авантура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Jun 2022 07:35:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авантура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Авантурата „за една ноќ“ нѐ прави несреќни https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/avanturata-za-edna-nokj-n-pravi-nesrekjni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/avanturata-za-edna-nokj-n-pravi-nesrekjni/#respond Tue, 28 Jun 2022 07:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=696686

Сите слушнале за поимот „врска за една ноќ“. Оваа тема се среќава насекаде – од Саманта во „Сексот и градот“ до „средновековните“ средби во „Игра на престоли“, па честопати влијае и на тоа како луѓето претпочитаат одредени односи… Сексот за една вечер, не може да ја замени љубовта. Истражување коешто опфатило 4.000 студенти, посочува дека оние кои неодамна претходно имале секс „за една ноќ“, имаат многу пониско ниво на самоувереност и се помалку среќни. Тие исто така пројавиле повисоки нивоа на анксиозност и депресија. Се поставува прашањето: Ако сексот без обврски е добар и главно се гледа и прифаќа како нормална активност, зошто луѓето се чувствуваат лошо потоа? Една од причините биолошки објаснува како кусата авантура влијае на нашиот мозок, пишува „Локал“. Имено, мозокот лачи различни хормони за време на сексот, но и за време на гушкањето. Еден од главните такви „двигатели“ се нарекува окситоцин – „хормонот на љубовта“ и „на среќата“. Се смета дека окситоцинот многу придонесува за меѓучовечките односи, без разлика дали се работи за мајка и новороденче, или љубовна врска меѓу двајца… И жените и мажите лачат окситоцин за време на сексот, а мажите лачат и вазопресин. Тој се смета за „заштитен хормон“ и преку него мажите всушност „ја штитат“ партнерката од другите можни додворувачи. Но, овие хемиски врски, ако не сме внимателни, може да го попречат нашето размислување. Тогаш гледиштата се менуваат и често се случува да се создаде илузија кон личноста со која сме спиеле. И покрај фактот што нѐ возбудува да имаме секс преку ноќ, тоа е само „мамка“ за нашиот мозок. Мозокот „мисли“ дека го нашол тоа што го бара, но штом окситоцинот исчезне, се чувствуваме збунето и тажно. Луѓето, по природа – сите копнеат по љубов и врска, а општеството е тоа што постојано „нѐ притиска“ да бидеме сексуално активни. Но, природата, т.е. биологијата не лаже… Ние всушност, го збунуваме мозокот кога имаме интимни односи со луѓе кои штотуку сме ги запознале. Значи, дајте ѝ време на врската да се развие. Така човекот сигурно ќе биде посреќен кога работите ќе почнат постепено да се случуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/avanturata-za-edna-nokj-n-pravi-nesrekjni/feed/ 0
ДА за авантура, НЕ за брак: Ако сакате сериозна врска, бегајте од овие хороскопски знаци https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/da-za-avantura-ne-za-brak-ako-sakate-seriozna-vrska-begajte-od-ovie-horoskopski-znaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/da-za-avantura-ne-za-brak-ako-sakate-seriozna-vrska-begajte-od-ovie-horoskopski-znaci/#respond Mon, 20 Jun 2022 18:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=693223

Многу е тешко да задржите контакт со нив. Не ни размислувајте за брак. Ситуацијата е иста и за мажите и за жените припадници на овие хороскопски знаци. Стрелец Стрелците се најголемите скитници во хороскопот. Нив не ги држи место, а не пак да ги задржи само еден партнер. Веднаш штом ќе забележат дека сакате да ги врзете за вас, тие ќе исчезнат од вашиот живот. Ако навистина сакате долга врска со Стрелец, ќе мора да поминете низ многу работи и да му прогледате на неверството низ прсти. Водолија Водолија постојано е во потрага по авантура. На првото навестување на досада во врската, тие ќе започнат паралелна врска без двоумење и ќе се обидат да ја одржат сè додека не ги откриете, а Водолиите се добри манипулатори. Лав Егоцентричниот Лав ќе ужива во врската, па дури и брак со вас, сè додека му посветувате внимание, без запирање или пауза. Ако престанете или заборавите на тоа, тој веднаш ќе побара нов “плен“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/da-za-avantura-ne-za-brak-ako-sakate-seriozna-vrska-begajte-od-ovie-horoskopski-znaci/feed/ 0
Сашко Коцев и „Нептун“ во нова авантура полна со иновации и изненадувања за потрошувачите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sashko-kocev-i-neptun-vo-nova-avantura-polna-so-inovacii-i-iznenaduvanja-za-potroshuvachite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sashko-kocev-i-neptun-vo-nova-avantura-polna-so-inovacii-i-iznenaduvanja-za-potroshuvachite/#respond Tue, 22 Feb 2022 10:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=634766

