австријци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 13:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png австријци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкета: Австријците се против проширување на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-avstrijtsite-se-protiv-proshiruvane-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-avstrijtsite-se-protiv-proshiruvane-na-eu/#respond Fri, 12 May 2023 13:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=833507

Резултатите од најновата анкета на Австриското друштво за европска политика (ОГфЕ) покажуваат дека Австријците, за разлика од нивните политичари, се против членството земјите од Западен Балкан во Европска Унија. Мислењето на австриската јавноста за членство на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија во ЕУ не покажува големи осцилации. Дваесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ, а против се 47 отсто. Поддршката за членството на Албанија во Унијата изнесува 22 проценти, а 51 отсто од Австријците се против. Австријците не гледаат благонаклоно ниту кон членството на Косово во ЕУ, за се изјасниле 16 проценти од испитаниците, додека поддршката за Босна и Херцеговина изнесува 29 отсто. Анкетата покажува дека Србија има 24 проценти поддршка, а Црна Гора еден отсто помалку. Резултатите покажуваат дека најмала поддршка има Турција, за нејзино членство во ЕУ се изјасниле само осум проценти. ОГфЕ од 2010 година спроведува истражување на јавното мислење за пристапот на Западен Балкан и Турција, а сега во истражувањето се вклучени Украина, Молдавија и Грузија. Анкетата покажува дека за Украина 24 отсто, за Молдавија 22 проценти, а за Грузија 17 отсто. Во анкетата беше поставено и прашањето за проширување на Шенген зоната со Романија и Бугарија. Само 38 отсто од анкетираните би ја прифатиле Бугарија во Шенген зоната, а 36 отсто би ја прифатиле Романија. - Официјална Австрија одамна се гледа себеси како убеден поддржувач на проширувањето на ЕУ, особено кога станува збор за влезот на државите од Западен Балкан. Сепак, населението традиционално има поинакво мислење за ова прашање. Јавното мислење е поделено по ова прашање и тоа е одраз на политичкиот дискурс. Консолидацијата на Унијата и решавањето на акутните проблеми во јавноста има јасна предност во однос на понатамошното, поголемо проширување на ЕУ, истакна генералниот секретар на ОГфЕ. Пол Шмит. Анкетата е спроведена од 11 до 13 април при што се испитани 1.000 граѓани на возраст од 16 до 80 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-avstrijtsite-se-protiv-proshiruvane-na-eu/feed/ 0
Кај вакцинираните Австријци начести нуспојави предзвикала АстраЗенека, а најретки Фајзер/БиоНТек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/#respond Thu, 30 Sep 2021 15:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=570927

Меѓу Австријците вакцинирани против Ковид-19, најчести несакани ефекти се појавиле по вакцинацијата со АстраЗенека, а најмалку од Бионтех/Фајзер, покажува извештајот на државната канцеларија за здравствена безбедност (БАСГ) што денеска е објавен. Несакани ефекти на AстраЗенека се регистрирани во 12,3 отсто од вакцинираните случаи, а кај Фајзер/БиоНТек во 2,27 проценти од случаите. Несакани реакции имало и кај вакцината на Модерна, во 3,49 случаи и 5,55 отсто кај Џонсон и Џонсон. Извештајот за несаканите ефекти се темели на 10,7 милиони вакцинирани од крајот на декември 2020 година до крајот на септември оваа година. БАСГ посочува дека ова не се сериозни несакани ефекти. „Пријавените несакани ефекти одговараат и по интензитет и по фреквенцијата со податоците од студиите на индивидуалните производители доставени пред лиценцирањето“, се наведува во соопштението на државната канцеларија за здравствена безбедност. Во најголем дел од случаите, или 53 проценти од несаканите ефекти биле црвенило околу местото на инјектирање, главоболка и замор. Властите, исто така, соопштија и за 177 смртни случаи по вакцинацијата, од кои само во два се утврди врска меѓу смртта и вакцинацијата. Кај четворица од починатите со обдукција е исклучена врската меѓу смртта и вакцинацијата, а 20 од починатите биле вакцинирани за време на инкубацијата со коронавирусот од кој подоцна починале, додека во 34 случаи станувало збор за пациенти со тешки болести што претходеле на вакцинацијата. Кај 117 починати се уште не е утврдена точната причина за смртта, се наведува во извештајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/feed/ 0
Мнозинството Австријци бараат построга контрола и задолжително носење маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-avstrijci-baraat-postroga-kontrola-i-zadolzitelno-nosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-avstrijci-baraat-postroga-kontrola-i-zadolzitelno-nosenje-maski/#respond Fri, 10 Jul 2020 08:59:41 +0000 https://kurir.mk/?p=373119

Поголемиот дел од Австријците, односно 59 проценти од нив, сакаат да се врати обврската за носење заштитни маски,покажува истражувањето објавено од весникот „Естерајх“. Од друга страна, 41 процент  се против задолжителното носење маски. Во Австрија, во моментов, задолжително е да се носи маска само во јавниот превоз. Од анкета се гледа дека за задолжително носење маска се 63 отсто од испитаните жени и 56 проценти од анкетираните мажи. Исто така, според анкетата, 64 отсто од граѓаните се за построги контроли и казни за непочитување на мерките. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-avstrijci-baraat-postroga-kontrola-i-zadolzitelno-nosenje-maski/feed/ 0