авичи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Jul 2019 14:41:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авичи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таткото на Авичи за смртта на својот син: Ова е неговата теорија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tatkoto-na-avichi-za-smrtta-na-svojot-sin-ova-e-negovata-teorija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tatkoto-na-avichi-za-smrtta-na-svojot-sin-ova-e-negovata-teorija/#respond Thu, 04 Jul 2019 14:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=215420

Ди Џеј Авичи, со вистинско име Тим Берглинг, починал кон крајот на април 2018-та на 29 години. Неговиот татко Клас Берглинг проговорил за трагичниот случај. Во интервју за CNN, Клас смртта на синот ја споредил со сообраќајна несреќа. -Според нашата теорија, тој не планирал да умре, тоа повеќе било како сообраќајна несреќа. Многу работи му се случија и насобраа, а тоа го довело надвор од контрола, рекол Берлинг. Неговото тело било пронајдено во Оман, каде што летувал. Неодамна излегол документарецот "Avicii: True Stories", во кој се прикажува неговата макотрпна борба со зависноста со таблетите и анксиозноста, од кои никогаш не успеал да се ослободи. Авичи престанал да настапува уште во 2016-та година поради проблеми со анксиозност и зависност од дрога и алкохол. Исто така се борел со акутно воспаление на штитната жлезда, кое му било дијагностицирано поради прекумерно консумирање на алкохол, а поради тоа морал да ги отстрани жолчката и слепото црево. "Се ме болеше, но сеедно му ги дадоа тие лекови и ми кажаа дека од нив ќе ми биде подобро. Беа како хероин, но не ми помагаа. Претпоставив дека лекарите си ја знаат работата", рекол Авичи во документарниот филм на "Netflix". Авичи поради болки во штитната жлезда, кои траеле и по четири месеци, консумирал коктел од лекови, меѓу кои и "Percocet", лекарство кое предизвикува зависност. "Почнав да пијам по 20 апчиња на ден, а ми кажаа дека не предизвикуваат зависност. Уште бев анксиозен, но повторно почнав со настапи", рекол своевремено диџејот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tatkoto-na-avichi-za-smrtta-na-svojot-sin-ova-e-negovata-teorija/feed/ 0
Откако си го одзеде животот: Постхумно објавена песна на шведскиот ди-џеј Авичи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkako-si-go-odzede-zivotot-posthumno-objavena-pesna-na-shvedskiot-di-dzej-avichi-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkako-si-go-odzede-zivotot-posthumno-objavena-pesna-na-shvedskiot-di-dzej-avichi-video/#respond Thu, 11 Apr 2019 08:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=185057

На Јутјуб се појави нова песна на починатиот шведски ди-џеј Авичи, со наслов „SOS“, којашто е дел од постхумниот албум, најавен за 6 јуни годинава. Песната е преслушана над 900.000 пати, а под видеото љубителите не престануваат да оставаат емотивни пораки за прерано починатиот музичар. Всушност, и самото видео е составено од коментари на обожаватели. Вокалот е на Алое Блак, со кој Авичи соработуваше и во својот можеби најголем хит – „Wake Me Up“. Ди-џејот лани си го одзеде својот живот во Оман. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkako-si-go-odzede-zivotot-posthumno-objavena-pesna-na-shvedskiot-di-dzej-avichi-video/feed/ 0
По два месеци погребан Авичи- семејството окри детали како настанала смртта на диџејот која многумина ги згрози (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-dva-meseci-pogreban-avichi-semejstvoto-okri-detali-kako-nastanala-smrtta-na-didzejot-koja-mnogumina-gi-zgrozi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-dva-meseci-pogreban-avichi-semejstvoto-okri-detali-kako-nastanala-smrtta-na-didzejot-koja-mnogumina-gi-zgrozi-foto/#respond Tue, 12 Jun 2018 20:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=65039

