авиолинија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 08:32:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авиолинија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Воспоставена нова авиолинија Скопје-Сараево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vospostavena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vospostavena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/#respond Tue, 03 Oct 2023 08:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=884523

Синоќа, 2-ри октомври, ТАВ Аеродроми организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје за првите патници во заминување на новата авиолинија Скопје - Сараево, воведена од страна на AEGEAN Airlines, грчката национална авиокомпанија и членка на STAR ALLIANCE. Со инаугуративниот лет што полета од Меѓународниот Аеродром Скопје, AEGEAN почна со операции меѓу двата главни града со авион ATR72-600, со три фрекфенции неделно. Авиокомпанијата ќе лета од Скопје до Сараево секој понеделник, среда и петок. Љубезниот персонал на Меѓународниот Аеродром Сараево им упати топло добредојде на сите патници кои пристигнаа на првиот лет за Сараево и им додели симболични подароци за добар пат кон главниот град на Босна и Херцеговина – Сараево. „Задоволни сме што AEGEAN го зголемува своето присуство на нашиот пазар, со воведувањето на уште една нова дестинација од Скопје, покрај Атина, а тоа е Сараево. AEGEAN ќе лета три пати неделно од Скопје до Сараево и со добра конекција со постојната релација Атина-Скопје ќе овозможи непречено патување низ Балканот. Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците за брзо и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час, наместо копнените видови превоз кои траат долги часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега, луѓето од Сараево можат со летот на AEGEAN да пристигнат во Скопје за речиси еден час, и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или пак за време на продолжени рекреативни патувања во земјата“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. „Задоволство ни е да ја прославиме денес, со нашите први патници и избрани туристички агенти, отворањето на нашата нова авиолинија од Скопје до Сараево. Со овој нов лет, за кој наскоро се надеваме дека ќе стане еден од омилените на патниците, сакаме да ја зголемиме поврзаноста и да го прошириме нашето присуство на балканските простори. Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи, не само меѓу двете земји, туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Скопје и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме. Ќе продолжиме да ја развиваме нашата мрежа и да нудиме нови можности за поврзување во регионот и, се разбира, со нетрпение очекуваме да ве видиме наскоро на еден од нашите летови“, изјави Роланд Јаги, главен комерцијален директор на AEGEAN. „Наше големо задоволство беше да го пречекаме првиот лет на AEGEAN од Скопје, кој слета синоќа на Меѓународниот Аеродром Сараево. Посебно се радуваме на фактот дека воведувањето на оваа авиолинија беше резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу два аеродрома – скопскиот аеродром, управуван од ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Сараево и грчката авиокомпанија AEGEAN. Возбудени сме што AEGEAN ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Сараево ќе биде долга и успешна“, изјави Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево. До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го заокружи периодот од јануари до август 2023 година со вкупно 2.049.157 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова претставува пораст од 32% споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15% зголемување на бројот на патници. Во однос на бројот на летови, во 8-те месеци од 2023 година реализирани се 15.344 летови, или 20% повеќе летови од 2022, односно 4% повеќе споредено со 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vospostavena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/feed/ 0
Обновена сезонската авиолинија Охрид-Белград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovena-sezonskata-aviolinija-ohrid-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovena-sezonskata-aviolinija-ohrid-belgrad/#respond Mon, 19 Jun 2023 14:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=847480

