Авдулах Хоти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 13:14:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Авдулах Хоти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоти: Извештајот на Курти за средбата во Брисел беше тажачка и доказ за неговата неспособност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-izveshtajot-na-kurti-za-sredbata-vo-brisel-beshe-tazhachka-i-dokaz-za-negovata-nesposobnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-izveshtajot-na-kurti-za-sredbata-vo-brisel-beshe-tazhachka-i-dokaz-za-negovata-nesposobnost/#respond Mon, 18 Sep 2023 13:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=879178

Пратеникот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), поранешниот премиер, Авдулах Хоти рече дека денешниот извештај на премиерот Албин Курти пред медиумите во врска со дијалогот со Србија беше „тажачка и доказ за неговата неспособност да го води овој процес“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својата страница на Фејсбук, Хоти наведува дека Курти и овој пат ја прекршил својата обврска за да известува во Собранието за текот на дијалогот. „Денешното известување пред медиумите за дијалогот на премиерот беше тажачка и доказ за неговата неспособност да го води овој процес. Известувањето во однос на дијалогот мора да се врши во Собранието на Косово, како што се бара со Резолуцијата на Собранието, во која се вели „Премиерот поднесува извештај до Собранието пред и по секоја средба во рамките на дијалогот Косово-Србија“. Потсетуваме дека за две години дијалог, само една информација му даде на Собранието премиерот на седница што ја побара опозицијата“, напиша Хоти. Според него, Курти го деградирал дијалогот и ѝ нанел голема штета на земјата. - Од „Дијалог за конечен, правно обврзувачки договор, за меѓусебно признавање и нормализација на односите“ до „Дијалог за управување со кризи“. Мора да се каже дека кризите беа испровоцирани од Србија, но беа менаџирани лошо и без координација со сојузниците од страна на Владата на Косово. За прв пат Косово е осамено во дијалогот наспроти Србија. За жал, се чини дека Владата на Косово денес нема близок сојузник за прелиминарни консултации, како што секогаш се случувало во преговарачките процеси на Косово со Србија, напиша Хоти. Курти на денешната прес-конференција изјави дека шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посредникот во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак биле синхронизирани и во координација со српскиот претседател, Александар Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-izveshtajot-na-kurti-za-sredbata-vo-brisel-beshe-tazhachka-i-dokaz-za-negovata-nesposobnost/feed/ 0
Хоти: Косово ќе набави два милиони вакцини, првите пристигнуваат во феврури https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-kje-nabavi-dva-milioni-vakcini-prvite-pristignuvaat-vo-fevruri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-kje-nabavi-dva-milioni-vakcini-prvite-pristignuvaat-vo-fevruri/#respond Wed, 06 Jan 2021 13:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=452421

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека Косово досега постигнало договори за набавка на речиси два милиони вакцини против Ковид-19 и дека првите количини ќе пристигнат во месец февруари, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција Хоти информира дека 535 илјади вакцини се обезбедени со договорот со команијата „Фајзер“, 600 илјади со Австрија и уште 720 илјади со програмата Ковакс. Здравствениот персонал и лицата над 65-годишна возраст ќе бидат првите кои ќе се вакцинираат, а се планира дневно да се имунизираат по околу 20 илјади граѓани. – Направена е голема работа за изготвување стратегија за имунизација, при што се дефинирани приоритетите на вакцинирањето, кое ќе се врши според тоа како ќе ни пристигнуваат количините на вакцини… Стратегијата ги предвидува во детали дејствијата на здравствените институции за да се создадат потребните капацитети за вакцинирање, изјави Хоти. Тој го оцени како добра вест опаѓањето на бројот на заразени од коронавирусот последните денови, но рече дека актуелните мерки за спречување на ширењето на пандемијата остануваат во сила. – Овие мерки остануваат во сила и натаму, а знаеме дека истите се преземени како модел и од други држави, рече Хоти. Директорот на Националнот институт за јавно здравство на Косово, Насер Рамадани, изјави дека меѓу приоритетните категории на лица за вакцинирање, освен здравствените работници и повозрасните, се и лицата од критичните групи со хронични заболувања, лицата со посебни потреби, лицата кои се грижат за стари и болни, вработените во училиштата, полицијата и војската. Рамадани информира дека секое вакцинирано лице ќе биде снабдено со картон за имунизација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-kje-nabavi-dva-milioni-vakcini-prvite-pristignuvaat-vo-fevruri/feed/ 0
Хоти: Косово е меѓу земјите што најдобро се справуваат со пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-e-megju-zemjite-shto-najdobro-se-spravuvaat-so-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-e-megju-zemjite-shto-najdobro-se-spravuvaat-so-pandemijata/#respond Mon, 21 Dec 2020 11:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=446168

