авиокомпании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 13:25:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авиокомпании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Авиокомпаниите ја повикуваат Европската комисија да ги ублажи последиците од штрајковите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-ja-povikuvaat-evropskata-komisija-da-gi-ublazhi-posleditsite-od-shtrajkovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-ja-povikuvaat-evropskata-komisija-da-gi-ublazhi-posleditsite-od-shtrajkovite/#respond Tue, 16 May 2023 13:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=834863

Европските авиокомпании ја повикаа Европската комисија да преземе повеќе активности за да ги ублажи последиците од штрајковите, објави денеска „Ерлајнс фор Јуроп“ (Airlines for Europe). Тие повикуваат на задолжителна арбитража со синдикатите за контрола на летање пред да стапат во штрајк, известување најмалку 21 ден пред стапувањето во штрајк и поединечно известување за учество во штрајкот. Нивната петиција има речиси 965.000 потписи, а доколку достигне милион, Европската комисија ќе треба да даде официјален одговор на петицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-ja-povikuvaat-evropskata-komisija-da-gi-ublazhi-posleditsite-od-shtrajkovite/feed/ 0
Финансиска поддршка на авиокомпании кои ќе воведат нови авиодестинации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiska-poddrshka-na-aviokompanii-koi-kje-vovedat-novi-aviodestinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiska-poddrshka-na-aviokompanii-koi-kje-vovedat-novi-aviodestinacii/#respond Tue, 08 Nov 2022 15:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=757529

Владата денеска донесе нова Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници во наредните две години и потребната документација којашто треба да се достави од  корисниците на тој вид поддршка. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е донесена Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници, за периодот од 2023-2025 година. -Согласно овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише јавен повик за доделување финансиска поддршка за авиокомпании коишто ќе воведат нови авиодестинации за граѓаните.Овозможувањето патувања до дополнителни одредишта во Европа и во светот ќе значи и отворени можности за економски развој, унапредување на туризмот и запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис секторот од нашата држава и од други држави, велат од Владата. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски неодамна во интервју за МИА  информираше дека до Владата  на разгледување е доставена нова уредба со која е дефинираше нов модел за распределба на финансиска поддршка за авиолинии. Субвенции за летови, како што рече, ќе има според правилата за државна помош на Европската унија. -Ќе може да се вклучат што е можно повеќе оператори и да не се врзуваме само за еден. Исто така го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара Европската комисија, се со цел да овозможиме што повеќе дестинации за граѓаните и да го развиеме авиосообраќајот. Предност ќе имаат авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно. Во договорот ќе стои дека операторот ќе треба да ги опслужува линиите и по истекот на договорниот рок за период колку што добивал државна поддршка, рече Бочварски. Последниот од трите договори за субвенционирани летови што на тендер ги доби унгарскиот нискобуџетен авиопребвозник „Виз ер“ заврши на 1 март годинава. Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66.584.935 денари, во 2020 година 21.098.924 денари, во 2021 година 10.475.649 денари, а годинава не се исплатени средства. Со зимскиот распоред на летови  што стапи во сила на 30 октомври од скопскиот аеродром има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании. На двата аеродрома во државава од јануари до крајот на септември годинава се превезени над 1,8 милиони патници (1 811 168) и се реализирани 14.823 летови. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiska-poddrshka-na-aviokompanii-koi-kje-vovedat-novi-aviodestinacii/feed/ 0
Руските авиокомпании поради санкциите годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-aviokompanii-poradi-sankciite-godinava-kje-prevezat-19-milioni-patnici-pomalku/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-aviokompanii-poradi-sankciite-godinava-kje-prevezat-19-milioni-patnici-pomalku/#respond Mon, 25 Jul 2022 14:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=709999

