авганистански бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авганистански бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 200.000 авганистански бегалци протерани од Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-200-000-avganistanski-begaltsi-proterani-od-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-200-000-avganistanski-begaltsi-proterani-od-pakistan/#respond Sat, 04 Nov 2023 12:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=896425

Повеќе од 200.000 авганистански бегалци досега се протерани од Пакистан како дел од напорите за справување со илегалните имигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Пакистан. „Повеќе од 200.000 авганистански бегалци досега се вратени во нивната татковина“, рече министерот за внатрешни работи сенаторот Сарфраз Бугти. Бугти рече дека процесот на репатријација се одвива без проблеми на сите премини во провинциите што граничат со Авганистан. Во изминатите неколку недели, повеќе од 160.000 бегалци ја минаа границата од северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, а повеќе од 50.000 ја напуштија земјата од југозападната провинција Балуџистан. Според владините податоци, во Пакистан живеат приближно 4,4 милиони авганистански бегалци, од кои 1,7 милиони немаат валидни документи. Минатиот месец Пакистан објави масовни депортации на авганистански бегалци без документи или илегални бегалци кои живеат во земјата, што наиде на критики од западните влади и глобалните групи за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-200-000-avganistanski-begaltsi-proterani-od-pakistan/feed/ 0
Анкета: Германија се подели за прифаќањето голем број авганистански бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germanija-se-podeli-za-prifakjanjeto-golem-broj-avganistanski-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germanija-se-podeli-za-prifakjanjeto-golem-broj-avganistanski-begalci/#respond Sat, 04 Sep 2021 08:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=559149

Истражувањето нарачано од новинската агенција ДПА покажува дека Германците се поделени околу тоа дали земјата треба да го зголеми азилот за голем број Авганистанци кои бегаат од владеењето на талибанците. Околу 46 проценти од испитаниците во репрезентативното истражување спроведено минатата недела од страна на „ЈуГов“ беа „против“ прифаќање авганистански бегалци во голем обем. Вкупно 47 проценти се изјаснија за давање поголема заштита на Авганистанците. Сепак, некои од оние кои се за дарежлива политика за прием имаа предупредување. Еден од четворица смета дека Германија треба да даде добредојде само ако другите држави од ЕУ го следат примерот и го преземат својот дел. Само 22 проценти од Германците би поддржале прифаќање голем број луѓе од Авганистан, дури и ако другите држави на ЕУ не го сторат тоа. На состанокот минатиот вторник, министрите за внатрешни работи на Европската унија не успеаја да најдат заеднички став за тоа како да се справат со мигрантите од Авганистан. Држави како Австрија, Чешка и Данска инсистираа да понудат помош само за раселените лица и бегалците во регионот, а не во Европа. Некои земји во Европа го зголемија алармот за изгледите за масовен прилив на бегалци како што беше забележан во 2015 година. Во анкетата учествуваа 2.017 луѓе во Германија на возраст од 18 години и повеќе, од 27 август до 31 август. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germanija-se-podeli-za-prifakjanjeto-golem-broj-avganistanski-begalci/feed/ 0
Село во Холандија гореше поради прием на 800 авганистански бегалци во државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/selo-vo-holandija-goreshe-poradi-priem-na-800-avganistanski-begalci-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/selo-vo-holandija-goreshe-poradi-priem-na-800-avganistanski-begalci-vo-drzavata/#respond Thu, 26 Aug 2021 09:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=555178

Холандската полиција мораше да употреби сила и кучиња за да ги растера протестите пред воената база во селото Харскамп, 85 километри источно од Амстердам, јавуваат повеќе европски медиуми. Во воената база која е близу селото има приемен центар за авганистански бегалци. Предвидено е таму да престојуваат 800 мигранти. Демонстрантите кои беа околу 250 на број, најпрво мирно протестираа, но, во текот на ноќта протестирачите почнаа да палат автомобилски гуми. Од топлата можеа да се слушнат извици „нашите луѓе на прво место“ и „Харскамп ни припаѓа нам“, известуваат холандските медиуми. Полицискиот портпарол вели дека немало приведени демонстранти и дека немало казнети. Протестот беше осуден од министерот за надворешни работи и министерот за одбрана на Холандија. „Ужасно е, овие луѓе треба да гледаат телевизија и да видат што се случува на другите делови од светот, изјави холандската министерка за одбрана Анк Бијлевелд. Стотици Авганистанци пристигнаа во Холандија последниве денови. Предвидено е да бидат вкупно 800 и да бидат сместени во три холандски воени бази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/selo-vo-holandija-goreshe-poradi-priem-na-800-avganistanski-begalci-vo-drzavata/feed/ 0