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека неговата Влада и здравствените власти успешно се справуваат со Ковид-19, така што Косово е меѓу трите или четирите земји со најдобри резултати во борбата со пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната владина седница, Хоти изјави дека информциите од Националниот институт зајавно здравство на Косово (ИКШПК) се позитивни и дека мерките кои се на сила од 11 ноември дадоа резултати. Тој наави дека и за време на претстојните празници ќе се преземат потребните мерки за заштита од Ковид-19, истовремено создавајќи поволни услови за бинисите, како и за слободно движење на граѓаните. – Претходно преземените мерки влијаеја бројката на заразени да опадне на 200 дневно, од околу 700 колку што имавме претходно. Според нашите информации, како и според Универзитетот „Џон Хопкинс“, ние сме меѓу три-четирите земји кои најдобро се справиле со епидемијата. Сега треба да се осигураме, кога имаме голема раздвиженост на граѓаните и со доаѓањето на нашите сонародници од светот, да им создадеме услови за да уживаат со нивните семејства и да обезбедиме почитување на мерките, изјави Хоти. Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.256 од појавата на болеста, откако, според вчерашниот дневен извештај на ИКШПК, претходното деноноќие починаа осум од лицата заразени од коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-e-megju-zemjite-shto-najdobro-se-spravuvaat-so-pandemijata/feed/ 0
Хоти: Нема договор без взаемно признавање на Косово и Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-nema-dogovor-bez-vzaemno-priznavanje-na-kosovo-i-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-nema-dogovor-bez-vzaemno-priznavanje-na-kosovo-i-srbija/#respond Sat, 19 Dec 2020 17:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=445696

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти денеска оцени дека изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека додека тој е претседател, Србија нема да го признае Косово, не придонесува за дијалогот и повтори дека конечен договор не може да се постигне без меѓусебно признавање. „Изјавите дека тие нема да ја признаат независноста на Косово не придонесуваат за дијалог. Ако нема меѓусебно признавање, тогаш нема да има договор. Косово ќе продолжи по патот кон Европската унија”, напиша Хоти на Фејсбук. Тој додаде дека „дијалогот продолжи врз основа на јасни принципи на конечни договори за нормализирање на односите и взаемно признавање и дека нема да има делумен договор“. „Нема договор со Србија без взаемно признавање. Косово останува посветено на заклучување на сите отворени прашања преку дијалог во Брисел со посредство на ЕУ”, рече Хоти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-nema-dogovor-bez-vzaemno-priznavanje-na-kosovo-i-srbija/feed/ 0
Хоти не прецизира дали ќе се воведат ПЦР тестови за влез во Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hoti-ne-precizira-dali-kje-se-vovedat-pcr-testovi-za-vlez-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hoti-ne-precizira-dali-kje-se-vovedat-pcr-testovi-za-vlez-vo-kosovo/#respond Fri, 23 Oct 2020 13:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=419839

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, денеска во Скопје не прецизираше дали ќе се воведат ПЦР тестови за македонските граѓани по зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19. На новинарско прашање по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Хоти порача мерките што се преземаат, да не се гледаат како ограничувачки, туку како мерки за спречување на вирусот. – Министрите за здравство на двете држави работат заеднички. Косово сега е во подобра состојба отколку претходно, додека овде во Скопје почна да расте бројот на заболени. Мерките што ги преземаме, треба да се подразберат како мерки за спречување на вирусот, а не како ограничувачки мерки, рече Хоти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hoti-ne-precizira-dali-kje-se-vovedat-pcr-testovi-za-vlez-vo-kosovo/feed/ 0
Косовскиот премиер во посета на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-premier-vo-poseta-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-premier-vo-poseta-na-skopje/#respond Fri, 23 Oct 2020 06:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=419602

