Австралија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 09:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Австралија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 17 години голф терен во Австралија бил затворен поради ајкулите кои доаѓале во слатководното езеро – откако било повторно отворено по толку години следело неочекуван шок! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/17-godini-golf-teren-vo-avstralija-bil-zatvoren-poradi-ajkulite-koi-doagale-vo-slatkovodnoto-ezero-otkako-bilo-povtorno-otvoreno-po-tolku-godini-sledelo-neochekuvan-shok-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/17-godini-golf-teren-vo-avstralija-bil-zatvoren-poradi-ajkulite-koi-doagale-vo-slatkovodnoto-ezero-otkako-bilo-povtorno-otvoreno-po-tolku-godini-sledelo-neochekuvan-shok-video/#respond Mon, 30 Oct 2023 09:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=894370

На поле за голф во Австралија мистериозно се појавија шест ајкули. И, тоа 10 години по повторното отворање на голф-клубот „Карбрук“, откако 17 години бил затворен, меѓу другото, и поради овие „гости“, објави „Си-ен-ен“. Слатководното езеро близу голф-теренот, на околу 14 километри од Тихиот Океан е пример дека тн. бикова ајкула може да преживее секаде. Иако потекнуваат од топлите и тропските солени води, овие ајкули имаат органи прилагодени да ја задржуваат ним потребната сол, што им овозможува да навлезат и во слатководни средини, што би се покажало смртоносно за другите видови ајкули. - Се раскажува дека ајкулите се агресивни кога ќе дојдат во допир со луѓето. Но, кога ќе ги доживеете во толку непосредна близина и ќе сфатите колку се убави и грациозни, тогаш едноставно само им се воодушевувате, изјави управителот на клубот, Скот Вагстаф. Теренот лани бил потопен во најлошата поплава кога било забележана во оваа област, а Вагстаф всушност посакува поплавата да ги зголеми надежите дека ајкулите би се вратиле во езерото во близина. Само времето ќе покаже дали има можности за тоа, но „Карбрук“ размислува и за опстојување без својата „маскота“, т.е. разгледува можности езерото да се исуши заради нов голф-терен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/17-godini-golf-teren-vo-avstralija-bil-zatvoren-poradi-ajkulite-koi-doagale-vo-slatkovodnoto-ezero-otkako-bilo-povtorno-otvoreno-po-tolku-godini-sledelo-neochekuvan-shok-video/feed/ 0
Во Австралија владеат „невообичаени“ пролетни горештини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstralija-vladeat-nevoobichaeni-proletni-goreshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstralija-vladeat-nevoobichaeni-proletni-goreshtini/#respond Sat, 16 Sep 2023 11:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=878655

Големи делови на Австралија денеска се под влијание на „невообичаени“ пролетни горештини, соопшти Националната метеоролошка служба, предвидувајќи рекордни температури за утре. Во Сиднеј, главниот град на најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс, температурите достигнаа 34,2 степени Целзиусови на аеродромот Кингсфорд Смит - повеќе од 12 степени над просекот за септември, според Бирото за метеорологија. Синоптичарите оваа недела најавија дека временскиот феномен Ел Нино ќе се зајакне меѓу септември и ноември, што ќе донесе потопли и суви услови во Австралија. Метеоролошкиот завод објави дека „раните“ горештини во многу делови од земјата биле „многу невообичаени за септември“. „Овие температури ќе се зголемуваат од недела до вторник“, се вели во објавата на Фејсбук, со температури меѓу 8 и 16 степени Целзиусови над просекот. Рекордни септемвриски дневни и ноќни температури се очекуваат од недела до четврток низ внатрешноста на Јужна Австралија, Нов Јужен Велс и североисточна Викторија. Ел Нино може да предизвика екстремни временски услови од шумски пожари до циклони и продолжена суша, а австралиските власти веќе предупредуваат на зголемени ризици од шумски пожари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstralija-vladeat-nevoobichaeni-proletni-goreshtini/feed/ 0
Австралија ја декласираше Финска, Италијанците едвај до победа против Ангола! https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/avstralija-ja-deklasirashe-finska-italijantsite-edvaj-do-pobeda-protiv-angola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/avstralija-ja-deklasirashe-finska-italijantsite-edvaj-do-pobeda-protiv-angola/#respond Fri, 25 Aug 2023 12:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=870870

