Аватар 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 11:05:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аватар 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Аватар 2“ шести на листата филмови со најголема заработка на светот https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/avatar-2-shesti-na-listata-filmovi-so-najgolema-zarabotka-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/avatar-2-shesti-na-listata-filmovi-so-najgolema-zarabotka-na-svetot/#respond Tue, 24 Jan 2023 11:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=791090

Филмот „Аватар 2: Патот на водата“ влезе во филмската историја, заземајќи го засега шестото место на листата филмови со најголема заработка на сите времиња. „Патот на водата“ се појави во кината 13 години по првиот дел, а со буџет од околу 460 милиони долари се смета за еден од најскапите на сите времиња. Новото остварување на режисерот Џејмс Камерон потоа заработи повеќе од две милијарди долари, а воедно, ова е и првиот филм од почетокот на корона-пандемијата на што го постигнал тоа. Овој режисер сега зазема три места на топ-10 списокот – оригиналниот „Аватар“ и на „Титаник“. Во историјата на кинематографијата, 50 филмови заработиле над милијарда долари, а шест од нив заработиле две милијарди. Следат десетте филмови со најголема заработка: 1. „Аватар“ (2009) – 2,899 милијарди долари; 2. „Одмаздници: Крај на играта” (2019) – 2,794 милијарди долари; 3. „Титаник“, (1997) – 2,207 милијарди долари (не вклучувајќи ја заработката од неодамна објавената усовршена техничка преработка којашто се прикажуваше во кината ширум светот); 4. „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015) – 2,069 милијарди долари; 5 „Одмаздници: Војна на бесконечноста“ (2018) – 2,048 милијарди долари; 6. „Аватар 2: Патот на водата“ (2022) – 2,024 милијарди долари; 7. „Спајдермен: Нема пат до дома“ (2021) – 1,910 милијарди долари; 8. „Светот Јура“ (2015) – 1,669 милијарди долари; 9. „Кралот лав“ (2019) – 1,647 милијарди долари; 10. „Одмаздници“ (2012) – 1,515 милијарди долари. Зои Салдана, која ја глуми Нејтири во приказната на Камерон, се појавува во четири од шесте филма со најголема заработка. Имено, таа ја толкува и улогата на Гамора во „Војна на бесконечноста“ и „Крај на играта”. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/avatar-2-shesti-na-listata-filmovi-so-najgolema-zarabotka-na-svetot/feed/ 0
„Аватар 2“ заработи над милијарда долари за само 12 дена https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/avatar-2-zaraboti-nad-milijarda-dolari-za-samo-12-dena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/avatar-2-zaraboti-nad-milijarda-dolari-za-samo-12-dena/#respond Thu, 29 Dec 2022 12:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=782126

„Аватар 2: Патот на водата“ достигна милијарда долари заработка само 12 – 13 дена откако се појави во кината ширум светот. Според последниот податок, остварувањето има вкупно 1,03 милијарди долари на својата сметка. Продолжението на најуспешниот филм на сите времиња од 2009 година, „Аватар“, се прикажува од 16 декември, а по вториот викенд во кината ја достигна границата од милијарда долари. За неполни две седмици прикажување, тој стана третиот филм со најголема заработка во 2022 година, зад „Топ ган: Маверик“ и „Јура свет: Доминион“. Така, вториот дел би можел многу наскоро да ја надмине вкупната заработка на првиот „Аватар“ филм, којшто има заработено над 2,9 милијарди долари, што го прави филм со најголема заработка на сите времиња. Просечната оценка на ИМДБ за продолжението, од околу 140.000 гледачи, е 8 / 10. Дејството се случува 10 години по настаните од првата приказна. Режиран од Џејмс Камерон, а продуциран од него и Џон Ландау, во филмот глумат и Сем Вортингтон, Зои Салдана, Сигурни Вивер, Стивен Ланг и Кејт Винслет. За сценариото се заслужни Камерон, Рик Јафа и Аманда Силвер.

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/avatar-2-zaraboti-nad-milijarda-dolari-za-samo-12-dena/feed/ 0
Џејмс Камерон: Се плашам од неуспех на „Аватар 2“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-se-plasham-od-neuspeh-na-avatar-2/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-se-plasham-od-neuspeh-na-avatar-2/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=700762