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид попладнево од Белград слета авион на „Ер Србија“ со 57 патници, со што по пауза од шест години е обновена сезонската авиолинија на оваа релација. „Ер Србија“ ќе лета четири пати неделно од Охрид до Белград, во понеделник, среда, петок и во сабота и како што беше истакнато, ќе биде добро поврзување на патниците со западноевропските и прекуокеанските држави. Авионот беше пречекан со воден мост, во присуство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и раководството на аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија. Овозможено е поврзување со голем број дестинации, како Амстердам, Виена, Берлин, Болоња, Цирих, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Копенхаген, Љубљана, Њујорк, Осло, Подгорица, Прага, Рим, Венеција и Загреб. Според министерот Бочварски, и оваа линија е во тајминг кога, како што рече, само ги потврдуваме одличните релации со Србија, кога во рамки на иницијативата Отворен Балкан создаваме низа погодности за нашите и за српските граѓани и земјите ги доближуваме до регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра. -Оваа авиолинија има за цел исто така да овозможи туристичка промоција на Охрид и охридскиот регион. А Охрид како најголем туристички центар во Северна Македонија има огромен потенцијал да прими нови туристи и да ги покаже сите свои историски, културни знаменитости и туристички потенцијали рече Бочварски. Охридскиот аеродром, посочи министерот, се уште има добри капацитети кои можеме да ги користиме и ова е добра можност тоа да го докажеме преку воспоставување на нови линии. Директорот за комерцијални работи и стратегии на „Ер Србија“ Бошко Рупиќ исто така оцени дека линијата е од големо значење и за Северна Македонија и за Србија и ќе придонесе за зголемен број туристи. -Ќе летаме четири пати неделно, понеделник, среда, петок и сабота. Мислам дека термините се добри за туристите и тоа уште сега го гледаме по бројот на резервации за целата летна сезона, голем број патници од Србија ја користат оваа линија за Охрид, така што може да се очекува раст од наши туристи. Но, исто така, гледаме и голем број на транзитни патници кои преку Белград, користејќи ја нашата мрежа дали кон Северна Америка или Западна Европа патуваат преку Белград и ја користат оваа линија за Охрид, изјави Рупиќ, кој се надева дека линијата ќе се опслужува и во наредните сезони. Според директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт, одлуката на „Ер Србија“ да сообраќа повторно на оваа релација дополнително ќе придонесе за зголемени операции во текот на летната созона на Охридскиот аеродорм и додава голема вредност за туризмот во Охрид и околината. -Со четирите неделни летови оваа рута ќе има ефект врз севкупниот раст на Охридскиот аеродром и регионот и ќе биде уште поатрактивна опција и избор за туристите од Србија кои ќе може да пристигнат со авион во Охрид за само час и половина, што е пократко, побрзо и полесно патувањето за разлика од патувањето со автомобил како што покажуваат и многу истржувања. Од друга страна, луѓето што живеат во Охрид и во околината ќе имаат одлична можност да отпатуваат во Белград и да ги откријат убавините и на тој град. Ние како ТАВ, аеродоромски оператор сме убедени дека ова повторно воведување на летовите Ер Србија на релација Белград-Охрид-Белград ќе им користи не само на патниците кои патуваат за одмор, туку и ќе го олесни економскиот раст, културната размена меѓу блиските соседи Србија и Северна Македонија, рече Курт. Охрид-Белград е втора дестинација на „Ер Србија“ во државава, покрај Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovena-sezonskata-aviolinija-ohrid-belgrad/feed/ 0
Од 20 јуни чартер лет од Скопје до Кипар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-juni-charter-let-od-skopje-do-kipar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-juni-charter-let-od-skopje-do-kipar/#respond Fri, 07 Apr 2023 10:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=821448

Од 20 јуни до 22 август за време на летната туристичка сезона ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Balkan Holiday Air“. - Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави денеска Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар од Министерството за туризам. Чартер летот се реализира во соработка со неколку туристички агенции од земјава - ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел. - Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, изјави Елизабета Кочева Јосифовска како претставник на туристичките агенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-juni-charter-let-od-skopje-do-kipar/feed/ 0
ТАВ НАЈАВУВА: CROATIA AIRLINES ќе воведе сезонска авиолинија Скопје-Сплит, дознајте ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-najavuva-croatia-airlines-ke-vovede-sezonska-aviolinija-skopje-split-doznajte-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-najavuva-croatia-airlines-ke-vovede-sezonska-aviolinija-skopje-split-doznajte-gi-detalite/#respond Fri, 10 Mar 2023 09:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=810328

Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година. Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути. За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје – Сплит, Croatia Airlines ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15-ти и 21-ви март, и за билетите во една насока и за повратните билети. Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на Croatia Airlines, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на Croatia Airlines (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на Croatia Airlines на Меѓународниот Аеродром Скопје. Попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост. Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде поврзан. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје–Загреб секој ден.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-najavuva-croatia-airlines-ke-vovede-sezonska-aviolinija-skopje-split-doznajte-gi-detalite/feed/ 0
Аеродромот во Љубљана заинтересиран за обнова на директната авиолинија до Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromot-vo-ljubljana-zainteresiran-za-obnova-na-direktnata-aviolinija-do-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromot-vo-ljubljana-zainteresiran-za-obnova-na-direktnata-aviolinija-do-skopje/#respond Thu, 11 Aug 2022 09:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=716978

