авиолинии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 12:11:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авиолинии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виз Ер и Тав Македонија најавуваат експанзија со нови авиолинии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-i-tav-makedonija-najavuvaat-ekspanzija-so-novi-aviolinii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-i-tav-makedonija-najavuvaat-ekspanzija-so-novi-aviolinii/#respond Thu, 18 May 2023 12:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=835891

Виз ер, најголемата авиокомпанија во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија на глобално ниво денеска најави дополнително проширување  доделувајќи уште еден воздухоплов во својата база во Скопје, известува ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид. Виз ер ќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојната есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје со што ќе ја зголеми својата база во македонскиот главен град на вкупно 6 воздухоплови од декември 2023 година. Авиокомпанијата ќе ги зголеми и фреквенциите на девет постоечки авиолинии, на своите летови од Скопје до: Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летови за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе има секој ден. Авиобилетите се веќе достапни на веб-страницата wizzair.com или пак на мобилната апликација Wizz Air's mobile app. „Среќни сме што ги проширивме нашите воздушни операции во Скопје и поради тоа што воведуваме нови рути до Луксембург и до Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредлива конекција и искуства од патувањата. Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работењето со нас за изградба на подобра воздушна поврзаност на Северна Македонија, изјави Роланд Тишнер, Извршен директор и офицер за операции во Виз Ер Унгарија. „Во ТАВ Македонија сме среќни со оваа добра вест дека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиот авион во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен раст на скопскиот аеродром што ќе го направи нашиот аеродром уште поатрактивен избор за деловни и рекреативни патници. Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за понатамошен раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Би сакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивната одлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија. Со оваа најнова експанзија, Wizz Air ја зацврстува својата позиција како лидер на пазарот, нудејќи широка мрежа на авиолинии и беспрекорни конекции од Скопје: вкупниот број на авиолинии на авиокомпанијата од Северна Македонија сега изнесува 35, вклучително со двете новонајавени. Одлуката на авиокомпанијата да додели дополнителен авион во Скопје ја поткрепува нејзината посветеност за поддршка на локалната економија, туризмот и бизнис-секторите. Служејќи како значајна инвестиција на пазарот, оваа распределба ќе отвори десетици нови директни и индиректни работни места во земјата, вклучително и позиции за пилоти и кабински екипаж, покрај над 250 лица кои веќе се директно вработени во Wizz Air во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-i-tav-makedonija-najavuvaat-ekspanzija-so-novi-aviolinii/feed/ 0
Објавен нов повик за финансиска поддршка за нови авиолинии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-za-novi-aviolinii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-za-novi-aviolinii/#respond Wed, 01 Mar 2023 10:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=806516

Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 - 2025 година. Неговата објава следува по поништувањето на претходниот тендер за таа намена откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. -Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка, соопшти Министерството за транспорт и врски. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба Во однос на износот на финансиската поддршка, таа ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 месецов до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски. Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи 3 април годинава во 12:00 часот. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-za-novi-aviolinii/feed/ 0
Денес отворање на понудите за субвенционирани нови авиолинии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denes-otvorane-na-ponudite-za-subventsionirani-novi-aviolinii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denes-otvorane-na-ponudite-za-subventsionirani-novi-aviolinii/#respond Fri, 27 Jan 2023 09:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=792705