Џејмс Камерон не е сигурен дека „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water) ќе постигне таков успех на бокс-офисот како првиот дел, кој веднаш влезе во списокот филмови од милијарда долари. Имено, 67-годишниот режисер го сними долгоочекуваното продолжение на научно-фантастичната епопеја од 2009 година – филм со најголема заработка на сите времиња – но, за „Емпајер“ вели дека нема гаранции дека новиот филм ќе биде толкав хит во кината. – Ако заработиме 20 или 30 отсто помалку од оригиналот – зашто и пазарот веќе не е ист, тоа би било лошо. „Троловите“ ќе направат тоа да изгледа како никој да не му е грижа и дека, небаре, никој нема да може да се сети на имиња на ликовите или на едно проклето нешто што се случило во оригиналниот филм, изјави Камерон. Режисерот откри дека новиот филм ќе биде подолг од вообичаеното за прикажување во кината, но рече дека не сака гледачите „да лелекаат“ за тоа, при фактот што минуваат часови гледајќи телевизија. – Не сакам никој да се жали на должината, кога седи и гледа (ТВ, б.п.) осум часа… Речиси можам да го напишам овој дел од критиките однапред: „Измачувачки долгиот тричасовен филм“… Ги гледав моите деца како седат и гледаат пет едночасовни епизоди по ред, додаде Камерон. Режисерот призна дека и се двоумел дали воопшто вреди да се прави продолжение. – Морав долго и напорно да размислувам дали всушност и сакам да направам уште еден „Аватар“ бидејќи беше многу тешко и ризично. Кога си направил нешто што е толку „трансцендентно“ во успехот, дали навистина сакаш да се ​​обидеш повторно? Размислував за тоа две години пред конечно да се одлучам, заклучи тој. „Аватар: Патот на водата“ излегува во декември оваа 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-se-plasham-od-neuspeh-na-avatar-2/feed/ 0
Камерон: Аватар 2 треба да заработи многу пари https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kameron-avatar-2-treba-da-zaraboti-mnogu-pari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kameron-avatar-2-treba-da-zaraboti-mnogu-pari/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=609689

Познатиот режисер Џејмс Камерон изјави дека е под голем притисок поради долгоочекуваното продолжение на неговиот блокбастер од 2009 година Аватар, кој треба да почне да се прикажува во кината во 2022 година. – Големиот проблем е дали ќе освоиме толку многу пари. Големи, скапи филмови треба да направат многу пари. Ние сме во нов поствоен свет со глобален раст на стриминг. Можеби никогаш нема повеќе да ги видам тие броеви. Кој знае? Сето тоа е големо како фрлање на коцките, истакна Камерон во интервју за „Entertainment Weekly“. Тој додаде дека Аватар 2, во кој играат Сем Вортингтон, Зои Салдана, Стивен Ланг, Сигурни Вивер, Кејт Винслет, Еди Фалко и други му овозможил да ги „спои своите две најголеми љубови – режијата и истражувањето на океанот“. – Звучи некако лудо, но ако Аватар не заработи толку пари, немаше да снимам втор дел. Но, јас се занимавам со океаните, дури и кога не снимам филм. Кога би можел да ги спојам моите две најголеми љубови, едната е истражување на океаните, а другата снимањето, зошто да не?, додаде Камерон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kameron-avatar-2-treba-da-zaraboti-mnogu-pari/feed/ 0
Протекоа детали за фабулата на „Аватар 2“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/protekoa-detali-za-fabulata-na-avatar-2/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/protekoa-detali-za-fabulata-na-avatar-2/#respond Fri, 10 Dec 2021 07:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=606437

Продуцентот Џон Ландау откри нови податоци за „Аватар 2“ на Џејмс Камерон во интервју за „Тотал филм“. Имено, продолжението ќе раскажува за натамошниот живот на ликовите од првиот филм – поранешниот Земјанин Џејк Сали (Сем Вортингтон) и Натири (Зои Салдана) – претставничката на народот Нави од далечна планета Пандора. Тие веќе стапиле во брак и се грижат за своите деца… Но, среќните денови на Сали и неговото семејство се прекинуваат кога „Корпорацијата РДА“ ќе одлучи да ја продолжи својата работа на Пандора. Заедно со своите роднини, Џејк ќе биде принуден да побегне на „Гребенот“ – место кое се смета за безбедно. Таму ликовите ќе се запознаат со кланот Меткејн. Продуцентот исто така навести дека сите наредни продолженија ќе бидат поврзани во една приказна. – Мислам дека силата на оваа приказна е во тоа што Џејмс (Камерон, б.п.) секогаш го прави во неговите филмови – тој пишува (сценарија) на универзални теми кои не се ограничени на еден жанр. И ако размислите за тоа, ќе видите дека нема поуниверзална тема од семејството. Во срцето на секое наше продолжение ќе биде семејството на Сали. Низ што ќе треба да поминат родителите за да ги заштитат своите деца?, реторички прашува Ландау. Оригиналниот филм беше премиерно прикажан во 2009 година. Потоа стана еден од филмовите со најголема заработка во историјата на кинематографијата дотогаш. Беше номиниран за Оскар во девет категории и доби три од нив – за режија, кинематографија, како и за визуелните ефекти. Прикажувањето на второт дел ќе почне од декември иднава 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/protekoa-detali-za-fabulata-na-avatar-2/feed/ 0