авиган – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Sep 2020 10:09:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авиган – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонската компанија Фуџифилм има лек со кој се крати лекувањето од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-kompanija-fudzifilm-ima-lek-so-koj-se-krati-lekuvanjeto-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-kompanija-fudzifilm-ima-lek-so-koj-se-krati-lekuvanjeto-od-kovid-19/#respond Wed, 23 Sep 2020 10:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=407218

Јапонската компанија „Фуџифилм“ соопшти дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за тежок грип, овозможи „статистички значајно“ намалување на времето на лекување на пациентите со Ковид-19. „Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување во трета фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравувањето е 11,9 дена за оние кои се лекуваат со ’Авиган’ и 14,7 дена за оние кои се лекуваат со ’Плацебо’“, се наведува во соопштението на компанијата. Излекувањето се одредува кога коронавирусот повеќе не е присутен на ПЦР тестови и кога другите симптоми како што е температурата се ублажени или исчезнати. Клиничкото тестирање беше насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со Ковид-19. Испитувањата спроведени од март, сега завршени, не открија никакви нови опасности по здравјето поврзани со земање „Авиган“, прецизира „Фуџифилм“. Компанијата сега ќе спроведе „детална анализа на податоците“ собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да достави барање за комерцијално одобрување на лекот за Ковид-19 во Јапонија. Лекот „Авиган“ (фавипиравир) е дозволен од 2014 година во Јапонија, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови не биле ефикасни. „Авиган“ е контраиндициран за бремени жени, бидејќи тестови врз животни покажаа дека влијае на развојот на фетусот. Јапонската Влада очекува многу од овој лек и побара од „Фуџифилм“ да го зголеми производството и да испорача бесплатни примероци во некои земји што го побараа. Уште во мај, Јапонија го одобри лекот „Веклури“ (ремдесивир) на американскиот производител „Гилеад“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-kompanija-fudzifilm-ima-lek-so-koj-se-krati-lekuvanjeto-od-kovid-19/feed/ 0
Дали овој лек е спас за светот од корона ? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ovoj-lek-e-spas-za-svetot-od-korona/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ovoj-lek-e-spas-za-svetot-od-korona/#respond Sat, 11 Jul 2020 20:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=374296

Јапонската корпорација Фуџифилм соопштила дека започнува со погелемо производство на лекот Авиган, кој се користи и против грип, а тестиран е и во лечењето на респираторните инфекции предизвикани од новиот коронавирус. Како што наведуваат, целта е до септември да се обезбеди доволна количина од лекот за лекување на 300 илјади пациенти месечно, пренесува агенцијата Кјодо. Лекот моментално клинички се тестира во Јапонија како можен лек за вирусот Ковид-19, откако една кинеска студија покажала дека е ефикасен во лечење на пациентите. Доколку во клиничките тестирања кои започнаа на 31 март се потврди ефикасноста и безбедноста на лекот Авиган, јапонската влада најверојатно ќе го одобри користењето на лекот во лекувањето на Ковид-19. И странските влади покажале интерес за лекот, така што јапонската влада планира да обезбеди Авиган за 20 земји и тоа бесплатно. Сепак, бидејќи се смета дека Авиган, познат и како Фавипиравир може да предизвика малформации кај новороденчиња, истиот нема да можат да го користат бремени жени и жени кои планираат бременост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ovoj-lek-e-spas-za-svetot-od-korona/feed/ 0
Германија со лекот „Авиган“ ќе се бори со коронавирусот, најавено купување на големи количини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-so-lekot-avigan-kje-se-bori-so-koronavirusot-najaveno-kupuvanje-na-golemi-kolichini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-so-lekot-avigan-kje-se-bori-so-koronavirusot-najaveno-kupuvanje-na-golemi-kolichini/#respond Thu, 02 Apr 2020 06:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=325925

Во борбата против коронавирусот Германија во големи количества набавува еден лек што има намера да го употреби против Ковид-19, пишува „Франфуртер Алгемајне цајтунг“. Според весникот, станува збор за антивиралните таблети против грип „Авиган“, кои, по искуството во Азија, будат надеж. „Авиган“ се користи во Јапонија во лекувањето од коронавирусот, а вообичаено спречува вирусот на грипот да се размножува во телото на човекот. Кинеската Влада неодамна соопшти, потсетува весникот, дека во Вухан постои ветувачко клиничко истражување за овој лек. Бројот на потврдени случаи од коронавирус во Германија се зголеми на 73.522, додека досега умреле 872 лица, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“ за инфективни болести од Бон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-so-lekot-avigan-kje-se-bori-so-koronavirusot-najaveno-kupuvanje-na-golemi-kolichini/feed/ 0