австриски амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 20:18:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png австриски амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски собитија и муртински жалопојки https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonski-sobitija-i-murtinski-zhalopojki/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonski-sobitija-i-murtinski-zhalopojki/#respond Thu, 29 Jun 2023 09:41:34 +0000 https://kurir.mk/?p=850755

Пискотници се слушаат од Муртино до Виена, Што тешка несреќа ги збра, И заевистанци и мерковци, та гласи тажна ека, И навева сал коб и зла? И во крешчендото на овие антисердарски лелеци, жалопојќи, врисоци и кукања, се јави Црпко. Навистина се јави, од Халкидики де. Ѓоамити муртинска бапчорка запишти полиглотот, небаре пробушена вувузела. Непребол... Сето ова се „дешава“ кога престолонаследникот му Таче преку ступини примери - дека ако тој бил на црна листа ќе си дал оставка, така понизно и коленичарејќум со горостасно АМАН го моли и кандисува „црнолисташот“ Мерко да си даде отказ, а суфлерот Ахмети се гази од смеење на маките кои му ги предизвика на послушниот ајван-коалиционер. И како „тонч“, во целата трaгикомедија се јави и Црпко. Удрен по честа и угледот?!?! Ок, поверојатно вонземјани играле пајдушко со Јети, Бигфут и Алма придружени од појот на Неси крај Лох Нес. Во термин кога неговиот престолонаследник е ставен меѓу два камена – првиот на најстратешкиот партнер со црни листи и колицискиот „ала ДУИ“ со црнолисташи кои живот и кариера му значат, Црле наместо да го спасува суртукот Ќуран кој сам го намести, плачеше и корнеше коси заради обидот да му се одземе дел од незаконски стекнатите милиони... Дилајлата која ја ничкоса Македонија на колена и која распродаде се’ што не треба, покажа дека имала став и знаела да каже НЕ! Цццццц... Замисли, тоа да ти се „десило“ кога еден австриски амбасадор му брцнал во џебот. Оти, поинаку, Муртинхаузен не реагирал. Може име на држава насила да ти смени, може да донесе непотребна двојазичност, може чета невини Македонци да стави во зандани, може Македонија да ја заложи кај командантот Алија, може да ве умре со лошо здравство, да ве сроза со крш економија, може да ви продаде светци, револуционери и историја, да ве срами до утре сабајле, ама не му чепкајте во џебот, тоа е опасна зона за Црле, таму не! Но пасаран! Во исто време кога внучето на комадантот купуваше милионски бизнис-центри, небаре се работи за барака во Прдејци, а Груби пројавуваше садистичка нежност кон антикорупцијска терајќи ги јавно во ПМ, основоположникот на северната лакрдија кукаше и се закануваше со тужби за „повреда на честа и угледот“?!?!?! Која чест и углед, побогу? Се запраша Македонецот. И додека дознававме дека ЗоЌи имал чест и углед, кои успешно ги криел правејќи ги сите горенаведени глупоштии кон Македонија, Ќуран спремаше нов скандал и дефокус за да протне уставни измени на мала врата, да забошоти Бехтели, Енки и други антимакедонски сенки. Сенки кои сериозно надвиснаа над библиската земја, толку вкусна за армијата стрвинари од северниот сој. Род ли беше... Знаат северните дилајли и нивните странски стартези што најмногу го боли Македонецот. Семејството. Па удрија таму, каде што најмногу пече, боли и жега. Си имаат пустите добра ука од дедовците во УДБА и ОЗНА. Отворете очи. Ширум. А не е на одмет и да излезете на улица, пред Соборен ли. Нешто грдо се подготвува во и за Македонија. Лето е. Време кога, од искуство, одродите најдобро функционираат. Работната температура за предавства е постигната. Таксират северен, ситно бројат, не можат да стојат, а задачата за која се поставени е несработена. Очекувајте вклучување на одрод-турбо на најјако. Македонија е вечна, да, но не е на одмет и ние да направиме нешто за да остане таква...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonski-sobitija-i-murtinski-zhalopojki/feed/ 0
Австрискиот амбасадор со критики до судии и обвинители за пристрасност во случај со братучетка на Зоран Заев, за долг од 4,5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/#respond Tue, 27 Jun 2023 18:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=850241

Австрискиот амбасадор Георг Воутсас, преку допис до телевизија Телма упати низа жестоки критики до македонското правосудство и обвинителство, поради неможноста австриска компанија да си го наплати долгот од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража. Станува збор за реномираната компанија АММА Хоенемс која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи, која има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од ДЕНА продукт увоз извоз Велес. И покрај тоа што арбитражата е призната во Македонија, на македонските судови им беа потребни неколку месеци за да ја потврдат, период кој Дена продукт го искористила да префрли голем дел од својот имот на друга компанија, Глобал трејд ДММ ДООЕЛ. Во дописот, автсрискиот амбасадор наведува дека Глобал трејд е фирма во сопственост на Емилија Заева Костова. Таа е сопруга на сопственикот на ДЕНА продукт, но е и братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, наведува амбасадорот Георг Вутсас. Според дописот од австриската амбасада, сопружниците сопственици на ДЕНА продукт и Глобал Трејд успеале да избегнат две присилни извршувања врз нивниот имот со манипулирање на податоците во Катастарот. Како капак на се, закажале јавна аукција на две оранжерии на 10-ти јули во Кавадарци, која доколку биде спроведена, АММА нема да може да ги наплати своите побарувања. Во јавниот допис насловен „Повик за владеење на правото“, амбасадорот смета дека потфрлиле и судиите и обвинителите каде австриските инвеститори пријавувале дека не се почитува арбитражата и наплатата на долгот. Не се почитуваат ниту судските одлуки за замрзнување на имотот. Дали ДЕНА и Глобал го заробиле судството и правните службеници? Како последица, Амбасадорот Георг Вутсас во писмо испратено неодамна побара од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители итна смена на сите некомпетентни и пристрасни судии и обвинители во овие случаи. Секаков притисок или влијание се спротивни на независноста на судството и мора да бидат пријавени за понатамошно постапување, се вели во јавниот допис на амбасадорот Георг воутсас. Австриската АММА Хоенемс која работи на големо со дистрибуција на земјоделски производи склучила договор со ДЕНА на зетот на Зоран Заев за повеќе милиони евра. Валандовската фирма требало на големо да набавува корнишони од прва класа за Австријците. Фокус веќе објави дека екслузивниот договор ДЕНА го прекршувала со тоа што производот го продавале на германски конкурент на пазарот. Иако вложиле во технологија и семиња на ДЕНА, кога ја откриле измамата покренале спор пред меѓународен суд во Виена и добиле отштета од 4,5 милиони евра. Тогаш почнале македонските судски игри. Но, австрискиот амбасадор Вутсас не се откажува и најави дека ќе се појави на лицитацијата на 10-ти јули во Кавадарци и го повикува и државниот обвинител Јовевски и граѓаните да дојдат таму и заеднички да се борат против корупцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/feed/ 0