авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 13:07:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Норвешка е третата земја што ќе донира авиони „Ф16“ на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-e-tretata-zemja-shto-ke-donira-avioni-f16-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-e-tretata-zemja-shto-ke-donira-avioni-f16-na-ukraina/#respond Thu, 24 Aug 2023 13:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=870498

Норвешка одлучи да ѝ донира борбени авиони „Ф16“ на Украина со цел да се бори против руската инвазија, објави денеска норвешката телевизија „ТВ2“ повикувајќи се на неименувани извори. „ТВ2“ не објави колку авиони Норвешка ќе му даде на Киев. Норвешкото министерство за одбрана сè уште не одговорило на барањето на „Ројтерс“ за коментар. Доколку веста биде потврдена, Норвешка ќе биде третата земја што ќе ѝ донира американски борбени авиони „Ф16“ на Украина, заедно со Данска и Холандија. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во четвртокот се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленскии во Киев и најави донации на противвоздушни ракети и друга опрема, но не кажа ништо за авионите „Ф16“. Норвешките воздухопловни сили минатата година пензионираа флота од 57 авиони „Ф16“. Норвешка се согласи да продаде 32 од тие авиони на членката на НАТО, Романија, што, според Стоере, е конечниот договор. Дванаесет авиони „Ф16“ треба да бидат продадени на приватна компанија, која ги обучува американските воздухопловни сили, но тој план допрва треба да добие конечно одобрение и некои аналитичари веруваат дека авионите би можеле да бидат донирани на Украина. Норвешкото Министерство за одбрана минатата година соопшти дека преостанатите 13 авиони се прескапи или премногу тешки за поправка и дека може да се стават во музеј, да се користат за резервни делови или да завршат во отпад за да се рециклираат. Норвешка го замени својот авион „Ф16“ со моделот „Ф35“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-e-tretata-zemja-shto-ke-donira-avioni-f16-na-ukraina/feed/ 0
Данските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери: „Летаа кон територија на НАТО“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskite-vozduhoplovni-sili-presretnaa-dva-ruski-bombarderi-letaa-kon-teritorija-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskite-vozduhoplovni-sili-presretnaa-dva-ruski-bombarderi-letaa-kon-teritorija-na-nato/#respond Mon, 14 Aug 2023 10:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=866489

Данските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери кои летаа над Данска и кон воздушниот простор надгледуван од Холандија во име на НАТО, соопшти холандското воено воздухопловство, пренесе Скај њуз. Холандските Ф-16 беа подготвени да ги пресретнат бомбардерите пред да влезат во воздушниот простор на НАТО, соопштија воздухопловните сили – но руските авиони се свртеа пред официјално да преминат на холандска територија, откако данските авиони беа испратени да ги пресретнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskite-vozduhoplovni-sili-presretnaa-dva-ruski-bombarderi-letaa-kon-teritorija-na-nato/feed/ 0
Русите планираат да го вратат во служба носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-planiraat-da-go-vratat-vo-sluzhba-nosachot-na-avioni-admiral-kuznetsov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-planiraat-da-go-vratat-vo-sluzhba-nosachot-na-avioni-admiral-kuznetsov/#respond Wed, 05 Jul 2023 06:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=852812

Единственуиот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, што претрпе низа поправки, би можел да се врати во служба до крајот на следната година, пренесе денеска Тасс. Бродот, лансиран во 1985 година, веќе требаше да биде подложен на ремонт со цел да профункционира во текот на оваа година. „Според прилагодениот план, фабричките морски испитувања на носачот на авиони треба да почнат следната пролет. Доколку тестовите поминат без грешки, тогаш бродот може да се приклучи на флотата кон крајот на следната година. Доколку нешто тргне наопаку за време на тестовите , тогаш нењизбежно ќе има одложување до 2025 година“ пренесе Тасс, повикувајќи се на неименуван извор од одбраната. Во декември 2019 година, најмалку еден војник загина, а 12 лица беа повредени во пожар на бродот. Минатата година бродот претрпе оштетувања за време на поправките кога потона пловечкиот док што го потпираше, а кран се урна на неговата палуба. Носачот на авиони стана познат во Обединетото Кралство во 2017 година кога тогашниот секретар за одбрана Мајкл Фалон го нарече „брод на срамот“ бидејќи исфрлаше црн чад додека минуваше низ водите на англискиот брег. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-planiraat-da-go-vratat-vo-sluzhba-nosachot-na-avioni-admiral-kuznetsov/feed/ 0
Моќниот американски носач на авиони „Џералд Форд“ вплови во Сплит (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mokniot-amerikanski-nosach-na-avioni-dherald-ford-vplovi-vo-split-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mokniot-amerikanski-nosach-na-avioni-dherald-ford-vplovi-vo-split-video/#respond Mon, 26 Jun 2023 10:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=849689