По долго чекање, утринава конечно почна Светското првенство (СП) во кошарка и тоа со лесна победа на Австралија против Финаска (98-72), односно нешто потежок од очекувањата триумф на Италија против Ангола (81-67). Австралијците се еден од кандидатите за златото, но лошо ја почнаа средбата поради што противникот кон средина на вториот период водеше со 38-30. Но, тоа како да ги разбуди фаворитите, кои вратија со серија 19-2, го презедоа водството и до крајот рутински ја одработеа задачата. Најефикасен кај Австралија беше Пети Милс со 25 поени, а Џош Гиди додаде 14, додека кај Финците најдобар беше Лаури Марканен со 19 поени, додека Сасу Салин додаде 13. Во вториот меч Италија со многу мака победи против Ангола, која многу подобро го отвори натпреварот, направи серија од 5-0, по што се разбудија Италијанците кои до крајот на првата четвртина дојдоа до предност од шест поени. Во вториот дел Ангола се врати, се избори во третиот дел од играта, за да надвладее во четвртиот дел. Италија ја предводеше Симоне Фонтекио со 19 поени, додека Стефано Тонут додаде 18. Кај Ангола најдобар беше Чајлде Дундао со 19 поени, а Бруно Фернандо додаде 13 поени. Во следните два меча од денешната програма на СП 2023, Црна Гора ептен лесно го прегази Мексико (91-71), а на идентичен начин и Летонија го совлада Либан (109-70).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/avstralija-ja-deklasirashe-finska-italijantsite-edvaj-do-pobeda-protiv-angola/feed/ 0
Шведска до бронзен медал на женското СП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvedska-do-bronzen-medal-na-zhenskoto-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvedska-do-bronzen-medal-na-zhenskoto-sp/#respond Sat, 19 Aug 2023 14:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=868719

Репрезентацијата на Шведска е освојувач на бронзениот медал од Светското првенство за жени, откако во натпреварот за третото место извојува победа над домашната Австралија со резултат 2-0. „Кенгурките“ имаа огромна поддршка од речиси 50.000 навивачи на стадионот во Бризбејн, но тоа не беше доволно за да се закитат со едно од сјајните одличија на овој Мундијал. Швеѓанките без поголеми проблеми ја надиграа домашната селекција и славеа со сигурни 2-0, а победата ја најавија уште во првото полувреме, кога Ролфу стрелаше прецизно од пенал во 30. минута. Второто полувреме донесе малку поангажирана игра на Австралијанките, но Шведска беше преискусна за да дозволи изненадување и успеа рутински да го затвори мечот во своја полза. Конечните 2-0 ги постави Акланд, која ја затресе мрежата во 62. минута и го трасираше патот на својот тим кон бронзениот медал од ова Светско првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvedska-do-bronzen-medal-na-zhenskoto-sp/feed/ 0
Лендејл нема да настапи за Австралија на Мундобаскетот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lendejl-nema-da-nastapi-za-avstralija-na-mundobasketot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lendejl-nema-da-nastapi-za-avstralija-na-mundobasketot/#respond Fri, 18 Aug 2023 04:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=868170

Џок Лендејл дефинитивно нема да отпатува со репрезентацијата на Австралија на претстојниот Мундобаскет кој ќе се игра во Јапонија Индонезија и на Филипини. Поранешниот центар на белградски Партизан се повреди на натпреварот против Јужен Судан и го оштети скочниот зглоб. Лендејл го напушти теренот по само пет минути игра и беше јасно дека ќе мора да паузира извесно време. Ова е голем удар за „кенгурите“ кои сериозно сметаа на Лендејл и ќе мораат да прават нови планови за играта без него во тимот. Селекторот на Австралија, Брајан Гуријан, изјави дека сите ја прифатиле реалната ситуација и ќе продолжат како тој воопшто да не бил дел од тимот. „Ќе се однесуваме како Лендејл да не бил со нас на подготовките. Мора да направиме одредени промени во играта, но мислам дека имаме шанси за солиден настап. Најважно е сите други да останат здрави и да се претставиме во одлично светло“, заклучи Гуријан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lendejl-nema-da-nastapi-za-avstralija-na-mundobasketot/feed/ 0
Повеќе од 50 китови угинаа откако се насукаа на плажа во Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-50-kitovi-uginaa-otkako-se-nasukaa-na-plazha-vo-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-50-kitovi-uginaa-otkako-se-nasukaa-na-plazha-vo-avstralija/#respond Wed, 26 Jul 2023 07:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=860088

Повеќе од 50 пилот-китови угинаа откако се насукаа на плажа во Западна Австралија, соопштија денеска официјални лица. Морски експерти и волонтери кампуваа во текот на ноќта на плажа оддалечена околу 450 километри југоисточно од Перт, Западна Австралија, откако китовите беа пронајдени насукани во близина на плажата. „За жал, 51 кит угинаа во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија. Како што наведе, заедно со регистрираните доброволци и други организации, во текот на денот се обидува да ги врати во подлабоките води останатите 46 китови. Пилот китовите се познати по своите силни социјални односи, па кога некој ќе се најде во неволја и ќе се насука, другите обично ги следат, тврдат поморските експерти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-50-kitovi-uginaa-otkako-se-nasukaa-na-plazha-vo-avstralija/feed/ 0
Австралија и испорачува на Германија повеќе од 100 борбени транспортери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-i-isporachuva-na-germanija-poveke-od-100-borbeni-transporteri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-i-isporachuva-na-germanija-poveke-od-100-borbeni-transporteri/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=854826

