авионски сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 06:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авионски сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бројот на комерцијални летови во ЕУ во септември и натаму под предпандемиското ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-komertsijalni-letovi-vo-eu-vo-septemvri-i-natamu-pod-predpandemiskoto-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-komertsijalni-letovi-vo-eu-vo-septemvri-i-natamu-pod-predpandemiskoto-nivo/#respond Fri, 13 Oct 2023 06:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=888258

Во текот на септември годинава во ЕУ биле реализирани 605.806 комерцијални летови, што претставува раст за 7,9 отсто во споредба истиот месец лани, но оваа бројка сепак е пониска за 8,9 проценти во однос на септември 2019 година, соопшти Европската статистичка служба (Евростат). Како што јави дописникот на МИА од Брисел, податоците на Евростат укажуваат на продолжување на трендот од претходните три месеци, кога имаше раст на бројот на летови на годишно ниво, но тие и натаму беа под нивото на предпандемиската година. Така, во јуни бројот на летови бележеше раст на годишно ниво од 6,9 отсто, во јули од 7,4, а во август од 6,6 проценти. Од друга страна, споредено со 2019 година во јуни имаше пад 10,4 отсто, во јули од 9,0, а во август намалување од 8,5 проценти. Сепак и покрај вкупниот негативен показател, шест членки на ЕУ во септември годинава бележат поголем број реализирани комерцијални летово споредено со истиот месец во 2019 година и тоа Грција од 10,9 проценти, Португалија од 9,0, Кипар од 5,9, Хрватска од 2,6, Ирска од 1,4 и Малта од 0,7 отсто. Најголем пад на летово меѓу септември 2023 и септември 2019, пак, има во Летонија од 30,4 отсто, пред Финска од 30,2, Естонија од 25,4, Шведска од 24,1 и Словенија од 22,9 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-komertsijalni-letovi-vo-eu-vo-septemvri-i-natamu-pod-predpandemiskoto-nivo/feed/ 0
Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, дел од летовите одложени и откажани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maglata-go-oteznuva-avionskiot-soobrakjaj-del-od-letovite-odlozeni-i-otkazani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maglata-go-oteznuva-avionskiot-soobrakjaj-del-od-letovite-odlozeni-i-otkazani/#respond Mon, 02 Jan 2023 11:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=783206

Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата. Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон. Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скопје-Кумануво, Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maglata-go-oteznuva-avionskiot-soobrakjaj-del-od-letovite-odlozeni-i-otkazani/feed/ 0
Хитроу очекува воздушниот сообраќај да закрепне дури во 2026 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-ochekuva-vozdushniot-soobrakjaj-da-zakrepne-duri-vo-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-ochekuva-vozdushniot-soobrakjaj-da-zakrepne-duri-vo-2026-godina/#respond Tue, 26 Oct 2021 10:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=585677

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ сè уште бележи загуби, и покрај заживувањето на туризмот во третиот квартал по ублажувањето на ограничувањата поради коронавирусот, и проценува дека сообраќајот нема целосно да се опорави од кризата најверојатно до 2026 година. Најпрометниот аеродром во Велика Британија денеска објави дека периодот јануари-септември го завршил со загуба по оданочување од 1,32 милијарди фунти (1,57 милијарди евра). Од почетокот на кризата, загубата вкупно изнесува 3,4 милијарди фунти. Бројот на патници достигна 28 отсто од нивото пред пандемијата во третиот квартал, наведуваат од „Хитроу“, додавајќи дека целосно закрепнување не се очекува пред 2026 година. „Хитроу“ ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа во пандемијата во 2020 година, која ја презеде париски „Шарл де Гол“, и оттогаш се обидува да ги подобри резултатите со зголемување на таксите за авиокомпаниите. Британскиот авијациски регулатор минатата недела го отфрли неговиот предлог за зголемување на таксите за патници, оценувајќи го како претеран, а се спротивставија и авиокомпаниите и оние кои се сериозно погодени од пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-ochekuva-vozdushniot-soobrakjaj-da-zakrepne-duri-vo-2026-godina/feed/ 0
Поради пандемијата патнички авиосообраќај во 2020 година опадна за досега невидени 66% https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pandemijata-patnichki-aviosoobrakjaj-vo-2020-godina-opadna-za-dosega-nevideni-66/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pandemijata-patnichki-aviosoobrakjaj-vo-2020-godina-opadna-za-dosega-nevideni-66/#respond Wed, 03 Feb 2021 17:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=463768

Глобалниот патнички авиосообраќај во 2020 година опадна за досега невидени 66 отсто, поради ограничувањата за патувања воведени со пандемијата на Ковид-19, соопшти денеска оваа индустриска група Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) предупреди дека појавата на новите, попреносливи и позарасни варијанти на коронавирусот ги оштетува изгледите за закрепнување оваа година. Додека сообраќајот малку се зголеми во текот на летото, тој во декември опадна за 70 отсто, завршувајќи ја годината под просекот. ИАТА, организација која обединува 190 авиокомпании, официјално не ги намали предвидувањата за зголемен сообраќај годинава благодарение на воведувањето вакцини, но предупреди дека појавата на новите видови коронавируси ги замаглува овие предвидувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pandemijata-patnichki-aviosoobrakjaj-vo-2020-godina-opadna-za-dosega-nevideni-66/feed/ 0
Од понеделник Албанија го отвора авионскиот сообраќај со Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-albanija-go-otvora-avionskiot-soobrakjaj-so-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-albanija-go-otvora-avionskiot-soobrakjaj-so-grcija/#respond Thu, 11 Jun 2020 11:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=356606

Албанското Министертво за инфраструктура и енергетика ги информираше своите граѓани дека од понеделник, 15 јуни ќе почнат редовните летови Тирана-Атина и Атина- Тирана. „Одлуката на владите на двете земји да продолжат со редовните летови, исто така, предвидува спроведување на строги безбедносни протоколи против Ковид-19, одобрени од властите за јавно здравје,стои во соопштението на Министерството. Се додава дека запознавањето со овие протоколи и нивното строго почитување од страна на сите патници не само што ќе ја зголемат безбедноста во ширењето на инфекцијата со Ковид-19, туку значително ќе ги олесни сите постапки што треба да се следат на соодветните аеродроми. Во соопштението се посочува дека албанската влада е во постојан контакт со владите на европските земји за да го унапреди процесот на отворање на нивните аеродроми, а Министерството за инфраструктура и енергија навремено ќе ја објавува секоја одлука во врска со обновување на летовитекон сите земји. Поради пандемијата, Албанија на 10 март целосно го прекина авионскиот и поморскиот сообраќај кон сите земји а ја затвори и границата, која пак ја отвори од први овој месец,во рамки на четвртата фаза од олеснителните мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-albanija-go-otvora-avionskiot-soobrakjaj-so-grcija/feed/ 0