автобиографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Jun 2021 12:25:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автобиографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КИРЕ ЛАЗАРОВ ПИШУВА АВТОБИОГРАФИЈА: Открива кога ќе ја заврши кариерата и кој е патот до врвот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kire-lazarov-pishuva-avtobiografija-otkriva-koga-kje-ja-zavrshi-karierata-i-koj-e-patot-do-vrvot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kire-lazarov-pishuva-avtobiografija-otkriva-koga-kje-ja-zavrshi-karierata-i-koj-e-patot-do-vrvot/#respond Sun, 20 Jun 2021 12:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=525731

Љубителите на спорот во Македонија и регионот ќе добијат наскоро интересна книга за читање во која ќе биде опишан патот до врвот на еден од најдобрите ракометари на 21 век, Кире Лазаров, пишува Балкан Хандбол. Најдобриот стрелец на ЕХФ Лигата на шампиони на сите времиња и рекордерот по многу основи во светот на ракометот ја пишува својата автобиографија во соработка со Жика Богдановиќ, основачот на ракометниот портал. Лазаров одлучил својата приказна од родното Свети Николе до француски Нант, каде во летото 2022 година ќе ја заврши кариерата, да ја пренесе на хартија. Целта е сегашните, но и идните генерации да имаат вреден документ за пожртвуваноста, борбата, падовите и успесите кои се неизбежен дел од патот во врвот. -Со многу ентузијазам и енергија влегов во овој проект. Ми требаше многу време и енергија да се сетам на најинтересните ситуации во кои се најдов за време на 30 годишната ракометна кариера. Уверен сум дека конкретните примери ќе им бидат од корист на моите почитувачи. Ова е ново искуство за мене, вели Лазаров. Автобиографијата на Лазаров ќе биде достапна за читателите до крајот на 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kire-lazarov-pishuva-avtobiografija-otkriva-koga-kje-ja-zavrshi-karierata-i-koj-e-patot-do-vrvot/feed/ 0
Онлајн промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков по повод стогодишнината од неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-promocija-na-osovremenetata-avtobiografija-na-marko-cepenkov-po-povod-stogodishninata-od-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-promocija-na-osovremenetata-avtobiografija-na-marko-cepenkov-po-povod-stogodishninata-od-negovata-smrt/#respond Tue, 29 Dec 2020 06:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=449634

„Автобиографијата“ на Марко Цепенков, која првпат е адаптирана на современ македонски јазик, ќе биде промовирана вечер на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Токму денеска се одбележуваат 100 години од смртта на Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја. – Својата „Автобиографија“ Цепенков ја пишува во 1896 година за да одговори на прашањето како станал собирач на народни умотворби. Но, ова осовременето издание има цел да го приближи текстот до најмладата публика и да им даде шанса да се запознаат со делата на Марко Цепенков уште во училишните клупи. Марко Цепенков речиси целиот свој живот го посветил на собирање народни приказни, песни и други фолклорни форми и неговата важност за македонската книжевност е непроценлива. Неговото богато творештво со објавени и необјавени дела го сочинуваат повеќе од 5500 поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, верувања и клетви, баења, соништа и нивни толкувања, детски игри, речници, описи на занаети итн, наведуваат од Арс Ламина публикации. Во ова издание на „Автобиографијата“ на Цепенков, посочуваат, направени се неколку адаптации од оригиналниот текст: неговиот прилепски говор е осовременет, според правилата на стандардниот литературен јазик, а текстот е поделен на поглавја за да се олесни процесот на читање. Изданието содржи и поговор од проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Модератор на онлајн-настанот ќе биде уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, додека осврт на делото и на опусот на Цепенков ќе даде Славица Србиновска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Изданието е објавено од издавачката куќа „Арс Ламина“, како дел од едицијата „Читанки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-promocija-na-osovremenetata-avtobiografija-na-marko-cepenkov-po-povod-stogodishninata-od-negovata-smrt/feed/ 0
Мадона ќе режира автобиографски филм https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/madona-kje-rezira-avtobiografski-film/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/madona-kje-rezira-avtobiografski-film/#respond Wed, 16 Sep 2020 08:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=403894

