Авганистански новинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Sep 2021 15:30:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Авганистански новинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 100 авганистански новинари апелираат на меѓународна помош за заштита на слободата на печатот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-avganistanski-novinari-apeliraat-na-megjunarodna-pomosh-za-zashtita-na-slobodata-na-pechatot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-avganistanski-novinari-apeliraat-na-megjunarodna-pomosh-za-zashtita-na-slobodata-na-pechatot/#respond Sat, 18 Sep 2021 15:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=565251

Повеќе од 100 авганистански новинари апелираа до меѓународната заедница да ја заштити слободата на печатот во Авганистан, јави ДПА. Најитна потреба е гарантирање на заштитата, особено на новинарките, соопшти анонимно групата новинари, уредници, фотогради во апелот упатен преку Репортери без граници (РСФ). Честите напади врз медиумите и мешањето на талибанците во нивната работа ги натера да се плашат од најлошото, наведуваат новинарите. Апелот, насловен „Новинарството во Авганистан е во опасност од истребување“, е потпишан од етнички и политички разновидна група од 103 новинари, уредници и фотографи, вклучувајќи 20 жени, наведува Репортери без граници (RSF) Повеќето од нив се уште работат во Авганистан, иако некои се кријат, а 10 се во егзил. Сите сакаа да останат анонимни од страв од одмазда против нив или членовите на нивното семејство, пренесува ДПА. -Талибанците покажаа дека нема да толерираат слободен печат, ниту во Кабул, ниту во провинциите, изјави извршниот директор на РСФ, Кристијан Михр. „Постои закана за враќање на мрачните пет години од првото владеење на талибанците’, додаде тој. Новинарите побараа конкретна поддршка за да им се овозможи на авганистанските редакции да продолжат да работат. „На краток рок, потребна е и дипломатска, конзуларна и финансиска помош за евакуација на новинарите во ризик“, се додава во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-avganistanski-novinari-apeliraat-na-megjunarodna-pomosh-za-zashtita-na-slobodata-na-pechatot/feed/ 0
Авганистанските новинари бараат ОН да ја гарантираат нивната безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistanskite-novinari-baraat-on-da-ja-garantiraat-nivnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistanskite-novinari-baraat-on-da-ja-garantiraat-nivnata-bezbednost/#respond Mon, 30 Aug 2021 16:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=556868

Авганистанските новинари потпишаа колективно писмо до ОН во кое повикуваат на нивна безбедност, објави телевизијата „Толо њуз“. - Со оглед на тековните проблеми и зголемените закани по животите, имотот и семејствата на медиумските работници, би сакале да побараме поддршка од ОН за да ги спасиме нашите животи и животите на нашите семејства, го цитира писмото телевизискиот канал. Локалната новинска агенција Пајхвок вчера соопшти дека Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) примила повеќе од 2.000 барања од авганистанските колеги за помош при евакуација од Авганистан, откако талибанците ја презедоа власта во земјата. ИФЈ веќе побара од раководството на талибанското движење да организира безбедно заминување на авганистанските новинари од аеродромот во Кабул. Не е познато дали е добиен одговор од талибанците. Според Џереми Дир, заменик генерален секретар на ИФЈ, талибанците не дозволиле новинарите со странски виза да го напуштат Кабул, оставајќи ја федерацијата беспомошна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistanskite-novinari-baraat-on-da-ja-garantiraat-nivnata-bezbednost/feed/ 0