Понудите што до вчера напладне пристигнале на тендерот за субвенции за нови авиолинии, ќе се отворат денес од Комисијата што за таа намена е формирана во Министерството за транспорт и врски. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. Повикот, пак, кој беше објавен лани, на 20 декември и се однесува на периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Според Министерството за транспорт и врски, овој јавен повик е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании кои би биле субвенционирани за воспоставување нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Конкретно, финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Предвидена е поддршка од седум евра (во денарска противвредност) по патник во заминување превезен од скопскиот аеродром и од 4,5 евра (во денари) по патник од охридскиот аеродром. Инаку, крајниот рок на повикот беше 19 јануари, но се продолжи поради измени во тендерската документација, со кои од критериумите за учество се иззема барањето за позитивен биланс за 2020 и 2021 година поради ковид кризата. А, останаа оние за превезени десет милиони патници и најмалку 25 милиони евра профит во 2019 година. Што се однесува до двата аеродроми, минатата година ја заокружија со речиси 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Растот во патничкиот сообраќај е 70 насто, споредено со 2021 година. А, пак, во однос на 2019, која е референтна година во воздухопловството, патничкиот сообраќај е на -11 проценти. Односно 89 проценти стапка на закрепнување, согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година. Од Меѓународниот аеродром Скопје до 36 дестинации сообраќаат 11 авиокомпании (Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet). А, од охридскиот „Св. Апостол Павле“ две авиокомпании (Wizz Air, Chair Airlines) до четири дестинации.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denes-otvorane-na-ponudite-za-subventsionirani-novi-aviolinii/feed/ 0
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istekuva-rokot-na-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii-utre-otvorane-na-ponudite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istekuva-rokot-na-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii-utre-otvorane-na-ponudite/#respond Thu, 26 Jan 2023 11:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=792242

Рокот за доставување понуди на тендерот за субвенции за нови авиолинии истекува денеска напладне. Отворањето на доставените понуди ќе се одржи утре од страна на Комисијата формирана за таа намена во Министерството за транспорт и врски. Повикот, објавен на 20 декември лани, за субвенционирање нови авиолинии од двата аеродрома во земјава, Меѓународниот аеродром Скопје и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, се однесува на периодот од 2023 до крајот на 2025 година. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. Како што објави Министерството за транспорт и врски, овој јавен повик е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании. Според повикот, финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Се предвидува да се доделува финансиска поддршка од седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и од 4,5 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Првичниот краен рок на повикот беше 19-ти месецов. Беше продолжен поради измени во тендерската документација, со кои се овозможи во критериумите за учество да не се бара позитивен биланс за 2020 и 2021 година поради ковид кризата. Останаа критериумите за превезени 10 милиони патници и најмалку 25 милиони евра профит во 2019 година. Неговата објава уследи откако на 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“. Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, ја завршија 2022 година со приближно 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Двата аеродрома забележаа 70 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 проценти стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопје сообраќаат 11 авиокомпании (Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet) до 36 дестинации, а од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид две авиокомпании (Wizz Air, Chair Airlines) сообраќаат до 4 дестинации.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istekuva-rokot-na-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii-utre-otvorane-na-ponudite/feed/ 0
Повик за субвенции за нови авиолинии, седум евра по патник од Скопскиот, 4,5 евра од Охридскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povik-za-subvencii-za-novi-aviolinii-sedum-evra-po-patnik-od-skopskiot-4-5-evra-od-ohridskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povik-za-subvencii-za-novi-aviolinii-sedum-evra-po-patnik-od-skopskiot-4-5-evra-od-ohridskiot-aerodrom/#respond Tue, 20 Dec 2022 12:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=778118

