авганистански војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jan 2021 11:54:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авганистански војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Талибанците убиле најмалку десет авганистански војници во напад во провинцијата Кундуз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-ubile-najmalku-deset-avganistanski-vojnici-vo-napad-vo-provincijata-kunduz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-ubile-najmalku-deset-avganistanski-vojnici-vo-napad-vo-provincijata-kunduz/#respond Fri, 15 Jan 2021 11:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=455731

Најмалку десет припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени кога талибанците нападнале контролен пункт во северната провинција Кундуз, соопштија денеска авганистанските власти. Други 11 припадници на безбедносните сили се ранети во ноќниот напад во областа Имам Сахеб, за ДПА изјавија тројца провинциски советници. Најмалку седум војници се ранети во југоисточната провинција Газни, откако владините сили погодиле талибански бомбаш-самоубиец кој управувал оклопно возило наполнето со експлозив, соопштија локалните власти. Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Вахидула Jумазада, изјави дека бунтовниците од неколку правци ги нападнале безбедносните бази што го опкружуваат главниот град на провинцијата, но нападите биле одбиени со помош на воздухопловните сили. -Еден цивил загинал за време на бомбардирање на неговото возило, додаде Јамузада. И покрај актуелните мировни разговори меѓу авганистанската влада и талибанците во Доха од средината на септември, продолжува насилството во Авганистан. Талибанците досега одбиваа да прифатат примирје. Целта на преговорите е да се стави крај на војната што трае со децении, но засега нема никаков напредок во преговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-ubile-najmalku-deset-avganistanski-vojnici-vo-napad-vo-provincijata-kunduz/feed/ 0
Најмалку осуммина авганистански војници убиени во напад на талибанците во Пактија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-osummina-avganistanski-vojnici-ubieni-vo-napad-na-talibancite-vo-paktija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-osummina-avganistanski-vojnici-ubieni-vo-napad-na-talibancite-vo-paktija/#respond Sat, 16 May 2020 10:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=346607

Најмалку осум владини војници загинаа, а деветмина други се повредени во ноќешните напади на талибанците врз безбедносни пунктови во југоисточната провинција Пактија, соопштија денеска авганистанските власти, пренесе ДПА. -Војниците се грижеа за безбедноста на повеќенаменската брана во областа Ахмад Аба, изјави за ДПА покраинскиот советник Мохамед Рахман Кадери. Двајца локални претставници соопштија дека милитантите киднапирале и 12 цивили во областа Самкани, во истата покраината. Гувернерот на округот Абдул Рахман Зурмати тврди дека талибанците им се закануваат на луѓето кои работат со владата. Милитантната група засега не ги коментираше нападите и изјавите на официјалните претставници . Талибанците пред два дена активираа камион бомба во главниот град на Пактија, при што загинаа најмалку пет лица, а беа повредени десетици други. Во централниот дел на провинцијата Гор, талибанците нападнаа контролен пункт во главниот град Фирозкох, убивајќи тројца владини војници и земајќи 11 заробеници, изјави друг претставник. Борбите во Авганистан се интензивираа откако претседателот Ашраф Гани и нареди на војската неделава да изведе офанзива против талибанците по нападите врз болницата породилиште на „Лекари без граници“ во Кабул и на погребот во Нангархар во кој загинаа повеќе од 50 луѓе, потсети ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-osummina-avganistanski-vojnici-ubieni-vo-napad-na-talibancite-vo-paktija/feed/ 0