Австралија опен 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jan 2022 17:06:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Австралија опен 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Медведев со голем пресврт обезбеди полуфинале на Австралија Oпен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/medvedev-so-golem-presvrt-obezbedi-polufinale-na-avstralija-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/medvedev-so-golem-presvrt-obezbedi-polufinale-na-avstralija-open/#respond Wed, 26 Jan 2022 17:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=623285

Познати се сите полуфиналисти на Австралија опен, откако попладнево вториот светски рекет, Русинот Данил Медведев, иако губеше со 0-2 во сетови и спаси една меч топка, го совлада на крајот Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим со 6-7 (4), 3-6, 7-6 (2), 7-5, 6-4.
Последниот патник во полуфиналето на грен – слем турнирот во Мелбурн беше познат по 4 часа и 38 минути игра.
Медведев во полуфиналето ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, кој во средата го совлада Италијанецот Јаник Сибер (3-0), додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Италијанецот Матео Беретини и Шпанецот Рафаел Надал. Машките полуфинални натпревари се на програмата в петок.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/medvedev-so-golem-presvrt-obezbedi-polufinale-na-avstralija-open/feed/ 0
Калин Ивановски елиминиран на Австралија Опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kalin-ivanovski-eliminiran-na-avstralija-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kalin-ivanovski-eliminiran-na-avstralija-open/#respond Sat, 22 Jan 2022 07:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=621870

Македонскиот тенисер Калин Ивановски како десетти носител доби место на јуниорскиот Грен Слем турнир Австралијан Опен и беше елиминиран во првата рунда. Ивановски загуби од Русинот Јарослав Демин со 0-2 во сетови (6-7, 5-7). Нашиот претсатвник грешеше доста на овој дуел кој траеше речиси два часа, па така му дозволи на ривалот да оди понатаму, Демин во следното коло ќе се соочи со Жил-Арно Бејли од Белгија кој беше подобар од квалификантот Чарли Камус.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kalin-ivanovski-eliminiran-na-avstralija-open/feed/ 0
Мареј разочаран од раната елиминација на Австралија опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marej-razocharan-od-ranata-eliminacija-na-avstralija-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marej-razocharan-od-ranata-eliminacija-na-avstralija-open/#respond Thu, 20 Jan 2022 19:00:39 +0000 https://kurir.mk/?p=621438

Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј со разочарување го прими поразот од Таро Даниел (Јапонија) во второто коло на Австралија Опен (4:6, 4:6, 4:6). – Оваа година е многу важна за мене од повеќе причини и сакам да се претставам добро на големите турнири. Денешниот резултат не е доволен. Елиминацијата во второто коло на Грен слем турнирите не мотивира. Сакам да постигнам повеќе. Физички, денес бев во ред, добро се одморив по последниот меч кој траеше четири часа. Во таа смисла бев сосема задоволен со оглед на ситуацијата. Јас сум крајно разочаран, истакна Мареј. Британецот проговори и за започнување на новата сезона со нов рекет. – Тоа не го оправдува денешниот пораз, но неколку месеци морам да го земам тоа предвид при моите настапи. Сите со кои сум разговарал за менување рекети велат дека е потребно време за да се изгради самодоверба, па морам да го имам тоа на ум. Менувате рекети за да ги подобрите вашите резултати и, се разбира, да постигнете повеќе на големите турнири, а оваа недела тоа не се случи. Ме прави тажен. Во февруари планира да настапи во Доха и Дубаи, но засега ќе се врати дома. – Кога знаеш дека имаш четири деца, заминувањето од дома е многу потешко отколку кога си во 20-тите години, но јас сепак сакам турнири. Можам правилно да се фокусирам на тенисот. Сега можам да си одам дома и да поминам малку време со моето семејство. Малку се разболеа во текот на неделата. Се разбира, во таква ситуација сакам да бидам таму и да помогнам, нагласи Мареј. Противникот на Мареј, во третото коло на Грен слемот во Мелбурн ќе се соочи со 11.  носител Јаник Синер од Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marej-razocharan-od-ranata-eliminacija-na-avstralija-open/feed/ 0
Австралија Опен ќе ги плати судските трошоци за „случајот Ѓоковиќ“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralija-open-kje-gi-plati-sudskite-troshoci-za-sluchajot-gjokovikj/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralija-open-kje-gi-plati-sudskite-troshoci-za-sluchajot-gjokovikj/#respond Wed, 19 Jan 2022 16:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=621112

