авиокомпанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 11:16:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авиокомпанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ не требаше да и дозволи на Германија да финансира авиокомпанија за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ne-trebashe-da-i-dozvoli-na-germanija-da-finansira-aviokompanija-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ne-trebashe-da-i-dozvoli-na-germanija-da-finansira-aviokompanija-za-vreme-na-pandemijata/#respond Wed, 10 May 2023 11:16:49 +0000 https://kurir.mk/?p=832667

Највисокиот суд на Европска Унија денеска пресуди дека ЕУ не требало да ја овласти Германија да и помогне на авиокомпанијата Луфтханза со шест милијарди евра во борбата против последиците од ограничувањата воведени за време на пандемијата со коронавирусот. Во јуни 2020 година, Германија ја извести Европска комисија (ЕК) за нејзината намера да обезбеди помош за Луфтханза. Општиот суд на ЕУ пресуди дека ЕК „направи неколку грешки“ во својата позитивна оценка за потегот, по жалбата на нискобуџетскиот авиопревозник Рајанер пред Судот во Луксембург. Сè уште не е познато какво влијание може да има пресудата врз Германија или врз друга државна помош одобрена со цел да им се помогне на европските авиокомпании за време на пандемијата. Судот соопшти дека ЕК не го земала предвид фактот „дека Луфтханза не можела да добие финансии на пазарот за сите нејзини потреби“ и не барала „механизам што ќе ја поттикне авиокомпанијата да го откупи германскиот удел што е можно побрзо“. Во соопштението се наведува и дека ЕК „игнорирала дека Луфтханза има значителна пазарна моќ на одредени аеродроми“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ne-trebashe-da-i-dozvoli-na-germanija-da-finansira-aviokompanija-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
ЕВРОПА НА НОЗЕ – познатата нискобуџетна авиокомпанија откажа околу 300 летови поради штрајк на пилотите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-na-noze-poznatata-niskobudzetna-aviokompanija-otkaza-okolu-300-letovi-poradi-shtrajk-na-pilotite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-na-noze-poznatata-niskobudzetna-aviokompanija-otkaza-okolu-300-letovi-poradi-shtrajk-na-pilotite/#respond Wed, 19 Oct 2022 15:36:24 +0000 https://kurir.mk/?p=747856

Нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс, која и припаѓа на германската Луфтханза, денеска беше принудена да откаже околу 300 летови поради штрајк на пилотите. Тоа е трет и последен ден од овонеделниот штрајк предизвикан од условите за работа на пилотите. По вторпат во последните неколку недели, пилотите изразија незадоволство од условите за работа со прекин на работата. Штрајкот погоди две третини од планираните 450 летови за Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт, Хамбург и Берлин, изјави портпаролот на компанијата во Келн.
„Очекуваме да можеме да се вратиме на нашите вообичаени летови во четврток“, додаде тој. Портпаролот на синдикатот Верајнигунг Кокпит изјави дека штрајкот завршува денеска на полноќ. Во неделата тој синдикат повика на штрајк, наведувајќи ја недоволната понуда на работодавачот како дел од преговорите за колективен договор. Една од клучните точки на расправа е договорот за бројот на слободни денови. Пилотите сакаат да им се гарантираат 14, но авиокомпанијата понуди 10.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-na-noze-poznatata-niskobudzetna-aviokompanija-otkaza-okolu-300-letovi-poradi-shtrajk-na-pilotite/feed/ 0
Германската држава ги продаде акциите во авиокомпанијата „Луфтханза“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-drzava-gi-prodade-akciite-vo-aviokompanijata-lufthanza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-drzava-gi-prodade-akciite-vo-aviokompanijata-lufthanza/#respond Wed, 14 Sep 2022 10:06:45 +0000 https://kurir.mk/?p=732587