Аеродромот во Скопје е „исклучително важна“ рута за Љубљана што треба да се обнови, велат претставници на љубљанските аеродромски власти за специјализираниот сајт за авиосообраќај „Ексјуавиејшн“. Сајтот посочува дека Скопје и Љубљана се двата најпрометни неповрзани аеродроми на територијата на поранешна Југославија, кои останаа без директна авиолинија по пропаѓањето на словенечката авиокомпанија „Адрија Ервејс“. Според „Ексјуавиејшн“, од јануари до крајот на септември 2019 година, кога „Адрија Ервејс“, престана со работа, на релација Скопје – Љубљана и обратно летале 40.293 патници. Во 2018 година, на оваа релација во двата правци летале 44.828 патници. По пропаѓањето на „Адрија Ервејс“, српската „Ер Србија“ стана главна авиокомпанија за превоз  на патници меѓу Скопје и Љубљана. „Ексјуавиејшн“ наведува дека нискобуџетната компанијата „Визер“ размислувала за лансирање на линија од Скопје до аеродромот во Марибор, како алтернатива на словенечкиот главен град, но побарала до еден милион евра субвенции и стимулации за одржување на услугите меѓу двата града. Од друга страна, наведува сајтот, „Ер Србија“ преговара со македонските власти за воведување на сезонски летни авиолинии меѓу Белград и Охрид од следната година, што ќе послужи и за поврзување на двата града, но и како трансфер линија за мрежата на подолги релации на српската авиокомпанија. Српскиот авиопревозник првично започна сезонски летови меѓу Белград и Охрид трипати неделно во 2016 година, по тригодишен прекин. Во 2017 година, бројот на летови беше зголемен на четири неделно, но сепак до 2018 година авиолинијата беше укината поради притисокот врз „Ер Србија“ за намалување на трошоците и рационализација на нејзината авиомрежа. – Тогаш, авиокомпанијата за одржување на својата линија за Охрид, првенствено се потпираше на трансфер патниците со специјални цени за македонската дијаспора во Австралија, од кои многумина потекнуваат од охридскиот регион. Сепак, прекинот на летовите на „Ер Србија“ за Абу Даби во 2017 година, кои служеа како трансфер од Австралија, значително влијаеше на намалување на прометот на охридската линија, наведува „Ексјуавиејшн“. Сајтот посочува и дека „Кроација ерлајнс“ преговарала со аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“ за потенцијалното проширување на нејзините летови кон и од земјава. – Доколку постои интерес од македонските тур-оператори и партнери, ние сме подготвени да ја прошириме нашата соработка и на други рути освен Загреб – Скопје, како можеби Охрид – Сплит, изјавија од „Кроација ерлајнс“ за „Ексјуавиејшн“. Од друга страна, од „ТАВ Македонија“ истакнале дека авиоповрзаноста меѓу земјава и Хрватска е на незадоволително ниво и нови авиолинии би биле голем чекор напред во подобрување на сегашната состојба. – Сметаме дека летови меѓу Охрид и Сплит би биле од интерес за туристите, така што тие би можеле да ги посетат двете земји во рок од неколку дена во еден потег, додале од „ТАВ Македонија“ за „Ексјуавиејшн“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromot-vo-ljubljana-zainteresiran-za-obnova-na-direktnata-aviolinija-do-skopje/feed/ 0
Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград-Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-inicijativa-za-sezonska-aviolinija-belgrad-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-inicijativa-za-sezonska-aviolinija-belgrad-ohrid/#respond Tue, 05 Jul 2022 13:03:32 +0000 https://kurir.mk/?p=700367

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, Љупчо Јаневски, на покана на државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, зема учество на работните средби во Белград, во рамките на Конференцијата „Нови идеи за ново време“. Конференцијата „Нови идеи за ново време“ е организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата “Отворен Балкан”. Денес директорот Јаневски, оствари состанок со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на “Air Serbia”, фокусот на дискусијата беше воведување на авиолинија на релација Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер. “Ова е поткрепено со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500% во 2021година споредбено со 2022г. Раст од 100% во бројот на туристи од Србија кој го посетиле Охрид е забележан и во првиот квартал од 2022 години споредбено со 2021, исто така и остварените ноќевања се со значителен раст”-изјави директорот Љупчо Јаневски. Јаневски дополни дека регионалната соработка е предуслов за развој на туристичката индустрија, а со иницијативата "Отворен Балкан", се поместуваат границите и истата станува дестинација од 15 милиони домашни туристи која е сериозна можност за инвестиции. Туризмот треба да се перцепира и како генератор на воспоставување доверба, соработка, економско закрепнување и добрососедски односи во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-inicijativa-za-sezonska-aviolinija-belgrad-ohrid/feed/ 0
Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sezonska-aviolinija-skopje-izmir-od-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sezonska-aviolinija-skopje-izmir-od-utre/#respond Wed, 01 Jun 2022 11:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=684921