Руските авиокомпании годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку од минатата година, поради санкциите на Западот по руската инвазија врз Украина и забраните за летови кои Москва ги воведе во јужна Русија. Тоа е петина од планираниот вкупен број патници, информира рускиот деловен весник Ведомости, повикувајќи се на податоци од локалното Министерство за транспорт. Руската авијација е меѓу најтешко погодените од војната во Украина. Воздушниот простор над Европа и Северна Америка е затворен за Русија, а западните санкции исто така забрануваат купување и одржување на авиони Боинг и Ербас, кои се столбот на руските воздухопловни компании. Москва одлучи да пререгистрира многу авиони и да го прекине воздушниот сообраќај кон многу земји поради стравот дека авионот може да биде конфискуван. Покрај тоа, руската Влада воведе забрани за летови над југот на земјата од февруари поради воени битки. Вкупно 11 аеродроми не можат да се користат. Последиците за руската авијација се сериозни, особено во летните месеци. Во јуни руските авиокомпании загубија 2,7 милиони патници, а во јули и август се наѕира дефицит од 3,2 и 3,3 милиони патници. Руската Влада им вети на авиокомпаниите државна помош од 100 милијарди рубљи (1,7 милијарди долари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-aviokompanii-poradi-sankciite-godinava-kje-prevezat-19-milioni-patnici-pomalku/feed/ 0
Од понеделник овие две авиокомпании нема да бараат маски на летовите во Скандинавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-ovie-dve-aviokompanii-nema-da-baraat-maski-na-letovite-vo-skandinavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-ovie-dve-aviokompanii-nema-da-baraat-maski-na-letovite-vo-skandinavija/#respond Fri, 15 Oct 2021 08:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=579413

Авиокомпаниите САС и Норвежен од понеделник нема да бараат носење маски на нивните летови во Скандинавија, односно Норвешка, Шведска и Данска. - Со оглед дека сите три скандинавски земји се отворени за патување и ги укинаа епидемиолошките ограничувања, повеќе не гледаме потреба да бараме носење маски на сите домашни летови, како и летови меѓу Данска, Шведска и Норвешка, рече портпаролката на САС, Фреја Анамац за шведското радио. И компанијата Норвежен на својата веб – страница објави дека повеќе нема да бара носење маски на овие летови поради намалениот ризик од инфекција. Двата превозника нагласија дека за сите нивни летови надвор од Скандинавија, поради меѓународните регулативи, сепак, ќе биде задолжително носење маски. Во изминатиот месец, сите три скандинавски земји ги укинаа сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски во различни ситуации, додека во Шведска во ниту еден момент од пандемијата немаше таква обврска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-ovie-dve-aviokompanii-nema-da-baraat-maski-na-letovite-vo-skandinavija/feed/ 0
Авиокомпаниите ќе ги тестираат британските патници кои патуваат во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-kje-gi-testiraat-britanskite-patnici-koi-patuvaat-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-kje-gi-testiraat-britanskite-patnici-koi-patuvaat-vo-njujork/#respond Tue, 22 Dec 2020 06:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=446493

Авиокомпаниите „Бритиш ервејз“, „Делта“ и „Вирџин“, ќе ги тестират сите патници кои патуваат од Лондон и другите британски градови до њујоршкиот аеродром „Џон Ф. Кенеди“. Оние со позитивен резултат ќе бидат вратени назад. Одлуката следува, по барање на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, кој на брифинг синоќа повика авиокомпаниите да ги проверуваат патниците кои пристигаат во овој аеродром од Велика Британија, откако таму деновиве избувна многу позаразна мутација на новиот коронавирус.  Во меѓувреме, десетици земји, но не и САД, ги затворија границита за патници од Велика Британија, со тоа предизвикувајќи патнички хаос пред божиќните празници Kуомо побара од сојузната влада во Вашингтон да ги затвори летовите од Велика Британија, иако, според негово мислење, сега можеби веќе е доцна.  -Интуицијата ми кажува дека (вирусот) е веќе тука, затоа што лета насекаде по светот, тука е, рече тој.  Авиокомпаниите ќе започнат да ги тестираат патниците од идната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-kje-gi-testiraat-britanskite-patnici-koi-patuvaat-vo-njujork/feed/ 0
БЕЗ ВАКЦИНА НЕМА ЛЕТАЊЕ СО АВИОН- еве што подготвуваат авиокомпаниите за надминување на коронакризата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bez-vakcina-nema-letanje-so-avion-eve-shto-podgotvuvaat-aviokompaniite-za-nadminuvanje-na-koronakrizata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bez-vakcina-nema-letanje-so-avion-eve-shto-podgotvuvaat-aviokompaniite-za-nadminuvanje-na-koronakrizata/#respond Thu, 17 Dec 2020 15:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=444783