Германската држава ги продаде останатите акции што ги поседуваше во авиокомпанијата „Луфтханза“, каде влезе со 20 отсто акции во 2020 година, за време на планот за нејзино економско спасување поради пандемијата со коронавирусот. Фондот за економска стабилизација, јавно тело што ги поседуваше акциите, „го продаде својот последен удел на меѓународни инвеститори“. Оттаму додаваат дека авиокомпанијата повторно е во приватни раце. Германската Влада ја спаси „Луфтханза“ од банкрот во јуни 2020 година, тогаш компанијата беше економски тешко погодена поради пандемијата со коронавирусот. Властите тогаш одобрија план за помош од девет милијарди евра, вклучувајќи јавен влез во капиталот со 20 отсто. Учеството уште од почетокот се сметаше за привремено, додека не се подобри ситуацијата во „Луфтанза“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-drzava-gi-prodade-akciite-vo-aviokompanijata-lufthanza/feed/ 0
„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajaner-predupreduva-na-zgolemeni-ceni-i-verojatno-docnenja-na-letovite-vo-tekot-na-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajaner-predupreduva-na-zgolemeni-ceni-i-verojatno-docnenja-na-letovite-vo-tekot-na-letoto/#respond Mon, 16 May 2022 12:35:36 +0000 https://kurir.mk/?p=677334

Извршниот директор на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири предупреди дека цените на летовите ќе се зголемат ова лето поради големата побарувачка, а поминувањето низ аеродромите ќе стане „предизвик“ за патниците. Туристите треба да се подготват за пораст на цените за „висок едноцифрен процент“ за време на шпицот на сезоната, бидејќи побарувачката за одмор во европските летни дестинации се опоравува благодарение на укинувањето на ограничувањата за патување поради пандемијата, изјави тој за радио станицата Би-Би-Си. Тој, исто така, предупреди дека најверојатно ќе има постојани доцнења на аеродромите како што е лондонскиот Хитроу, поради недостигот на персонал. – Нема сомнеж дека поминувањето низ аеродромите ова лето ќе биде предизвик и ги охрабруваме сите наши клиенти да дојдат порано за да имаат повеќе време да ги поминат безбедносните мерки на аеродромот, особено во Манчестер, додаде тој. Рајанер неодамна извести за намалени годишни основни загуби од 355 милиони евра и изрази надеж за враќање на „разумната профитабилност“ за време на тековната финансиска година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajaner-predupreduva-na-zgolemeni-ceni-i-verojatno-docnenja-na-letovite-vo-tekot-na-letoto/feed/ 0
WIZZ AIR го објави новиот зимски распоред 2022-2023, резервирајте си карти по ефтини цени! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/wizz-air-go-objavi-noviot-zimski-raspored-2022-2023-rezervirajte-si-karti-po-eftini-ceni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/wizz-air-go-objavi-noviot-zimski-raspored-2022-2023-rezervirajte-si-karti-po-eftini-ceni/#respond Tue, 29 Mar 2022 12:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=655074

Wizz Air, најбрзо растечката и најодржлива авиокомпанија во Европа, го објави својот зимски распоред за 2022 година (октомври 2022 – март 2023 година). Авиокомпанијата нуди огромен избор на достапни дестинации со ниски цени за најатрактивните земји и градови низ Европа. Достапни се 810 линии од 1.100 рути на Wizz Air со над 120.000 летови и речиси 26 милиони седишта. Билетите веќе можат да се резервираат онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација. Како што индустријата се враќа во нормала како пред пандемијата, Wizz Air продолжува да ги проширува операциите низ својата мрежа, со рути кои ќе ги одведат патниците низ цела Европа во зимата 2022-2023 година. За семејни одмори, дестинации на плажа, одмори во градот или само да ги посетите пријателите и семејството во странство, мрежата на Wizz Air од Северна Македонија нуди безброј можности. Покрај можноста за приспособување на патничкото искуство, Wizz Air на патниците им нуди и висока флексибилност преку услугата WIZZ Flex. Со додавање на нивната резервација, патниците имаат дополнителна заштита и можат да одберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и можност да го откажат својот лет до 3 часа пред тргнувањето без никаков надомест и да добијат 100% од оригиналната цена веднаш вратена во кредит на авиокомпанијата. Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, рече: „Среќни сме што можеме да го објавиме новиот распоред за зима 2022-2023 година, нудејќи разновидни дестинации за патување за сите вкусови, било да е тоа за деловни или рекреативни цели. Од градски одмори во највозбудливите урбани центри во Европа до семејни одмори во текот на зимската сезона, Wizz Air сигурно нуди достапна врска до најпопуларните дестинации. Остануваме посветени да им понудиме на Македонците безбедно и незаборавно искуство за патување низ Европа и пошироко во нашата модерна флота во друштво на нашиот висококвалификуван екипаж “.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/wizz-air-go-objavi-noviot-zimski-raspored-2022-2023-rezervirajte-si-karti-po-eftini-ceni/feed/ 0
ДА НЕМА КОВИД ТЕСТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ Авиокомпаиите во САД бараат Бејден да ги олабави мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-nema-kovid-test-za-vakciniranite-aviokompaiite-vo-sad-baraat-bejden-da-gi-olabavi-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-nema-kovid-test-za-vakciniranite-aviokompaiite-vo-sad-baraat-bejden-da-gi-olabavi-merkite/#respond Thu, 03 Feb 2022 07:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=626225