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври. -Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. Како што соопштија од ТАВ Македонија, авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути. Авиопревозникот Санекспрес, пак, ќе стартува со летови на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути. Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sezonska-aviolinija-skopje-izmir-od-utre/feed/ 0
За два месеци најавено воспоставување авиолинија Софија- Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-meseci-najaveno-vospostavuvanje-aviolinija-sofija-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-meseci-najaveno-vospostavuvanje-aviolinija-sofija-skopje/#respond Tue, 18 Jan 2022 12:47:45 +0000 https://kurir.mk/?p=620754

За околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје, најави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој нагласува дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави. – Денеска јасно изјавуваме дека линијата Софија – Скопје ќе биде реалност. За она за што се ангажираме е дека за 30 дена ќе имаме точни специфики, а за 60 денови таа линија ќе биде воведена во функција. Така што, кога ќе почнеме да работиме со точни резултати ќе дадеме можност на народите од двете земји да можат слободно да патуваат, слободно да прават бизнис, рече Петков на прес-конференција по средбата со неговиот колега Димитар Ковачевски. Многу сум среќен, додаде Петков, што можам да кажам дека оттука натаму добрососедството ќе се мери со реални постигнати цели и резултати. – На ваков начин ќе им покажеме на двата народа од двете земји дека добрососедството се мери практично, не само на ниво на политички изјави, туку на ниво на реални резултати на бизнис и работа и на ниво на патување од Софија до Скопје за 20 минути, истакна бугарскиот премиер Петков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-meseci-najaveno-vospostavuvanje-aviolinija-sofija-skopje/feed/ 0
Прв лет на „Изиџет“ на релацијата Скопје – Женева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-let-na-izidzet-na-relacijata-skopje-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-let-na-izidzet-na-relacijata-skopje-zeneva/#respond Mon, 01 Nov 2021 06:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=589025

Британската нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ попладне ќе го реализира првиот лет од директната авиолинија Скопје-Женева, со што и официјално влегува на македонскиот воздухопловен пазар. Слетувањето на првиот лет од Женева на Меѓународниот аеродром Скопје е предвидено за 15:05 часот. Првите патници ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, по што се предвидени изјави за медиумите. „Изиџет“ ќе ја опслужува линијата Скопје – Женева трипати неделно. Со зимскиот распоред на летање, што стапи во сила на крајот на минатиот месец, покрај линијата Скопје Женева на „Изиџет“, се предвидени летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, што ќе ги реализира нискобуџетната Визер, која исто така воведува нова линија и од Охридскиот аеродром до Фридрихсхафен. Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека во периодот јануари-септември, двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 994 237 патници, што е 57-процентно зголемување во однос на истиот период од 2020. Во исто време, вкупниот број на патници за првите девет месеци од годинава е намален за 52 проценти, споредено со истиот период од 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи до почетокот на пандемијата бележеа постојан пораст на патничкиот сообраќај. На двата аеродрома во првите девет месеци од годинава се реализирани 11.203 лета, што претставува 61 процент зголемување споредено со истиот период од 2020 година, но е за 34 проценти помалку споредено со истиот период во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-let-na-izidzet-na-relacijata-skopje-zeneva/feed/ 0
„ЕasyJet“ влегува на македонскиот пазар, авиолинија Женева-Скопје три пати неделно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/easyjet-vleguva-na-makedonskiot-pazar-aviolinija-zeneva-skopje-tri-pati-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/easyjet-vleguva-na-makedonskiot-pazar-aviolinija-zeneva-skopje-tri-pati-nedelno/#respond Fri, 03 Sep 2021 10:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=558789

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок. Од ТАВ Македонија денеска информираа дека станува збор за сезонска авиолинија од 1 ноември до 25 март следната година. – Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1 476 денари за авиобилет во една насока, информираат од ТАВ Македонија. Новата сезонска авионска линија, како што велат од Изиџет, ќе им овозможи на граѓаните да ги посетат своите семејства и пријателите или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети. Од ТАВ Македонија се задоволни што авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања. Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/easyjet-vleguva-na-makedonskiot-pazar-aviolinija-zeneva-skopje-tri-pati-nedelno/feed/ 0