Светски познатиот диџеј Авичи конечно е погребан пред два дена на приватна церемонија на која присуствуваа најблиските членови на семејството и пријателите. Погребот се одржал во родниот Стокхолм на познатите „шумски“ гробишта. Авичи беше пронајден мртов на 20 април во хотелско одморалиште во Оман, под околности дека се самоубил на 28 годишна возраст. Сепак и два месеци по смртта се уште не е објавена вистинската причина за смртта на музичарот, а неговото семејство во еден наврат откако во медиумите се пишуваше дека тој се самоубил откри дека нивниот син се борел со црни мисли. Тие додаваат дека музичарот бил нежна уметничка душа и осетливо момче кое не било доволно силно за машинеријата во која прерано влезе. Него го мачеле и филозофски мисли околу значењето на животот и поимот за среќа, но и дека сакал да го пронајде својот мир. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-dva-meseci-pogreban-avichi-semejstvoto-okri-detali-kako-nastanala-smrtta-na-didzejot-koja-mnogumina-gi-zgrozi-foto/feed/ 0
Авичи се уште не е погребан: Семејството соопшти дека тоа ќе се случи далеку од очите на јавноста https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/avichi-se-ushte-ne-e-pogreban-semejstvoto-soopshti-deka-toa-kje-se-sluchi-daleku-od-ochite-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/avichi-se-ushte-ne-e-pogreban-semejstvoto-soopshti-deka-toa-kje-se-sluchi-daleku-od-ochite-na-javnosta/#respond Wed, 23 May 2018 15:49:25 +0000 https://kurir.mk/?p=57557

Иако помина речиси еден месец од неговата смрт, Авичи, се уште не е погребан. Неговото семејство вчера објави соопштение во кое стои дека погребот ќе биде затворен за јавноста, а новинарите и неговите обожаватели беа замолени да ја почитуваат оваа одлука. -Последниве неколку дена добивме многу прашања за погребот. Сакаме да ве известиме дека погребот ќе се одржи само со присуство на најблиските пријатели и семејство на Тим, а новинарите и обожавателите ги замолуваме да ја почитуваат оваа одлука, стои во соопштението. Славниот диџеј Тим Берлинг, уште попознат во јавноста како Авичи, минатиот месец беше пронајден мртов во хотелска соба во Оман. Точната причина околу причината за неговата смрт се уште не е позната, иако многу светски медиуми тврдат дека станува збор за самоубиство. Сепак, неговото семејство не прецизираше за што точно станува збор, туку излегоа со соопштение во кое пишуваше дека 28-годишниот уметник се „борел со своите мисли и не можел да продолжи понатаму“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/avichi-se-ushte-ne-e-pogreban-semejstvoto-soopshti-deka-toa-kje-se-sluchi-daleku-od-ochite-na-javnosta/feed/ 0
Се огласи тајната љубовница на Авичи: Заедно планирале деца, а диџејот му бил и очув на нејзиниот син (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-oglasi-tajnata-ljubovnica-na-avichi-zaedno-planirale-deca-a-didzejot-mu-bil-i-ochuv-na-nejziniot-sin-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-oglasi-tajnata-ljubovnica-na-avichi-zaedno-planirale-deca-a-didzejot-mu-bil-i-ochuv-na-nejziniot-sin-foto/#respond Fri, 27 Apr 2018 13:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=47019

Шведскиот музичар и продуцент Авичи кој беше пронајден мртов на 20 април оваа година речиси и да не излегува од центарот на вниманието овие денови. Овој пат откако во јавноста се огласија двете поранешни девојки на музичарот овој пат се огласи и третата девојка со која пејачот бил во врска. Се работи за Тереза Качерова која по професија е модел со која Авичи бил во голема љубов но тајна. Тереза на Инстаграм ги шокираше сите откако објави отворено писмо во кое открива дека планирале заеднички деца заедно со Авичи. Таа во писмото пишува и за времето кое го поминале заедно, како и тоа дека тој му бил очув на нејзиниот син Лукас. -Драг Авичи овие денови ги поминав обидувајќи се да се разбудам и чекајќи некој да ми одговори дека ова е шега и грозна грешка. Мислам дека сега знам дека веќе никогаш нема да те видам, пишува Тереза во дел од писмото. Таа во писмото вели и дека била посветена целиот период нивната љубов да ја држи во тајност бидејќи сакала да биде само нивна и никој да не учествува во нивната авантура. -Те нарекував бебенце, ангел...Последните твои зборови што ми ги изговори беа „те сакам“ и тоа дека сакаш мексиканска кока кола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-oglasi-tajnata-ljubovnica-na-avichi-zaedno-planirale-deca-a-didzejot-mu-bil-i-ochuv-na-nejziniot-sin-foto/feed/ 0
