авганистанки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 16:45:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авганистанки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-zabranija-na-avganistankite-da-odat-vo-zabavni-parkovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-zabranija-na-avganistankite-da-odat-vo-zabavni-parkovi/#respond Wed, 09 Nov 2022 16:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=758118

Талибанските власти им наредија на сопствениците на сите забавни паркови во Авганистан да не им дозволат на жените да влегуваат, што е уште една забрана со која соочуваат Авганистанките. Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал, позната како Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороците, ја потврди веста за ДПА, но одби да коментира за причината. Министерството во март нареди сите забавни паркови во градот Кабул да бидат сегрегирани врз основа на пол. Талибанската влада постепено воведува ограничувања во јавниот живот откако се врати на власт за време на хаотичното повлекување на силите на НАТО предводени од САД во август 2021 година. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-zabranija-na-avganistankite-da-odat-vo-zabavni-parkovi/feed/ 0
Авганистанките повторно излегоа на протест во Кабул со барања за почитување на човековите права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistankite-povtorno-izlegoa-na-protest-vo-kabul-so-baranja-za-pochituvanje-na-chovekovite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistankite-povtorno-izlegoa-na-protest-vo-kabul-so-baranja-za-pochituvanje-na-chovekovite-prava/#respond Sun, 19 Sep 2021 10:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=565433

Голем број Авганистанки денеска повторно излегоа на улиците низ Кабул да ги побараат правото на работа и студирање, спротивставувајќи му се на се помрачниот талибански исламистички авторитаризам, јави ДПА. Група од дваесетина активисти за женски права се собраа пред зградата што до неодамна беше Министерство за женски работи во авганистанскиот главен град Кабул, скандирајќи „женски права и човекови права“. Талибанците вчера го укинаа Министерството за женски работи и го заменија со Министерството за промовирање на доблест и спречување на пороци, своевидно седиште на верската полиција, чија улога е да ја спроведе јавната пристојност и да се придржува до строгото толкување на исламот од страна на талибанците. За време на претходниот режим на талибанците, во 1990-тите, застрашувачката верска полиција јавно ги удираше и тепаше жените кои се осмелуваа да излезат надвор без да го покријат целото тело. Талибанците веќе им забранија на девојчињата да посетуваат средно училиште и на универзитетите им наложија да ги одделат часовите по пол, но, од друга страна, не откриваат за тоа колку индивидуални слободи планираат да им доделат на жените. По заземањето на власта од талибанците, авганистанските жени одржаа неколкудневни протести низ целата земја во кои побараа од тврдокорните исламисти да ги почитуваат нивните човекови права. Меѓутоа, протестите беа насилно задушени. Денешниот протест во Кабул очигледно мина без инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistankite-povtorno-izlegoa-na-protest-vo-kabul-so-baranja-za-pochituvanje-na-chovekovite-prava/feed/ 0