Првиот избор на потрошувачите, кога е во прашање најширокиот избор на иновативни технологии и сеопфатни решенија за подобрување на квалитетот на животот, „Нептун“, отпочна соработка со популарниот актер Сашко Коцев. Компанијата, која што е лидер во својот сегмент на нашиот пазар, заедно со еден од најпознатите глумци на сцената во регионот, во периодот што следува ќе реализира низа активности што ќе бидат особено интересни и атрактивни за купувачите.
- Нашата визија отсекогаш била на сите индивидуални клиенти да им овозможиме што поголема селекција од производи во што повеќе категории, но во исто време, и да им посветиме време и енергија, како и да споделиме знаење, со цел тие да го направат изборот што е најсоодветен за нивните потреби. Сашко, преку своите најразлични улоги, меѓутоа, и како човек, настапува на ваков, искрен начин и затоа сме убедени дека соработката ќе биде и забавна и корисна за нашите ценети потрошувачи - истакна генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов.
Актерот, покрај преку улогите на редовниот репертоар на својот матичен театар, годинава ќе се појави и во новите долгометражни филмови „Снежана на крајот умира“ и „Мими“. На соработката со компанијата гледа како на можност за воспоставување комуникација со потрошувачите со цел да им помогне да ја донесат најдобрата одлука кога е во прашање технологијата.
- Иновациите за кои што секојдневно читаме, слушаме или ги гледаме на нашите смартфони не би имале никаква вредност доколку не ни користат за да го подобриме животот. За мене „Нептун“ отсекогаш бил првиот и единствен избор, за сè, од големи уреди како телевизори или бела техника, до ситни „гаџети“ кои што неверојатно го олеснуваат секојдневието. Преку оваа соработка токму ова искуство ќе го доближиме го купувачите. Нормално, притоа и ќе се забавуваме - вели Коцев.
„Нептун“ неодамна ја презентира револуционерната петгодишна стратегија со која што ќе воведе многу новини на домашниот пазар. Компанијата во 2022 година има во план да реализира низа проекти, меѓу кои ќе биде и реновирањето на неколку продажни локации со цел тие да бидат во согласност со брендот „Нептун“. Се очекува релокација на дел од продавниците, формирање академија за продажба, како и унапредување на талент-програмите за вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sashko-kocev-i-neptun-vo-nova-avantura-polna-so-inovacii-i-iznenaduvanja-za-potroshuvachite/feed/ 0
7 карактеристики на луѓето кои се склони кон изневерување https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/7-karakteristiki-na-lugjeto-koi-se-skloni-kon-izneveruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/7-karakteristiki-na-lugjeto-koi-se-skloni-kon-izneveruvanje/#respond Wed, 07 Nov 2018 19:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=124927