Австралија ќе потпише начелен договор за снабдување на германската војска со повеќе од 100 оклопни транспортери Боксер од австралиско производство, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе во Берлин. Германската одбранбена компанија Рајнметал во март почна со производство на борбено извидувачко возило Боксер во австралиската сојузна држава Квинсленд, според договорот за испорака на 211 возила на австралиската војска, со што ќе се отворат 1.000 работни места во Австралија во текот на една деценија. Војната во Украина доведе до тоа европските нации да ја обноват својата воена опрема, што резултираше со договор со Австралија за извоз на германска воена технологија назад во Германија. Албанезе ќе потпише начелен договор со германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната средба во Берлин во понеделник, изјави австралиски владин претставник. Австралискиот премиер потоа ќе присуствува на самитот на лидерите на НАТО во Литванија во вторник. Австралија е поканета на самитот на НАТО како партнер на Индо-пацифичката четворка, заедно со Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-i-isporachuva-na-germanija-poveke-od-100-borbeni-transporteri/feed/ 0
Австралија ја започнува првата психоделична терапија во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-ja-zapochnuva-prvata-psihodelichna-terapija-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-ja-zapochnuva-prvata-psihodelichna-terapija-vo-svetot/#respond Sat, 01 Jul 2023 20:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=851666

Австралија стана првата земја што ги класифицира психоделиците како лекови на национално ниво. Одобрувањето дозволува употреба на псилоцибин, кој се наоѓа во таканаречените магични печурки, за лекување на отпорна депресија, како и МДМА (екстази) за посттрауматско стресно нарушување (ПТСД). Иако првичниот пристап до лековите ќе биде ограничен и скап, многу експерти и пациенти го поздравуваат тоа како значаен момент. Сепак, големите здравствени организации повикаа на претпазливост. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-ja-zapochnuva-prvata-psihodelichna-terapija-vo-svetot/feed/ 0
Уапсен возачот на автобусот кој учествуваше во несреќата во која загинаа десет лица во Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-vozachot-na-avtobusot-koj-uchestvuvashe-vo-nesrekata-vo-koja-zaginaa-deset-litsa-vo-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-vozachot-na-avtobusot-koj-uchestvuvashe-vo-nesrekata-vo-koja-zaginaa-deset-litsa-vo-avstralija/#respond Mon, 12 Jun 2023 10:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=844804

Против возачот на автобусот кој се преврте во сообраќајна несреќа во кружен тек во Австралија кога загинаа 10 патници денеска е поднесено обвинение. Ројтерс претходно објави дека возачот на автобусот бил однесен во болница под полициска придружба за да биде подложен на задолжително тестирање и евалуација на дрога. Автобусот превезувал 35 патници од свадба во руралното подрачје Хантер, кога се превртел на страна на кружен тек, при што загинале најмалку 10 гости на свадбата, а другите биле повредени. Австралискиот премиер Ентони Албанес изрази „најдлабоко сочувство“ до семејствата на загинатите и повредените. „Сите ја знаеме радоста од одењето на свадба. Да заврши еден ваков радосен ден со толку страшни загуби и повреди е толку сурово, тажно и неправедно“, рече Албанезе. Агенцијата наведува дека ова била најтешката сообраќајна несреќа во Австралија во последните 30 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-vozachot-na-avtobusot-koj-uchestvuvashe-vo-nesrekata-vo-koja-zaginaa-deset-litsa-vo-avstralija/feed/ 0
Премиерот на Австралија бара ослободување на Асанж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-avstralija-bara-osloboduvane-na-asanzh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-avstralija-bara-osloboduvane-na-asanzh/#respond Fri, 05 May 2023 06:38:52 +0000 https://kurir.mk/?p=830778

Премиерот на Австралија, Ентони Албанес изјави дека задржувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во затвор „повеќе не служи за никаква цел“ и оти тоа е „фрустрирачки“. Асанж веќе четири години е во лондонскиот затвор Белмарш откако беше извлечен од Амбасадата на Еквадор. - Мислам дека случајот Асанж треба да се погледне од аспект на тоа што се случило, кои се обвиненијата и дали отслуженото време го надминало она што би било разумно за докажување на обвиненијата, истакна Албанес за австралиската телевизија Еј-би-си. Тој додаде дека постои нееднаквост помеѓу Асанж и свиркачката Челзи Менинг, која е на слобода откако извесен период помина во затвор. Британската полиција го уапси Асанж во април 2019 година во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што беше засолнет седум години, затоа што не се предаде на претходна потерница поврзана со шведските обвиненија за силување, што на крајот беа отфрлени. Полицијата изврши рација во Амбасадата откако Кито му го укина азилот на Асанж. Основачот на Викиликс води долготрајна правна битка за да избегне екстрадиција во САД, каде 51-годишниот е обвинет за заговор со поранешната американска воена разузнавачка аналитичарка Менинг, за да објави голема количина доверливи материјали во 2010 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-avstralija-bara-osloboduvane-na-asanzh/feed/ 0