Американските авиокомпании и туристичките агенции побараа од владата на претседателот Џо Бајден да ја укине обврската за вакцинираните патници да покажат негативен тест за коронавирус за да можат да влезат во САД, со цел закрепнување на туристичкиот сектор. „Закрепнувањето на секторите за туризам и воздушен транспорт зависи од одлуката на владата да ги укине ограничувањата кои повеќе не се оправдуваат со сегашните околности“, напишаа околу 30 професионални здруженија во писмо до координаторот за борба против ковид-19 во Белата куќа, Џефри Зиентс. Еден од потписниците, „Ерлајнс фор Америка“, лоби група што ги застапува компаниите како „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“, го објави писмото на својата веб-страница. Трите компании неодамна предупредија дека Омикрон верзијата на новиот коронавирус, која е многу заразна, но помалку опасна, ќе го одложи закрепнувањето за еден до два месеца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-nema-kovid-test-za-vakciniranite-aviokompaiite-vo-sad-baraat-bejden-da-gi-olabavi-merkite/feed/ 0
Две авиокомпании го укинаа носењето маски на летовите во Скандинавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-aviokompanii-go-ukinaa-nosenjeto-maski-na-letovite-vo-skandinavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-aviokompanii-go-ukinaa-nosenjeto-maski-na-letovite-vo-skandinavija/#respond Fri, 15 Oct 2021 08:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=579428

Авиокомпаниите САС и Норвежен од понеделник нема да бараат носење маски на нивните летови во Скандинавија, односно Норвешка, Шведска и Данска. „Со оглед дека сите три скандинавски земји се отворени за патување и ги укинаа епидемиолошките ограничувања, повеќе не гледаме потреба да бараме носење маски на сите домашни летови, како и летови меѓу Данска, Шведска и Норвешка“, рече портпаролката на САС, Фреја Анамац за шведското радио. И компанијата Норвежен на својата веб – страница објави дека повеќе нема да бара носење маски на овие летови поради намалениот ризик од инфекција. Двата превозника нагласија дека за сите нивни летови надвор од Скандинавија, поради меѓународните регулативи, сепак, ќе биде задолжително носење маски. Во изминатиот месец, сите три скандинавски земји ги укинаа сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски во различни ситуации, додека во Шведска во ниту еден момент од пандемијата немаше таква обврска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-aviokompanii-go-ukinaa-nosenjeto-maski-na-letovite-vo-skandinavija/feed/ 0
Словенија доби нова авиокомпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-dobi-nova-aviokompanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-dobi-nova-aviokompanija/#respond Tue, 23 Feb 2021 14:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=472813

