авио линија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 May 2022 05:59:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авио линија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Авиолинијата Скопје-Софија ќе опстои, тврдат надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aviolinijata-skopje-sofija-kje-opstoi-tvrdat-nadleznite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aviolinijata-skopje-sofija-kje-opstoi-tvrdat-nadleznite/#respond Wed, 04 May 2022 05:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=671409

По повеќе од месец од стартот на комерцијалните летови на релацијата Софија-Скопје вчера се отвори прашањето за нејзиното натамошно опстојување откако дел од медиумите објавија дека „Гуливер“, авиокомпанијата која го опслужува летот, нема да продава билети по 21-ви месецов, но авиопревозникот, како и бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев тврдат дека авиолинијата ќе опстои. -Летовите помеѓу Скопје и Софија ќе останат и по 15 мај. Остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана, во моментов операторот на летот е пред промена, рече вчера Сабев во изјава за МИА. Од „Гуливер“, пак, соопштија дека во моментов не планираат да ги прекинат летовите на релацијата. -За да се подобри удобноста на патниците, авиокомпанијата бара опции за да обезбеди поудобни часови на летовите. Се надеваме дека по завршувањето на поправката на пистата на скопскиот аеродром ќе добиеме подобри времиња на летови, велат од авиокомпанијата. Оттаму информираа дека го раскинуваат договорот со актуелниот закуподавач на авионот кој работи моментно и оти треба да изнајмат нов авион од истиот модел, ATR 72. Сите тие чекори се преземаат и со оглед на постигнување предвидливост за клиентите на авиокомпанијата во согласност со моменталната состојба во регионот и се во голема мера погодени од војната во Украина, посочија од авиокомпанијата. И од ТАВ Македонија, концесионерот на аеродромите во државава, вчера информираа дека немаат добиени никакви информации од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање. Од Владата, пак, велат дека авиокомпанијата има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец. – Во однос на авиолинијата Софија – Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец, изјавија од Владата, посочувајќи дека воспоставувањето на летот е од комерцијален аспект. Можниот прекин на авиолинијата ја коментираше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, а според неговите информации причина се преговорите меѓу компанијата и бугарската Влада за субвенционирање. -Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не, рече Османи, во одговор на новинарско прашање. Авиолинијата профункционира како резултат на договорената соработка на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, како прв чекор за реализација на заеднички активности во име на развој на пријателството меѓу двете држави. По заедничката меѓувладина седница на Северна Македонија и Бугарија на 25 јануари годинава, беше потпишан Договор за соработка, и уследија разговори на надлежните институции. Авиолинијата симболично стартуваше на 10 февруари кога со авион на Гуливер од Софија во Скопје допатуваа делегации од двете држави предводени од ресорните министри за транспорт и економија, туроператори и бизнисмени кои имаа заедничка средба за утврдување на деталите за функционирање на летот. На 26 март годинава со стартот на летниот ред на летање, со авион од типот ATR 72 – 600 со капацитет за транспорт на 70 патници, авиокомпанијата Гуливер го реализираше првиот редовен лет на Меѓународниот Аеродром Скопје. За авиолинијата која ги поврзува двата главни града за само 30 минути и што сообраќа двапати неделно беше изразено уверување дека има огромен потенцијал и оти ќе биде користена за туристички и за деловни патувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aviolinijata-skopje-sofija-kje-opstoi-tvrdat-nadleznite/feed/ 0
ТАВ Македонија: Во моментов немаме информации од авиокомпанијата за прекин на летовите Софија-Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-makedonija-vo-momentov-nemame-informacii-od-aviokompanijata-za-prekin-na-letovite-sofija-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-makedonija-vo-momentov-nemame-informacii-od-aviokompanijata-za-prekin-na-letovite-sofija-skopje/#respond Tue, 03 May 2022 14:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=671205

Од „ТАВ Македонија“ попладнево соопштија дека во моментов немаат информација од авиокомпанијата за прекин на авилинијата Софија-Скопје. – Во моментов немаме никакви информации добиени од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање, се вели во одговорот што МИА го побара од „ТАВ Македонија“ по информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на карти за оваа линија. Дел од медиумите, повикувајќи се на специјализираниот портал за авиони „Екс Ју авијација“ објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје поради непрофитабилност. Од Владата информираа дека воспоставувањето на авиолинијата не е субвенционирано од нивна страна и за сите одговори упатија на адреса на авиокомпанијата. – Во однос на авиолинија Софија – Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец, стои во одговорот на Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека најверојатно причина за прекинот се преговорите што ги води авиокомпанијата со бугарската Влада во делот на субвенционирањето. – Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не, изјави Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-makedonija-vo-momentov-nemame-informacii-od-aviokompanijata-za-prekin-na-letovite-sofija-skopje/feed/ 0
Денеска ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-realizira-prviot-let-sofija-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-realizira-prviot-let-sofija-skopje/#respond Fri, 11 Feb 2022 08:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=629973

На Меѓународниот аеродром Скопје изутрина во 09:40 треба да слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. Бочварски е во Софија од вчера каде заседаваше меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, една од шесте работни групи формирани меѓу двете држави минатиот месец. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласија на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, Комисијата направи значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт. Авионското поврзување меѓу двата главни града на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-realizira-prviot-let-sofija-skopje/feed/ 0
СЕКОЈ ВТОРНИК: Од оваа позната дестинација до Скопје ќе се лета еднаш неделно! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-vtornik-od-ovaa-poznata-destinacija-do-skopje-kje-se-leta-ednash-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-vtornik-od-ovaa-poznata-destinacija-do-skopje-kje-se-leta-ednash-nedelno/#respond Tue, 21 Sep 2021 08:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=566259

Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“ ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз. На 4 јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс“ почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок. „Нордвинд ерлајнс“ е една од најдобрите седум руски авиокомпании. Нуди летови во повеќе од 200 дестинации, врши превоз од 95 градови во 20 земји и има над 650 летови неделно. Околу 150.000 патници ги користат нејзините услуги секоја недела. Во 2019 година, пред КОВИД-пандемијата, „Нордвинд ерлајнс“ транспортирала скоро осум милиони патници. Авиокомпанијата оперира со 33 авиони „Ербас“ и „Боинг“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-vtornik-od-ovaa-poznata-destinacija-do-skopje-kje-se-leta-ednash-nedelno/feed/ 0
НА 21 МАЈ: Почнува редовната авиолинија меѓу Скопје и Москва, еве колку трае летот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-maj-pochnuva-redovnata-aviolinija-megju-skopje-i-moskva-eve-kolku-trae-letot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-maj-pochnuva-redovnata-aviolinija-megju-skopje-i-moskva-eve-kolku-trae-letot/#respond Wed, 05 May 2021 08:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=505726

Руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс од 21 месецов ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу Скопје и Москва, најави денеска ТАВ Македонија. Во рамки на летниот распоред на летање, потенцираат, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје. Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути. -Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини, вели во пишана изјава генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак. -Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е Меѓународниот Аеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор, наведуваат од ТАВ Македонија. Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите се достапни на веб-страницата на Нордвинд: https://nordwindairlines.ru/ru -Од Нордвинд објаснуваат дека сите нивни патници можат да користат дополнителни услуги за удобен лет, како што се избор на седиште во авионот, избор на оброк, земање дополнителен багаж, нова услуга – дополнително место во близина, како и други услуги преку Интернет, стои во соопштението од аеродормскиот концесионер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-maj-pochnuva-redovnata-aviolinija-megju-skopje-i-moskva-eve-kolku-trae-letot/feed/ 0