авганистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 12:16:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авганистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 120 лица се повредени во земјотресот во западен Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-120-litsa-se-povredeni-vo-zemjotresot-vo-zapaden-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-120-litsa-se-povredeni-vo-zemjotresot-vo-zapaden-avganistan/#respond Sun, 15 Oct 2023 12:16:51 +0000 https://kurir.mk/?p=889045

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека повеќе од 120 повредени во земјотресот што денеска го погоди Херат во западен Авганистан се примени во регионалната болница во тој град. „Во овој момент, повеќе од 120 лица се повредени и пренесени во регионалната болница во Херат, а многу други повредени се префрлени во други болници во овој град“, соопшти СЗО во објавата на платформата „Икс“ (Твитер). Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно соопшти дека земјотресот што го погоди денеска западен Авганистан бил со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-120-litsa-se-povredeni-vo-zemjotresot-vo-zapaden-avganistan/feed/ 0
Земјотрес од 6,5 степени го погоди западен Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-5-stepeni-go-pogodi-zapaden-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-5-stepeni-go-pogodi-zapaden-avganistan/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=888968

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 36 километри северно од градот Херат, каде живеат околу 272 илјади луѓе. Длабочината на земјотресот е десет километри. Засега нема информации за жртви или штети, додаваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-5-stepeni-go-pogodi-zapaden-avganistan/feed/ 0
Во неодамнешниот земјотрес во Авганистан, 90 отсто од загинатите се жени и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=888179

Повеќе од 90 отсто од загинатите во земјотресот во Авганистан што се случи минатата сабота, се деца и жени, соопштија денеска Обединетите нации. Талибанските власти информираа дека бројот на загинати во земјотресите со јачина до 6,3 степени во западен Авганистан, во близина на градот Херат, се искачи на повеќе од 2.000 и дека се од различна возраст и од двата пола. Според ОН, епицентарот на земјотресот бил во областа Зенда Јан, каде загинале 1.294 лица, 1.688 се повредени, а сите куќи се уништени. Шефот на теренската канцеларија на УНИЦЕФ во Херат, Сидиг Ибрахим, рече дека е поверојатно дека жените и децата биле во своите домови утрото кога се случил првиот земјотрес, а потоа и уште неколку силни. „Кога се случи првиот земјотрес, луѓето мислеа дека е експлозија и влегоа во нивните домови“, рече тој. Стотици други, главно жени, сè уште се водат како исчезнати во Зенда Јан. Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации во Авганистан, Хаиме Надал изјави дека немаше да има „родова димензија“ во бројот на жртвите доколку земјотресот се случеше навечер. Тој појасни дека голем број рано изутрина излегуваат и одат на работа во Иран, поради што во домовите останале претежно жени и деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/feed/ 0
ОН: Во неодамнешниот земјотрес во Авганистан, 90 отсто од загинатите се жени и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/#respond Thu, 12 Oct 2023 16:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=888153

Повеќе од 90 отсто од загинатите во земјотресот во Авганистан што се случи минатата сабота, се деца и жени, соопштија денеска Обединетите нации. Талибанските власти информираа дека бројот на загинати во земјотресите со јачина до 6,3 степени во западен Авганистан, во близина на градот Херат, се искачи на повеќе од 2.000 и дека се од различна возраст и од двата пола. Според ОН, епицентарот на земјотресот бил во областа Зенда Јан, каде загинале 1.294 лица, 1.688 се повредени, а сите куќи се уништени. Шефот на теренската канцеларија на УНИЦЕФ во Херат, Сидиг Ибрахим, рече дека е поверојатно дека жените и децата биле во своите домови утрото кога се случил првиот земјотрес, а потоа и уште неколку силни. „Кога се случи првиот земјотрес, луѓето мислеа дека е експлозија и влегоа во нивните домови“, рече тој. Стотици други, главно жени, сè уште се водат како исчезнати во Зенда Јан. Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации во Авганистан, Хаиме Надал изјави дека немаше да има „родова димензија“ во бројот на жртвите доколку земјотресот се случеше навечер. Тој појасни дека голем број рано изутрина излегуваат и одат на работа во Иран, поради што во домовите останале претежно жени и деца.]]>