Државата ќе доделува субвенции од седум евра по патник за нови авиолинии што ќе бидат воведени на Скопскиот аеродром и по 4,5 евра по патник од аеродормот во Охрид, со јавниот повик за финансиска поддршка за наредните три години, што го објави денеска Министерството за транспорт и врски, а на кој за разлика од претходно ќе можат да се изберат повеќе авиокомпании. За следната година, во буџетот се предвидени 1,1 милион евра за оваа намена. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на прес-конференција рече дека повикот е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании, како и дека е во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија. Заинтересирани авиокомпании за учество на повикот треба да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на ЕУ, согласно прописите за издавање уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници и остварен профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година. Исто така да достават изјава заверена на нотар за дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Ќе се доделува финансиската поддршка од седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и од 4,5 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, информира Бочварски. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје, не треба биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони од и до Скопскиот аеродром. Истото важи и за новите дестинации од Охридскиот аеродром за кои ќе се додели финансиската поддршка. Авиопревозникот кој ќе биде избран да користи субвенции е должен секоја нова дестинација воспоставена од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува финансиската поддршка, да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање. да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, а на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт и врски за своето работење. Повикот е отворен заклучно со 19-ти следниот месец до 12:00 часот, до кога може да се доставуваат барања во архивата на Министерството за транспорт и врски, а наредниот ден ќе се одржи отворањето на поднесените барања за финансиска поддршка. Последниот од трите договори за субвенционирани летови што на тендер ги доби унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“ заврши на 1 март годинава. Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66.584.935 денари, во 2020 година 21.098.924 денари, во 2021 година 10.475.649 денари, а годинава не се исплатени средства.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povik-za-subvencii-za-novi-aviolinii-sedum-evra-po-patnik-od-skopskiot-4-5-evra-od-ohridskiot-aerodrom/feed/ 0
Аерофлот откажува летови кон европските дестинации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aeroflot-otkazuva-letovi-kon-evropskite-destinacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aeroflot-otkazuva-letovi-kon-evropskite-destinacii/#respond Mon, 28 Feb 2022 06:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=637658

Руската авиокомпанија Аерофлот соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување. Аерофлот објави соопштение откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина. Европската унија претходно одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aeroflot-otkazuva-letovi-kon-evropskite-destinacii/feed/ 0
До крајот на годинава четири нови авиодестинации од Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-godinava-chetiri-novi-aviodestinacii-od-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-godinava-chetiri-novi-aviodestinacii-od-skopje/#respond Sun, 24 Oct 2021 06:23:38 +0000 https://kurir.mk/?p=584456

Во првите девет месеци од годинава на македонските аеродроми се превезени за 57 проценти повеќе патници во однос на истиот период од 2020, односно за 52 проценти помалку споредено со првите три квартали од 2019 година. Првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот по значителниот пад поради ковид пандемијата се забележани по омасовувањето на вакцинацијата против Ковид-19, во втората половина од јуни и јули, сè до средината на август. Стабилизација на секторот и среднорочно и долгорочно закрепнување, како што оценуваат од ТАВ Македонија, операторот со македонските аеродроми, ќе има кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави. Од најавите на авиокомпаниите досега, знаеме дека ќе имаме четири нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје до крајот на 2021 година, вели за МИА, Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, во пресрет на воведувањето на зимскиот ред на летање. Зимскиот распоред на летови ќе почне на крајот од овој месец, во моментов, како што наведува Батак, е во подготовки и наскоро ќе бидеме во можност да кажеме до точно колку дестинации ќе се лета од скопскиот аеродром од крајот на октомври годинава до крајот на март следната 2022 година. Летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, на пазарот влегува и „Изиџет“ – Три нови дестинации ќе воведе Виз ер во декември, од Скопје до Болоња, Торино и Билунд. Една нова дестинација, од Женева до Скопје, ќе биде отворена од Изиџет, британската нискобуџетна авиокомпанија, која со отворањето на оваа рута на почетокот на ноември 2021 година практично првпат ќе влезе на македонскиот пазар. Заедно со наведените наведените нови дестинации на Виз ер од Скопје, во декември 2021, унгарската нискобуџетна авиокомпанија ќе отвори и нова авиолинија од охридскиот аеродром до германскиот град