институции мораме да го свртиме вниманието кон нивните потреби, да им помогнеме и ги скршиме сите бариери кои се испречуваат пред нивната целосна интеграција во општеството. Хуманоста не знае за пречки. Таа треба да не води во оваа заедничка борба кон градење на подобра иднина за секој во нашата Македонија. Да почнеме час поскоро да работиме сплотено и да се солидаризираме со лицата со аутизам и нивните семејства, затоа што тие се храбри борци во животот и им треба нашата поткрепа. Нивната радост и насмевка нека бидат нашата цел и нашата награда, пишува Мицкоски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-poddrshka-licata-so-autizam-da-gi-skrshime-site-barieri-za-celosna-nivna-integracija-vo-opshtestvoto/feed/ 0
Народен правобранител: Вклучувањето на лицата со аутизам и обезбедување нивно целосно учество во соцо-економскиот и културниот живот е обврска на секое општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-vkluchuvanjeto-na-licata-so-autizam-i-obezbeduvanje-nivno-celosno-uchestvo-vo-soco-ekonomskiot-i-kulturniot-zivot-e-obvrska-na-sekoe-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-vkluchuvanjeto-na-licata-so-autizam-i-obezbeduvanje-nivno-celosno-uchestvo-vo-soco-ekonomskiot-i-kulturniot-zivot-e-obvrska-na-sekoe-opshtestvoto/#respond Fri, 02 Apr 2021 12:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=491300

Човековите права, еднаквоста и недискриминацијата претставуваат дел од основните начела и принципи гарантирани со Уставот и законите на Република Македонија, а нивното почитување подразбира обезбедување не само на формални, туку и на материјални предуслови за непречено остварување на овие права на граѓаните, без оглед на различноста по каков било основ, се вели во соопштението од Народниот правобранител по повод 2 Април – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Годинава се навршуваат 15 години од донесувањето на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, а 10 години откако истата е ратификувана од Република Македонија, меѓутоа, се вели во соопштението, во многу области присутни се слабости во остварување на правата на овие лица. – Денес, на 2 април, на Светскиот ден за подигање на јавната свест за аутизмот, кој се одбележува во вонредни услови, кога сите вложуваат напори за справување со последиците од пандемијата, и кога се бара да се почитуваат општите мерки за заштита од коронавирусот, Народниот правобранител апелира во континуитет да се преземат мерки и активности за зголемување на разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, и да се обезбеди поддршка за создавање на што поинклузивно место за овие наши граѓани, се вели во соопштението од Народниот правобранител. Според Народниот правобранител, не смееме да заборавиме на овие лица, ниту на преземените обврски за реализирање на правото на независно живеење и автономија, обезбедување услови за остварување на правото на здравствена и социјална заштита, образование, како и вработување на еднаква основа со другите. Народниот правобранител потсетува на 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите нации кои даваат план за решавање на најголемите предизвици со кои се соочува светот, вклучително и стратегии за намалување на нееднаквостите што го попречуваат просперитетот. Една од овие цели (целта 8) се однесува на Пристојна работа и економски раст односно промовирање целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите, вклучително и за лицата со попреченост. Воедно, во соопштението, Народниот правобранител укажува на обврската за создавање услови за практична имплементација на членот 27 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со кој се признава „правото на лицата со попреченост да работат, на еднаква основа со другите“ и на „работната средина која е отворена, инклузивна и пристапна за лицата со попреченост“. Според Народниот правобранител, по примерот на светските позитивните пракси и кај нас треба да се применат програми за инклузивно вработување, кои ги вклучуваат и лицата со дијагностициран аутизам, но и да се поддржи креирање на работни места на пазарот на трудот каде лицата со аутизам ќе може целосно да ги експонираат своите потенцијали на еднаква основа со другите, затоа што вклучувањето на лицата со аутизам и обезбедување нивно целосно учество во соцо-економскиот и културниот живот е обврска на секое општеството, кое прокламира почитување на различноста, инклузивност и правичност на своите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-vkluchuvanjeto-na-licata-so-autizam-i-obezbeduvanje-nivno-celosno-uchestvo-vo-soco-ekonomskiot-i-kulturniot-zivot-e-obvrska-na-sekoe-opshtestvoto/feed/ 0