австриски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jan 2022 08:24:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png австриски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрискиот парламент ќе гласа за задолжителна вакцинација против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-parlament-kje-glasa-za-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-parlament-kje-glasa-za-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid/#respond Thu, 20 Jan 2022 08:24:28 +0000 https://kurir.mk/?p=621200

Австрискиот парламент денеска треба да гласа за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари. Како што пренесуваат австриските медиуми, за предлогот се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за“ најверојатно ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и либерали. Екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО), од друга страна, жестоко се спротивставува и го критикува планот. Задолжителната вакцинација би важела за сите граѓани над 18 години. Исклучоци се планирани за трудниците и сите оние кои не треба да се вакцинираат од здравствени причини. Бундесратот, Горниот дом на австрискиот Парламент што ги претставува сојузните држави, се очекува да го поддржи законот на 3 февруари. Новиот закон е предмет на жестока јавна расправа. Десетици илјади луѓе редовно демонстрираат против Ковид мерките наметнати од Владата и против идејата за задолжителна вакцинација. Во моментов, околу 75 отсто од луѓето во Австрија примиле две дози од вакцината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-parlament-kje-glasa-za-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid/feed/ 0