Фридрихсхафен, информира Батак. Најголемиот дел од откажаните авиолинии со почетокот на пандемијата во 2020 година беа вратени на распоредот на летање по повторното отворање на двата аеродроми во јули 2020 година, и потоа во 2021 година. Сепак некои од дестинациите, како Доха со Катар ервејс и Дубаи со Флај Дубаи, што беа опслужувани од Скопје пред пандемијата, сè уште не се вратени. -И покрај тоа што сме среде пандемија, оваа година отворивме две нови авиолинии, односно две нови дестинации од Меѓународниот aеродром Скопје кон Русија – Москва и Санкт Петербург. Ова е прв пат пат после 20 години, Скопје и Македонија да бидат директно поврзани со Русија по воздушен пат. Овие авиолинии имаат голем потенцијал и ние се надеваме дека авиосообраќајот на овие рути ќе се развива и натаму, изјави Батак. Доколку имаат потреба да патуваат со авион, како што вели, луѓето не се двоумат. Тие ги преземаат неопходните здравствени и безбедносни мерки и патуваат и од туристички и од економски причини. -Единствената пречка за патувањата со авион се различните рестрикции наметнати од различни земји поради Ковид-19, коишто се менуваат често и го усложнуваат целиот процес на авионско патување, за патниците, но исто така и за играчите во авијацијата – аеродромите и авиокомпаниите. Кога различните рестрикции поради Ковид-19 ќе се укинат од страна на различни земји, или кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави, тогаш ќе ја видиме стабилизацијата во авијацискиот сектор и тогаш можеме да очекуваме среднорочно и долгорочно закрепнување на авиосообраќајот, посочува Батак. Се почитуваат протоколите на аеродромите, апел патниците да пристигнуваат три часа пред полетување Генералниот директор на ТАВ Македонија вели дека патниците ги следат правилата за заштита од Ковид-19 воведени од ТАВ Македонија, на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид. Од почетокот на пандемијата имаше две промени на заштитните мерки. Првата промена почнавме да ја применуваме од јули 2020, кога повторно ги отворивме двата аеродрома после 3,5 месеци, период во кој беа затворени. Тогаш воведовме нов протокол за управување со аеродромите во услови на пандемија, за кој навремено ги информиравме јавноста и патниците, објаснувајќи им ги здравствените и санитарните мерки за движење низ аеродромските згради. Дополнително, постојано ги потсетувавме патниците на овие мерки, преку сите наши комуникациски канали, како и преку нови знаци и информативни табли и друг вид на визуелни известувања во терминалните згради и нивната околина. Патниците ги усвоија ваквите мерки и генерално ги следеа, вели Батак. Од 19-ти август оваа година, потсетува, со цел да бидеме во склад со Одлуката на Влада од 17-ти август 2021, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома, согласно кои патниците можат да влегуваат само со вакцинален сертификат или сертификат кој покажува дека прележале Ковид-19, или пак медицински доказ дека се негативни на Ковид-19 (ПЦР-тест или брз антигенски тест). Повторно, ја информиравме јавноста за оваа промена и поставивме нови знаци пред и во терминалите. Така што, патниците ги следат овие правила, тие се навикнаа на нив, особено затоа што истите важат речиси за сите затворени објекти во земјава, согласно Одлуката на Владата. Сепак, посочува, има сфера во која би сакале да видиме подобрување, од аспект на практицирањето на условите за патување наметнати од Ковид-19, а таа е поврзана со навременото пристигнување на патниците на нашите шалтери за регистрација. – Уште еднаш, сакаме да ја потсетиме јавноста и сите патници, дека шалтерите за регистрација на патници и багаж отвораат три часа пред полетување, а затвораат еден час пред полетување. Имајќи предвид дека за време на процесот на регистрација, ние како аеродромски оператор сме обврзани да им ги провериме патните документи, кои се многубројни како резултат на рестрикциите од странските земји поради Ковид-19, апелираме до патниците да пристигнуваат на аеродромот три до четири часа пред полетување, односно три часа пред полетување да приоѓаат кон шалтерите за регистрација, кога тие практично ќе се отворат, со цел да го избегнат ризикот да го пропуштат својот лет, изјави Батак. Иако правилата за влез во странските земји не се во доменот на работењето на ТАВ Македонија, како аеродромски оператор, сепак, секогаш ги потсетуваат патниците да ги проверуваат сите последни, односно најнови барања поврзани со Ковид-19 од странските земји кон коишто планираат да летаат. – Им нагласуваме на патниците дека треба да ги направат овие проверки пред да ги купат авионските билети и повторно да ги направат пред да се упатат кон аеродромите, и тоа со амбасадата на земјата која е нивна крајна дестинација и со авиокомпанијата од која ги купиле авионските карти. Рестрикциите за патување од различни земји, поврзани со Ковид-19, се менуваат многу често, некогаш прекуноќ. Како аеродромски оператор и покрај тоа што ние не сме телото кое ги поставува овие правила, ние сме