Владина делегација на Република Косово предводена од премиерот Авдулах Хоти денеска престојува во официјална посета на земјава. Хоти во Скопје ќе има тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе имаат официјална средба заедно со делегациите на двете земји и заедничка прес-конференција. Косовскиот премиер ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-premier-vo-poseta-na-skopje/feed/ 0
Белата куќа потврди: Трамп ќе ги прими Вучиќ и Хоти, ќе присуствува на потпишување на договорот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belata-kukja-potvrdi-tramp-kje-gi-primi-vuchikj-i-hoti-kje-prisustvuva-na-potpishuvanje-na-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belata-kukja-potvrdi-tramp-kje-gi-primi-vuchikj-i-hoti-kje-prisustvuva-na-potpishuvanje-na-dogovorot/#respond Fri, 04 Sep 2020 13:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=399239

Претседателите на САД и Србија, Доналд Трамп и Александар Вучиќ, ќе се сретнат попладнево, во 17 часот по средноевропско време, објавено е на веб-страницата на американската амбасада во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Според агендата, американскиот претседател, Доналд Трамп ќе ги прими Вучиќ и Авдулах Хоти во 17 часот, зад затворени врати во Овалната соба, а потоа ќе присуствува на церемонијата на потпишување во Рузвелтовата соба, додека трилатералната средба ќе се одржи повторно во Овалната соба, со ограничен број новинари. По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти поединечно ќе се состанат со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот. Во соопштението на Белата куќа, издадено доцна во четвртокот, по локално време, не се наведува што ќе биде потпишано, дали станува збор за договор или што тој ќе содржи, објави Гласот на Америка. По првиот ден од преговорите во Вашингтон, Вучиќ изјави дека за време на состанокот му бил презентиран нацрт-договор, во кој се споменува меѓусебно признавање и дека тој го отфрлил, додека Хоти не одговори дали имало таков предлог, но истакна дека „штетните договори за Косово, неприфатливи за Косово, никогаш немаат дојдено и нема да дојдат од „Белата куќа“. Специјалниот пратеник на претседателот на САД за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, изјави дека „изненадувањата во преговорите се секогаш добри затоа што тие вршат притисок врз двете страни да направат повеќе, да создадат повеќе“. -Понекогаш се преправаат пред медиумите дека тоа е поголемо изненадување отколку што е, изјави Гренел. Тој оцени дека е постигнат напредок за време на вчерашната рунда преговори за економска нормализација и дека се надева на решение. -Ова се две земји, кои политичката борба им го ограничи економскиот напредок, кажа Гренел, додавајќи дека затоа американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да се фокусира на тоа како да создадат нови работни места. -Ние се обидуваме да го покренеме политичкиот процес концентрирајќи се исклучиво на економски прашања и создавање работни места. Ако луѓето имаат повеќе работа и постои тенденција индустријата да напредува и кариерите да се развиваат, тогаш политичките борби стануваат поретки, оцени Гренел. Оптимистички тон изрази пред и Роберт О’Брајан, советник за национална безбедност на претседателот Трамп -Многу добра рунда разговори попладнево со лидерите на Србија и Косово. Постигнат е вистински напредок, порача О’Брајан, кој се заблагодари на американската финансиска корпорација за меѓународен развој, на корпорацијата „Милениумски предизвик“ и на Американската експорт-импорт банка кои се приклучија на разговорите. Според О’Брајан, економската нормализација значи работни места за младите. Приштинската телевизија Клан Косова објави дека во Вашингтон денес се очекува да биде потпишан економски договор меѓу Белград и Приштина, кој не вклучува меѓусебно признавање, додавајќи дека Трамп се очекува „да го претстави потпишувањето на договорот Белград-Приштина како успех на Белата куќа во присуство на двете страни“. Американските медиуми јавиваат за состанокот на делегациите на Белград и Приштина во Вашингтон, со оценка дека службениците на администрацијата на Доналд Трамп работеле на убедување на лидерите на двете страни да ги остават настрана „тешките политички спорови“ со цел да се направи простор за развој на економските односи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belata-kukja-potvrdi-tramp-kje-gi-primi-vuchikj-i-hoti-kje-prisustvuva-na-potpishuvanje-na-dogovorot/feed/ 0
Хоти: Без меѓусебно признавање на Косово и Србија нема нормализација на односите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-bez-megjusebno-priznavanje-na-kosovo-i-srbija-nema-normalizacija-na-odnosite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-bez-megjusebno-priznavanje-na-kosovo-i-srbija-nema-normalizacija-na-odnosite/#respond Sun, 30 Aug 2020 16:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=396923

