Авганистански жени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Sep 2022 19:27:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Авганистански жени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предупредување: Се појави шема на малтретирање на авганистанските жени од персоналот на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvanje-se-pojavi-shema-na-maltretiranje-na-avganistanskite-zeni-od-personalot-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvanje-se-pojavi-shema-na-maltretiranje-na-avganistanskite-zeni-od-personalot-na-on/#respond Mon, 12 Sep 2022 19:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=731905

Мисијата на Обединетите нации во Авганистан ги обвини талибанските власти за малтретирање на нивните вработени во Авганистан, соопштија денеска претставници на мисијата на ОН. Тие ги повикаа локалните власти да го почитуваат персоналот на мисијата на ОН. -Се појави шема на малтретирање на авганистанските жени од персоналот на ОН од страна на талибанските власти, се вели во соопштението. Се наведува дека три Авганистанки неодамна биле накратко приведени и испрашувани од вооружени владини безбедносни агенти. Обединетите нации повикаа на итен прекин на сите акти на „заплашување и вознемирување насочени кон авганистанскиот женски персонал“ и ги потсетија локалните власти на нивните обврски според меѓународното право да ја гарантираат безбедноста на целиот персонал на ОН што работи во Авганистан. Во соопштението објавено вечерва од талибанците се негира дека локалните власти привеле припадници на персонал на ОН. Според извештаите, властите во јужната провинција Кандахар запреле група жени, но кога сфатиле дека се вработени во ОН, престанале да ги испрашуваат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvanje-se-pojavi-shema-na-maltretiranje-na-avganistanskite-zeni-od-personalot-na-on/feed/ 0
Авганистанските жени повторно побараа светот да им помогне во остварување на правото на образование и работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistanskite-zeni-povtorno-pobaraa-svetot-da-im-pomogne-vo-ostvaruvanje-na-pravoto-na-obrazovanie-i-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistanskite-zeni-povtorno-pobaraa-svetot-da-im-pomogne-vo-ostvaruvanje-na-pravoto-na-obrazovanie-i-rabota/#respond Tue, 26 Oct 2021 11:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=585751

На денешните протести во Кабул жените ги побараа своите права на работа и образование и ја повикаа меѓународната заедница, потенцирајќи дека „светот гледа и молчи додека тие умираат“. „Зошто светот мирно не гледа како умираме?“, пишуваше на еден од транспарентите што ги носеа демонстрантките во Кабул. Десетина од нив ризикуваа да го предизвикаат гневот на талибанците, кои им забранија демонстрации и со сила ги задушија неколкуте откако во август ја презедоа власта во Авганистан. Пред исламистите да ги отстранат медиумите што го покриваа протестот, активистите успеаја да ги истакнат транспарентите со барањето на правото на образование и работа. -Бараме од генералниот секретар на ОН да не поддржи во остварување на правото на образование и работа. Во моментов, сè ни е забрането, изјави Вахида Амири, една од организаторките на Спонтаното движење на жени активистки во Авганистан, пренесуваат француските медиуми. Нивниот протест, што се однесува на, како што се вели, „политичката, социјалната и економската ситуација“ во Авганистан, требаше да се одржи во близина на мисијата на ОН (УНАМА), но во последен момент беше преместен на друга локација. Тоа е влезот во поранешната „Зелена зона“, каде што се наоѓаат зградите на неколку западни амбасади, кои главно беа напуштени откако талибанците ја презедоа власта. Вооружените талибански стражари на влезот во заштитеното подрачје ги повикаа демонстрантите и медиумите да се оддалечат. -Немаме ништо против талибанците, само сакаме мирно да протестираме, рече Вахида Амири. Симболичните демонстрации на жените станаа честа појава во Кабул во последните неколку недели, бидејќи талибанците се уште не им дозволуваат да се вратат на работа, а на повеќето девојчиња сè уште им е забрането да одат на училиште. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistanskite-zeni-povtorno-pobaraa-svetot-da-im-pomogne-vo-ostvaruvanje-na-pravoto-na-obrazovanie-i-rabota/feed/ 0