обврзани да ги следиме, и тоа го правиме преку најновите инструкции кои ги добиваме од авиокомпаниите и од државите/граничните власти на земјите кадешто патниците патуваат, порачува Батак. Од јануари до септември превезени 994 237 патници, реализирани 11 203 лета Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите девет месеци од годинава, односно во периодот јануари-септември, двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 994 237 патници, што е 57-процентно зголемување во однос на истиот период од 2020. Во исто време, вкупниот број на патници за првите девет месеци од годинава е намален за 52 проценти, споредено со истиот период од 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи до почетокот на пандемијата бележеа постојан пораст на патничкиот сообраќај. – Како што вакцинацијата од Ковид-19 стана масовна во светски рамки и почна во земјава годинава, така и ние ги видовме првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот, особено во втората половина од јуни и јули, сè до средината на август, кога ЕУ/Шенген државите ги кренаа рестрикциите за македонските државјани, бидејќи со малиот број на заразени од Ковид-19 Македонија во тој период беше во т.н. зелена зона/листа на држави. Потоа повторно, од втората половина на август, како што бројките на заразени со Ковид-19 почнаа да растат, така ЕУ\Шенген државите ги вратија на сила рестрикциите за македонските државјани. Тие забрани се различни во секоја земја и сите видови на административни барања кои одат со рестрикциите, се менуваат често, информира Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. На двата аеродрома во периодот јануари-септември годинава се реализирани 11.203 лета, што претставува 61 процент зголемување споредено со истиот период од 2020 година, но е за 34 проценти помалку споредено со истиот период во 2019 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-godinava-chetiri-novi-aviodestinacii-od-skopje/feed/ 0
„Виз ер“ најави четири нови авиолинии, ова се новите дестинации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-najavi-chetiri-novi-aviolinii-ova-se-novite-destinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-najavi-chetiri-novi-aviolinii-ova-se-novite-destinacii/#respond Tue, 31 Aug 2021 09:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=557116

Четири нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, до Италија, Германија и Данска, од декември 2021, најави Виз ер, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, информираат од ТАВ Македонија. Виз ер ќе воведе 3 нови дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија. Како што најавува авиокомпанијата, првите летови до сите дестинации ќе почнат да во декември 2021 година. Визер почна со продажба на авиобилети, кои се достапни на wizzair.com и преку mobile app. Новите летови до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд се воведуваат благодарение на поставувањето на петтиот авион во базата на Виз ер во Скопје. -Пресреќни сме што и покрај моменталната криза во авијацијата и рестрикциите за патување поради КОВИД-19, Виз ер најавува четири нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид и го позиционира за сообраќај петтиот авион во базата на Меѓународниот Аеродром Скопје. Се надеваме дека најавените нови дестинации – Болоња, Торино и Билунд од Скопје, како и Фридрихсхафен од Охрид, ќе бидат привлечни за нашите патници, па оттука и дека ќе ја искористат можноста да ги откриваат овие нови градови и да уживаат во незаборавно патничко искуство, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. Како што информираат од Виз ер, овие нови дестинации се уникатни по нивната култура, природа и гостопримливост. Позната по своите прочуени кули, цркви и раскошни порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Во градот има голем број студенти што му дава космополитски карактер. Торино од друга страна пак, е познат по префинетата архитектура и кујна. Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е центар на забавата во Европа, каде може да се најдат атракции за секој член од семејството, особено за најмладите благодарение на познатиот Леголенд. Сместен директно на брегот на езерото Констанца, во Фридрихсхафен се сè врти околу акција и забава во, околу и на вода. -Среќни сме што најавуваме проширување на нашата мрежа на авиолинии од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и до Билунд, како и од Охрид до Фридрихсхафен, Виз ер нуди уште повеќе различности во однос на дестинациите за Македонците. Секој може да ужива во ниските цени и да патува безбедно до омилената дестинација со цел да открива нови места со нашите модерни воздухоплови. Се радуваме што ќе ги пречекаме првите патници до овие нови возбудливи дестинации, изјави Паулина Госк, менаџер за корпоративни комуникации на Виз ер. ТАВ Македонија истакнува дека како аеродромски оператор тие имаат имплементирано строги мерки за здравје и безбедност со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19 