Во Словенија е основана нова авиокомпанија наречена „СаутИст Ерлајнс“ (SouthEast Airlines), објави денеска авио-порталот Сиера5, додавајќи дека превозникот првично ќе нуди чартер летови користејќи ја флотата Ербас А320. „СаутИст Ерлајнс“ ќе се фокусира на пазарите на Европската унија, а првиот комерцијален лет е планиран за почетокот на јуни, пренесува агенцијата СТА. Компанијата ќе започне со работа со еден авион од економска класа, со 180 седишта, а се очекува оваа година да додаде и Ербас А320. Првично, „СаутИст Ерлајнс“ има намера да ангажира три до четири екипажи за првиот авион, што е околу 35 вработени, заедно со персоналот на копно. Првенствено ќе работи во Југоисточна Европа, фокусирајќи се на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Грција и Турција. Засега е непознато дали „СаутИст Ерлајнс“ може да стане новата национална авиокомпанија на Словенија. Земјата нема национална авиокомпанија откако „Адриа ервејс“ банкротираше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-dobi-nova-aviokompanija/feed/ 0
Авиокомпанија нуди венчавки во лет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-nudi-venchavki-vo-let/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-nudi-venchavki-vo-let/#respond Fri, 06 Nov 2020 13:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=425861

Британската авиокомпанија „Ер чартер сервис“ отсега ќе нуди т.н. „венчавки на небото“, односно организирање свадба во авион. Компанијата нуди резервации за помали свечености во своите приватни авиони. Во услугата е вклучена храна и пијалак, како и превоз до дестинацијата за „меден месец“. Младиот брачен пар – можат да летаат сами, но и со одреден број гости. Цената се движи во просек околу 28.000 американски долари, а авионот може да прими 16 патници. Пакетот, исто така, вклучува лимузина со возач кој ја вози двојката до аеродромот. Натаму – шампањско, музика и цвеќиња за украсување на авионот. Има и поскромна опција која чини 18.000 американски долари, а вклучува свадба без гости. „Ер чартер сервис“ изведува околу 23.000 чартер-летови годишно и има претставништва на сите континенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-nudi-venchavki-vo-let/feed/ 0
Португалската Влада планира да ја национализира најголемата национална авиокомпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portugalskata-vlada-planira-da-ja-nacionalizira-najgolemata-nacionalna-aviokompanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portugalskata-vlada-planira-da-ja-nacionalizira-najgolemata-nacionalna-aviokompanija/#respond Tue, 30 Jun 2020 14:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=365927

Владата на Португалија е подготвена да ја национализира водечката авиокомпанија, затоа што вториот голем акционер го одбива предложениот државен кредит кој е неопходен поради кризата со коронавирусот, објавија денеска локалните медиуми. ТАП беше делумно приватизиран во 2015 година. Државата моментално има 50 проценти од акциите, 45 отсто од акциите се во сопственост на бразилско-американскиот претприемач Дејвид Нилеман и неговиот конзорциум „Атлантик Гејтвеј“, а остатокот е сопственост на работниците. Компанијата во април побара помош од Владата затоа што беше принудена да ги откаже речиси сите 2.500 летови неделно, поради падот на побарувачката како последица од пандемијата. Во мај, тие се обидоа да воведат некои меѓународни летови, но побарувачката остана слаба, па се откажаа. Компанијата вчера соопшти дека во првиот квартал работи со нето загуба од 395 милиони евра главно како резултат на речиси целосната суспензија на воздушниот сообраќај поради пандемијата. Владата одлучи на компанијата да и одобри кредит од 1,2 милијарди евра, Европската комисија го отфрли планот, а запнаа и преговорите со Атлантик Гејтвеј. Затоа, португалската Влада се подготвува до претседателот на државата да испрати предлог уредба за национализација на ТАП, објави денеска неделникот „Експресо“. Владата донесе одлука за национализација по неуспешните преговори со Атлантик Гејтвеј за државниот заем, пишува неделникот. Превозникот не бил веднаш достапен за коментар. Министерот за инфраструктура денеска изјави дека Владата планира да ги продолжи преговорите со партнерот од приватниот сектор за одржливо решение за ТАП, но нема да попушти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portugalskata-vlada-planira-da-ja-nacionalizira-najgolemata-nacionalna-aviokompanija/feed/ 0