Авиокомпаниите низ целиот свет се надеваат дека ќе ја надминат кризата со коронавирусот со воведување на дигитални здравствени картички за патниците кои во мобилните телефони ќе чуваат податоци за тестирање на коронавирус и за вакцинација. Картичките ќе бидат тестирани во наредните недели од страна на Бритиш Ервејз и други превозници, а ќе се издаваат во првиот квартал од следната година, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) со седиште во Женева. Целта на апликацијата е да ги поштеди патниците од пропишаната обврска за карантин, што е голема пречка за меѓународните патувања. Податоците за здравјето на патниците ќе бидат зачувани само на нивните мобилни телефони, а не во централниот регистар, нагласи ИАТА. – Нашата цел е економичен и едноставен, ефикасен и безбеден систем што ќе ја исполни оваа важна задача, изјави генералниот директор на ИАТА, Александре де Јунијак на прес-конференција. ИАТА ги повика владите да се подготват за воздушна испорака на вакцините против Ковид-19 ширум светот, што вклучува набавка на опрема за ладење, отстранување на бирократски пречки и забрзани гранични формалности. Работниците во авијацискиот сектор треба да бидат вклучени во приоритетните листи за имунизација за да можат да превезуваат вакцини преку границите, нагласи Де Јунијак. Бројот на авионски патници се намали од минатогодишните 4,5 милиони на 1,8 милиони годинава, соопшти ИАТА. Асоцијацијата проценува дека компаниите имаат акумулирано загуби од 118,5 милијарди долари поради пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bez-vakcina-nema-letanje-so-avion-eve-shto-podgotvuvaat-aviokompaniite-za-nadminuvanje-na-koronakrizata/feed/ 0
Авиокомпании побараа оценка на законитоста на карантинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompanii-pobaraa-ocenka-na-zakonitosta-na-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompanii-pobaraa-ocenka-na-zakonitosta-na-karantinot/#respond Fri, 12 Jun 2020 16:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=357190

Авиокомпаниите Бритиш ервејс, изиЏет и Рајанер покренаа оценка на законитоста на планот за карантин на британската Влада, со барање што побрзо да се спроведе судска ревизија. Авиокомпаниите најавија претходно оваа недела дека ќе се обидат да го запрат 14-дневното правило за карантин за меѓународните пристигнувања, за кои веруваат дека ќе ги одврати туристите од патување, а со што би се зголемила понатамошната загуба на работни места. Адвокатите на авиокомпаниите рекоа дека Владата ќе мора да изнесе научни докази за да ја поддржи потребата за карантин, доколку се спроведе судска ревизија.. Правилото за 14-дневен карантин по влегувањето во Велика Британија стапи во сила во понеделникот. Авиокомпаниите, исто така, ја отфрлаат опцијата за „воздушни коридори“, кои би се воспоставувале со билатерални договори меѓу земји со ниска стапка на заразени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompanii-pobaraa-ocenka-na-zakonitosta-na-karantinot/feed/ 0
Загубите на авиокомпаниите оваа година – 84 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-na-aviokompaniite-ovaa-godina-84-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-na-aviokompaniite-ovaa-godina-84-milijardi-dolari/#respond Wed, 10 Jun 2020 05:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=355888