Семејството на Авичи со шокантно писмо до јавноста: Познатиот ДиЏеј се самоубил? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-na-avichi-so-shokantno-pismo-do-javnosta-poznatiot-didzej-se-samoubil/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-na-avichi-so-shokantno-pismo-do-javnosta-poznatiot-didzej-se-samoubil/#respond Thu, 26 Apr 2018 18:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=46641

Семејството на шведскиот диџеј Авичи кој почина пред неколку денови, на возраст од само 28 години, даде нова изјава за јавноста во која се имплицира дека познатиот музичар си го одзел животот. Според медиумите кои ја пренесоа веста, изјавата на семејството која е дадена на шведски јазик уште повеќе имплицира за негово самоубиство, отколку нејзините преводи на други јазици. Полицискиот извештај за причината за смртта на познатиот музичар би требало да биде објавен во следните денови. –Нашиот сакан Тим беше трагач, кревка уметничка душа која бараше одговори на егзистенцијални прашања. Предан перфекционист кој патуваше и напорно работеше со темпо кое го доведе до екстремен стрес. Кога престана со турнеите, сакаше да пронајде рамнотежа во животот за да биде среќен и да може да го прави она што најмногу го сака – музиката. Вистински се мачеше со мислите за борбата, животот, среќата. Веќе не можеше понатаму. Сакаше да пронајде мир. Тим не беше создаден за машинеријата во која се најде, беше чувствително момче кое ги сакаше своите обожаватели, но ги одбиваше рефлекторите на славата. Тим, ќе те сакаме засекогаш и ќе ни недостасуваш. Личноста која беше и твојата музика ќе го одржат сеќавањето за тебе кај живите – пишува во писмото од неговото семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-na-avichi-so-shokantno-pismo-do-javnosta-poznatiot-didzej-se-samoubil/feed/ 0
Авичи: Знаеја дека ќе умрам, но им беше сеедно (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/avichi-znaeja-deka-kje-umram-no-im-beshe-seedno-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/avichi-znaeja-deka-kje-umram-no-im-beshe-seedno-video/#respond Wed, 25 Apr 2018 15:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=46077

Филмот Авичи: Вистински приказни (Avicii: True stories) излезе во октомври минатата година и помина релативно незапазено. Кон почетокот на април стана достапен на сервисите како Нетфликс, но после смртта на музичарот беше „повлечен“. Филмот го потпишува долгогодишниот пријател на музичарот, Леван Цикуришвили, кој цели четири години го снимал Тим Бергилинг, попознат под уметничкото име Авичи. -Гледајќи како му соопштува на својот тим дека се повлекува, а потоа и на целиот свет, дури сега за жал ја имаме целосната слика за тоа под колкав притисок се наоѓал. И покрај проблемите со менталното здравје и битката со алкохолизмот, продолжуваше да настапува, пишува „Дејли Меил“. Наводно заработувал и по четири милиони долари за вечер работејќи на најексклузивните забави, но овој гламурозен ноќен живот носел и голема цена. -Сите кои ме познаваат, знаат дека страдам од анксиозност. Бев многу отворен со целиот тим, луѓето кои со години ме познаваат, кога решив да се повлечам. Очекував поддршка, знаат низ што поминав. Им реков дека ќе умрам ако продолжам, изјавува младиот ди-џеј во документарецот и открива: „Не очекував дека ќе вршат дополнителен притисок врз мене по никоја цена да не се повлекувам од сцената. Видоа колку ми е лошо, но сеедно ме тераа да продолжам понатаму“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/avichi-znaeja-deka-kje-umram-no-im-beshe-seedno-video/feed/ 0