Повеќе од 90 отсто од загинатите во земјотресот во Авганистан што се случи минатата сабота, се деца и жени, соопштија денеска Обединетите нации. Талибанските власти информираа дека бројот на загинати во земјотресите со јачина до 6,3 степени во западен Авганистан, во близина на градот Херат, се искачи на повеќе од 2.000 и дека се од различна возраст и од двата пола. Според ОН, епицентарот на земјотресот бил во областа Зенда Јан, каде загинале 1.294 лица, 1.688 се повредени, а сите куќи се уништени. Шефот на теренската канцеларија на УНИЦЕФ во Херат, Сидиг Ибрахим, рече дека е поверојатно дека жените и децата биле во своите домови утрото кога се случил првиот земјотрес, а потоа и уште неколку силни. „Кога се случи првиот земјотрес, луѓето мислеа дека е експлозија и влегоа во нивните домови“, рече тој. Стотици други, главно жени, сè уште се водат како исчезнати во Зенда Јан. Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации во Авганистан, Хаиме Надал изјави дека немаше да има „родова димензија“ во бројот на жртвите доколку земјотресот се случеше навечер. Тој појасни дека голем број рано изутрина излегуваат и одат на работа во Иран, поради што во домовите останале претежно жени и деца.]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/feed/ 0
Земјотрес со јачина од 6,3 степени повторно го погоди Авганистан- илјадници луѓе загинаа во последователните потреси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-6-3-stepeni-povtorno-go-pogodi-avganistan-iljadnitsi-luge-zaginaa-vo-posledovatelnite-potresi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-6-3-stepeni-povtorno-go-pogodi-avganistan-iljadnitsi-luge-zaginaa-vo-posledovatelnite-potresi/#respond Wed, 11 Oct 2023 08:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=887680

Нов силен земјотрес утрово го погоди западниот дел на Авганистан. Минатата недела во земјотресот во таа област загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а многу села беа срамнети со земја. Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени е регистриран на околу 28 километри надвор од Херат, главниот град на истоимената провинција, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС). Епицентарот на претходниот земјотрес, во саботата, беше на околу 40 километри северозападно од главниот град на провинцијата Херат, а имаше и неколку силни последователни потреси, вклучувајќи го и земјотресот со јачина од 6,3 степени во саботата. Талибанските власти соопштија дека повеќе од 2.000 луѓе загинале во провинцијата Херат за време на претходните потреси. Тие подоцна објавија дека илјадници луѓе загинале и се повредени во последователните потреси, но не дадоа детални информации. Засега нема информации за последиците од денешниот земјотрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-6-3-stepeni-povtorno-go-pogodi-avganistan-iljadnitsi-luge-zaginaa-vo-posledovatelnite-potresi/feed/ 0
СЗО: Повеќето од загинатите и повредените во земјотресот во Авганистан се жени и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-poveketo-od-zaginatite-i-povredenite-vo-zemjotresot-vo-avganistan-se-zheni-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-poveketo-od-zaginatite-i-povredenite-vo-zemjotresot-vo-avganistan-se-zheni-i-detsa/#respond Tue, 10 Oct 2023 06:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=887244

