авни арифи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jul 2018 12:36:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png авни арифи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Никаква промена на границите не доаѓа предвид, порача советник на Харадинај https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikakva-promena-na-granicite-ne-doagja-predvid-poracha-sovetnik-na-haradinaj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikakva-promena-na-granicite-ne-doagja-predvid-poracha-sovetnik-na-haradinaj/#respond Thu, 26 Jul 2018 12:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=81379

Кабинетот на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај денеска порача дека Владата на Косово ја исклучува секоја можност за дебата и преговори за поделба на Косово или за размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. - Поделбата на територијата на Косово, размената на територии или која било друга опција што има за цел промена на границите воопшто не претставува опција за Владата на Косово. За нас тоа е дебела и неминлива црвена линија, изјави за сервисот на албански јазик на Радио Слободна Европа, Авни Арифи, советник на Харадинај. Тоа е, според Арифи, линија која Приштина не може да ја прескокне. Тој нагласи дека оние што мислат да менуваат граници, да разменуваат територии и што поставуваат такви прашања на преговарачка маса, тежнеат „да го вратат Балканот во темните времиња“. Според советникот на косовскиот премиер, Владата на Косово „на ниеден начин нема да влезе во преобликување на балканските граници“. Реакцијата на Арифи, како што објави Радио Слободна Европа на албански јазик, уследи по изјавите на српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека „за Србија би било подобро било што, отколку ништо“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikakva-promena-na-granicite-ne-doagja-predvid-poracha-sovetnik-na-haradinaj/feed/ 0
Арифи: Косово нема да даде ниту еден метар своја земја на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/arifi-kosovo-nema-da-dade-nitu-eden-metar-svoja-zemja-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/arifi-kosovo-nema-da-dade-nitu-eden-metar-svoja-zemja-na-srbija/#respond Sun, 01 Jul 2018 07:56:53 +0000 https://kurir.mk/?p=71606

Шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Авни Арифи, порача дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај, јавува дописникот на МИА од Приштина. - Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста и постоечката ситуација. Но, ништо нема да предизвика губење на ниту метар од Косово. Суверенитетот и територијата на Косово се неповредливи од никого  по никоја цена. Ниту сега ниту било кога, напиша Арифи на Фејсбук. Реакцијата на Арифи уследи по изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека „макар и еден метар од Косово“ да се врати на Србија, ќе го смета за успешен резултат на преговорите со Приштина. - Барем еден метар од сето она што го изгубија (поранешните српски власти) успееме да вратиме, тоа е добиток, бидејќи денеска немам ништо, благодарение на оние кои до 2012-та ставија потпис на независноста на Косово, им изјави вчера Вучиќ на новинарите во Белград. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/arifi-kosovo-nema-da-dade-nitu-eden-metar-svoja-zemja-na-srbija/feed/ 0