австриска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Dec 2020 18:54:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png австриска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австриската полиција откри арсенал оружје, наменета за неонацисти во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-otkri-arsenal-oruzje-nameneta-za-neonacisti-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-otkri-arsenal-oruzje-nameneta-za-neonacisti-vo-germanija/#respond Sat, 12 Dec 2020 19:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=442493

Австриската полиција заплени автоматско оружје, експлозив и дрога за време на операциите против неонацистички симпатизери и уапси неколку од нив, соопшти денеска владата. Германската полиција во провинциите Баварија и Северна Рајна-Вестфалија уапси двајца осомничени во врска со операцијата. Оружјето требало да се искористи за „создавање крајно десничарска мрежа“ во Германија, рече австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција во Виена. Петмина мажи на возраст меѓу 21 и 53 години кои имаат врски со неонацистички групи се уапсени во Австрија и се „за жал познати подолго време“ во земјата, рече Нехамер. Во октомври, австриските истражители започнаа да следат залихи на дрога од Германија и открија дека профитот се користи за купување оружје. Во серија претреси беа пронајдени 100.000 куршуми, 100 парчиња огнено оружје, експлозив, вклучувајќи рачни гранати, дрога и пари, се вели во соопштението на полицијата од Виена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-otkri-arsenal-oruzje-nameneta-za-neonacisti-vo-germanija/feed/ 0
Австриската полиција го забрани протестот против „карикатурите на Мухамед“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-go-zabrani-protestot-protiv-karikaturite-na-muhamed/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-go-zabrani-protestot-protiv-karikaturite-na-muhamed/#respond Mon, 09 Nov 2020 09:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=426793

Австриската полиција вчера го забрани протестот пред француската Амбасадата во Виена, шест дена по терористичкиот напад во овој град во кој беа убиени четири лица. Новата анализа на австриската полиција утврдила дека целта на собирот е спротивна на законот. Организаторите за вчера најавија протест под паролата „Против карикатурите на Мухамед“, со проценка дека на него ќе учествуваат околу 100 луѓе. На почетокот полицијата немаше причина да го забрани собирот, но вчераутро, на денот на протестот, воведе забрана за собирање затоа што организаторите на Фејсбук го величеа насилството. Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, ја поздрави забраната за протестот. -Новата анализа доведе до забрана за протстот. За мене тоа беше единствената правилна одлука. Не смееме да им даваме простор на идеологиите на исламизмот. Особено по бруталниот напад во Виена, апсолутно е неподносливо група екстремисти да сака да одржи демонстрации. Нема да дозволиме да бидат злоупотребени демократијата, основните права и нашето право на собир, рече тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-go-zabrani-protestot-protiv-karikaturite-na-muhamed/feed/ 0
Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации до МВР – три лица се со македонско државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskata-policija-preku-evropol-dostavi-baranje-za-sorabotka-i-informacii-do-mvr-tri-lica-se-so-makedonsko-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskata-policija-preku-evropol-dostavi-baranje-za-sorabotka-i-informacii-do-mvr-tri-lica-se-so-makedonsko-drzavjanstvo/#respond Tue, 03 Nov 2020 14:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=424379

Денеска (03.11.2020) од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена. Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај. Остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц. Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskata-policija-preku-evropol-dostavi-baranje-za-sorabotka-i-informacii-do-mvr-tri-lica-se-so-makedonsko-drzavjanstvo/feed/ 0
Австриската полиција побарала соработка од македонското МВР за терористичкиот напад во Виена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/avstriskata-policija-pobarala-sorabotka-od-makedonskoto-mvr-za-teroristichkiot-napad-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/avstriskata-policija-pobarala-sorabotka-od-makedonskoto-mvr-za-teroristichkiot-napad-vo-viena/#respond Tue, 03 Nov 2020 12:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=424310

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија добило барање од Австриската полиција за соработка поради терористичкиот напад што синоќа се случи во Виена, при што се убиени четири лица, а повредени се најмалку 17 луѓе. -Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се постапува, соопштија од МВР за МИА. Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Република Северна Македонија, дека имал 20 години, имал македонско потекло и бил осуден за терористичко здружување. Министерот го кажа и името на убиениот терорист – Кујтим Фејзулаи, кој на 25 април минатата година во Австрија бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/avstriskata-policija-pobarala-sorabotka-od-makedonskoto-mvr-za-teroristichkiot-napad-vo-viena/feed/ 0
Австриската полиција немилосрдно казнува за непочитување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-nemilosrdno-kaznuva-za-nepochituvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-nemilosrdno-kaznuva-za-nepochituvanje-na-merkite/#respond Fri, 03 Apr 2020 08:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=326609

Австриската полиција строго ги спроведува мерките за ограничување на движењето, кои Владата во Виена ги воведе со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, и немилосрдно го казнува секој што ќе ги прекрши. Полицијата не ги казнува само собирањата на „корона забавите“, туку и непридржувањето на физичката дистанца од еден метар меѓу луѓето. Три момчиња се казнети со по 350 евра, бидејќи и покрај ограничената слобода на движење, според кое е дозволен излез само со членови на семејството, тие договориле дружење со мотори. Во Виена се казнети двајца мажи кои пиеле кафе на една клупа во раните утрински часови. Како што се наведува во казната, тие не ја почитувале физичката дистанца и не можеле да докажат дека живеат во исто домаќинство. Двајцата се казнети со по 500 евра или десет часа затвор. Со по 500 евра, односно заедно 2.000 евра, се казнети четири лица кои стоеле заедно и разговарале во близина на метро станица. Во австрискиот главен град, исто така, се казнети и две момчиња со по 500 евра, иако тврделе дека случајно се сретнале и само кратко разговарале. Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер најави на почетокот на неделава дека полицијата ќе спроведе строга контрола за почитување на мерките. Министерството соопшти дека во изминатите пет дена се казнети 10.426 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-nemilosrdno-kaznuva-za-nepochituvanje-na-merkite/feed/ 0