Жените и децата сочинуваат две третини од жртвите од најновите земјотреси во Авганистан, кои се примени во болница со сериозни повреди, соопшти шефот за итни интервенции на Светската здравствена организација (СЗО) во земјата. Талибанците соопштија дека најмалку 2.400 луѓе загинале, а повеќе од 2.000 се повредени во земјотресите од саботата, кои се сметаат за меѓу најсмртоносните во светот оваа година по земјотресите во Турција и Сирија во кои загинаа околу 50.000 луѓе. - Земјотресот се случи околу 11:00 часот кога мажите беа надвор од своите домови, така што повеќето од загинатите и повредените се жени и деца кои во тоа време беа во нивните домови, изјави Ала Абу Зеид од СЗО во видео-интервју за Ројтерс. Тој предупреди дека финансирањето на хуманитарните операции останува критично, а глобалното внимание и финансирање се пренасочени од Авганистан. Тоа би можело да се припише на конкурентните или претстојните кризи ширум светот, како што се Блискиот Исток и Украина, и поради ограничувањата на талибанците за жените, велат дипломатите и претставниците на хуманитарните организации. Хуманитарната канцеларија на ОН најави помош во износ од пет милиони долари за одговор на земјотресот, а непосредна материјална помош пристигна од ограничен број земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-poveketo-od-zaginatite-i-povredenite-vo-zemjotresot-vo-avganistan-se-zheni-i-detsa/feed/ 0
ОН немаат средства: Храна само за една петина од гладните Авганистанци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nemaat-sredstva-hrana-samo-za-edna-petina-od-gladnite-avganistantsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nemaat-sredstva-hrana-samo-za-edna-petina-od-gladnite-avganistantsi/#respond Tue, 05 Sep 2023 16:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=874869

Светската програма за храна соопшти дека годинава нема да може да обезбеди помош во храна за уште два милиони луѓе во Авганистан поради недостиг на пари. Во април и мај, програмата мораше да ја намали помошта за околу осум милиони луѓе, а со новите два милиони, на вкупно 10 милиони луѓе ќе им биде одбиена помошта во храна. Храна ќе биде обезбедена само за една петина од 15-те милиони Авганистанци на кои им е потребна помош, соопшти Агенцијата за храна на ОН. - Поради загрижувачкото ниво на глад и неисхранетост, принудени сме да избираме помеѓу гладните и оние чии животи се загрозени од глад, оставајќи милиони семејства сами да се грижат за следниот оброк, изјави директорот на програмата за Авганистан Хсиао Веи Ли. Тој додаде дека со малкуте ресурси што им останале не се во можност да им служат на сите кои се на работ на сиромаштија. Иако ветија поумерено владеење, талибанците воведоа строги мерки откако ја презедоа власта во Авганистан. Меѓу другото, на жените им е забрането да работат во невладини организации. Таа забрана во април беше проширена и на вработените во Обединетите нации. Мерките дополнително ја изолираа земјата, која веќе беше во економска и хуманитарна криза. Поради новото намалување на помошта, се проценува дека 1,4 милиони нови мајки и бремени жени и нивните деца ќе останат без специјална храна за да се спречи неисхранетост, соопштија ОН. Се очекува во наредните месеци да има нагло зголемување на бројот на приеми во центрите за исхрана бидејќи децата ќе бидат се повеќе гладни. Во текот на следните шест месеци, на програмата и се потребни една милијарда долари за помош на 21 милион луѓе. Ова вклучува пари за донирање храна за заедниците кои ќе бидат отсечени за време на суровата авганистанска зима, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nemaat-sredstva-hrana-samo-za-edna-petina-od-gladnite-avganistantsi/feed/ 0
Талибанците им забранија на жените да влезат во национален парк во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-im-zabranija-na-zhenite-da-vlezat-vo-natsionalen-park-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-im-zabranija-na-zhenite-da-vlezat-vo-natsionalen-park-vo-avganistan/#respond Mon, 28 Aug 2023 12:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=871723