Замина прерано, живееше пекол: „Авичи почина уште во 2016 година, тогаш потпиша договор со ѓаволот“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-prerano-ziveeshe-pekol-avichi-pochina-ushte-vo-2016-godina-togash-potpisha-dogovor-so-gjavolot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-prerano-ziveeshe-pekol-avichi-pochina-ushte-vo-2016-godina-togash-potpisha-dogovor-so-gjavolot/#respond Wed, 25 Apr 2018 08:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=45754

Дамир Лудвиг е хрватски диџеј со долгогодишна кариера кој настапува во светски елитни клубови низ светот. Смртта на неговиот колега Авичи многу го потресе, па реши да го напише овој статус на „Фејсбук“. Неговиот осврт на животот и работата на Авичи, навистина ги растажи сите кои го прочитаа. Тим Берглинг беше човек кој почина на 20.4.2018 година. Авичи е бренд кој почина уште во 2016 година. Брендот почина кога Тим одлучи да се повлече. Најважно е да се оддели човекот од неговите индустриски филозофии бидејќи ниеден човек не може да го преживее она што може индустријата со мултимилионскиот грб што го има. Секој што има мирен живот со дневни рутини од утринско кафе, работа, пиво после ручек и слободен викенд, барем еднаш се запрашал што би било сега да е во Бразил, во петок во Австралија, во сабота во Јужноафриканската Република, а во недела во Велика Британија. Би било генијално, но само ако на таа дестинација би пристигале со заповед „Energize“ и „Beam me up Scotty“. За жал, засега таквата технологија е можна само во серијата „Стар Трек“, а дури и со приватните авиони патувањата меѓу наведените дестинации траат минимум 20 часа. Дали некогаш сте патувале 20 часа со трансконтинентален лет? Напорно е! Без оглед на тоа колку долго трае патувањето со авион, кое е попријатно отколку да патувате со рикша на истите рути, не е лесно да се навикнете на поминувањето низ временските зони, патувајќи со брзина од 988 километри на час на висина од 13.100 метри. По патувањето по кое веќе не знаете што со себе, седнувате во автомобил, доаѓате во хотел, брзо се туширате, се обидувате да јадете набрзина, седнувате во автомобил и одите на клупска или фестивалска свирка. Пред свирката има кратка конференција за медиумите, прашања кои сте ги слушнале толку многу пати што ви се чини дека сте како Бил Мареј заробен во филмот „Бесконечен ден“. По свирката седнувате во автомобил, доаѓате во хотел, лежите во кревет неколку часа и се обидувате да заспиете. По кратката борба се предавате, земате таблета за спиење и заспивате, но набрзо чистачките почнуваат со чистењето на другите соби бидејќи гостите со нормален биоритам веќе се на појадок. Парализирани од хемикалиите, не можете да мрднете, а најрадо би ги испратиле чистачките во родното место само за да престанат да вреват. А тогаш ѕвони телефонот со нарачаното будење и станувањето е неизбежно. Кафето не е доволно јако да создаде позитивно расположение, но е доволно јако да создаде гастроинтестинални нарушувања. Замислите турнеја од такви 200 дена во годината, па истото следната година, па следната година. Тоа е турнеја која прераснала во начин на живот, начин на живот каков што живееше Тим Берглинг. Секој што некогаш стоел зад диџејскиот пулт размислувал како изгледа кога си диџеј-ѕвезда, но ја видел само феноменалната фестивалска продукција, прекрасните жени, убавата облека, музиката и лажната љубов што ја опкружува диџеј-ѕвездата. Не знам како Тим го замислувал успехот, но беше премлад да може сам да заклучи каков договор потпишува со индустријата. Вистина е дека своеволно потпишал „договор со ѓаволот“ и дека  најверојатно никој не му ставил пиштол на слепоочницата терајќи го да тргне по патот од кој нема враќање. Потпишал договор со индустријата која го претворила во роб, а ги заштитила своите интереси користејќи го името Авичи наместо името на момчето кое и покрај светската слава, никој не го препозна, освен неговата вистинска фамилија и вистинските пријатели. Лично ги познавам менаџерите на хрватските клубови во кои настапуваше Тим, а кои ми кажуваа дека Берлинг не одговарал на едноставни прашања како „Што пиеш?“ или „Како ти се допаѓа клубот?