Дали сте склони кон неверство? Стручњаците сметаат дека постојат седум типа на карактеристики на луѓето кои се склони кон прељуба. Американскиот психијатар доктор Кенет Пол Розенберг, кој повеќе од 20 години се занимава со истражувања на човековата сексуалност и проблемите во врска, во своето истражување дефинирал какви карактеристики најчесто се поврзани со прељуба. Неговото истражување покажало дека седум типови на карактери имаат поголема веројатност дека ќе бидат поневерни од другите. Психијатарот вели дека неговите пациенти се од различни возрасти и од различни верски или општествено-економски позадини - од таканаречените милениумци, кои созреале со работи какви што претходните генерации немале прилика да запознаат, на пример онлајн порнографија, секс на прв состанок и пријателство со бенефиции, па до мажи и жени во криза на средни години. Три фактори кои влијаат на прељуба Мозокот - невролошката структура и процесите во мозокот Психологијата - умот кој сме го развиле низ формативни искуства кои формираат мислења за светот, нашето место во него и како го гледаме сопствениот сексуален живот. Културата - околината во која живееме со различни перцепции за сексот, љубовта и прељубата, кои влијаат на вашите мислења и можноста за впуштање во неверство. Истражувањето покажало дека дали ќе се впуштиме во неверство зависи од околината и психата на личноста. Најзначајниот фактор е фактот дали можеме да изневеруваме: колку е полесно, толку е поверојатно дека ќе се впуштиме во неверство, по познатата „приликата го прави човекот крадец”. Изневерувањето не е ограничено само на неморални или безкарактерни личности, смета психијатарот. Седум карактеристики на личностите кои се најсклони кон неверство Кога е во прашање психолошкиот профил на луѓето кои изневеруваат, најголемиот фактор кој ги тера на љубовни авантури е чувството дека имаат право или заслужуваат да изневеруваат. Нарцисоидни - се чувствуваат самобендисано и ги ставаат личните потреби на прво место Без емпатија - не им е грижа за чувствата на партнерот Егоманијаци - ги преценуваат своите способности, вклучително и сексуалната сила и потребна им е потврда за нивните способности како љубовници Импулсивни - донесуваат одлуки не размислувајќи за последиците Авантуристи - ги возбудува кога „ловат”. Страв од врзување - влетуваат од врска во врска за да не се врзат со некого Самодеструктивци или мазохисти - уживаат да бидат во лоши врски за да не бидат сами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/7-karakteristiki-na-lugjeto-koi-se-skloni-kon-izneveruvanje/feed/ 0
Авантуристичкиот викенд им се претвори во хорор: Туристи бараа адреналин, па ги најдоа мртви (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avanturistichkiot-vikend-im-se-pretvori-vo-horor-turisti-baraa-adrenalin-pa-gi-najdoa-mrtvi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avanturistichkiot-vikend-im-se-pretvori-vo-horor-turisti-baraa-adrenalin-pa-gi-najdoa-mrtvi-video/#respond Mon, 22 Oct 2018 06:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=117913

Четворица американски туристи се удавија за време на рафтинг во надојдена река во Костарика. Телото на уште еден локален турист е пронајдено по неколку часа. Се претпоставува дека тие се превртеле и пропаднале во надојдената и матна река Наранџито во познатата туристичка област Куепос во Костарика. -Четиринаесет туристи и три водичи се спуштаа по реката со три чамци за рафтинг и еден кајак, кога се случи несреќата, изјави претставникот на Црвениот Крст, Алехандро Моралес. Идентитетот на загинатите туристи не е соопштен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avanturistichkiot-vikend-im-se-pretvori-vo-horor-turisti-baraa-adrenalin-pa-gi-najdoa-mrtvi-video/feed/ 0
Продолжува АВАНТУРА-та со Државна лотарија на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-avantura-ta-so-drzavna-lotarija-na-makedonija-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-avantura-ta-so-drzavna-lotarija-na-makedonija-3/#respond Wed, 21 Mar 2018 14:08:26 +0000 http://kurir.mk/?p=31854

Втората серија на инстант лозот АВАНТУРА на Државна лотарија на Македонија донесе уште една премија , овој пат во скопско Драчево. Автомобилот KIA SPORTAGE  е изгребан на продажното место  ГОГИ во Драчево, кое е  долгогодишен соработник на Државна лотарија на Македонија. И овој пат добивката , автомобилот отиде во рацете на редовни играчи. Дарко Рујаноски и неговата сопруга Наташа секојдневно гребат по некој инстант лоз заедно со своите деца. Овој пат нивната ќерка инсистирала тоа да биде лозот АВАНТУРА. Па така купил два инстант лоза АВАНТУРА, од кои едниот бил недобитен а едниот имал добивка од 60 денари, која ја искористиле како замена, па земале трет инстант лоз АВАНТУРА. Кога ги изгребале трите симболи кои им носат автомобил КИА СПОРТАЖ, најпрво не им се верувало , па затоа неколкукратно ја проверувале својата добивка и во ГОГИ , а потоа и во просториите на Државна лотарија на Македонија. Денес, 21.03.2018 година, заедно се дружевме во продажното место ГОГИ во Драчево, и тие ги добија клучевите од својот нов автомобил. Инаку, Државна лотарија на Македонија по успешната прва серија на инстант лозот АВАНТУРА на пазарот ја пласираше и втората серија од овој инстант лоз. Кој покрај главната премија автомобил КИА СПОРТАЖ нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки . Не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов Kia Sportage. Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-avantura-ta-so-drzavna-lotarija-na-makedonija-3/feed/ 0