Талибанците им забранија на жените да го посетуваат еден од најпопуларните национални паркови во Авганистан поради поплаки дека женските посетители не го носат правилно хиџабот. Илјадници луѓе го посетуваат националниот парк Банд-е-Амир секоја година, кого го красат пејсажи со сафирно сини езера и високи карпи во централната провинција Бамијан во земјата, пишува британскиот весник „Гардијан“. Забраната беше соопштена откако в.д. министерот за морални вредности се пожали дека жените кои го посетуваат паркот не го следат правилниот начин на носење хиџаб. „Жените не мора да одат во разгледување на градот“, рече Мохамед Калид Ханафи откако побара од безбедносните сили да почнат да ги спречуваат жените да влегуваат во паркот. Талибанците, кои дојдоа на власт во Авганистан во август 2021 година, рекоа дека причината за забраната на жените да одат на повеќето јавни места е затоа што жените не ги почитувале правилата за носење хиџаб. Наспроти ветувањата за поумерена политика кон жените, која ја дадоа кога дојдоа на власт, талибанците им забранија пристап на јавни места, како што се паркови и спортски сали, образование и ги ограничија медиумските слободи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-im-zabranija-na-zhenite-da-vlezat-vo-natsionalen-park-vo-avganistan/feed/ 0
Затворањето на козметичките и фризерските салони во Авганистан ќе доведе до загуба на околу 60.000 работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoraneto-na-kozmetichkite-i-frizerskite-saloni-vo-avganistan-ke-dovede-do-zaguba-na-okolu-60-000-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoraneto-na-kozmetichkite-i-frizerskite-saloni-vo-avganistan-ke-dovede-do-zaguba-na-okolu-60-000-rabotni-mesta/#respond Mon, 24 Jul 2023 10:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=859419

Фризерските и козметичките салони во Авганистан ќе бидат затворени во следните недели по налог на талибанските власти, а тоа ќе доведе до губење на околу 60.000 работни места. Талибанските власти минатиот месец власти одлучија да ги забранат фризерските и козметичките салони. На 19 јули жените одржаа протест во Кабул против одлуката на талибанските власти да ги затворат козметичките салони, а околу 50 Авганистанки извикуваа „Работа, леб и правда“. Полицијата употребила водени топови за да ја растера толпата, а неколку жени изјавиле дека полицајците користеле и шок-пиштоли. Талибанците, кои дојдоа на власт пред две години, претходно им забранија на жените да посетуваат средно училиште и факултет, како и користење на спортски сали и престој во паркови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoraneto-na-kozmetichkite-i-frizerskite-saloni-vo-avganistan-ke-dovede-do-zaguba-na-okolu-60-000-rabotni-mesta/feed/ 0
Талибанците ги забранија сите шведски активности во Авганистан поради палењето на копија од Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-gi-zabranija-site-shvedski-aktivnosti-vo-avganistan-poradi-paleneto-na-kopija-od-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-gi-zabranija-site-shvedski-aktivnosti-vo-avganistan-poradi-paleneto-na-kopija-od-kuranot/#respond Tue, 11 Jul 2023 12:08:42 +0000 https://kurir.mk/?p=855370

Талибанската влада во Авганистан денеска нареди да се стопираат сите активности што ги развива Шведска во земјата. Причината е јавното палење на примерок од светата книга за муслиманите – Куранот – пред најголемата џамија во шведскиот главен град Стокхолм минатиот месец. „По сквернавењето на светиот Куран и дозволата да се навредува муслиманската вера ... Исламскиот емират на Авганистан нареди да се прекинат сите шведски активности во Авганистан“, се вели во соопштението на портпаролот на владата на талибанците Забиула Муџахид. Шведска нема активна амбасада во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година. Се очекува наредбата да влијае на активностите на невладината организација „Шведски комитет за Авганистан“, чии илјадници волонтери работат во сферата на здравствената заштита, образованието и руралниот развој низ целата земја. Ирачки иселеник во Шведска минатиот месец запали копија од Куранот пред најголемата џамија во Стокхолм, предизвикувајќи гнев низ муслиманскиот свет. Властите во Кабул не прецизираа кои организации ќе бидат засегнати од одлуката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-gi-zabranija-site-shvedski-aktivnosti-vo-avganistan-poradi-paleneto-na-kopija-od-kuranot/feed/ 0