авионска линија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Mar 2022 10:07:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авионска линија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ГуливЕр ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guliver-kje-leta-dvapati-nedelno-od-sofija-do-skopje-i-nazad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guliver-kje-leta-dvapati-nedelno-od-sofija-do-skopje-i-nazad/#respond Thu, 03 Mar 2022 10:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=640036

Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија- Скопје- Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник. -Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски, коментира министерот Николај Шабев, цитиран од неговиот прес-центар. Сабев нагласи дека се работи и на тоа што поскоро да се изгради железничка врска меѓу двете земји. На 11 февруари беше воспоставена авиолинијата. Во авионот тогаш беа бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Шабев и министерот за туризам Христо Проданов. Во име на Северна Македонија, во летот учествуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и Размена Дуровиќ, државен секретар во Министерството за економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guliver-kje-leta-dvapati-nedelno-od-sofija-do-skopje-i-nazad/feed/ 0
Слета авионот од Софија, реализиран првиот лет со кој се воспоставува линијата до Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleta-avionot-od-sofija-realiziran-prviot-let-so-koj-se-vospostavuva-linijata-do-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleta-avionot-od-sofija-realiziran-prviot-let-so-koj-se-vospostavuva-linijata-do-skopje/#respond Fri, 11 Feb 2022 09:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=630037

На Меѓународниот аеродром Скопје утрово во 09:40 пристигна авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“. Со ова се реализира првиот лет кој директно ги поврзува двата главни града на Македонија и Бугарија. Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и од неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратеници.Предвидено е да се разгледаат можностите и да се дефинираат деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети што ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. Авионското поврзување меѓу Скопје и Софија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков по првата средба во Скопје на 18 јануари годинава. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleta-avionot-od-sofija-realiziran-prviot-let-so-koj-se-vospostavuva-linijata-do-skopje/feed/ 0
Од први ноември стартува авионската линија Атина Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prvi-noemvri-startuva-avionskata-linija-atina-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prvi-noemvri-startuva-avionskata-linija-atina-skopje/#respond Fri, 28 Sep 2018 11:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=107418

Со летови два пати седмично, секој вторник и четврток, од први ноември Атина и Скопје авионски се поврзуваат, преку грчката „Aegean airlines“, јави дописничката на МИА од Атина, според потврдената информација од авио компанијата. Распоредот на летови е од 1.11.2018 до 28.03.2019 бидејќи тоа е зимската програма на компанијата, а дополнително, ќе биде објавен и летниот распоред. На сајтот на „Aegean airlines“ веќе има можност за резервација на билети. Според информациите на МИА од Атина, двете престолнини ќе ги поврзе авион на „Olympic air“, подружницата на „Aegean airlines“, а летовите ќе бидат со авион „Q400“ со капацитет од 78 патници. Авионот, секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време. Во четврток, летот од грчката престолнина е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот. Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути. Во октомври минатата година, грчката авиокомпанија „Aegean airlines“ на прес конференција соопшти дека во 2018 ќе се воведен директен лет Скопје Атина, а македонската престолнина беше една од новите 11 дестинации. Македонската и грчката престолнина повторно ќе се поврзат по повеќе од 10 години пауза. Од 2003 година, неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, што беше прекинато, а бизнис заедниците од Македонија и Грција минатата година бараа одново да се воведе лет. „Aegean airlines“ веќе лета речиси во сите главни градови во земјите од поранешна Југославија, но и во некои помали, но туристички дестинации. Промената на името на скопскиот аеродром беше првиот и клучен чекор за да се отвори патот за воздушно поврзување на Скопје и Атина. Во интервју за МИА, пред 2 месеци, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во чија надлежност беше повторното авио поврзување на Скопје и Атина, рече дека тоа многу брзо ќе биде реалност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prvi-noemvri-startuva-avionskata-linija-atina-skopje/feed/ 0
На охридскиот аеродром слета првиот авион од сезонската чартер линија од Ајндховен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-sleta-prviot-avion-od-sezonskata-charter-linija-od-ajndhoven/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-sleta-prviot-avion-od-sezonskata-charter-linija-od-ajndhoven/#respond Fri, 11 May 2018 13:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=53064

