австралиска држава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Jun 2022 07:20:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png австралиска држава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австралиската полиција тврди дека во земјата има „илјадници“ членови на мафија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskata-policija-tvrdi-deka-vo-zemjata-ima-iljadnici-chlenovi-na-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskata-policija-tvrdi-deka-vo-zemjata-ima-iljadnici-chlenovi-na-mafija/#respond Tue, 07 Jun 2022 07:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=687595

Се верува дека во Австралија дејствуваат илјадници членови на озлогласената мафија „Ндрангета“ од јужниот италијански регион Калабрија, соопшти денеска федералната полиција. Помошникот комесар на австралиската федерална полиција (АФП) Најџел Рајан го објасни влијанието на италијанскиот организиран криминал во Австралија, слика што австралиските органи за спроведување на законот успеаја да ја состават во текот на изминатата година, делумно благодарение на соработката со италијанските власти. Како што пренесе ДПА, Рајан изјави дека „членовите на Ндрангета со децении останале незабележани живеејќи скромен живот во скромни домови“ додека переле нелегитимно богатство преку нивните легитимни бизниси. – Ндрангета не е само австралиски проблем – тие се глобален проблем. Тие се одговорни за шверц на 70 до 80 проценти од кокаинот во светот и ја преплавуваат Австралија со недозволени дроги, нагласи Рајан. – Веруваме дека имаме околу 51 италијански организиран криминален клан во Австралија и досега потврдивме дека најмалку 14 од нив се Ндрангета, за кои веруваме дека има илјадници членови во Австралија, рече Рајан, ветувајќи дека „ќе ја откине главата и опашката на организираниот криминал“. Операцијата Ајронсајд (Ironside) е дел од глобалната операција Тројански штит, предводена од Федералното истражно биро на САД (ФБИ) во повеќе од десетина земји. Создаден е и затворена шифриран сервис наречена AN0M, каде што криминалците несвесно комуницирале меѓу себе на систем со кој управувале агенти на ФБИ. АФП соопшти дека 383 наводни престапници биле обвинети за 2.340 прекршоци во Австралија, и дека 42 престапници обвинети во рамките на операцијата Ајронсајд веќе се изјасниле за виновни или биле осудени. Запленети се и повеќе од 6,3 тони недозволени дроги и 147 парчиња оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskata-policija-tvrdi-deka-vo-zemjata-ima-iljadnici-chlenovi-na-mafija/feed/ 0
Во австралиската држава Викторија изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstraliskata-drzava-viktorija-izvorot-na-zaraza-ne-e-poznat-za-2-700-sluchai-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstraliskata-drzava-viktorija-izvorot-na-zaraza-ne-e-poznat-za-2-700-sluchai-na-kovid-19/#respond Sun, 09 Aug 2020 07:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=388275

Премиерот на државата Викторија во Австралија, Даниел Ендруз изјави дека изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19, поради што надлежните се многу загрижени. Во државата Викторија вчера е забележан долгоочекуваниот пад на бројот на нови инфекции за еден ден – 397 нови случаи, но дури 17 смртни случаи кај пациенти. Така, вкупниот број на смртни случаи во државата Викторија достигна 210, а во целата земја 295. Во исто време, премиерот Ендруз потврди дека илјадници здравствени работници се заразени со вирусот.  Строгите вонредни мерки се во сила во главниот град на Викторија, Мелбурн веќе една недела, со полициски час во текот на ноќта и ибврска за задолжително носење маски, но подобрувањето на епидемиолошката состојба се очекува дури за две недели. Само во изминатите 24 часа казнети се околу 270 граѓани на Викторија за непочитување на рестриктивните мерки на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstraliskata-drzava-viktorija-izvorot-na-zaraza-ne-e-poznat-za-2-700-sluchai-na-kovid-19/feed/ 0
Рекорден број на новозаразени со коронавирус во австралиската држава Викторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-avstraliskata-drzava-viktorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-avstraliskata-drzava-viktorija/#respond Wed, 22 Jul 2020 06:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=379449

Австралиската држава Викторија соопшти за рекордни 484 нови случаи на заразени со Ковид-19, а здравствените власти предупредуваа дека таа цифра може да продолжи да се зголемува. Откако вториот најголем град во Австралија, Мелбурн, е затворен две недели, властите се надеваа дека стапката на инфекција ќе започне да паѓа. Наместо тоа, шефот на здравствената служба, Брет Сатон, вели дека се очекува бројот на заразени да се зголеми од 500 до 600 случаи на ден. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус изјави дека девет од 10 лица не биле во изолација од моментот кога симптомите се појавиле до тестот, додека повеќе од половина не се изолирале во периодот од тестот до резултатите. Тој рече дека две лица починале, со што вкупниот број на смртни случаи е 128. Носењето маски е задолжително од утре за граѓаните кои живеат во карантински региони. Во соседниот Нов Јужен Велс, денеска се пријавени 16 нови заразени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-avstraliskata-drzava-viktorija/feed/ 0