“, туку тоа за него го правел неговиот менаџер. Тим беше заробеник на договорот со корпорацијата која не му дозволуваше да одлучува за брендот без управата на брендот. И на крајот, зошто ова ме засега мене? Не дека Авичи некогаш бил пуштан во рамките на циклусот „Астралис - Институција“, не дека некогаш ми претставувала нешто музиката за која медиумите тврдеа дека ја пишувал Берглиг. Иако, не можам да сфатам кога тој би успевал да компонира, со оглед на тоа дека постојано настапуваше и патуваше. Ме засега, пред сѐ, бидејќи го ценам животот и без оглед на тоа што не го знаев Тим, жалам што не проживеа живот вреден за живеење, туку ропство. Ме засега бидејќи и тој беше дел од диџејската сцена на која ѝ припаѓам, а ми се гади што некој од нас, кои стоиме зад пултот, стана жртвено јагне. Во своите корени, идејата за диџеј беше идеја за човек од екипата кој стои зад грамофонот. Идејата за диџеј не била идеја за рок-ѕвезда, туку му контрирала на тој став. Диџеј е оној што е достапен, што не е во ВИП-делот, што има време и волја да танцува со публиката и вистински да ужива во музиката. Меѓутоа, откако големите корпорации се вклучија во диџејската сцена, направија сите нови генерации да растат со хибридни наместо со создадени диџеј-ѕвезди, кои преку ноќ се на листата со најбогатите. Тоа не е приказна само на ЕДМ-сцената, туку и на техно, хаус и тех-хаус сцената исто така. Ме засега, а ве засега и вас. Постојат луѓе кои отсекогаш се во вашето соседство, луѓе кои работат на сцената со децении и ја развиваат органски, со љубов и трпение, а не со милијарди и маркетинг-менаџери. Луѓе кои се ЛУЃЕ, а не БРЕНДОВИ, вистински уметници, а не правни ентитети. Поддржете ги нив, а не продуктите на мултимилионските индустрии и можеби ќе спасите живот на еден таков иден Тим, кога индустријата ќе види дека инвестициите не се исплаќаат. Нека ги вложуваат своите пари во нешто друго, а не во експлоатација на луѓето кои дури и по завршената кариера се толку уништени што не можат да живеат. Немојте да ги поддржувате посмртните албуми, да купувате официјални маици со натписи РИП Авичи и да одите на премиера на филмот за фиктивниот живот на уметникот кога ќе се појави бидејќи така ја поддржувате токму индустријата која младиот човек Тим Берглинг го претвори во роб и му создаде здравствени проблеми кои резултираа со негова прерана смрт. Наместо тоа, поддржете ги локалните таленти и ЛУЃЕ, а не индустриските ѕвездени статуси. Сѐ најдобро!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-prerano-ziveeshe-pekol-avichi-pochina-ushte-vo-2016-godina-togash-potpisha-dogovor-so-gjavolot/feed/ 0
„Разбудете ме кога ова ќе заврши“- поранешната девојка на Авичи се прости од него https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razbudete-me-koga-ova-kje-zavrshi-poraneshnata-devojka-na-avichi-se-prosti-od-nego/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razbudete-me-koga-ova-kje-zavrshi-poraneshnata-devojka-na-avichi-se-prosti-od-nego/#respond Mon, 23 Apr 2018 11:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=44811

Поранешната девојка на Авичи се огласи на Инстаграм, откако во петокот се прошири веста за неговата смрт на само 28-годишна возраст. Емили Голдберг го призна кршењето на срцето од оваа вест преку Инстаграм пост, со нивни заеднички фотки и кратка порака. -Ајде, не се откажувај од нас. Одбери ме мене и ќе ти покажам што е љубов – тоа е дел од текстот на песната која Тим ја напиша за мене. Посакувам да живеев по овие зборови. Во тие две години додека бевме заедно тој ми беше најблискиот човек на кој се исповедав, и мојот најдобар пријател. Сега не можам да ги погледам фотографиите, а да знам дека никогаш веќе нема да му го видам лицето. Се уште ги собирам своите мисли. Ви благодарам на сите за пораките на поддршка. Разбудете ме кога сето ова ќе заврши, бидејќи не сакам да е стварно. Почивај во мир, Авичи – напишала Емили, која со починатата ѕвезда била од 2013 до 2015 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razbudete-me-koga-ova-kje-zavrshi-poraneshnata-devojka-na-avichi-se-prosti-od-nego/feed/ 0