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска стигна првата група од 180 туристи од холандскиот град Ајндховен, кои организирано ќе летуваат на Охридско-струшката ривиера преку аранжманите на туроператорот „ТУИ“. Сезонските летови на релација Ајндховен-Охрид-Ајндховен ќе оперираат до 21 септемви, двапати седмично секој понеделник и секој петок. - Многу сме среќни што „ТУИ“ ги проширува своите операции, носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи и повеќе туристи на прекрасното Охридско Езеро. Се надеваме дека пакет-аранжманите на „ТУИ“ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од другите европски земји кои ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат нејзини редовни посетители, изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“Алпер Ерсој. Авиони на „ТУИ“ веќе оперираат на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридско-струшката ривиера, а Ајндховен го воведува како втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Се проценува дека преку сезонските летови од Ајндховен на охридскито аеродром ќе пристигнат до 3,5 илјади патници, додека вклучително со летовите од Амстердам во Охрид да допатуваат околу 15 илјади туристи од земјите на Бенелукс. „ТАВ Македонија“ има фреквентна летна сезона на охридскиот аеродром. Годинава сезоната беше отворена на 15 април, со стартот на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул од авиокомпанијата „Онур ер“. Покрај Истанбул и Ајндховен, како нови дестинации на охридскиот аеродром во текот на летото 2018 година, ќе бидат отворени и летовите од Талин и Варшава. Со овие четири нови за 2018 година и постојните до Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ има осум сезонски дестинации. Во моментов од охридскиот аеродром оперираат и три редовни авиолинии во текот на целата година: за Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година „Виз ер“ ќе ја отвори новата линија за Виена, како редовна авиолинија, оперативна во текот на целата година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-sleta-prviot-avion-od-sezonskata-charter-linija-od-ajndhoven/feed/ 0
Претстојната сезона директна авионска линија на релација Истанбул – Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstojnata-sezona-direktna-avionska-linija-na-relacija-istanbul-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstojnata-sezona-direktna-avionska-linija-na-relacija-istanbul-ohrid/#respond Fri, 16 Feb 2018 15:42:52 +0000 http://kurir.mk/?p=22238

Турската нискобуџетна авиокомпанија „Онур Ер“ за претстојната туристичка сезона ќе воспостави директна авионска линија од Истанбул за Охрид. Предвидено е авиони на „Онур Ер“ да летаат од Истанбул за Охрид еднаш седмично, почнувајќи од 15 април заклучно со 7 октомври. Првично билетите за летот ќе се продаваат преку турскиот тур-оператор „Татил Будур“, но ќе бидат понудени и на отворена продажба доколку постои интерес на пазарот. Воспоставувњето сезонска авионска линија е резултат на преговорите што авиокомоанијата ги имаше со македонската Влада, како обид за привлекување што поголем број гости на охридската ривиера. - Наша интенција е да работиме во насока на развој на авионскиот сообраќај и оттаму ќе ја поддржиме секоја авиокомпанија која сака да воспостави директна авионска линија за Македонија. Аеродромот во Охрид има голем потенцијал и нашите активности се насочени кон привлекување што поголем број патници кон Охрид, особено кога станува збор за нискобуџетни авионски компании, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид минатата 2017 година пристигнале рекордни 159.072 патници, што претставува зголемување за 9,7 отсто споредбено со годината претходно. Авиокомпанијата „Онур Ер“ оперира со 24 авиони што летаат на речиси 40 дестинации, како низ Турција така и на меѓународни летови. Во Европа „Онур Ер“ моментално има директни авионски линии за Русија, Франција, Германија, Австрија, Холандија и Украина. Турските гости претставуваат значаен сегмент во вкупниот број гости кои престојувале во Македонија. Минатата година Македонија ја посетиле 129.708 турски туристи што е зголемување за 22,7 проценти споредбено со 2016.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstojnata-sezona-direktna-avionska-linija-na-relacija-istanbul-ohrid/feed/ 0