Мадона ќе го режира својот биографски филм, во продукција на Јуниверзал пикчрс. Сценарист на филмот ќе биде Дијабло Коди. – Сакам да го пренесам тоа неверојатно патешествие во коешто животот ме вовлече како музичарка, филмска уметница и танчерка – како личност која се обиде да направи свој пат во овој свет. Во фокусот на филмот ќе биде музиката. Музиката ме одржуваше… Навистина ме одржуваше во живот. Има толку многу нераскажани и инспиративни приказни од мојот живот, и кој може да ги раскаже подобро од мене? Важно е да го споделам тоа патување, тоа возење со ролеркостер, каков што е мојот живот и мојот глас и сѐ што луѓето гледаат, изјави поп-пејачката. Дона Ленгли, претседателка на Јуниверрзал груп, смета дека Мадона е „најголемата поп-икона, уметничка и бунтовничка“. – Со својот уникатен дар на создавање уметност што е достапна за секого и безгранична, таа ја обликуваше нашата современа култура на начин што малкумина го знаат. Неверојатна чест е за сите во Јуниверзал, што ќе работиме со неа, изјави Ленгли. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/madona-kje-rezira-avtobiografski-film/feed/ 0
Елтон Џон објавува автобиографија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/elton-dzon-objavuva-avtobiografija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/elton-dzon-objavuva-avtobiografija/#respond Mon, 07 Oct 2019 12:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=248790

Пејачот Елтон Џон деновиве ќе ја објави автобиографијата под наслов „Јас, Елтон Џон“, а британските медиуми веќе објавуваат детали од книгата. Мигот кога ја запознал принцезата Дијана Тоа се случило 1981 година, непосредно пред таа да се омажи за принцот Чарлс, на роденденска прослава на британското кралско семејство, којашто поп-пејачот ја опишува како „најтивката диско-забава на светот”. – Се појави кралицата, со чантичката в рака. Пријде и праша дали смее да ни се придружи. Потоа, се обидов да танцувам што е можно потивко со принцезата Ен и со кралицата – додека на таа, ми се чини – најтивката диско-забава на светот, музика пушташе Бил Халеј, пишува Елтон Џон… А, тогаш во салата за танцување влезе Дијана. Веднаш се пронајдовме и го минавме остатокот од вечерта танцувајќи заедно, додава тој. После тоа, Елтон Џон и принцезата Дијана останаа пријатели сѐ до нејзината смрт. – Откако ја запознав, таа е извонредно друштво, најдобар гостин на секоја вечера, неверојатно индискретна, вистинска „озборувачка“: Можевте да ја прашате што било, таа ќе ви кажеше. Како нејзин пријател, таа ме воодушевуваше, пишува Џон. Караницата на холивудските ѕвезди околу Дијана Во раните 1990-ти, Дејвид Фурниш – сегашниот сопруг на Џон, дошол во Лондон со тогашната сопруга и пејачот им приредил вечера. Кога ги прашал – кого посебно сакаат да го запознаат, тие веднаш одговориле – принцезата Дијана. – На вечерата, освен принцезата Дијана, ги повикав и Џорџ Мајкл, сценаристот Ричард Куртис и неговата сопруга Ема Фрауд и глумците Ричард Гир и Силвестер Сталоне, раскажува Џон. И, тогаш меѓу Ричард Гир и Дијана се појавила „искра“. Во тој миг таа и принцот Чарлс веќе биле разделени, а Гир штотуку раскинал со Синди Крафорд. – Сепак, нивното пријателство не му се допадна на Сталоне, па тој побесна… Така, кога вечерата беше послужена, Гир и Сталоне веќе не беа таму, истакнува Џон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/elton-dzon-objavuva-avtobiografija/feed/ 0