во аеродромските објекти. Меѓу другото, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се стекнаа со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје. Од ТАВ Македонија ги потсетуваат сите патници да ги почитуваат мерките за здравје и безбедност, што значи да не доаѓаат на аеродром доколку имаат симптоми на болест, да носат маска постојано, да одржуваат физичко растојание и да практикуваат високо ниво на лична хигиена. Во исто време, од 19 август 2021 година, согласно новите владини мерки, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома: Приложување на сертификат за вакцинација, или сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, или медицинска потврда за негативен КОВИД-19 тест, PCR не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа. Овие правила не се однесуваат на лица под 18 години. Виз ер и натаму е во првите редови во индустријата со применети строги здравствени и хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. Додека Хепа-филтрите на сите авиони на Виз ер ги филтрираат 99,97% од вирусите и бактерии од воздухот, протоколите на Виз ер опфаќаат упатства за физичко растојание, обезбедуваат ултра-чиста животна средина и се редуцираат сите несуштински интеракции и физички контакт, така што патниците на Виз ер можат да се бидат сигурни дека безбедно патуваат до нивната дестинација. Виз ер ги советува патниците да ги проверат регулативите за патување пред да го почнат патувањето. Со најновите подобрувања на Картата за планирање патувања //Travel Planning Map// на Визер, патниците можат да ги проверат ажурирањата за ограничувањата за патување во рамките на нивната мрежа на дестинации. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации до кои што патниците можат да патуваат, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници со информации за патување и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање. Виз ер исто така им препорачува на патниците да додадат WIZZ Flex на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум, или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетување без надомест и да добијат 100% од оригиналната цена веднаш надоместен во вид на кредит на авиокомпанијата за следни патувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-najavi-chetiri-novi-aviolinii-ova-se-novite-destinacii/feed/ 0
Оваа соседна држава ги отвори воздушните граници: Визер ги обнови летовите до овие европски аеродроми! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-sosedna-drzava-gi-otvori-vozdushnite-granici-vizer-gi-obnovi-letovite-do-ovie-evropski-aerodromi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-sosedna-drzava-gi-otvori-vozdushnite-granici-vizer-gi-obnovi-letovite-do-ovie-evropski-aerodromi/#respond Thu, 07 May 2020 17:27:25 +0000 https://kurir.mk/?p=343172

Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се планирани за вечерва. По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и ќе им дадат летоци со упатства и услови за карантинот. Сите пристигнати патници ќе треба да останат во 14-дневен карантин, бидејќи доаѓаат од региони ризични во однос на ширењето на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-sosedna-drzava-gi-otvori-vozdushnite-granici-vizer-gi-obnovi-letovite-do-ovie-evropski-aerodromi/feed/ 0
Нови евтини авиолинии од Скопје до атрактивни дестинации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-evtini-aviolinii-od-skopje-do-atraktivni-destinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-evtini-aviolinii-od-skopje-do-atraktivni-destinacii/#respond Tue, 19 Mar 2019 07:45:03 +0000 https://kurir.mk/?p=176235

На Скопскиот аеродром денеска ќе биде одбележано почнувањето на новите летови од и до германските градови Баден-Баден и Бремен на кои линии ќе лета  нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. На свеченоста се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во државава. Согласно со новиот договор за добивање финансиска поддршка,  „Визер“ од денеска од аеродромот во Скопје ќе оперира до и од Баден Баден, од утре до Бремен, додека од  јули воведува летови од Турку и од Ларника. На аеродромот „Св.Апостол Павле“, пак,  попладне треба да слетат првите патници од Милано, една од четирите нови линии на „Виз ер“ според договорот. Авиокомпанијата со нова линија вчера ги поврза Охрид и Малме,  Милано, а во јули треба да воведе летови и од Мемингем и Дортмунд. Во првите два месеца од годинава преку двата аеродрома се превезени 305.246 патници, што претставува седум процентен годишен пораст. Преку Меѓународниот аеродром Скопје лани се превезени 2.158.258 патници, а 184.283 преку аеродромот „Св. Апостол Павле“, односно раст од 16 проценти на годишно ниво на двата аеродрома. Бројот на летови од аеродромите во Скопје и во Охрид минатата година изнесувал 19.750, односно за девет проценти повеќе во однос на претходната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-evtini-aviolinii-od-skopje-do-atraktivni-destinacii/feed/ 0