Судските трошоци кои се проценуваат на околу еден милион долари за двете рочишта што беа одржани во Мелбурн поради проблемите со влезната виза на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе ги платат организаторите на Австралија Опен, јавија денеска британските медиуми. Точната сума засега не е позната, но се проценува дека ќе изнесува околу еден милион долари, имајќи предвид дека трошоците по првото рочиште изнесуваа околу 500.000 долари, објави весникот „Дејли Мејл“. Весникот, повикувајќи на австралиски извори, наведе дека судските трошоците ќе бидат намирени со пари од даночните обврзници. – Најважната работа која луѓето не ја знаат е дека Тенис Австралија ги плаќа судските трошоци за рочиштата на Ѓоковиќ, Тенис Австралија добива пари за организација на грен – слем турнирот во Мелбурн од австралиската Влада, така што тие кои плаќаат данок ќе ги платат и овие трошоци, иако Ѓоковиќ го загуби споро, тврди изворот на „Дејли мејл“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralija-open-kje-gi-plati-sudskite-troshoci-za-sluchajot-gjokovikj/feed/ 0
Надал без проблеми во третото коло, убедлива и Барти на АО https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-bez-problemi-vo-tretoto-kolo-ubedliva-i-barti-na-ao/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-bez-problemi-vo-tretoto-kolo-ubedliva-i-barti-na-ao/#respond Wed, 19 Jan 2022 08:01:29 +0000 https://kurir.mk/?p=620930

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Австралија Опен откако со 3:0 во сетови го победи Германецот Јаник Ханфман со 6:2, 6:3, 6:4. Надал покажа дека се наоѓа во одлична форма и во ниту еден момент не му дозволи на 126-тиот тенисер во светот да се понадева на сензација. Во третото коло се пласираше и српскиот тенисер Миомир Кецманови, со 3:0 во сетови го победи Томи Пол од САД и тоа со 7:6, 7:5, 7:6. Денис Шаповалов се намачи но на крајот победи со 3:2 во сетови против Кон од Јужна Кореја, Беретини со 3:1 во сетови беше подобар од Козлов, а по голема драма Карено-Бусто со 3:2 во сетови го елиминираше Грекспор од Холандија. Кај дамите Ешли Барти продолжува да гази откако во првото коло дозволи само еден гем на Украинката Цуренко, на Италијанката, Бронзети и дозволи само еден повеќе (6-1, 6-1). Пласман во третата рунда обезбедија и Азаренка, Свитолина, Бадоса и Киз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-bez-problemi-vo-tretoto-kolo-ubedliva-i-barti-na-ao/feed/ 0
Познат тенисерот кој ќе го замени Новак Ѓоковиќ на АО https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poznat-teniserot-koj-kje-go-zameni-novak-gjokovikj-na-ao/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poznat-teniserot-koj-kje-go-zameni-novak-gjokovikj-na-ao/#respond Sun, 16 Jan 2022 09:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=619889

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на „Австралија опен. Во ноќта меѓу недела и понеделник стартува првиот Грен слем сезонава, веќе одреди кој ќе го замени деветкратниот шампион во Мелбурн. Местото на Ѓоковиќ на ждрепката ќе го заземе „среќниот губитник“ (лакилузер), Италијанецот Салваторе Карузо, 150. тенисер во светот. Противник на Карузо во првото коло ќе биде српскиот натпреварувач Миомир Кецмановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poznat-teniserot-koj-kje-go-zameni-novak-gjokovikj-na-ao/feed/ 0
Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskite-vlasti-baraat-dokazi-od-gjokovikj-za-medicinskata-potvrda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskite-vlasti-baraat-dokazi-od-gjokovikj-za-medicinskata-potvrda/#respond Wed, 05 Jan 2022 09:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=616107

