австралијци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Dec 2021 10:21:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png австралијци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кои луѓе во светот се најмногу склони кон злоупотреба на алкохол? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koi-lugje-vo-svetot-se-najmnogu-skloni-kon-zloupotreba-na-alkohol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koi-lugje-vo-svetot-se-najmnogu-skloni-kon-zloupotreba-na-alkohol/#respond Thu, 02 Dec 2021 10:21:40 +0000 https://kurir.mk/?p=602934

Ново истражување на светско ниво спроведено од Центарот за глобални истражувања на лекови (Global Drug Survey – ГДС) покажува дека во 2020 година, Австралијците биле најмногу склони кон злоупотребата на алкохол ширум светот, објави БГНЕС. Кралскиот универзитет за технологија на Мелбурн, којшто ги спроведе испитувањата за Австралија, како дел од светското истражување на ГДС, соопшти дека Австралијците се на врвот на листата чести алкохоличари поради долгиот карантин од март 2020 година. -Можно е ова затворање дома да е поврзано со тоа, иако очигледно културата на пиење исто така игра улога, рече Моника Барат, раководителка на ГДС – Австралија. Таа забележува дека речиси четвртина од Австралијците кои злоупотребуваат алкохол (24 отсто), жалат поради тоа. Во истражувањето учествувале повеќе од 32.000 испитаници од 22 земји ширум светот. Податоците покажуваат дека просечниот Австралиец се опива околу 27 пати годишно, луѓето во Данска и Финска – 23,8 пати, САД – 23,1 пат, Обединетото Кралство – 22,5, Канада – 22, Ирска – 20 пати. Трудот ја дефинира алкохолната интоксикација како – пиење доза алкохол што ги намалува менталните и физичките способности и го спречува лицето да одржува рамнотежа, да се концентрира и да зборува јасно. Жителите на Мексико (деветпати годишно), Нов Зеланд (10,3), Германија и Романија (10,6 за двете земји) и Шпанија (10,8 пати) имале најмала стапка на злоупотреба на алкохол во текот на годината. Кај учесниците во истражувањето кои претерале со алкохол, вкупно во 21 отсто од случаите се каеле за тоа. Интоксикацијата најчесто е предизвикана од брзото внесување на големи количини на алкохол. Втората најнесреќна причина е одлуката да се измешаат неколку пијалаци, а третата е изборот на друштво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koi-lugje-vo-svetot-se-najmnogu-skloni-kon-zloupotreba-na-alkohol/feed/ 0
Во карантин над 13 милиони Австралијци поради Делта сојот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-karantin-nad-13-milioni-avstralijci-poradi-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-karantin-nad-13-milioni-avstralijci-poradi-delta-sojot/#respond Wed, 21 Jul 2021 07:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=539508

Повеќе од 13 милиони Австралијци, околу половина од населението, се наоѓаат во блокада по најновите ограничувачки мерки воведени поради Делта сојот на коронавирус. Како што јавува Би-Би-Си, сето тоа предизвикало голем гнев кај населението. Државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, во вторникот се приклучи на државите Викторија и Нов Јужен Велс во однос на воведувањето рестриктивни мерки. Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако се заразија пет лица. Според Би-Би-Си, до неодамна, Австралија беше фалена за стратегијата за затворање на границите, карантинските програми и брзите заклучувања, а од почетокот на пандемијата се регистрирани помалку од 1.000 смртни случаи. Сепак, брзото ширење на многу заразниот сој Делта создаде нови предизвици за земјата и во прв план ја истакна ниската стапка на вакцинација, додава британскиот медиум. И покрај блокадата на Сиднеј од минатиот месец, градот забележа 110 нови случаи, така што повеќе од 1.300 лица се заразени во последниот бран. На граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите домови освен ако одат по неопходни намирници, да вежбаат или имаат важни причини да излезат надвор. Затворени се и градилиштата, како и продавниците за малопродажба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-karantin-nad-13-milioni-avstralijci-poradi-delta-sojot/feed/ 0