авионски билети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Apr 2020 10:31:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авионски билети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, во сила одлуката за затворање на аеродромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-da-se-vozdrzat-od-rezervacii-za-aviobileti-vo-sila-odlukata-za-zatvoranje-na-aerodromite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-da-se-vozdrzat-od-rezervacii-za-aviobileti-vo-sila-odlukata-za-zatvoranje-na-aerodromite/#respond Mon, 27 Apr 2020 10:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=337981

Министерството за транспорт и врски апелира до граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети бидејќи се уште е во сила е одлуката за затворање на двата меѓународни аеродроми во земјава поради пандемијата со коронавирусот. – Сакаме да потенцираме дека во сила се уште важи Одлуката за затворање  на „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот  „Св. Апостол Павле во Охрид. Тоа значи дека се додека не се донесе друга одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници, се вели во денешното соопштение од Министерството по објавите во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии. Од ресорното Министерство нагласуваат дека во моментов не може да се предвиди кога повторно ќе се нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. – Се до донесување на нова одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци. За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме, велат од Министерството за транспорт. Апелираат граѓаните да ги следат информациите што се објавуваат од Владата и ресорните министерства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-da-se-vozdrzat-od-rezervacii-za-aviobileti-vo-sila-odlukata-za-zatvoranje-na-aerodromite/feed/ 0
Јанушев: Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-vladata-kje-troshi-20-milioni-denari-za-shetanje-i-avionski-karti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-vladata-kje-troshi-20-milioni-denari-za-shetanje-i-avionski-karti/#respond Fri, 07 Feb 2020 11:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=300628

Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти, но нема пари да го реши случајот со вработените во Охис и Еврокомпозит, за кои нема плати, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Железничарите штрајкуваат поради немање на плати, но Владата не се откажува од скапи авионски билети за себе. Знаеме дека нема пилот во авионот на Владата, но има авио-карти кои се скапо платени. Тоа е тој познат двоен стандард на расипничко трошење на народните пари. 20 милиони денари за шетање низ светот и авио-карти, но ниту денар повеќе за македонскиот земјоделец кому министрите од владата му викаат "од мотиката подалеку" ... и нула денари за болниците кои наликуваат на преградие во некоја афричка провинција. Тоа е тоа наводно блескање на Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-vladata-kje-troshi-20-milioni-denari-za-shetanje-i-avionski-karti/feed/ 0
Македонците повеќе нема да можат да си дозволат патувањa во Европа: Поскапуваат авионските билети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedoncite-povekje-nema-da-mozat-da-si-dozvolat-patuvanja-vo-evropa-poskapuvaat-avionskite-bileti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedoncite-povekje-nema-da-mozat-da-si-dozvolat-patuvanja-vo-evropa-poskapuvaat-avionskite-bileti/#respond Mon, 17 Jun 2019 13:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=209977

Европските држави разгледуваат воведување нови такси во авио сообраќајот поради загадувањето, со што ќе се зголемат цените на авио-билетите. Во авио индустријата веќе со месеци се расправа за воведување еколошка такса поради критиките дека комерцијалната авијација е одговорна за голем дел од вкупната емисија на штетни гасови. Според меѓународната организација за цивилна авијација, се работи за два отсто од вкупната количина на тие гасови, додека невладината „Клајмат екшн нетворк“ проценува дека во прашање се пет отсто. Шведска веќе воведе такси на керозин од 6 до 38 евра по билет, а во таа држава веќе гласно се зборува за „срамота е да се патува со авион“. Франција веќе ја анализира можноста за укинување на сите домашни летови за кои постои замена за патувања со воз пократки од пет часа. Белгија и Холандија во почетокот на годината покренаа прашања за загадувањето и се очекува да бидат една од темите на состанокот на Советот на министри за сообраќај на ЕУ во Луксембург. Според доверлив извештај на ЕК, неодамна објавен во јавност, такса од 330 евра за тон керозин би намалила емисии на штетни гасови за 11 отсто. Во предлог законот пишува дека еден лет од Париз до Марсеј испушта 178 кг штетни гасови по патник, додека за исто патување со воз – 4,14 кг по патник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedoncite-povekje-nema-da-mozat-da-si-dozvolat-patuvanja-vo-evropa-poskapuvaat-avionskite-bileti/feed/ 0
ИЗМАМА: Македонците вчера масовно купувале авионски билети од лажна интернет страна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izmama-makedoncite-vchera-masovno-kupuvale-avionski-bileti-od-lazna-internet-strana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izmama-makedoncite-vchera-masovno-kupuvale-avionski-bileti-od-lazna-internet-strana/#respond Tue, 19 Jun 2018 15:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=67559

Граѓани вчера масовно купуваа авионски билети од лажна интернет страна, а кога сфатиле дека станува збор за измама вртеле во банките да им ги блокираат картичките, пишува СДК. На социјалните мрежи се појави лажна интернет страна со слично име како нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ на која пишува дека нудат два авионски билети само за еден долар. Оваа промоција, како што стоеше на сајтот, е во рамките на одбележување на 15-годишнината на авиокомпанија. Голем број граѓани наседнаа на оваа лажна страна и на своите Фејсбук профили објавуваа дека купиле билети и му се заблагодаруваа на „Визер“ за промоцијата. При купување на картите тие на лажната страна ги внесуваа и податоците од картичките. Но, за кусо време, дел од граѓаните кои купиле билети открија дека станува збор за измама и лажна интернет страна, па масовно вртеле по банките да им ги блокираат картичките. „За сите што аплициравте за два билети на „Визер“ за еден долар и ги оставивте оригиналните податоци од вашата картичка под итно да се јавите во банка да ви ги блокираат картичките ако не сакате да се разбудите со нула денарите на вашата сметка“, пишуваа граѓани на социјалните мрежи откако открија дека станува збор за измама. Во Министерството за внатрешни работи велат дека до сега кај нив никој не пријавил случај за лажната страна. „Ние постапуваме доколку има пријава до нас. За овој случај со продажба на билети за еден долар од „Визер“ немаме пријава“, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izmama-makedoncite-vchera-masovno-kupuvale-avionski-bileti-od-lazna-internet-strana/feed/ 0
Македонски железници нема пари за плати, а ќе потроши милиони за авионски билети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-zeleznici-nema-pari-za-plati-a-kje-potroshi-milioni-za-avionski-bileti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-zeleznici-nema-pari-za-plati-a-kje-potroshi-milioni-za-avionski-bileti/#respond Mon, 29 Jan 2018 17:28:53 +0000 http://kurir.mk/?p=16090

Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници ќе потроши 1,2 милиони денари за авионски билети за службени патувања следната година, во услови кога секој месец вработените штрајкуваат за неисплатени заостанати плати. На крајот на минатата година со одлука на Владата, Македонски железници преку заем од ЕЛЕМ и МЕПСО обезбеди пари за исплата на ноемвриската плата на вработените, а се уште е отворено прашањето како ќе бидат покриени плати годинава со оглед на тоа што претпријатието работи непрофитабилно со години. Лошата финансиска ситуација на Македонски железници ја покажува и долгот кој што го има кон Управата за јавни приходи (УЈП). Според последната Листа на должници која што ја објави УЈП, Јавнoто претпријатие за железничка инфраструктура на државата и должи 46.517.870 денари или 760.000 евра за неплатени даноци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-zeleznici-nema-pari-za-plati-a-kje-potroshi-milioni-za-avionski-bileti/feed/ 0