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави денеска дека без договор за меѓусебно признавање не може да има нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Одговарајќи на вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, и доколку на средбата на челниците на Приштина и Белград на 4 септември во Белата куќа во Вашингтон учествува американскиот претседател Доналд Трамп, нема да се разговара за признавање на косовската држава од страна на Србија, Хоти изјави дека единствена тема за која се разговара на тие средби е меѓусебното признавање. – На секоја средба на која што учествуваме единствена тема за која разговараме, сé е во функција на меѓусебното признавање. Инаку не може да има нормализирање на односите меѓу двете држави, изјави Хоти на денешното чествување кај спомен-плочата на исчезнатите од последната војна во Косово по повод Светскиот ден на исчезнатите лица. Косовскиот премиер нагласи дека темата на исчезнатите ќе биде главно прашање на секаква спогодба за нормализирање на односите и меѓусебно признавање на двете држави. – Ова е и натаму отворена рана, најчувствителна тема. Не претеруваме, тоа е главното прашање на секаква спогодба за нормализирање на односите и меѓусебно признавање, изјави Хоти. Како исчезнати од војната во 1998-99 година во Косово, според официјални податоци, и натаму се водат 1.647 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-bez-megjusebno-priznavanje-na-kosovo-i-srbija-nema-normalizacija-na-odnosite/feed/ 0
Состанок на челниците на косовките владејачки партии утре кај премиерот Хоти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-na-chelnicite-na-kosovkite-vladejachki-partii-utre-kaj-premierot-hoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-na-chelnicite-na-kosovkite-vladejachki-partii-utre-kaj-premierot-hoti/#respond Wed, 19 Aug 2020 13:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=392651

Челниците на трите партии на косовските Албанци, кои се дел од владејачката коалиција, Иса Мустафа лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Рамуш Харадинај на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Фатмир Лимај на Социјалдемократската иницијатива (Нисма), ќе се состанат утре во кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата преку соопштение за медиумите ја објави службата за информирање на партијата на Харадинај. – Ве извесуваме дека претседателот на ААК, г. Рамуш Харадинај, ќе учествува утре (четврток) на состанокот кој ќе се одржи во владината зграда, заедно со другите лидери од коалицијата и со премиерот Авдулах Хоти, се вели во соопштението на ААК. Портпаролот на таа партија, Љуљзим Бљака, за порталот „Коха.нет“ потврди дека покрај Харадинај на состанокот ќе присуствуаат и Мустафа и Лимај, но не информира за темите на разговорите. Според приштинските медиуми, на состанокот ќе се разгледаат резултатите од досегашното владеење на коалицијата, која ја презеде власта на почетокот на јуни годинава, како и односите меѓу партнерите во владата. Премиерот Хоти, по двонеделна самоизолација откако на почетокот на месецов му беше дијагностициран Ковид-19, денеска објави дека е целосно излекуван од заразната болест и работата ќе ја извршува од својата канцеларија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-na-chelnicite-na-kosovkite-vladejachki-partii-utre-kaj-premierot-hoti/feed/ 0
Премиерот на Косово излекуван од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierot-na-kosovo-izlekuvan-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierot-na-kosovo-izlekuvan-od-kovid-19/#respond Wed, 19 Aug 2020 10:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=392546

Две недели откако му беше дијагностициран Ковид-19, косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска имаше негативен тест, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за приштинските медиуми ја потврдија извори од Владата на Косово, наведувајќи дека премиерот денеска се појавил на работа во својата канцеларија. На почетокот на месецов Хоти објави дека имал позитивен тест на коронавирус и најави дека ќе се самоизолира и работните обврски ќе ги извршува од неговиот дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierot-na-kosovo-izlekuvan-od-kovid-19/feed/ 0