Кризата предизвикана од новиот коронавирус ќе им предизвика на авиокомпаниите  рекордна годишна загуба од 84 милијарди долари и ќе биде запаметена 2020 година како „најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, соопшти Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА). „Финансиски, ќе се сеќаваме на 2020 година како најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, рече извршниот директор на ИАТА, Александар де Јуниак. Сепак, тие очекуваат воздушниот патнички сообраќај да порасне за 55 проценти следната година, од депресивно ниво оваа година, но сепак ќе биде за 29 проценти под нивото од 2019 година. Во својата ажурирана проценка, здружението предвидува дека авијацискиот сектор ќе продолжи да бележи загуба од најмалку 15,8 милијарди американски долари во 2021 година. Така, вкупните загуби како резултат на кризата поради короната ќе достигнат близу 100 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-na-aviokompaniite-ovaa-godina-84-milijardi-dolari/feed/ 0
Во ризик 25 милиони работни места во авиосообраќајот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rizik-25-milioni-rabotni-mesta-vo-aviosoobrakjajot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rizik-25-milioni-rabotni-mesta-vo-aviosoobrakjajot/#respond Wed, 08 Apr 2020 06:39:53 +0000 https://kurir.mk/?p=328948

Авиокомпаниите предупредуваа дека поради пад на патувањата, 25 милиони работни места низ целиот свет може да бидат загрозени, а Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (ИАТА) повика на итна помош од владите, бидејќи авиопревозниците немаат пари. Глобалниот воздушен сообраќај опадна за 70 проценти на почетокот на вториот квартал, соопшти ИАТА, при што европските летови паднаа за 90 проценти. Извршниот директор на ИАТА, Александер де Жуниак, рече дека авиокомпаниите ширум светот не можат да си дозволат поврат на пари за откажаните летови, како резултат на кризата со коронавирусот, и дека превозниците наместо тоа издаваат ваучери, бидејќи заштедуваат пари за да преживеат. „Најважната работа за нас е да избегнеме да останеме без готовина, така што враќањето на билетите за откажаните билети е речиси финансиски неизводливо“, рече Де Жуниак. Организациите за заштита на потрошувачите ги критикуваа авиокомпаниите за кршење на регулативите поврзани со враќање пари на клиенти кои купиле билети во дефинирани рокови. ИАТА исто така рече дека една третина од вработените во воздушниот сообраќај се или на принуден одмор или дека ги изгубиле работните места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rizik-25-milioni-rabotni-mesta-vo-aviosoobrakjajot/feed/ 0
ИАТА: Авиокомпаниите поради новиот коронавирус ќе загубат речиси 30 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iata-aviokompaniite-poradi-noviot-koronavirus-kje-zagubat-rechisi-30-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iata-aviokompaniite-poradi-noviot-koronavirus-kje-zagubat-rechisi-30-milijardi-dolari/#respond Fri, 21 Feb 2020 06:52:24 +0000 https://kurir.mk/?p=306754

Според проценките на Меѓународната асоцијација на авиопревозници (ИАТА), авиокомпаниите во азиско-пацифичкиот регион ќе загубат 27,8 милијарди американски долари како резултат на епидемијата на новиот коронавирус, додека побарувачката за авио-билети во регионот ќе се намали за 13 проценти. Со оглед на тоа што проценката на растот е проектирана на 4,8 проценти, целокупниот пад на профитот ќе биде 8,2 проценти, соопшти ИАТА. Според тоа сценарио, загубата на приходи ќе биде 27,8 милијарди американски долари за авиокомпаниите во регионот на Азија и Пацификот. Најголемите загуби ќе забележат компании од Кина, чиј пад на профитот само на домашниот пазар се проценува на 12,8 милијарди. Според истото сценарио, компаниите што работат надвор од регионот ќе загубат 1,5 милијарди американски долари, под претпоставка дека побарувачката е ограничена само на азиските пазари.Севкупно, загубата ќе изнесува 29,3 милијарди американски долари на глобално ниво. Таа загуба, според проценките на ИАТА, значително ќе ги намали проценките на глобалниот раст за 2020 година. Проценките, според изјавата, се слични на оние за време на епидемијата САРС. Потоа, после шестмесечен период на ненадејно опаѓање, следуваше подеднакво брзо закрепнување. Во 2003 година, САРС беше одговорен за пад на приходите од 5,1 процент на азиско-пацифичките авиокомпании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iata-aviokompaniite-poradi-noviot-koronavirus-kje-zagubat-rechisi-30-milijardi-dolari/feed/ 0