Најмодерниот носач на авиони на нуклеарен погон „USS Gerald R. Ford“ утрово вплови во Сплит. Огромниот брод го привлече вниманието на бројни жители на Сплит и туристи, пренесуваат хрватските медиуми. Посетата на Сплит е потврда за унапредување на односите меѓу САД и Хрватска, бидејќи двете земји работат заедно за стабилен, безбеден и просперитетен регион, соопштија од амбасадата на САД во Хрватска. Бродот е долг дури 337 метри, може да носи до 75 авиони и над 4.000 членови на екипажот, се напојува од два нуклеарни реактори, што му овозможува да плови со брзина до 56 километри на час, може да плови околу 20 години без полнење гориво, опремен е со двопојасен најнапреден радар, а вреди 13 милијарди долари. Разурнувачот се упати кон Европа во октомври минатата година, неговата прва мисија, за да се приклучи на вежбите на северноамериканските и европските сојузници. Минатиот месец тој заплови во Норвешка, во Осло, поради што соседна Русија се налути и го критикуваше чинот како нелогична и штетна демонстрација на сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mokniot-amerikanski-nosach-na-avioni-dherald-ford-vplovi-vo-split-video/feed/ 0
Околу Тајван и денеска патролираат девет кинески бродови и 26 авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-tajvan-i-deneska-patroliraat-devet-kineski-brodovi-i-26-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-tajvan-i-deneska-patroliraat-devet-kineski-brodovi-i-26-avioni/#respond Tue, 11 Apr 2023 06:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=822697

Девет кинески бродови и денеска сè уште оперираат во водите околу Тајван, соопшти Министерството за одбрана на овој остров со повеќедецениска самоуправа, откако вчера таму завршија тридневните кинески поморски вежби, јави ДПА. „Ќе продолжиме внимателно да ги следиме движењата“, соопшти тајванското Министерство за национална одбрана на Твитер. Пекинг, пак, соопшти дека неговите воени игри се спроведоа како одговор на средбата на тајванската претседателка Цаи Инг-вен со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во Калифорнија минатата недела. Покрај деветте поморски бродови, уште 26 авиони ја минаа средишната линија на Тајванскиот теснец и влегоа во воздушниот простор на Тајван меѓу 6 и 11 часот (22 часот синоќа и 03 часот утринава по средноевропско време). Тајван вчера регистрираше 91 кинески авион, што претставува ново највисоко ниво на бројот на дневни летови на кинеските авиони. Од нив, 54 ја поминале средишната линија, дополни ДПА и додаде дека вчера околу островот биле забележени уште 12 бродови на морнарицата на Народноослободителната војска. Кинеската Источна команда соопшти дека вежбите служеле како предупредување за силите за независност во Тајван и странските елементи кои се мешаат во тајванското прашање. Тајванскиот парламент денеска ги повика кинеските власти веднаш да престанат со заплашувањето со сила. Исто така, ја повикува меѓународната заедница заеднички да ја осуди Кина. Во меѓувреме, како што јавивме Цаи остро ја осуди Кина користејќи ја нејзината посета како изговор за започнување воени вежби. -Ова не е одговорен став како главна земја во регионот, рече таа во денеска објавениот видео материјал. Таа им се заблагодари на членовите на вооружените сили на Тајван и единиците на крајбрежната стража што останаа смирени во услови на тензии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-tajvan-i-deneska-patroliraat-devet-kineski-brodovi-i-26-avioni/feed/ 0
Словачка ќе и испрати на Украина aвиони МиГ-29 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-ke-i-isprati-na-ukraina-avioni-mig-29/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-ke-i-isprati-na-ukraina-avioni-mig-29/#respond Fri, 17 Mar 2023 10:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=813116

Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска соопшти дека неговата Влада го одобрила планот на Украина да и испрати борбени авиони МиГ-29. Хегер истакна дека Владата едногласно одлучила да му испрати на Киев авиони од советската ера кои веќе не ги користи. Со оваа одлука Словачка стана втората земја - членка на НАТО која одговори на упорните барања на Киев за испраќање воени авиони. Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера најави дека неговата земја на Украина ќе и испрати десет авиони МиГ-29. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-ke-i-isprati-na-ukraina-avioni-mig-29/feed/ 0
ВИДЕО: Два авиона се урнаа во близина на Рим, пилотите загинаа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dva-aviona-se-urnaa-vo-blizina-na-rim-pilotite-zaginaa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dva-aviona-se-urnaa-vo-blizina-na-rim-pilotite-zaginaa/#respond Tue, 07 Mar 2023 13:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=809129

Два воени авиони „Сиаи 60 Стормо“ се судрија денеска нешто пред 12 часот во близина на Рим. Еден од авионите паднал во поле во близина на гратчето Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој мал град на периферијата на Рим. Двајцата пилоти се мртви, пренесува „Кориере дела Сера“. Реонот на несреќата е опколен од спасувачи кои проверуваат дали во несреќата загинале и други лица. Во тек е полициска истрага. Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот. Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа. „Во име на владата го изразувам моето најдлабоко сочувство и мојата блискост до семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по падот на авионот. „Длабоко сум тажен што ја дознав страшната вест за смртта на двајцата пилоти. Моето најдлабоко сочувство изразувам до семејствата и водачите на воздухопловните сили“, рече претседателот на Сенатот, Игнацио Ла Руса.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dva-aviona-se-urnaa-vo-blizina-na-rim-pilotite-zaginaa/feed/ 0
САД: Приземјени сите авиони – дефект на компутерскиот систем за следење летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjeni-site-avioni-defekt-na-komputerskiot-sistem-za-sledene-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjeni-site-avioni-defekt-na-komputerskiot-sistem-za-sledene-letovi/#respond Wed, 11 Jan 2023 12:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=785975

Сите авиони низ САД денеска беа приземјени поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови на Федералната управа за авијација. Администрацијата преку Твитер објави дека работи на рестартирање на системот „НОТАМ“, што се користи за предупредување на пилотите за потенцијални опасности при лет. „Вршиме завршни проверки и го рестартираме системот“, се вели во соопштението. Според „Скај њуз“, денеска биле пријавени најмалку 500 одложувања, во или надвор од САД. Незадоволните патници објавија на социјалните мрежи дека со часови седат на пистите во полни авиони.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjeni-site-avioni-defekt-na-komputerskiot-sistem-za-sledene-letovi/feed/ 0
Маглата го отежнува авиосообраќајот во Скопје, намалена видливост на неколку патни правци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maglata-go-oteznuva-aviosoobrakjajot-vo-skopje-namalena-vidlivost-na-nekolku-patni-pravci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maglata-go-oteznuva-aviosoobrakjajot-vo-skopje-namalena-vidlivost-na-nekolku-patni-pravci/#respond Sun, 01 Jan 2023 08:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=782913

Поради маглата во Скопската котлина дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување, покажуваат податоците од веб страницата на аердромот. Покрај во Скопје појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека е намалена видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри. УХМР најави дека и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. В среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maglata-go-oteznuva-aviosoobrakjajot-vo-skopje-namalena-vidlivost-na-nekolku-patni-pravci/feed/ 0
Шпанија во декември ќе испрати војници и борбени авиони Ф-18 во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-vo-dekemvri-kje-isprati-vojnici-i-borbeni-avioni-f-18-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-vo-dekemvri-kje-isprati-vojnici-i-borbeni-avioni-f-18-vo-romanija/#respond Wed, 23 Nov 2022 17:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=765552

Шпанија ќе испрати најмалку 130 војници и осум авиони Ф-18 во Романија следниот месец за да го зајакне источното крило на НАТО, изјавија на заедничка прес-конференција шпанскиот премиер Педро Санчез и неговиот романски колега Николае Чука. Шпанија, исто така, ја потврди својата поддршка за „итно“ и „целосно“ присоединување на Романија во Шенген зоната, се вели во заедничката изјава на двајцата премиери, објавена по повод првата заедничка владина седница на Романија и Шпанија. „Двете земји сакаат да постигнат договор во рамките на Европскиот пакт за миграција и азил, кој го одразува принципот на правично споделување на одговорностите и солидарноста. Шпанија ја повторува својата поддршка за брза и целосна интеграција на Романија во Шенген зоната“, се нагласува во документот потпишан од двајцата премиери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-vo-dekemvri-kje-isprati-vojnici-i-borbeni-avioni-f-18-vo-romanija/feed/ 0