ЖИВОТОТ НА АВИЧИ: Тажна приказна за младоста, славата, богатството и кобниот порок https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zivotot-na-avichi-tazna-prikazna-za-mladosta-slavata-bogatstvoto-i-kobniot-porok/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zivotot-na-avichi-tazna-prikazna-za-mladosta-slavata-bogatstvoto-i-kobniot-porok/#respond Mon, 23 Apr 2018 07:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=44652

На 16 години почнав да правам музика, на 18 првпат отидов на турнеја и од тој момент постојано бев на 100 отсто“, го опиша шведскиот музичар и диџеј Авичи својот ран и нагол пробив на светската музичка сцена во интервјуто за „Холивуд рипортер“ пред две години. Тим Берглинг (28), како што беше вистинското име на Авичи, вчера беше пронајден мртов во Оман, а неговата портпаролка одби да даде повеќе детали за неговата смрт. Но познато е дека кариерата на музичката суперѕвезда ја следеше зависноста од алкохол, поради што разви акутен панкреатит и во еден момент престана да настапува. Малку потоа здравствената состојба на музичарот го принудува да се откаже од турнеите. Во 2014 година, лекарите ја отстрануваат жолчката и слепото црево. Неколку години порано, кога е на 21 година, добива дијагнозата акутен панкреатит, најверојатно предизвикан од прекумерно пиење. „Претерував со забавувањето, не само со пиењето. Тоа ме принуди да ги свртам работите за 180 степени и да се откажам од алкохолот“, вели во свое интервју за „Њујорк Тајмс“ Avicii во 2013 година. За неговиот живот е снимен докоментарец „Авичи: Вистински приказни“, во кој се забележани моменти од 2013-та до 2016 година па и моментот кога лекарите му соопштиле дека ќе мора да му ја извадат жолчната кеса. Сегмент од документарецот познатиот диџеј сподели и на својот Фејсбук профил, каде напишал: „Многу сум возбуден. Исто така малку сум и нервозен бидејќи има и непријатни моменти. Исклучително е лично. Има многу успони и падови. Ќе биде интересно да видиме што ќе кажат луѓето“. При таа прилика признал и дека на моменти бил загрижен поради споделувањето на проблеми и борба против стрес, нервоза и болести со светот. Смртта на Авичи, еден од најплатените светски диџеи кој помогна електронска денс музика да се популаризира во САД, ги остави фановите, колегите, но и целата Шведска во шок. „Тој беше една од нашите најголеми музички ѕвезди“, изјави шведскиот премиер Штефан Лофвен. Авичи беше толку омилен, што дури настапи на венчавката на принцот Карл Филип и принцезата Софија. „Благодарни сме што го познававме, му се воодушевувавме и како музичар и како личност. Тој со својата неверојатна музика ја направи нашата свадба незаборавна“, кажа кралската двојка во заедничката изјава. Авичи стана суперѕвезда на електронската музика со песната „Нивоа“ во 2011 година, по што продолжи да реди големи радио-хитови и доби две номинации за Греми. Неговата популарност беше на ниво на најголемите светски поп-ѕвезди, хонорарите за настапите му достигнуваа и до 250.000 долари, а во 2016 година, кога се повлече, имал заработка од 28 милиони долари. „Тој беше првата огромна комерцијална ѕвезда. Навистина стана некој кој не можеше да излезе на улица, затоа што беше премногу препознатлив“, изјави радиоводителот и диџеј Џаџ Џулс. Со славата дојдоа и личните демони. Легендарниот продуцент Најл Роџерс вели дека бил шокиран кога сфатил колку Авичи пие. „Ми вети дека ќе престане да пие, но кога настапувавме заедно последен пат, повторно го видов пијан. Бев вознемирен од тоа, ми го скрши срцето“, изјави Роџерс. „Ова беше лудо патување. Кога ќе погледнам наназад, си велам ‘вау, зарем јас го направив тоа?‘ Тоа беше најдобриот период од мојот живот, но си имаше и цена, многу стрес и анксиозност“, призна Авичи за „Холивуд рипортер“. Потсетете се на некои од нив… “Wake Me Up”, “Levels”, “Hey Brother” и “Waiting For Love”. “Wake Me Up”: “Levels”: “Hey Brother”: “Waiting For Love”: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zivotot-na-avichi-tazna-prikazna-za-mladosta-slavata-bogatstvoto-i-kobniot-porok/feed/ 0