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе мора да докаже дека медицинската потврда со која е ослободен од обврската за вакцинирање против коронавирус ја добил на автентичен начин, или, во спритвно ќе биде вратен дома со првиот авион. – Доколку не добиеме доволно докази, кон него ќе се однесуваме како кон кој било друг, односно со првиот авион ќе биде вратен дома. Нема да има никакви посебни правила за Ѓоковиќ, изјави Морисон, по средбата со претставници на австралиските сојузни држави, на која било разговарано за рекордните бројки заразени со коронавирус во земјата. Реакцијата на Морисон иследи откако Тениската федерација на Австралија и Владата на државата Викторија објавија дека Ѓоковиќ немал никаков посебен третман за да добие лекарска потврда со која се ослободува од вакцинирање против Ковид-19, што е услов кои ќе настапат на претстојниот грен – слем турнир Австралија Опен. Надлежните рекоа дека Ѓоковиќ бил еден од ретките, вкупно 26-мина, кои побарале и добиле лекарско изземање за вакцинација. Ѓоковиќ денеска треба да пристигне во Мелбурн во надеж дека на крајот сепак, ќе може да настапи на првиот календарски грен – слем и во случај на триумф да стане апсолутен светски рекордер со 21 титла на големите турнири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskite-vlasti-baraat-dokazi-od-gjokovikj-za-medicinskata-potvrda/feed/ 0
Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија Опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-gjokovikj-kje-nastapi-na-avstralija-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-gjokovikj-kje-nastapi-na-avstralija-open/#respond Tue, 04 Jan 2022 16:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=615991

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сепак ќе настапи на турнирот во Мелбурн, и ќе атакува на јубилејната десетта круна од Австралија Опен. Популарниот Ноле потврди дека ќе игра на турнирот на кој има освоено најголем број на Грен слем пехари дури девет.Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на овој турнир. Лидерот на АТП листата на најдобри тенисери на светот на социјалните мрежи пред патот за Австралија напиша: Среќна Нова година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Уживав да бидам со моето семејство и драги луѓе, направив пауза по многу долгата и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив изземање и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели. Ви благодариме на сите за поддршката! Идемеееее порача Ѓоковиќ на Инстаграм.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-gjokovikj-kje-nastapi-na-avstralija-open/feed/ 0
Циципас е под знак прашалник за настап на Австралија опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cicipas-e-pod-znak-prashalnik-za-nastap-na-avstralija-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cicipas-e-pod-znak-prashalnik-za-nastap-na-avstralija-open/#respond Mon, 03 Jan 2022 20:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=615862

Светскиот рекет број 3 Стефанос Циципас откри дека може да го пропушти Австралија опен поради повреда на лактот. Во ноември грчкиот тенисер беше опериран на десниот лакт поради проблем кој го мачи веќе подолго време. Циципас учествуваше во екипното натпреварување на АТП Купот во Сиднеј, пропуштајќи го својот прв сингл натпревар, но денеска играше против Аргентинецот Диего Шварцман, и загуби со 7-6 (5), 3-6, 3-6. По натпреварот, финалистот од Ролан Гарос 2021 призна дека доживува „сериозна болка“ во лактот. “Верувам дека имам доволно време да се опоравам за Мелбурн. Но, досега немав таква повреда, па не знам. Ова е првпат да поминувам низ такво нешто”, изјави Циципас по поразот од Шварцман. Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cicipas-e-pod-znak-prashalnik-za-nastap-na-avstralija-open/feed/ 0
Доминик Тим се откажа од настап на Австралија опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dominik-tim-se-otkaza-od-nastap-na-avstralija-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dominik-tim-se-otkaza-od-nastap-na-avstralija-open/#respond Tue, 28 Dec 2021 18:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=614190

Австрискиот тенисер Доминик Тим требаше да се врати на големите турнири со настап на Австралија Опен. Меѓутоа 28-годишникот направи промена во својот распоред во последен момент. Неговата сезона ќе започне во Јужна Америка на крајот од јануари, што значи дека нема да се појави во Мелбурн. „Јас и мојот тим одлучивме да направиме промени и сезоната да ја започнеме во Аргентина. Тоа значи дека нема да играм на Австралија опен, каде ќе се вратам во 2023 година“, напиша австрискиот ас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dominik-tim-se-otkaza-od-nastap-na-avstralija-open/feed/ 0